Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.430
    Пол:
    Женски
    Кога немаат нешто добро за нив да кажат одма почнуваат да зборат лошо за другите околу нив ... Тоа е нашиот менталитет , толку осудувачки ,толку злобен јас незнам и како се будат насабајле .. На пополните секако му се исмеваат но себеси не се погледниваат не си ја гледат празната душа .. Туку и дебел и слаб да си секогаш тие што осудуваат можат да ти најдат маана ... Да и ке кажам:
    Убаво е да се чуствуваш добро во твојата кожа , да си самоуверена ,и најважно од се да се сакаш себеси и да не обраќаш внимание на тие што коментираат бидејќи тие се празни од завидливост и лошотија а ти биди полна со добрина и љубов па било какви да сме слаби или дебели без комлекси да сме девојки ...
     
    На sj *O*, AURUA, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Сум била и слаба и дебела (т.е. задоволна и со плус кг. на моето тело). Сега моментално сум со вишок килограми а пред 1 месец задоволна. Верувате дека пребрзо се дебелам, а многу тешко слабеам? Цел живот ми е со диети и здрава исхрана, поретко јадам брза храна, но после диета секогаш си каснувам и од тоа што не сум го јадела во текот на диетата (благо) и тоа умерено... Се нервирам мислите мене убаво ми е да се гледам во огледало кога стомакот ми е подуен... Мене лично не ми е убаво кога се гледам дебела не којзнае каква дебела од 100 кила ама ми пречи. 10 килограми имам вишок што пред еден месец ги симнав а сега пак со нив сум. Повторно сум на диета и се трудам да ги симнам, и така цел живот ќе си живеам со диети. Не сум кашаво дебела(како желе), стегната сум и крупно градено тело. Јас мислам дека се ретки тие што се задоволни од својата дебелина. :)
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.344
    Пол:
    Женски
    Додека растев и тинејџерството сум била дебела, мноооогу дебела. Искрено, најискрено, никогаш не ми сметало. Сега, неќам да бидам дебела, пазам што јадам, вежбам зошто сум повеќе запознаена со што се можи да ми влијае на здравјето ако не пазам. И пак, не пазам за да не бидам дебела, туку за да бидам здрава, тоа ми е приоритет.
    Се сеќавам дур растев кој не, ми велеа дека морам да ослабам, дека не е здраво, дека изгледам грдо и искрено, не се сеќавам еднаш да сум се чувстувала лошо поради тоа. Сега од друга страна, со не толку кила плус како што било порано, се чувствувам како да не е доволно се што правам за да бидам подобра и поздрава. Шо знам, дур не пазев некако бев посреќна во овој поглед. :^)
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  4. smile-shine123

    smile-shine123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Lugje jas imam problem okej mozebi ne e problem ama se poveke i poveke me voznemiruva..Jas ne sum debela..Izgledam najnormalno se imam na mene vo normalna mera i se e skladno...Ama u posledno vreme site mi zborat celo vreme deka se imam popraveno mi vkaat treba da podoslabam,bajagi sum se zdebelila..Da se imam popraveno malku ama mislam deka peteruvaat..Taman ke se poglednam malce ke se ohrabram deka ubavo izgledam ke zaboravam sto kazale i nekoj nov ke se pojavi so istata izjava ne se navreduvaj ama malku treba da podoslabes,lele stvarno si se poprailaaa.......Ne sakam da se zamaram ama ova veke stvarno me voznemiruva i se osekam neprijatno i so pomalku samodoverba i celo vreme se sporeduvam so nekoja i vikam ja podebela sum od ovaa...
     
  5. Brojka

    Brojka Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2017
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    1.722
    Слаба, дебела, средно, многу дебела, ниска, висока итн итн... луѓето секогаш ќе зборат. Еве јас сум дебела и зборат а мене од едно уво ми влегува од друго излегува. Не дека сум задоволна со изгледов ама да се замарам со кој што кажал НЕ. Имам другарка која има 40 кг. Значи пола од мене. Слабичка си е девојката ептен. И знаеш какви коментари и се упатени на нејзина сметка? Исто и за мене.
    Порано кога мене ми збореа ќе си се затворев во соба и ќе си плачев. Будалче. Сега си се смеам и ич ама ич не ми е гајле кој што збори за мојот изглед.
     
