Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Не сум можеби кој знае колку дебела туку сум полна имам облини но немам стомак но сепак не се чувствувам пријатно кога треба да облечам нешто што ме оцртува. Одам редовно на теретана и цела сум затегната и внимавам што јадам и пијам газираните пијалоци воопшто не ни помислувам да ги пијам. Сега во зима и не сум многу физички активна само на теретаната, а во лето трчам по 2 пати на ден наутро и по зајдисонце и возам велосипед, и тоа колку ослабувам во текот на летото ги топам калориите од зимата :D
     
    На gangstergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Мене ми велат дека не било нормално да бидам волку слаба, ми ја исмеваат тежината. (во школо е тоа)
    Ај, тие да се видат? Не сум јас виновна што имам брз метаболизам! :fubar: Баба ми вика дека се искомплексирани, а и почнувам по малку да верувам во тоа.
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Искрено, во денешно време на секој му се наоѓа мана, ако си слаб зашто си слаб, ако си дебел зашто си дебел, ако си висок, низок итн...
    Ако слушате што другите ќе кажат за вас нема далеку да стигнете.
    Конкретно за темава, никој сигурно не се чуствува перфектно во своја кожа, сите што имаме вишок сакаме да сме послаби, постегнати и слично, реално така е колку и да сакаме да се залажеме.
    90 % што се правдате можете да ослабете, толку работи се измислија во денешницава, теретани, аеробици, пилатеси на крај краева и кеј е тука.
    И исхраната може да се смени, само што секогаш се наоѓаат низа оправдувања.
    Ни јас немам некои средства ама прво што направив го исфрлив лебот и тестото од исхраната, благо, газирано не ставив во уста 2 месеца и почнаа да ми викаат дека слабеам.
    Не ли мотивира бројката на вагата, ако на пример наместо 86 покаже 68?
    Не ли мотивира да отидеш на плажа и да се гордееш со телото?
    Не ли мотивира наместо да отидеш во милион продавници и да нема твој број да отидеш во една и се што ќе пробаш да ти стои убаво?
     
    На LittlePinky, Papillon.Papi и Nausicaa им се допаѓа ова.
  4. Lexus

    Lexus Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2013
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Не ми е, се мачам да ослабам, ама тешко ми оди. ;(
     
  5. Aryana

    Aryana Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    71
    Кому му е убаво бе да е дебел? Јас се здебелив многу последнава година и пол и воопшто не ми е убаво. Знам што е лекот. Да станам и да го испотам задникот, ама кој да стане...
     
    На Jay-jay му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    61.411
    Убаво ми е што сум дебела... Како да не! Мислам дека секој сака да има совршена тежина и да изгледа ТОП!!! Но, не е така со некои од нас!!! Некои многу јадат, а пак се слаби, а некои малку јадат и пак се дебели... Не е се до јадењето и вежбањето... Нема правило и магична формула како да се достигне совршенството! Само секој треба да си се сака себеси таков каков што е - слаб или дебел. А и не е се во килажата, многу побитен е карактерот на човекот. Познавам неколку луѓе што се со голем вишок на килограми и се позитивни и дружељубиви, прави срцки... :inlove: :inlove: :inlove:
    Инаку, јас не сум дебела, ниту пак некогаш сум била, но совршено ги разбирам луѓето со вишок килограми и ја подржувам нивната борба со килограмите само заради нивното здравје...
     
    На Kaetana, mamma и alonegirl им се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Секако дека на никој неможе да му биде убаво со тоа што има прекумерна тежина, но не значи истото дека е тоа пречката поради која неможе да биде среќен. Разграничете дека физичкиот изглед и душевната состојба не зависат едно од друго и немора да значи дека некој е огорчен и очаен во сопствената кожа само затоа што е дебел. Во прашање е состојбата на духот кој што не е право пропорционален со вишокот килограми.

    Како и да е, се согласувам дека секој еден човек сам треба да си ја сноси одговорноста за сопствениот изглед и здравјето. Ниту анорексично слабите ниту пак оние полничките неможат да бидат здрави, се што е во граница на нормала или се работи за килограм повеќе или помалку е ок, само да не излезат работите од контрола зошто во тој случај многу тешко човек успева да се врати во нормалниот колосек а притоа не станува збор само за физичкиот изглед туку и за здравјето, општо познато е дека со прекумерна тежина може да се јават проблеми со покачен холестерол, тахикардија, притисок итн.
    Меѓутоа тврдам дека постојат луѓе кои што и покрај дебелината знаат како да бидат задоволни од себе и притоа да се среќни. Впрочем и ние со нормална тежина можеме да си најдеме маана во однос на надворешниот изглед па така и они иако не се сосема задоволни со нешто се прифаќаат такви какви што се, без да си создаваат непотребни комплекси и нервози. Ова се однесува на неколкуте луѓе во мојата околина кои што бескрајно си ги сакам и се најпозитивните луѓе што некогаш ги имам запознаено, така да целата таа приказна дека дебелите луѓе со текот на времето стануваат искомплексирани и огорчени за мене паѓа во вода.

