Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не можеш така. Ти буквално викаш лажеш на оние кои од своја гледна точка издразуваат мислење. Како можам јас да ти кажам ма лажеш дека си среќна што си слаба, само си искомплексирана!?
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас тврдам дека ако пробаш да ослабеш ќе видиш дека сум во право. Тогаш ќе бидеш среќна. Прифаќање на некоја состојба, па и дебелина не е среќа. Слаба не сум, а бев и знам кога човек се чуствува убаво. Разликата меѓу мене и тебе е постоење на самокритичност и реалност.
    Кажуваш дека сум ископлексирана колку да кажеш нешто со што мислиш дека ќе ме навредиш.
    Кај што сум пеглала, уште не си перела :hai:
     
    На GrimTheReaper и hermosa им се допаѓа ова.
  3. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.053
    Допаѓања:
    225.386
    Пол:
    Женски
    Имам колешка што цел живот е дебела. Не зборам вишок 5 кг. Значи минимум 20 има вишок.
    Никогаш не држела диета и никогаш нејзината килажа не е коментирана од типот-види ја дебела или пак види ја се здебелила. Едноставно си ја знаеме како таква, си се има прифатено и си е ок со тоа.
    Јас сум била дебела. Во бременоста и 10 месеци после тоа.
    Не можам да функционирам луѓе. Едноставно немам градба што може да трпи таква тежина. Коски ме болат бре.
    Сеа со 50 кг помалку од тогаш, сметам дека немам ни грам вишок, и за жива глава не би го сменила тоа...
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, mode-kristina и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Не ме сфаќаш очигледно. Не можам да ти кажам дека си искомплексирана зошто реално немам појма каква си физички и карактерно.
    Така и ти не знаеш кој што осеќа.
    Тоа ми беше поентата.
    Јас еве имам другарка, беше крупна, ослабна и воопшто не и се свиѓаше тој изглед. Си делуваше испиеба и безживотна. Тоа беше нејзино видување на работите, а не ослабна екстремно многу.
    Не можеш да знаеш што другиот мисли и осеќа, само зошто ти мислиш така.
    Тоа ме потсеќа на бабине кога им е ладно ради слаба циркулација, тогаш ги покриваат и ги тофкаат сите околу себе зошто мислат дека им е ладно.
     
    На franca, simoncelicius, mode-kristina и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Ако некој посакува да му биде психичката состојба анализирана, ќе оди на психотерапевт.
    На теми по форуми можеме само некого да направиме да се осеќа лошо, а корист нема.
     
    На WildMk, simoncelicius, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Анализа преку сопственото јас.
    Да прочиташе и цитираше целосно ќе беше појасно.
    Со издвојување на една реченица се претставува поинакво мислење.
     
  7. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Зошто непобарана анализа на нечија психичка состојба, која е поентата?
     
    На WildMk, simoncelicius, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Јас кога бев околу 60тина кила што може не е многу, ама ми правеше проблеми. И тој период се сакав себе, всушност мислев дека се сакам. Си велев океј сум, убава сум. Ама воопшто не пазев на исхрана, не вежбав, не правев ништо за себе кое би го потврдило тоа дека се сакам.
    По некое време се свестив дека вака нема да терам и сменив прво исхрана, на вежбање подоцна се посветив. А сега со коронава, посериозно навлегов во тоа.
    И кога гледам стари слики од мене кај што буквално не се препознавам, сфаќам дека тоа сакање на себеси тогаш всушност не било сакање. За ништо не го менувам овој начин на живот на кој се навикнав сега.
     
    На hermosa, cresa-jagoda, mode-kristina и 3 други им се допаѓа ова.
  9. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Самата тема бара анализа на нечија психичка состојба, преку сопствено видување и искуство.
    Поентата е да не прифаќаме се под изговор дека е ок, дури и кога тоа дело е наша лична креација.
     
    На GrimTheReaper и LiliBoz им се допаѓа ова.
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не ми се верува што читам и тоа од жена во години. Да убедуваш дека човек не може да биде среќен со вишок килограми и сите што мислат дека се среќни не се самокритични и реални :o Можеш да бидеш реален и самокритичен и да ти е кристално јасно дека имаш вишок килограми а не си во заблуда, и пак да си среќен и задоволен. Тоа што многумина го поврзуваат физичкиот изглед со среќа е затоа што се растени во општество каде не се прифаќа различноста туку се земаат стандарди некакви од тв или од комшии и толку е распонот.
     
    На lerebelle, WildMk, simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  11. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.092
    Пол:
    Женски
    За тоа дали на некој/а му/и` е убаво да е дебел/а нема да зборувам затоа што јас не можам да ја анализирам психичката состојба на некој што не знае дека постојам на планетава, односно што не го познавам. На некои луѓе им е убаво што се такви. Се согласувам дека морбидната дебелина не е здрава работа. Но, не секој што има вишок килограми (не зборувам за обезност) се излежува и јаде само нездрава храна и не секој што има витко тело се храни здраво и вежба. Убаво е да се човек да се храни здраво и да вежба, истото го практикувам и јас, но тоа да се прави за здравје пред се`.
     
