фацата ми се изобличува кога сум дебела ми смета на кичма. Ми смета во движење. Во све ми смета бре. златна тежина ми е 65. помалку од тоа сум сувопиЌеста и не ми личи. А имам 68 со потенцијал до 70 да одам зимово. варира цело време 2 кг плус минус зависи од апетитот... едит. Сум била и 60 ама се у свое време.
Не е убаво да си дебел/а ниту од естетски а најмалку од здравствени причини. Не се согласувам со промовирањето на плус сајз трендот. Нашите тела не се создадени да носат 10, 15, 20 итн. килограми повеќе. Нашите тела се создадени со движење да ја трошат енергијата која се прима преку храната. Според мене дебелината е болест која порано или подоцна си го зема данокот врз нашето здравје. Не е исто срцето да работи за 60-70кг и за 90+, теретот е многу погелем.
Не сум дебела, не сум ни слаба. Имам некои 5/6кг вишок шо си ги носам цел живот и ме нервираат. Здравствени проблеми немам зато шо не сум прекумерно дебела, али самодовербата ми би била на многу поголемо ниво да ги немав тие плус кг. Не дека и вака немам самодоверба или сум искомплексирана, него многу алишта кои ми се бендисувале не ми стоеле убаво дали ради дебелите нозе, или малите спојлерчиња кои си ѕиркаат од страна коа ќе ставам нешто тесно.
Јас ќе си кажам за мене имам едно 10 кг вишок и воопшто не се замарам со тоа, ниту од естетски причини ниту па од здравствени, не сум личност што у преден план го става изгледот, и со тие 10 кг вишок можам да кажам дека се чувствувам убаво, сигурно и со самодоверба ги носам, можеби некогаш ќе ми сметаат и ќе сакам да ги тргнам ама засега си ги сакам многу и не ми пречат. Многу зависи од личноста ама постојат и личности што стварно се дебели и среќни.
Тие што неможат да ослабнат најчесто го употребуваат ова Зборам за вишок 20 кг па и повеќе. Иначе на секого горе-доле по 5-6 кг му се вишок. Немојте да се навредувате, ама дебелината прави да се осеќаш несамоуверено, срамежливо,потиснато. За да се ослабне треба воља и сила да се смени начинот на живот.
Во право си, но секој е различен има луѓе што немаат самодоверба поради зголемената тежина, им претставува комплекс, но има и девојки што се слаби и ископлексирани, а спротивно од нив има и такви што се плус сајз па со гордост го носат тоа на себе и се сакаат самите себе и не им е претставува проблем.
какви муабети се изначитав.... Колку што разбрав темата е кој колку се чуствува комотно со сопствената тежина , без разлика колкав вишок има, тоа е чист state of mind , не се прави муабет за тоа што ти , тој , таа мислите дали има вишок килограми и дали некој е по здрав или подобро изгледа со плус 5 или 10 , туку како јас лично се чуствувам и каква перцепција имам јас за себе. Ако мене не ми сметаат тие 10+ без разлика дали се распоредени право пропорционално или не , во тој случај ниту ќе ме интересира мислењето на другите за тоа како изгледам ниту тоа мислење воопшто ќе има било какво значење
Зошто мислам дека се повеќе се користи како изговор и создавање лажна слика за себе, иако длабоко во себе воопшто не се задоволни од својот изглед? Најчесто тие што ги мрзи да испотат гз и да го постигнат тоа што го сакаат.Лично за мене се мрзливи, најчесто исфрустрирани луѓе, со куп комплекси што си создале слика дека така им одговараат тие плус килограми и дека се прекрасници. А и сами знаат дека не се. И тука не се луѓе со здравствени проблеми, хормонални пореметувања и сл. туку конкретно сум сретнала од погорниот тип на луѓенца , и ми признале дека длабоко во себе не се задоволни. Тие што се задоволни со дупли пар гради или гз или бутини,и се осеќаат навистина прекрасно, без разлика дали во нечии очи се убави или не, се за . Исто се случува со тие што се најпаметни, најубави, најуспешни....
А демек убавината се мери по дебелината/слабоста? Шубо ви го испрале мозокот козметичка, модна, пластична хирургија.... имаш таму бизниси кои живеат од тоа што луѓето се обидуваат да го достигнат 'идеалот' за убавина.. која впрочем, самите тие индустрии го имаат наметнато. Замисли, да станите еден ден и сите да се сакате, баш такви какви што сте! Колку индустрии ќе пропаднат инстантно? Знаеш? Економија е во прашање.. Па дури и за диетите: Вакви намирници, 'здрава храна', нутриционисти, справи за вежбање, појаси за стегање, третмани во салони, спа клензинг... Абе.. ју нејм ит, деј јуз ит... за пари праење. Кога ќе го сфатиш тоа, нема да го гледаш толку трагично тоа како изгледаат луѓето. Иначе, немам здравствени проблеми од дебелината (сега-за сега... 40 години имам)... Поздрав.