    Премногу ми е криво кога некој се осмелува да ги навредува и да ги именува со погрди имиња, имиња на животни и сл. Тој збор не докажува дека некој е свиња туку баш напротив, зборува за истата личност од чија уста излегле тие зборови. Колку искомплексиран од својот изглед и живот треба да бидеш за да те фрустрира туѓата дебелина и да нарекуваш некој слон? Навистина не можам да разберам....
    И не ми е верно она кога ќе почнат да смислуваат изговори, дека единствено пробуваат да им ги отворат очите и така да почнат да се грижат за твоето здравје. Секој еден разумен зрел човек е свесен и за својот изглед и за ризикот кој што го носат вишокот килограми, немора тоа да им се докажува така што секојдневно ќе им кажувате во лице колку се дебели и дека личат на свиња, верувајте ми дека тоа многу повеќе говори за вашиот карактер а не за туѓиот изглед.
     
    На vampiregirl5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    На никој не му е убаво што е дебел. Тоа не го овозможува опшеството...

    Сите исмеваат, те омаложуваат. Да се разбереме зборувам за прекумерна тежина, не некои кои се елегантно пополнети.

    Сум била сведок на многу такви исмевања, едно од тие ќе ви го раскажам подоле. А во нашево училиште нема дебели, само едно девојче е. Ама тоа е со ептен прекумерна тежина што дури изгледа болно. Сепак јас не ја судам, кој знае што е причината за тоа. Можеби си бара утеха во храната, лошо е тоа ама ајде.

    Исто ќе те исмеваат и да си слаб, еве како мене пример. Ама јас среќа не сум била до толку исмевана, повеќето ми се восхитувале на телото, тоа ми зголеми самодоверба.

    Менталитетот ни е таков на нас, навикнати сме.

    Ретки се тие што им е убаво да се дебели, многу ретки. Ама баш би ми било мило кога сите би биле задоволни со нивниот изглед. Господ ни го дал тело, а до нас зависи како ќе го третираме. Самите се уништуваме, психички и физички.
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Неможе никој да биде среќен ако е дебел.
    Сеа зависи до која граница.
    Јас еве не сум дебела она прекумерно ептен, ама имам вишок и пак немам самодоверба.
    Сум била и исмевана како помала, но не многу затоа што ослабнав и се се заборави.
    Сега пак ослабнав, и многу ми се зголеми самодовербата и многу ми е мило.
    Се чувствувам поубаво и поздраво.
    И за сите е така, многу, многу ретко кој да е задоволен од таквиот свој изглед.
     
  10. alonegirl

    alonegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    3
    Самодовербата е нешто што е околу нас, всушност самодовербата ја добиваме од самата перцепција за самите нас, и перцепцијата на околината околу нас. Доколку самата личност не се цени и почитува, не се сака себе си, тогаш не може да очекува другите од околината да ја прифатат. И дебелите луѓе се човечко битје, и тие знаат да сакаат, да почитуваат и да бидат вистински другари и рамо за плачење. Ги сожалувам оние кои имаат предрасуди кон дебелината, затоа што тие не се сакаат самите себе, па затоа плукаат по дебелите.. а животот е тркало, живееме во еден динамичен свет, каде шо наскоро и по се изгледа ќе ги стигнеме американците по дебелината :?: ;)
     
  11. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Јас сум поличка(искрено) :wasntme: И сеа може има луѓе шо се дебели и се сакат такви ама јас не би мислела исто.Не поради изгледот туку поради опасностите од болести и тоа шо неможеш да бидеш току активен.
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Мене Christina Aguilera милион пати повеќе ми се допаѓаше кога имаше т.н. вишок килограми.
    Мислам се додека нема проблеми и ризици за здравјето, и јас се согласувам со нешто вишок килограми, подобро изгледа од премногу слабите девојки кои се на работ на анорексијата.
     
