Да се разбереме, дебелите луѓе во ПРАВА смисла на зборот не се нездрави ниту неинформирани ниту несреќни а најмалку имаат изгубено допир со реалноста, гоолем дел од нив би рекле не дај боже да сум слаба. Не знам како може некој да одговара во име на друг кога се зборува за килограми кои ЈАС го носам и од чист мир да ме советува да ослабнам дека така требало. 1. Дебела сум цел живот, да под притисок се обидов да ослабам и ми успеа - ослабев 17 килограми на 18 години но по цена на здравје - шеќерот ми падна, кетоните се покачија - а се хранев со салати и месо - нели без шеќери и масти. (Вишок имам 20 килограми) 2. Како јас се чувтсвувам во моето тело е моја работа, никогаш не сум имала проблем да се соблечам на плажа, да, сум имала проблем во МК да најдам облека, ама сум се снашла, стилот не ми трпи заради килограмите. Моите килограми, на мојата висина во комбинација со мојот карактер ги обожувам! По симпатично ми е да видам девојка која е пристојно облечена а има некој килограм вишок и добро го прикрила, отколку слаба девојка во „кондом фустан“ или фармерки со низок струк од кои се гледа бат крек и гол папок. Сфатете ме како сакате, дебела сум среќна сум и ќе инвестирам во своето тело преку хедонизам. И да, крвната слика дури и во бременост ми е одлична, ми правеа испитувања на хормони, детални анализи на крв и заклучокот од лекарите беше - убаво е да ослабиш некое кило за понатака, во моментов телото ти е одлично. Имам мноогу примери околу мене со покачен холестерол, притисок, шеќер во крв, тромбоцити а се со
Najvazno vo zivotot e da se bide covek pred se. Debeli ste pa sto ako vie vo sopstvenoto telo se custvuvate prijatno samouvereno i besprekorno toas bidete takvi kakvi sto se. Kilogramite ne go pravat covekot covek
Не го прават човекот човек, но го отцликуваат неготово здравје, може сега не смета но понатаму некаде секако ке засмета, да се разбереме зборувам за стварно дебели луге, јас не ги клацифицирам лугето по дебелината боже сачувај, мегутоа има различни причина за што можеш да се здебелиш, некој од тероидна жлезда некој од хормонии и ред други болести кои можат да бидат причини за кој што не е виновен човекот него е до организамот, мегуота дебелите луге кои што се дебели заради тоа што се големи уживатели на храна и тоа е причината за тоа што се дебели, што не моажат да се исконтролираат колку храна ке внесат во еден ден според мене се луге со слаба психа и не можам да ги разберам како можат така да се чуствуват убаво...полн стомак празна глава... јас стварно се извинувам ако некој се навреди од моето мислење но сепак е мое мислење и секој гледа индивидуално на овие работи и за тоа имаме и ке има дебели, полни, слаби луге што е нормално во едно опшество.
Насловот на темата е една совршена бариера, за која сметам дека користат како одбрана, личностите кои имаат вишок килограми, а истите се последица на прекумерно јадење. На една страна ги ставам личностите кои имаат проблеми со вишок на килограми, како резултат на хормонални пореметувања, жлезди или некој друг причинител, а тие самите не можат да влијаат на тоа. Но, од друга страна пак, се ониe личности кои, во вистинска смисла на зборот, одат против своето здравје. Се што е надвор од границите, а сметам дека нема потреба да дискутираме колку јадење е доволно за да еден организам има доволно енергија за вршење на активностите, остава негативни последици врз здравјето. Темата е за прекумерно јадење, па ќе се задржам на таа тема. Кога се во прашање 3- 5 килограми повеќе, од лично искуство кажувам дека со активност и умерено јадење, килограмите лесно се губат. Но, доколку правиме муабет за 10 килограми повеќе, веќе ситуацијата е загрижувачка. Ако гледаме од аспект на здравјето, шеќерот, триглицеридите, холестеролот се веројатно до плафон, а на тоа се надоврзува и "тромавоста" и визуелниот изглед. А се разбира дека модната индустрија ќе направи цели "plus size" колекции, кога е во прашање профит.
