А зашто мора сите буцкасти да се лицимерни? Зошто е тоа општо прифатено? кај нас е таква културата, мораме како жени, да бидеме ТОП за мажите, додека на нив им е дозволено да имаат вишок килограми и плус да им кажеме ЕЈ СУПЕР СИ, а женско кога ке качи некое кило е трагедија. мажот и зборува како треба да слабее и да се грижи за себе? Јас бев слаба, мислев дека сум згодна и бев постајано анемична со бледо лице. Јадев само варени работи и вежбав. Последната година се поправив 8 кила, имам здрава крв, не ми се лоши повеке, јадам СЕ и УЖИВАМ во храната. Сфатив дека е краток животот да се лишувам од било какво задоволство, мое или на некој друг. Откога се поправив, сите ми викаат дека изгледам поинаку, поздраво и дека убаво ми стои. Дечко ми ме обожава повеке од било кога. И не е лицимерност. Убаво ми е да сум буцка. пс. Некогаш ме факаат кризи кога мислам дека е време да слабеам, ама пак ке се погледнам во огледало и знам дека се сакам каква што сум и дека додека сум здрава ништо не ми е битно
Се што е претерано, не е здраво-и премногу и премалку килограми. Не знам зошто, но имам впечаток дека е полесно да ослабиш, отколку да се поправиш. Не е точно дека убаво се чувствуваат дебелите во сопствена кожа. Не е правило дека сите девојки треба да имаат пропорции како манекенка, но се разбира дека витката линија ја подобрува самодовербата. Не е решение да се прифатиш таков каков што си. Треба да се соочиш со проблемот и да изнајдеш вистинско решение за него. Барем на денешницава има илјадници диети, апчиња, препарати за слабеење... пред се важно е да се вежба и да се јади здрава, а не калорична храна... Некаде погоре прочитав дека некој (мислам тедибиар) имаше напишано демек залудно е да се слабее и да се вежба, бидејќи кога-тогаш повторно ќе се вратат килограмите. Е, тоа е голема грешка! Ќе се вратат килограмите ако нагло држите екстремни диети со гладување и кога ќе почните да јадите, ќе внесите повеќе од тоа што би внесле инаку. Како грешка број еден би ја спомнала диетата од др. Жан Митрев. Знам барем десетина луѓе што бие на таа диета. Но, стоп! Таа диета се за оние луѓе кои имаат многу масно ткиво и се за итна операција. Нив важно му е да ослабат за операцијата, се да биди во ред со срцето, па и на сметка, килограмите повторно да си се вратат. Но, затоа може да се почне од една проста диета-внесување на 1000-1200 калории дневно (и ослабуваш и не гладуваш) и зголемена физичка активност. Се разбира и колку што можи повеќе вода.
имам другарки кои имаат отпоќе килажа не претерано но ја имаат и страшно се нервираат поради тоа ретко која искрено се решила и стегнала заби да ослабе и да отиде до крај барем во околината каде јас сум сведок јас редовно вежбам пазам на храната и стварно се трудам а и трошам пари линијата да ми е на место и верувајте дека секогаш ми завидуваат на тоа не сум перфектна ако имам добро тело не велам тоа но се чуствувам убаво што и да облечам имам и голема самодоверба нормално е сето ова тие го кажуваат како недостаток што и да облечат гледаат само да се прикријат кажуваат дека воопшто немаат самодоверба кога ќе дојде лето како да се соблечат на плажа од моите другарки постојано слушам поплаки и барања на совети кој некои ги слушаат некои не све е до вољата на човекот има здрав начин за да се ослабе или да се стигне до килажата можите да се посоветувате со стручни лица како што направив и јас инсртукторите во теретаните даваат добри совети а и постојано ја слеадат состојбата во која се наогаш
Мене па буцкастите луѓе ми се баш симпатични. Ги почитувам оние кои и покрај таквиот изглед имаат самодоверба и се шармантни, и некако имам впечаток дека баш тие луѓе имаат поголема смисла за хумор. Досегашното искуство ми е такво. Иначе, сакам да кажам дека на некои луѓе им стои да се така пополнички, и ми се случило таква особа која цел живот ја познавам како полничка, да држи диета и да ослаби ептен многу. Воопшто не и' личеше. Значи, секој треба убаво да се чувствува во сопственото тело, небитно дали е дебел или слаб.
Извинете на офф топик ... Викторијаа срце јас не реков дека е залудно да се слабее ... но тоа се мисли кај секој подебел човек и му доаѓаат потсвесно па со нив мораме да се бориме и да го смениме мислењто ако сакаме да постигнеме нешто .... Ако дозволиме тие мисли да не водат тогаш се ке биде џабе ... тоа е она што сакав да го кажам со тој пост .