  13. vrapce.b

    vrapce.b Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2014
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    јас се тешам со тоа, кога ќе си фатам дечко, дека тој ќе има што да фаќа. :lol:
     
    На Schizophrenia1 и fighter им се допаѓа ова.
  14. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    ма и ја некако така се чуствувам....и ја и мм се направивме 100 кила...глеам мм се радува сум имала облини..... :lol: епа добро...ај убаво ми е што елегантно се пополнив/.....посебно после одморот....се скапав од јадење
     
    На vrapce.b му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.205
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Женски
    на никој не му е убаво што е дебел ,искрено. Јас не сум дебела, а често слушам изјави од луѓе од ваков тип..демек и дебела ке ме сака ако е вистинскиот бла бла.. абе ти гледај за себе да не бидеш таква, здравјето пред се.
     
  16. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    536
    Пол:
    Женски
    Во фразата убаво ми е што сум дебела има само фантазија и недопирни точки со реалноста,дефинитивно туку потрудете се и навистина да ви биде убаво во сопствената кожа
     
    На Ferhundela и galapce им се допаѓа ова.
  17. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.296
    Допаѓања:
    17.822
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги сфатам ваквите луѓе,точно е дека секој си има право на свое мислење, ама моето е тоа што јас не можам да се поднесам што имам малку меше, и кога ќе облечам нешто тесно се отцртува, и неможам да се поднесам што сум таква, а не сум дебела, а недај боже па да бидам стварно дебела. Според мене таквите луѓе си се тешат со тоа што се дебели и сакаат да јадаат и им е тешко да ослабат па си се тешат - убаво ми е што сум дебела! Да бе!
     
    На Schizophrenia1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Schizophrenia1

    Schizophrenia1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2013
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Ако здрава и е дебела и се осеќа удобно нема никој друг да ја натера да слабее ако она самата си е задоволна од тоа што го гледа во огледало.
    Не треба да слабеете за некој што ви рекол, се што се прави нека се прави лично за себе, денеска премногу е пореметена денешницава со фитнесот и здравата храна, строги диети каде што се губат повеќе кила за краток период... ама ајде ова да го прават тие што се возрасни и знаат што сакаат ама да наметнуваат слабеење или да перат мозок на деца самошто не влегле во пубертет е веке лошо..
    Друга работа многу исто така мислат дека се дебели а уствари не се , дебели луге како пример може да ви послужат оние во америка што освен макдоналс или купечка храна незнаат да зготват, тие луге се веке над 100 кила и за нив веке и е морално да ослабат лично заради нивното здравје.
    Слабеење не препорачувам многу во тинејџерските години , бидејки според мене доста од тинејџерите ослабеле ама отишле во крајна граница како анорексија.
     
    На Annath, ebola и Hipica им се допаѓа ова.
  19. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Женски
    Еве една дебела овде да ви каже нешто :), односно да не се сфатиме погрешно, немам 50кг одвишок, туку 15, и се сметам за дебела, зашто имам стомак и раце, среќа нозете ми се ок, јбг, генетика. Доволно сум висока за да се рече дека можам да се носам со тежината и да не изгледам грдо. Се здебелив, затоа што година дена седам само дома, а храната ми е иста. Факт е дека треба да ослабнам и свесна сум за тоа, али факт е дека ми е убаво да јадам. Не можам да кажам дека ми е убаво што сум дебела, али среќна сум и задоволна со себе. Не ми е проблем да облечам ни тесно, ни широко, нормално се тоа да е вкусно за очи, не ми е проблем ни купачи да облечам, мислам моја згодна стегната другарка се срами да се соблече на плажа, мали и биле градите, газот не и бил доволно голем, нозете и биле вакви, такви. Ало бре! Во мојата глава подобро е човекот да е среќен и задоволен со себе. Ако е, супер! Ако не е, има проблем на кој што треба да работи. Најголемиот проблем кај нас дебелите луѓе е здравјето. Во првиот момент кога крвна слика ќе покаже проблем, треба да се променат работите, се додека сме здрави и среќни, нема опција да не сме задоволни со себе. Значи, во мојава ситуација, јас сум дебела и среќна. :)
     
    На Bloom19, Bozica1980 и Annath им се допаѓа ова.
  20. Ferhundela

    Ferhundela Активен член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Женски
    Дебелите луге (во права смисла на зборот) се нездрави луге, кај нив веке се е зголемено, масти шекери и ред други работи што подоцна можат да те кошта и живот а да не зборувам па и колку не изгледа убаво да не збориме за тоа, дебелината не може да биде здрава и убава ма колку и некој да ме убедува во тоа