Mnogu me iznenadija komentarite vo temava.Sekoj ima pravo na svoe mislenje, no nekoi raboti ne mi se jasni: *Debelite lugje ne se zdravi imaat pokaceni masnotii I slicno.Jas poznavam lugje koska I koza slabi pa imaat masnotii.Debelinata ne e pricina za toa, ima mnogu drugi faktori. *Ne daj boze da sum debela ! A koj vi garantira deka nema da se zdebelite ? Doaga bremenost, doagaat mnogu drugi raboti I nikoj ne vi garantira deka vecno ke ostanete fit. *Standardite za debelo se razlicni. Na primer jas si se smetam sebesi zdebelena ako vidam deka nozete mi se spoeni t.e. mi ja nema famoznata thigh gap, a imam 56kg I sum daleku od debela.Moze I vie ste na nekoj debeli a ne se cuvstvuvate taka. Ne izbrzuvajte so predrasudite, jas bi rekla sekoj za sebe I samo zdravjeto e najvazno!
Според мене физички не е битно како човек изгледа, битна е внатрешноста иако знам дека повеќето мислат спротивно али јбг 21 век сите со свои предрасуди. Не ги осудувам луѓето кои имаат вишок килограми но препрекумерната дебелина од кожа ме вади, искрено. Тоа едноставно сметам дека воопшто не е здраво и свесна сум дека тоа дебелеење е болест и зараза па затоа давам потполна подршка за оние кои сакаат да ослабат. Друите кои имате килце до 6-7 вишок ич да не ви е гајле што другите мислат. Постојат организми на кои едноставно не им годи слабеењето.
Дебела сум и среќна сум. Ама не сум среќна затоа што сум дебела. Среќна сум затоа што си се прифатив себеси и почнав да се променувам. Среќна сум затоа што имам семејство кое ме поддржува. Среќна сум затоа што сфатив дека треба да се променам пред да си наштетам. Тие што не се бореле со килограмите не знаат колку е тешко да слабееш. Така да не е во ред да кажуваат. Не е само така- речи си ослаби! И оп! Слаба си! Посебно ако цел живот си дебел/а. После толку долго време, дебелината станува дел од тебе, а додека не сфатиш дека тоа е болест(овде не спаѓаат оние со 5-6 кг вишок) и додека не си спремна/ен да се ослободиш од тој дел од себе, неможеш да ослабеш со долготраен ефект. Јас лично сум дебела цел живот. Кој се не ми зборувал дека треба да ослабам, ама дури сама не се чувствував спремна не можев да ослабам ни 5 кила. Пробував многу пати ама секогаш со мал и јојо ефект. А откога се прифатив себеси и почнав да слабеам за една година ослабев 22 кила. Почнав со 135, моментално сум 113. Имам уште многу за слабеење, ама полека ќе стигнам до нормала. Поздрав.
Имам една блиска другарка која е дебела и тоа и пречи, но вика дека не може да ослаби... А има други девојчиња кои ги познавам кои се дебели и се баш среќни, не се замараат со тоа. Некои пак кои не беа задоволни ослабеа.
Се е ова нешто што современиот живот ви го наметнува и внесува во мозок. Тие некои си непишани правила на совршен изглед, совршена форма на тело, совршена висина, тежина и слично. Поради тоа во продавниците имаме одредена големина на облека наменета само за слаби луѓе и реално гледано тоа воопшто не изгледа убаво. S број на фармерки изгледа како за дете од 10 години а не за возрасен човек. Мислам дека повеќе имаат жените проблем со ова отколку мажите. Од друга страна знам дебели луѓе кои се такви поради нездрав начин на живеење и такви што се такви без нивна вина. Исто и со слабите. А ако збориме за среќата, зависи од човек до човек во што ја наоѓа среќата во животот. Ако дебелите луѓе викаат дека се среќни такви никој не знае освен они самите како им е и што им е и тоа само нивна работа. Се гледа по самиот човек по однесувањето дали се осеќа убаво во своја кожа или не.