    На teteks, cresa-jagoda, MagsDestiny и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    998
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Зошто наместо да се замараш со кој што кажал, да се нервираш, да си секој ден исфрустрирана од огледалото не превземиш нешто да ја вратиш првичната тежина?
     
    На blond.bunny му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Dona5

    Dona5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2017
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    29
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Kolku kg si? i kolku si visoka?
    Da znaes oti tuka narodot e prost, i ponekogas a toa eskoro sekogas, neznaat za sto drugo i da pocnat tema na muabet, pa uvek muabetot se sveduva na, dali si se popravila, ili kakvo e vremeto, posto toa se opsti temi.
     
  8. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    Rabotata kaj nea e sto ona ne misli deka e debela, si se dopagja kako izgleda a od strana lugjeto I komentiraat deka treba da oslabi.
    Jas bi ti rekla ako ti si se dopagjas so nekoe kilo plus ic da ne se zamaras drugite sto ke kazat. Stvarno nekoi lugje poubavo izgledaat koga imaat nekoj kg visok I vo toa nema nisto cudno
     
    На MagsDestiny му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.626
    Мислам дека има и такви на кои им е убаво да се дебели. Просто тоа не го сметаат за мана, не сфаќаат дека носи последици по здравјето. Односно причината тука е слабата свест. Или пак по многу обиди за слабеење едноставно кренале раце. Тешка е таа борба впрочем како и се во животот и само најупорните успеваат. Можеби тие луѓе се фокусираат на нивните предности, духовната убавина е поважна без разлика некој каков е. Но, ние не треба да ги осудуваме. Некои луѓе слабеат тешко, особено ако се болни од некоја болест. Јас лично од стрес накачив многу. Тоа не се приметува толку, не можам да речам и дека сум елегантно пополнета, ама мене ми смета. И покрај многуте обиди за диета или стил на живот кои не беа успешни сега пробувам нови. Исфрлени бели пецива и тестенини, шеќер и сол. Можев да се откажам така разочарана што не можам да си ја регулирам тежината, можам и да продолжам.
    Сакам овој стил да го одржувам трајно оти се чувствувам убаво.
    Сепак ќе излажам ако кажам дека многу кризи ме фаќале и сум се откажувала и дури сум враќала повеќе килограми од претходно.
    Кој сака да слабее нека слабее, кој не или од некоја причина не му успева, никому ништо, се додека е убав од внатре. На светот постојат многу полоши работи од дебелина, и на слабите не им е загарантирана здрава иднина, особено со стресот што не јаде секој ден :)
     
    На Brojka и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  10. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Никој не може да ме убеди дека дебелината е убава. И тие дебели луѓе што тврдат дека уживаат во својата дебелина тоа го велат од самосожалување и слаб карактер да се фатат на работа и да се доведат во ред. Инаку, навистина има мажи што се палат на дебели девојки и земји кадешто заоблено тело се смета за ин.
     
    На VictoriaSan и Purelove92 им се допаѓа ова.
  11. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Како знаеш како се чувствуваат дебелите луѓе кога ти самиот не си дебел? Има девојки кои уживаат и се полни со самодоверба, нечиите предрасуди не значи дека не се сакаат себеси.
     
    На Someday, Viktorijaaa5, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Никогаш во живот не сум бил дебел. Секогаш нормален, но сум знаел да накачам 3-5 кг во минатото и многу добро знам колку и тие ситни кг го менуваат комплетниот физички впечаток, а да не зборувам колку ги чуствуваш негативно на себе. Не можеш да ме убедиш дека +20 кг на себе е здрава работа и пријатно делува. Тоа што се помириле сами со себе доволно зборува за нивниот слаб карактер.
     
    На VictoriaSan и Purelove92 им се допаѓа ова.
  13. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Зборувај за себе тогаш. Ако ти негативно си се чувствувал не значи дека и тие така се чувствуваат, секој е различен.
     
    На WildMk, theowndemon и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.344
    Пол:
    Женски
    Малку килограми над саканата тежина се најмачни. Барем ете за мене. Најтешко ми е кога имам малку за кратење, а не сум чувстувала лошо кога сум имала многу. Сега намалив многу, и деновиве се опуштив и посегнав по млечна храна и почнав да се дујам. Не дека се дебелам, ама се нервирам зошто ете ми излегол стомакот на виделина. Не сум се нервирала кога сум била многу дебела, се нервирам сега кога малку сум поинаква од она што сакам. Има разлика.
    Никој не вели дали е здраво да имаш +20кг, прашањето е дали личноста со +20кг се сака себеси, и е апсолутно можно да се сака.
     
