Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Па јас незнам кој би се чувствувал убаво што е дебел.Остави околината што ќе рече,заради себе.Јас немам против никој,само знам дека кога качив 5 кг ,и добив сало се нервирав многу,и ми сметаше ненормално.Што и да облечев висок низок струк-тоа штрчеше |( Мразам торбести работи да носам,а морав иако не бев којзнае колку дебела.
    А и друга работа-здравјето.
    Ете сестра ми накачи бааги кг .Свесна е,плаче,се нервира,почна ништо да не и се фаќа,а пак си јаде.
    И мислам дека треба силен карактер и истрајност за да се симнат килограмите.
    Значи јас не сум нити за екстремна слабост,едноставно здраво и убаво.
     
  2. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Ех драга Славица да беше така едноставно немаше да има дебели кои се мачат да ослабат :)
    Посебно во случаи како кај мене, не јадам зашто чуствувам глад него јадам од нервоза.
     
  3. Vik4e

    Vik4e Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Да да премногу ми е убаво :Dull: се разбира дека не е !
    Колку пати сум држела диети,внимавала на исхраната но тоа е .. јас сум таква..или јас не сум толку јака да ја издржам диетата или нез што е... Сепак прифатена сум во средината таква како што сум... и јасно ми е дека еден ден ке стиснам заби и ке ослабнам но сега за сега не е дојден тој ден :D.. Сепак тоа е што е неможат сите луге да бидат исти па и прстите на раката не се сите исти.. :)
     
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ех драга Фелициа знам како е, чунки и јас порано се борев со кг додека не се ставив во ред. И јас јадев од нервоза додека не ја пренасочив кон нешто друго. Ти не дека чувствуваш глад како што пишуваш туку физички и махинално јадеш, па наместо тоа најди си нешто или некако да ја искалиш нервозата (вежбање, трчање, боксување во перница :) , скокање јаже....)
    Убаво е додека не почне да смета. Ако на првиот скалник ти немаш душа да се искачиш погоре, вените попуштаат, кичмата страда и сл. мислам дека е доволен знак да се преземе нешто. Сеуште сте млади па што останува за утре.
    Поштуем да убаво се чувствувате во сопственото тело ама не по секоја цена....
    ...да не солам памет ја имате мојата подршка да им објавите војна на кг
     
  5. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    677
    '' Ми беше тешко на почетокот, затоа што луѓето ми кажуваа дека сум дебела. Но, за да имате вакво тело морате да вежбате и да се храните здраво", вели Кејт, на која поради 'преливањето' од бикинитo и е забранет пристап до модната линија на Victoria's Secret. ''
    http://zazabava.com/ne-mozham-da-zhiveam-gladna


    Кејт Аптон дебела wtf ?!!? :^) |(
    Девојкава е прекрасна !!!
     

    Прикачени фајлови:

  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    17.133
    Преку ден можам да издржам и само на салата од 2 патлиџана, без леб :!:
    Ама навечер ми се јаде леб, ми крчат црева, ми се врти свез, ми се лоши. Не само кога не јадам леб, туку и преку ден да сум јала нормално, навечер истата приказна. Сега си легнувам сабајле во 8, станувам навечер во 8. Излезам прошетам до 12, ама вечерта сум ептен гладна. Кога ми крчат црева, ми се врти неможам само на лубница да бидам. Еве денес станав јадев салата патлиџани, испаднав да шетам, после дојдов дома и гладна, шо ќе праам морам да јадам. Си направив топено сирење, само тоа ми беше спасот, немаше што друго и нго го јадев без леб. Сега еве пак сум гладна, ќе јадам лубеница, ама ќе запаѓам додека да заспијам.
     
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Ако бираш меѓу топено сирење и леб, поарно апни си леб со маргарин, поубо ќе поминеш. :emo:
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.209
    Допаѓања:
    4.252
    Малце сало не е на одмет, но не е добро за здравјето ако е премногу, како на сликите со прекумерна дебелина на претходната стр.

    И правете разлика помеѓу топење на салото(мастите) и губење килограми. Ако едноставно не јадете, тогаш се губат килограми но прво нешто што страда се мускулите а не салото. Исто така заблуда е дека треба да се вежба без пиење вода. Така телото дехидрира а тоа е опасно по живот!

    Но доколку јадете умерено и разновидно (зеленчук, овошје, житарки) пиете доволно вода и се бавите редовно со физичка активност (на пр. трчање, фитнес, аеробик, или планинарење или сето тоа комбинирано, секако со редовен одмор) салото ќе почне да се топи а мускулите и кондицијата ќе ви бидат посилни. Тоа е она што е здраво!
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Не постои човек кој е среќен затоа што е дебел!
    Едноставно, некои луѓе не се доволно физички и психички подготвени да се справат со тоа, па полесно им е „да се тешат со храна“ (зборувам за луѓе со над 150 кила).