Она кога велите толку и толку кг плус за некој, дали има точна бројка до децимала колку таа личност треба да има килограми? Како што кажав претходно, пред една година бев покрупна од сега. Почнав да пазам на исхрана, па ми се смени лицето, стомакот и нозете до некаде ги ослабев и кога ќе се погледнам на слики од тогаш, се забележува разлика. Ама гес уат? Имам исто килограми како тогаш, а претходно сум имала помалце кг, а сум била уште покрупна. Вежбање кај мене нема толку голем ефект колку што има ефект исхраната, т.е. и да вежбам многу, ако не пазам на исхрана, џабе е. Или освен ако ептен интензивно вежбам. Моментално имам некои нешта на телово кои естетски ми пречат и ми создаваат конплекси, дури дел не можам да ги сменам, а не ги сметам како вишок кг.
дебела сум, сакам да ослабнам, но тешко оди. Предност да си дебел, увек те стваат да седиш напред у кола
@WildMk Ако мислиш на ,,прекрасници'' погрешен збор,сакав да кажам она со кое тие се тешат, а не дали се во склоп на модни стандарди или не. Мило ми е што си задоволна од својот изглед, а притоа и здрава. Моето мислење беше конкретно само за тие кои прават лажна слика, и притоа сами одредуваат колку од нивната тежина е повеќе од ,,нивното нормално''. Дали нив им се испрани или не мозоците, не знам, ама знам дека и сами не се задоволни. Најмалку се работи за тоа дали јас ги сакам такви или не, тука мислам се работи за тоа какви тие самите се сакаат. Лично јас од себе сум, а дали ми е испран мозокот, најверојатно да. Ако некој е имун, нека се кажи!
Јас сум имуна. И да.. сите кои се фрустрираат за изглед (дебелина, влакна, кожа, коса) .. односно, сите кои се обидуваат да изгледаат како тие 'на рекламите', исфрустрирани се... Дури не се ни криви за тоа.. ПР-от е психолошка 'војна'... Тешко е да ја одржиш главата над вода, покрај сите бомбардирања од тоа 'како треба'... откако ќе се родиш, додека не умреш.
Знаете што е најтешко за едно машко? Да убеди некоја девојка дека не е дебела , а девојката мисли дека е дебела но всушност не е . Тоа е нешто што најмногу оди на нерви, целото тоа драматизирање и убедување одзема многу енергија. Всушност тоа спаѓа во несигурност односно намалена самодоверба. Не знам што се подразбира всушност под личност со вишок килограми и дебела личност. Која е разликата? Мислам дека големо значење има самата градба на телото односно конституцијата и распоредот на килограмите.
159 цм сум 60 кг..не сум слаба во ниеден случај, ама немам сало што ми виси... имам крупна коска(ок де и малце меше, па дете родив ). Сакам да сум послаба, ама мислам дека не можам да си ја вратам онаа фит форма од пред 10 години. Ако искомбинирам како што треба облеката изгледам топ. Туууу ама сум нарцис.
Па зависи ние како гледаме на дебелината.За многу луѓе дебело е се што нема манекенски тело.Доколку некој има тело како на Биби Рекса,Џенифер Лопез,Меган Трејнор може да си е презадоволен од сопствениот изглед иако според некои критериуми овие девојки се ,,дебели''.Лично за мене се прекрасни и многу привлечни,не ги сметам за дебели.Ниту можеме,ниту треба сите да имаме манекенски тело,убавината е во различноста.Исто така и Ешли Греам е преубава девојка иако е плус сајз.Но доколку дебелината почне да штети на здравјето,тогаш треба да се превземат мерки.Но никој не може да ме убеди дека полничките и оние со неколку килограми вишок си штетат на здравјето.Ако се работи за екстремна дебелина во тој случај е штетно по здравјето,а и го отежнува животот,Не верувам дека некој кој тешко се движи би бил среќен,иако можеби немаат комплекси поради изгледот.
Имам едно 20 кг вишок. Мене нит ми е убаво, нит ми е грдо од аспект на убавина. Некако не се комплексирам. Ама во последно почна да ми смета. Не тоа како изгледам, туку тежината што ја носам. Ми ствара проблем при движење и не можам нормално да се наведнам од салце. Стварно мислам дека треба да подослабнам пред да си створам здравстен проблем. Да беше само за лепота и убаво тело, никогаш не би слабеела, ама прекумерна тежина знае да биде поголем проблем од комплекси.
Не ми се верува дека темава е отворена од страна на член за кого не важи насловот. Среќна сум што имам изградено доволно самодоверба да излезам по сукњи, и гол стомак си носам и дводелни бикини си носам, се по ред. Тоа не значи дека ми е убаво што сум дебела, ниту пак ми е неубаво, туку си го имам телово што го имам и носам во што јас лично се чувствувам добро и ми ја поттикнува самодовербата. Да тоа некогаш се и бикини. Не го глорифицирам моето тело, во смисла да, ова треба да е идеалот за сите - патем никој не треба да мисли дека постои идеално тело воопшто, туку можат да си имаат идеал за самите себе си. Ама некој да ми кажува дека си имам изговори самата за себе, дека сум срамежлива што имам вишок килограми нејќам ни да чујам - затоа што баш напротив. Ужас тема, македонски госип стајл.