    На WildMk и MagsDestiny им се допаѓа ова.
  15. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Се нервираш, затоа што сега ја чуствуваш разликата. Знаеш колку е поубаво кога си драстично послаба, а и до тоа е дека веќе си научена на многу полесна храна. Секое внесување потешка храна ти чуствуваш подуеност.
     
  16. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.612
    Допаѓања:
    167.344
    Пол:
    Женски
    @Jacques Не.
    Јас чувстувам подуеност од конкретна храна.
    И не е до разликата зошто јас дур растев одев константно горе и долу, така да можев да забележам разлика.
    Малку е невкусно кога зборуваш во име кое не е твое и затоа те цитирав, и го правиш пак.
    Едно е чувството кога си блиску до целта, кога си далеку од целта не чувстуваш нервоза, имаш време, си среќен со тоа што си, се сакаш. И да се сакаш е важно, уште поважно е да се движиш на здрав правец на живот, но ако некој неможи да се придржи на тоа, или пак и не сака, тоа е апсолутно негово право. Ако вели дека се чувства добро - тогаш се чувстува дорбо. Негово/нејзино право е да кажи како се чувства, или да не кажи, да ја кажи вистината или пак да излажи.
    о,о
     
    На Brojka и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  17. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Коментари дека сум дебела или сум се здебелила добивав од луѓе кои што се ептен слаби и јадат дупло од мене и не можат да се поправат.
    Како помала тоа ме навредуваше бидејќи не бев дебела колку што тие ме правеа, но со тек на време повеќе си го засакав телото,
    Не сум била на диети освен некогаш сум припазувала што сум јадела/јадам.
    И уште не ми е јасно што добиваат тие луѓе што даваат такви коментари, а секогаш беја истите, дури некогаш сум ги одбегнувала и сум имала чувство како да ме мерат со поглед колку сум подебела од нив.
    За некого можеби моите кг се вишок но за мене се ок.
    Бидејќи си се допаѓам кога ќе се погледнам во огледало.
    Е сега после бременоста ќе имам за симнување, ќе се потрудам да дојдам до кг со кои ја почнав бременоста, знам ќе успеам.
     
    На Victorian, MagsDestiny и theowndemon им се допаѓа ова.
  18. smile-shine123

    smile-shine123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    19
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    @mila89 da taka...znaci znam sto e debelo sto e slabo..jas ne sum debela..imam malce salce ama ne onaka da visi grdo da e...da porano bev poslaba.sega imam staveno nesto malku poveke ama pak izgledam ubavo..i site imaat primeteno deka sum se popraila i se trudam pak da gi namalam tie 2-3 kilca ama mislam deka preteruvaat...ne sum narcis da se smetam za sovrsena ama znam do kaj e granicata i kolku smeam da se zdebelam..i mislam deka ova moevo nema ni d od debelo ...visoka sum negde 170 imam 63 kila..a site postojano mi komentiraat
     
  19. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Ајде, па ако ти со 170 см и 63 кг си дебела, не знам тогаш кој е слаб, или кој е навистина дебел.
    Неколку пати си кажа дека сама себе си се допаѓаш ваква каква што си, и повторувај си го тоа секојдневно.
    Нашиов менталитет е таков, така малку појќе заостанат, и не се живи ако не си ги пикаат носовите кај што не им е местото, и ако не ѕиркаат во туѓи дворови, и ако не живеат во туѓи животи, па затоа секогаш ќе зборуваат буквално за сѐ. Што учиш, зошто не учиш, кој ти е дечко, зошто не си во врска, кога свадба, зошто уште немате бебе, зошто си толку слаба, малку си се здебелила... на муабетите ќе им нема крај.
    Нека не ти е гајле за оговарањата на личности кои не се битни, битно е како ти си се чувствуваш, а најважно во случајов е тоа што јас не ни можам да замислам „сало“ на твоите висина и тежина, таман си.
     
    На theowndemon и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  20. LadyInTheDark

    LadyInTheDark Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.754
    • Ве замолуваме да пишувате на кирилица.
    phahah zboruvaat i pri toa shto ne si debela ama se plashat da ne napraish gaze veruvaj ;) :lol: ne e nishto dve tri kilca plus ako ne si debela.