    Но дефинитивно секој треба да биде среќен без разлика на килажата, можеби и не е нивна вина дебелината (здравствен проблем), колку побрзо се прифатиме такви какви што сме, подобро. :)
     
  10. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека не е толку утеха колку што е еден вид правење лице пред околината за да не ги сожалуваат туку да им се воодушевуваат на самодовербата. Тоа е според мене одлично. Никој никогаш не треба да се потценува себеси, сите сме посебни и вредиме на свој начин. Ако сами се почитуваме и сакаме, сите ќе го прават истото. Зошто да покажеш на околината дека немаш самодоверба или дека имаш комплекси и не се сакаш себеси? Дури и да е така не го прави тоа, ќе ги убедиш и останатите во истото.
     
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    55.068
    Пол:
    Женски
    Со еден збор ова е болест против која треба да се бори цело опшество а не да бидат исмевани дебелите луѓе, и да ја губат уште повеќе самодовербата и да бараат спас и утеха во јадењето, научно е поткрепено дека некои луѓе лечат комплекси преку исхраната :?:
     
  12. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Не верувам дека на некого му е убаво да е со прекумерна тежина. Најпрвин, тоа не е здраво за самата личност. Со дебелината следуваат и голем број на здраствени проблеми. Потоа, и самата личност нема да се чуствува убаво во своето тело. Некои луѓе што ги познавам, вклучувајќи и една моја поблиска пријателка, велат дека се среќни, не им е гајле за тоа што другите мислат за нив. Дали е тоа навистина така? Дали кога ќе видат слаб/а дечко/девојка, не им љубоморат? Кога личностите од спротивниот пол ве омаловажуваат само затоа што имате прекумерна тежина? Не го пишувам ова за да навредам некој. Одлично знам како се чуствува ваква личност. Другарка ми, пред сите има насмевка и вели дека не и е грижа за ништо, но на повеќе пати кога останував кај неа, ја слушав како плаче. Не е точно тоа дека на некој таков му е организмот и не може да ослабне. Сведок сум за една трансформација од две години. Девојката имаше над сто кила, а допре до 60 килограми. Не се изгладнуваше, ја следеше диетата препишана од доктор и редовно вежбаше. Од минатото и останаа само стари слики и стрии, кои што таа ги нарекува лузни од борбата. Секој може да се смени, само треба волја и упорност. :) :l:
     
  13. Be-yO-nCe

    Be-yO-nCe Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    6.952
    Пол:
    Женски
    Не лечат комплекси туку бараат утеха некоја си...Тоа му е како поткрепа...
    Комплекси баш напротив можиш да си излечиш во теретана,со физичка активност.
    In hello body-hello ghost! :D
     
  14. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не знам дали е до мене, ама сите, буквално сите :!: и машки и женски кои сум ги запознала, а имале сериозни проблеми со тежината, биле толку искомплесирани и понекогаш дури и злобни што неможам а да не ја поврзам дебелината со нивната тогашна психичка состојба.
    Кога одиш во школо за жал мора барем еден од соучениците да се погоди да биде лош и во мојот случај, и во основно и во средно, bully беше морбидно дебело дете. Случајност? Не верувам! Пред некој месец ја сретнав силеџиката од основно, ослабела, се нашминкала, средила коса, нокти па прави муабет, се смее додека порано ситуацијата беше не дај боже да погледнеш во нејзин правец `Шо ме гледаш ма? Имаш да ми кажеш нешо, ма?` а ти ја бараш другаркати со поглед да видиш кај е, да земеш да препишеш домашна од неа... :|
    Иста ако не и полоша ситуација беше со типот од средно. Сите негови другари бркаа (и фаќаа) девојчиња, а он како каца некоја се тетерави зад нив. Како му пристапи на проблемот што другарите негови беа попопуларни од него? Логично ќе беше да почне да спортува и да престане да јаде по 3 сендвичи на голем одмор ама не, полесно му беше да фаќа сеир, да јаде гом*а за сите, да се сили. И него го сретнав, уште е многу дебел и уште е многу непријатен.
    Блиска другарка пред неколку години многу се здебели (висока е 157 цм а накачи над 90 кила) и сега нејзина филозофија е `Не сум бе многу здебелена, малку сум пополнета кај задникот и бутовите` и врвни злобници се нејзините родители, сестрите, роднините, кумовите, блиските дригарки кога ќе и кажат дека треба да превземе нешто. Облеката во која не ја собира се собрала од перење, чизмите не може да ги закопча зошто хулахопките и биле зимски, дебели, фармерките кои и пукаат меѓу нозе после 3 месеци носење се неквалитетни и така натаму, си има одговор на се. Ама па затоа целата долна облека и е од Лиска, лосионот и е Викторија Сикрет, иде на фенирање пред секое искачање, веѓи чупа исклучиво во Силуете, верувајте не ве лажам дека и чорапите и се некоја марка. Крвна слика нема направено со години, има болки во зглобовите од нозете но кога сестра и и кажа дека може да и е од прекумерната тежина, полуде и малку фалеше да ја отера во пм, има проблем со дефицит на витамини ама и тоа не е важно, она може (цитирам) во секој момент да ослаби ако сака а дотогаш и последниот денар ќе го дава на брендирана гардероба и ќе си лечи на тој начин комплески |(