    На hermosa, simoncelicius, Tea678 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.868
    Накратко да ви кажам нешто. Ако не ви се допаѓа нешто кај себе, за изглед или здравје, сменете. Ако сте си ок, не гледам дека слабеење ќе ве направи посреќни. Напротив, обично луѓе опседнати со килажа и со пазење да не се поправиле 200 грама врискаат од комплекси, многу повеќе отколку покрупни лица што си се прифатиле такви какви што се.
     
    На WildMk, simoncelicius, Veta и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.602
    Допаѓања:
    39.051
    Пол:
    Женски
    Секој може да си најде подобра верзија на себе си.А сѐ додека сме ок во комфорната зона и се тешиме дека не може поинаку, не сме ни свесни што пропуштаме.
    И не зборам стриктно за слабеење, за некого важи во обратна насока.
     
    На mode-kristina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Јас имам некои кг вишок (2-3) шо ми е океј. Секогаш ми варираат тие.
    Ако некои се сакаат пополни, океј. Мене лично ми смета кога сум со кг вишок, ама ако некој се сака себеси така, во ред. Која сум јас да судам на крај.
     
    На Amellie13, hermosa, MagsDestiny и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.535
    Пол:
    Женски
    Ако некој се прифатил таков каков што е, кои сме ние да судиме? Во денешно време фактички е бунтовност да се сакаш себеси каква што си, бидејќи сме бомбардирани насекаде со продукти и "совети" дека мора да смениме нешто и дека несовршеноста е лоша. Guess what, на никој не му е гајле. Едните сакаат само да заработуваат на нечија несигурност и неприфатеност, уште помалку им е гајле на комшивката или тетката што секогаш кога ќе те видат прв коментар им е дека си ослабела/си се здебелила.

    Никој нема да те прифати онаква каква што си ако сама не се прифаќаш. И не, не зборувам за случаи на морбидна дебелина, сите знаеме дека тоа е опасно. Исто како и анорексијата, па не гледам некој да осудува за тоа. Јас имам вишок, и не се само неколку килограми. Но исто така не е да не можам да се движам или едвај да дишам.

    Јас сакам да го сменам тоа за мене, не за тие што ме прифаќаат секаква, ниту за тие што не ме прифаќаат никаква. За мене само. И не значи дека не смеам да се прифаќам и сакам и во ваква состојба, не значи дека сум помалку вредна. Исто така и тие што се сосема задоволни како изгледаат и не им сметаат плус килограмите.
    Значи дека се прифаќам, само што сосема задоволна не сум и сакам да сменам нешто.

    Слабеењето нема никого да направи магично да се сака себеси. Но прифаќањето себеси во секаква состојба без разлика дали сакаш нешто да промениш или не, може и тоа како.
     
    На mode-kristina, simoncelicius, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  16. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Јас научив да се чувствувам добро во своето тело иако сум од другата страна, цел живот со помалку килограми и слаба. Долго се трудев да се поправам, не успеав. Едноставно таква сум и се сакам баш таква каква што сум иако телото ми е далеку од она што се претставува за совршено, немам изразени облини и женствена градба.

    Се чини дека епитетите, па дури и навредите за слабите некако ,,се подразбираат''. Дебелките можат (дури и треба) да се чувствуваат добро во својата кожа, се поттикнува прифаќање на несовршеностите, додека слабите се ,,болни'', ,,неухранети'', ,,суетни''.

    Здравјето е на прво место. Од таа гледна точка, секогаш е подобро неколку кг помалку отколку вишок.
    Од друга страна, ако зборуваме за изглед и љубов кон себе, јас не сум таа што ќе им суди на луѓето. Ако некој се чувствува добро во својата кожа, за мене е сосема во ред и среќна сум за него/неа.
     
    На simoncelicius, mode-kristina, hermosa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    19.643
    Пол:
    Женски
    Имам вишок килограми, не сум дебела ама пополнета..:D и не ми е убаво ако сакам да облечам нешто потесно мевот и спојељерите ми се оцртуваат и се осеќам како кроасан. Не можам да носам тоа што сакам зошто не ми стои. Едно време убаво ослабнав пред првата бременост и ми беше топ...
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Значи +size моделите, што бајаги печалат на "дебелина" и што воедно и се трудат да му покажат на цел свет дека и така можеш да си среќна и задоволна со себе, се во заблуда и треба да ослабат за да се среќни?
    Чудно. Бев и 60 кг, сега сум 80 кг. Воопшто не ми менува колку сум среќна. Баш сега сум посреќна, поздрава.
     
    На WildMk и simoncelicius им се допаѓа ова.
  19. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Океј, ако некој е среќен дебел или слаб негово е.
    Ама нека не ми проповеда лав јорселф некој кој за балансирана исхрана вели дека е измачување, а за вежбањето дека е непотребно и без никаков бенефит и можело само да се повредиш ако вежбаш (и ова сум го чула)
    Е тие луѓе ми се несфатливи.
     
    На cresa-jagoda, mode-kristina, Nevenche26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Јас си се сакам вака каква што сум.
    Едно време ослабнав. Неможев да го прифатам фактот дека и градите почнаа да ми се смалуваа. Се чуствував како да не сум јас. Се нервирав. Се здебелив пак.
    Не сум кузнај колку дебела. Имам 5-6кг вишок.
    Се сакам ваква, и убаво ми е што сум дебела.
     
    На mode-kristina и Emotional123 им се допаѓа ова.