Морам да се надоврзам на муабетов.Јас сум цел живот слаба ама кога останав бремена се здебелив цели 37 кила.Од 65 отидов на 102.Не се замарав со килажата,јадев и колку што треба и нетреба,стрвна до бескрај,место овошје за да се заситам јас јадев хамбургери од 7-ца и цели кутии сладолед одеднаш и на крај завршив со огромна килажа.Кога се породив се освестив и паднав во депресии.Ама сепак морав да јадам доволно за да му обезбедам на моето бебе млеко во секое време во денот.Ама кога престанав да дојдам си поставив една единствена цел,а тоа е да ослабнам.Престанав да вечерам и да јадам леб и благо и за 4 месеци се вратив како што бев пред да останам бремена.Ова го пишувам за да кажам дека кога ќе слушнам од дебели луѓе како се туфкаат и кукаат како сакаат да ослабнат а не превзимаат ништо околу тоа и се цело време со изговор,еве сакам ама неможам,не ги оправдувам.Као јас од вода се дебелеам а еве многу сакам да ослабнам.Ако човек си постави за цел дека сака и треба да ослабне не треба да држи којзнае какви диети туку само да си воведе ред во исхраната и ќе постигне задоволителни резултати. Јас не зборам за луѓе со проблем со здравјето како тироидна жлезда или хормонално пореметување,тоа се луѓе што и да сакаат неможат да ја контролираат тежината а сите останати се само мрзливи луѓе кои воопшто не се грижат за својот изглед.Точно е дека и слабите луѓе имаат проблем со маснотии и ред други работи ама тоа не значи дека дебелите луѓе треба да си останат со таа килажа и да не превземат ништо околу тоа.
Debelina predizvikuva zdrastveni problemi,namalena samodoverba,ponekogas problemi vo ljubovta itn...Ama ..E tuka ima edno AMA...Ke trgnam od sebe..Slaba sum nemam visok kilogrami ...Znaete kolku pati sum pagala vo depresii koa ke vidam kako nekoj jade na.pr pizza a jas ne piradi toa shto se grizam za mojata kilaza ? Znaete kolku vreme pomina a jas ne se pomiriv so toa deka podobro e da kasnam jabolko otkolku efno socno parce pica ? .Uh depresii cel zivot me fakaat..Dzabe mi e vitkata linija,sovrsenata zdrastvena sostojba,samodoverbata koga nasabajle jadam oddvaj 2ribancinja ili ovosje (a uste mi se jade ) dodeka nekoj si uziva so socen hamburger
Добро е да се сите среќни во сопствената кожа, само да не е по цена на здравје. Оти не секогаш значи дека некој што има вишок килограми е по дифолт нездрав. Значи ако нема проблеми со притисок, со масти, шеќери, покачен холестерол итн, супер. Ама ако има тогаш за здравје конкретно треба да се преземи нешто на страна од надворешен изглед.
Темава уствари "Дебели и среќни" Бев коска и кожа , се молев за кило плус! Сите се мачеа да ослабат ,јас да се поправам. Кога се гледав у огледало си добивав некоја анемична слика за себе Ееее сега веќе не е такаа.. Си накачив од пубертет +10кила ,се осеќам убаво во своја кожа. Облини ,обравчиња, малце меше ,бутче... Чувајте си го здравјето , џабе убаво тело , а одвнатре болести!
Ако јадеш умерено една пица во неделата или едно чокалодо нема да направи голема промена во твојата тежина. И јас сум слаба и никогаш во животот не сум имала прекумерна тежина напротив цел живот на глава ми трубеле дека треба да се здебелам, ама јадам се умерено. АКо денес се осекам стрвно и ми се јаде пица - ја јадам таа пица ама затоа утре и задутре јадам нешто полесно. Никогаш не сум пагала у депресија ако гледам наоколу да јадат а ја да морам да гладувам за да не ја качам тежината. Ми се дешава и четврт бурек да изедам после град у 1-2 саат сабајле. Линијата се одржува со умерена исхрана а не со нејадење како и со соодветна физичка активност. Сум гледала луге со тешки здравствени проблеми и тешка гојазност како успеваат да се доведат во ред , така да сметам дека се друго се изговори за мрзливите кои не сакаат да поработат на себе. Можеме да се тешиме дека дебелината е убава , ама тоа е само утеха и ништо повеке. Не зборам за кило или две плус , ами за оние кои не знаат дали одат или се тркалаат по улица. Особено млади луге на кои сало , луѓе сало им виси од сите страни џоа Мишелин едвај се движат и недај боже лиф во зграда да не работи да треба да качат 3 спрата пешки. Телото со сало може да е секакво само здраво не.