    Да сумирам, не им е убаво, знаат светот со какви очи ги гледа, знаат што им зборат зад грд а понекогаш и во лице ама тоа е нивен избор, да сакаат ќе ослабат ама треба и напор, и време, и труд и трпение зошто магично решение нема, знам од лично искуство колку е тешко на почеток, ама па нема поголема радост кога конечно ќе влезеш во старите фармерки кои порано не си можел да ги навлечеш од колениците нагоре :)
     
    На QueenElena, SuperGirl24 и Domino им се допаѓа ова.
  15. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Хмм бев дебела ама баш она дебела со сите букви на место,и да за разлика од цела женска полулација е ми беше психички проблем, не ми сметаше што сум дебела, си се шалев на моја сметка си прифаќав дека сум дебела без никаков проблем буквално си се сакав таква каква што си бев, единствен проблем ми беше кога неможев да влезам во фармерките што ги сакав или кога неможев да си најдам бројче од она што го сакав, потенцирам не ми беше психички проблем туку технички, се решив и ослабев 15тина кг само заради стилот на облекување не затоа што имав намалена самодоверба или штознам што, сега пак имам вишок килограми според висината имам 10 кг вишок(се поправив 4-5 кг) и ако ги симнам тоа ќе биде само за да си изберам фустан за матура каков што сакам не затоа што другите ќе речеле дека сум дебела.
    И да сумирам да убаво ми е кога сум дебела од една страна, незнам зошто но некако попријатно се чуствувам, како да доаѓам до изаз јас самата а не мојата фигура, сега проблем е тоа што тоа си носи свои последици како по стил на облекување така и по здравје...
     
  16. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Кога бев дете, бев буцкаста. И да, ми сметаше и дефинитивно ми влијаеше на самодовербата. Никако не би рекла дека ми беше убаво да сум дебелка.
    Некаде на 13 години ослабев доста што донекаде се случува со сите кај мене во семејствот, како мали сме буцкасти и потоа нагло растеме и ја губиме целата тежина, потоа почнав со вежбање и доста се стегнав и од тогаш никогаш не сум имала проблеми со тежината.

    Не знам, некако тоа убаво ми е што сум дебела ми звучи премногу како изговор и заштита за себеси односно за не соочување лице во лице со проблемот.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Кое убаво бре, и да си без комплекси пак ке те мачи она зошто не си слаба и да неможеш да бидеш како другаркати на пример или девојката од другата маса. Чист пример сум, доверба нула, дечко да ти пријде мало морген ако не му пријдеш сама. Секогаш си црнец во ново друштво и твоето мислење се слуша последно. За тие што викаат дека му е убаво што се дебели имам една фраза "Емоцијо, не ми глуми мислење."
     
    На Ordinary му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Јас сум си дебелка од 5 одделение,ништо не ми стоеше.И јас си правев шеги за дебелината и неретко знаев да зборувам дека сум дебела и сл,а ништо не правев во врска со тоа.Така да кога стигнав 3 година средно,ми пукна филм,си ја истерав УН диетата,ослабев 10 кила и сега си ја одржувам тежината,со мали пропусти во зимски период. :D
    Туку,муабетот ми беше дека ако некој каже дека му е убаво што е дебел ве лаже и вас и сам себеси.Оти без разлика каков карактер сме,кога ќе се видиме во огледало сите сакаме да сме згодни и убави,да не собираат фармерките,и да не ни тече сало кога ќе си облечеме тесна маичка.
    А секој може да ослаби и да стигне до посакувана линија,да не напоменам колку поздрав и енергичен организам ќе имаме,треба само волја,упорност и прифаќање на фактот дека имаш проблем.
    Уште побитно е да не се подлегнува на влијание од околината,да се ослаби за сам себеси,а не заради нечии предрасудни зборови.
    Може малце забегав,ама ајде ако :D
     
  19. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Не ми е убаво ама ич. Не е само од причини што вишокот сало не изгледа убаво, туку и од здравствени причини, здравјето е пред се, вежбам и се хранам здраво но сепак имам потешкотии со достигнување на саканата фигура. Не сме сите градени исто нели? Не може да ти биде убаво ако си дебел кога знаеш на што се е подложен нашиот организам. Да не почнам да набројувам. Значи зборувам само за здравјето. А после доаѓа убавината. Мислам дека вие зборувате за дебелината како за исклучиво естетски проблем. Дебелите луѓе имаат пократок животен век, имаат поголеми шанси да добијат канцер, помали шанси да имаат дете, имаат повеќе проблеми со срцето, крвните садови, холестерол, дијабетес...Не ми е убаво што сум дебела, не дека не изгледам убаво, туку што моето здравје е во опасност. И се трудам да го подобрам. Полека но сигурно успевам во тоа.
     
    На Sramezlivoto му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Сите кои велат дека им е убаво што се дебели лажат. Само се обидуваат да си ја кренат самодовербата...
    Сепак, подобар начин да се направи тоа е да се живее здрав живот (да се биде физички активен и да се внимава на исхраната).