Имам вишок 4-5 килограми, можи и поиќе ај да кажеме 7 килограми. Не сум дебела онака од оние неконтролирани дебели, но сум онака буцка и тоа што јадам се ми оди во задниот дел , пробав со секакви апчиња ама не можам да ослабам , не јадам многу -на пример денес сум на 1 кифла но пијам многу газирани сокови, ама не можам а без нив бидејќи не пијам вода . За дебелите жени оние огромните -тие се убедени дека се дебели и не можат поинаку да го сфатат тоа. И не можат т.е не сакат да ослабат само јадат и јадат и затоа велат Убаво ми е што сум дебела. што мислат тие дека им завидуваме . И најгрозно ми е кога ќе видам некоја дебела дебела ќе пукни со извинение ко свиња а ставила длабоко деколте, куса сукња или некоја со хеланки и куса блузчка ууу колку грозно стои само ќе си речам има огледало дома што ја прави многу слаба :geek:
Наместо кифла и газиран сок, јади салата и густи сок или барем минерална вода. Докажано е дека подебелите луѓе се поведри, а послабите подепресивни.
Браво за постов од причина што се изначитав коментари како сите форумџики се демек згодни ,слаби и не ги разбираат луѓето со некој килограм одвишок,Едноставно некогаш се можеби гени во прашање,како што вели Спичлес.Факт е дека колку и да се чувствува некој убаво во своја кожа каков и да е ,дебелината е болест,која ако не на млади тогаш сигурно на постари години ќе ги покаже канџите.Ама аман бре луѓе не можеме сите манекенки да бидеме,ако имаме плус некој килограм треба ли да се убиеме,едноставно некогаш и самата конструкција на телото е таква.Најважно е да знаеш да се носиш самиот во смисла на тоа да бидеш среден и да не се правиш нешто што факт не си!
Ај ве читав и незнам откаде само барате рчка некоја како г презирате дебелите луѓе како лажат дека им е убаво ...Никој ама баш никој не сака да е дебел а ако некоја дебела особа изјавила дека и е убаво што едебела тоа е само поради фактот што се прифатила себеси таква се помирила и својата немоќ ја прифатила немоќ на доволно волја да земе да превземе нешто за да ослабне,а на никој не верувам дека би му било убаво да е дебел ај што не изгледа убаво ај што нема мн избор на гардероба ај што е изложен на потсмев ....гени се некогаш во прашање некогаш емотивно јадење круг од кој е тешко да се излезе,некогаш здравствени проблеми...зависи,но дефнитивно никој не би бил среќен да има вишок .
Jас имам 57 кг,и ми треба 1 кило помалку да бидам идеална Jадам што ке посакам,ама во нормални количини.Tреба да се внимава на здравјето,треба да се внимава на килограмите
Не верувам дека им е убаво што се дебели. Не чини и толку да си дебел. Брзо се заморуваш, но и ќе дојде и тој ден кога ќе неможеш од кревет да станеш. Не им е убаво и на нив. Имам пример од другарка. Дебела е, не премногу, сепак дебела е. Гладува по неколку дена и кога ќе седне после 3/4 дена не знае колку и е доста. Цело време ми вика дека и е супер, дека нејќе да ослабе. Кога и да помисли на храна она не може да се воздржи, а да не касне нешто. Она е многу подебела од мене ( се работи за околу 30 кг. помалку - повеќе тука е.) Јас барем имам висина, но и помала сум во годините од неа. Гледам примери од мене. Кога ќе почнам да јадам ми се усладува храната, но знам и да кажам доста. Иако неможам да планинарам, барем пешачам и не секогаш, но пробувам здраво да се хранам. Кога ќе видам дебели луѓе како на сликите што се постирани одма се прашувам: Како ли се чувствуваат? Да се вратам на мојата килажа. Имам висина и сите ми викаат дека сум преслаба за таа висина, но мене ми е супер вака. Си се чувствувам таман. Колковите ми се многу малку проширени, но не ми пречи. Каква сум таква сум си. За мене сум си дебела и мене не ми пречи каква сум, а другите можат само да дадат мислење, но нешто што имам зацртано никој не може да го промени.
na pr nekoi debeli lugje kazuvaat pred dr deka nemaat nikakvi kompleksi i deka se srekjni za dr da ne gi ismejavaat i da im ja znaat nivnata slaba tocka,debelite mozat so toa da gi izmamat dr ama sami sebe si ne [mod-kirilica:cbtxj1o6][/mod-kirilica:cbtxj1o6]
Офф леле...Ме фати грев за девојчено 13 години 95 кила Ја имам 13 а имам едно 63-64 кила (да не се лажеме) и мн се нервирам Дебела сум ! ! Јадам 2 пати у денот ама некад ќе зеам касни торта касни смоки и ете ти Ама имам висина највисока сум у клас...Некат ќе зеам да држам диета ама после ооп па на старо... Ама што да се праи..То ти е... Еве сеа пробувам по малку да не јадам толку па ќе видиме што ќе биде...Иначе секогаш носам фармерки со висок струк или тренерки (црни) стомачето да ми го покријат тоа ми е најголем проблем...