Не ее секогаш причината јадењето за нивната дебелина можеби некои им пореметени хормоните можаат да се пореметат хормоните од стресови и од пубртет и се праваат над100кила ама па затоа дебелите луѓе имаат убава фаца да ти е жал да видиш некоја у лице совршена ааа телото не прилега. Како и да е несакам да вреѓам ни да се смеам и јас не сум некоја слаба али си имам струкче и ножиња ама имам и сало и стомак иии си паѓаам под депресии аии леле дебела сум ауу бау. Како и да е не им е лесно на нов чим јас си припаѓам дебела ова она а на нив кузнае колку им е тешко па за облека. И јас неможам да носам се што сакам имам струк ама немам испрчен гз а голем ми е жалосно за моето гзе ае вежбам па ќе видам резултати што како.
Srekjna sum sto sum popolnicka odnosno visoka sum 160 a teska sum 60-61kg jas sebesi ne se gledam kako debela kako so mi zborese EX BFF deka zadnikot mi bil golem i slicno imam kolkovi i bujni zadni obrazi so da pravam.samo tuka se talozi se edinstveno sto mrazam e visokot masti na stomakot ama ako zapnam ke gi otstranam i everything will be fine i ne se ogranicuvam sebesi ke jadam ova ona jadam se i pijam se osven gazirani sokovi ne sakam zaradi toa da mu udovolam na drugite da patam od anemicnost i trista drugi raboti I'm “fat“ and happy of course
Најважно е тоа што го носиме во душата а не изгледот. И мислам дека има луѓе кои себеси сакаат да се издигнат со навредување на другите (од типот:леле дебелаа сии) ама тие се баш жални а не луѓето кои гордо се носат со својата тежина.
Ние луѓето секогаш имаме изговор зошто Не можеме. И јас бев таква, ми се промени животот кога почнав да наоѓам начин како да ги избегнувам тие изговори. Ослабнав половина од мојата тежина. Не беше лесно, но се судрив со сите предизвици кои се соочив тие 14 месеци. Станав нова личност, мислев дека сум среќна со дебелината, но целото време сум го губела да се убедам себе и околината дека сум среќна. Ослабнав и сватив навистина што значи да си среќен. Стравот е поголем хендикеп, предизвиците не се тука за да не ослабнат, туку ојачат. Slicen post napisav pred nekolku dena vo sakam da kazam... soodvetno za ovaa tema, da se nadovrzam..
Пред неколку години кога дојдов до 80кг.што никогаш предходно не ми се случило,добивав коментари од типот леле колку си се здебелила, реално мене таман за висината ми се 63кг.луѓето ме гледаа како да сум убила некој,добивав коментари од типот леле па како можеше,сега нема дечко да најдеш сега ова сега она,плус еден ми рече убава си на фаца ама дебела си,ослаби па може ќе биде нешто...да бидам искрена ама баш ниту еден збор неме допре од тоа они што рекоа ,не знам ете можеби некој на мое место би се затворил дома и би плачел,јас не придавав ама баш никакво значење и не ми беше гајле 0% ,ниту пак се трудев да ослабам,ептен кога почнав да идам на фах ослабев таман,ама тоа беше после 2 год.и сега сум таман,поентата ми беше дека ич не ми беше гајле слаба дебела ....би ми било проб кога би накачила кила за екстремно дебела да бидам,е тогаш е веќе ств проблем. Како и да е,тело се прави,фаца не се прави
Пред физичкиот изглед многу поважно е здравјето и она кое човекот го носи во себе. Болестите не бираат кого ќе нападнат, било да се тоа дебели или слаби луѓе. Едноставно има лица со прекумерна тежина која им е покачена токму поради здравствени проблеми а не од јадење. Секој сака да биде идеален но за жал не може секој да успее во тоа. Сепак, цврсто стојам позади тоа дека секој треба да се труди да си го подобри изгледот онолку колку што за тоа има можности. Значи не оправдувам лица со голема тежина која им е наталожена од нездрав начин на живот, нездрава храна или одсуство на физичка активност. Апсурдо ми е кога некој ќе ми рече дека е среќен поради вишокот килограми стекнати на таков начин, јас лично не гледам ништо фино и привлечно тука. Оправдувам само здрав начин на слабеење без притоа да се навлечат некои проблеми како последица на изгладнување и нездрави диети. И кога велам слабеење, мислам тоа да биде во некои нормални граници, немам ништо против облините кои се баш секси. Имам против насобраните масни наслаги, сала и целулити кои и тоа како може да станат опасни по здравјето.