Висока сум метар и шеесет и пет сантиметри. Тешка сум шеесет колограми и тоа е се во цицките и гзот. Ајој, ме нервира на моменти.
Како искусна ке се отворам максимално .... Не би рекла дека е убаво што СУМ дебела ... Имам хормонално пореметување после 4тата година од лекови нагло покачување на тежината и така до ден денес .... Какво е чуството кога ке видам убава и згодна девојка? - Прво што ми пага на памет е нормално 'сакам да сум како неа' и си велам од утре на диета ... Значи си одам дома исто како да заборавам на тоа нешто ме тера да јадам тоа е нервозата, значи самата помисла те тера на да јадиш повеке да не речам утеха во храната тоа е до психата ... Веке 2 месеци сум на диета (УН) и многу ми помогна до сега значи ке ја држам до крај си имам цел, го сватив кога почнав да излевам да се дружам повеке со народот. Порано одбегнував да излевам се плашев некој да не ме навреди па да ми ја расипи вечерта, другарками ме опушти многу значи намерно почна да ме одбегнува ме заплашуваше дека ке ја изгубам ако не излевам и не почнам да се дружам со народот и пред година време дознав дека сум дрштвена личност и дека имам убава страна дека имам многу пријатели кои ме ценат каква што сум ме почитуваат и се друго. Тоа е океј. Ама на љубовен план? Кој дечко сака дебела девојка? Тоа е малку потешко. Кога еден тип рече за една моја пријателка дека е дебела а таа има само 65 кг што останало за мене.... Сватив дека терба да си зацртам во главата дека морам да го сторам тоа што треба ако сакам да бидам подобра и да не си уништам здравјето. Дебелината е болест. Се уништуваш самиот себеси, пагаш во депресија и многу други работи... Ја пратам темава од ка е отворена и едвај собрав храброст да пишам... Покрај другарками и мајками многу ми помогнаа и форумџиките да не бевте вие и вашите теми незнам дали сега ке ја држев диетава и ке одлучев да си го средам животот... Фала ви многу ...
Значи,се зависи од тоа што подразбираме под поимот „дебела“. Јас на пример имам некои си 4-5 килограми вишок и не се сметам себеси за дебела (не дека не би сакала да ги снема, ама едноставно не ми претставуваат никаков проблем или комплекс). Но што се однесува на оние поекстремни случаи, работата е друга... Можеби е точно дека некои од тие луѓе со време се навикнуваат на својот изглед и дека тој не им претставува голема пречка на нивната самодоверба, но никој, ама БАШ НИКОЈ не може да ме убеди дека му е убаво што има 20+ килограми вишок... така се залажуваат само самите себеси...
Jас сум сигурна дека нема човек што се чуствува среќно за тоа што е дебел.. тешко е да се ослабе а уште потешко да се остане слаб... слабеењето им успева само на луѓето со цврст карактер.. Jас имам 18 години а висока сум 168цм... кога имав 16 години имав голем проблем со килограмите... имав околу 74 килограми.. кога ќе се огледав на огледало ми доаѓаше жива да се изедам.. воопшто не се чуствував среќна.. тогаш решив да држам диета.. ославев 20kg за 5 месеци, ама како последица од тоа неможев да добијам менструација 7 месеци отидов на гинеколог ми дадоа таблети за хормони и од нив пак се здебелив 9 килограми.. тотално се разочарав... сега имам 58 килограми и никогаш повеќе нема да дозволам да се здебелам.. секојдневно спортувам и скоро никогаш не вечерам... верувајте кој ќе ви каже дека е среќен сто е дебел всушност тој умира во себе
ма ајде како може да ти е убаво,цел живот сакав да бидам 55 кг,а сег акога сум 65 се мразам самата себе и секој ден сум по диети.колку е убаво да не можеш да дошеш убаво,да се наведнеш да си ги заврзиш патиките а ти тежи стомакот.не ми се верува дека некои се задоволни кога се дебели.дебелинате е болест,тоа е научно докажано,и треба да се работи на тоа додека сме млади и можеме
Ухххх јас сега откако си останав бремена си јадам се што ми сака душа... Претходно се пазев и си одржував некоја нормална тежина... Но сега... Уххххх.... Сега нема контрола многу на јадење, не јадам како свинче но сепак што ќе ти се пријаде треба да си апнеш како за од стрв Сега си имам пуштено мешенце, градите ми се станати поголеми од ракометарска топка (пред да останам бремена ми беа таман ко ракометарска топка) но интересно ми е вака. Но далеку ми е од убаво, Спојлер со потешкотии си го гледам дундето