Душички гордејте се сами на себе, на вашето тело и вашата женственост. Јадете колку ви душа сака, воошто не се остручавајте. Па ваше тело е, другите нека зборуваат што сакаат. Воопшто да не ве погодува тоа.
Мене не ми е ич убаво периодов кога се здебелив од ад дури некогаш паѓам во депресија поради килажата. Така да не верувам дека на некој му е убаво дека е дебел. Мислам дека сето тоа е маска....
Не мисли многу на тоа мила. Се' ќе помине. Еве јас воопшто не се замарам што се здебелив од истата причина. Битно ментално сум подобра.
Ако ти не се чувствуваш добро во своја кожа со + килограми не значи дека нема личности коишто не се задоволни од својот изглед иако се дебели, многу погрешно мислење имаш, за жал...
Јас сите што ги познавам дебели се мачат да ослабат. Затоа реков така. Иначе може си постојат некои задоволни со себе, си имаат самодоверба,и ич гајле немаат. Ама тука зборев за мои познаници, да се разбереме. Знам дека пак ги генерализирав работите и дека не треба така да правам, се извинувам.
Ја еве ич не се свиѓам кога носам розева облека и сите што викаат дека сакаат розево ЛАЖАТ!!! Логикава ти е супер.
Ова е веќе друго. Во моето опкружување како што кажав сите сакаат да ослабат. Јас не сум сретнала личност што е задоволна дека е дебела. Па како сакаш сфати ме...
познавам и такви што сакат да се здебелат и обратно да слабеат јас сум од вторите не ми е убаво да сум дебела пред се за себеси после за другите ,здравјето е исто така подобро ако се одржува тежината
Јас не сум ептен дебела и не изгледам дебело, но сакам да бидам многу многу слаба, а тешко ми оди тоа се нешто ми се јади не ми се допаѓа моето тело воопшто мора да преземам нешто до лето да ослабнам што поскоро.
Да има и такви што сакаат да се здебелат, ама тоа е друга тема. Значи тука збориме дали сме задоволни од својот изглед ако сме дебели. Јас како што кажав не познавам таков, можеби има, што знам. Али сепак во право си дека е лошо пред се ради здравјето да си дебел.Јас на пример откако се здебелив многу тешко дишам и ме приметуваат. Мене не ми одговара оваа тежина. Се ми е многу мачно. Се изморувам од една соба во друга што ќе отидам. Затоа и морам јас да превземам нешто. Моментално апчиња и чаеви пијам, ама го немаат тој ефект што треба да го имаат. Затоа морам да најдам друг начин, зашто не може веќе вака. А, за другите луѓе ич да не зборам, срам ми е во огледало што се вика да се погледнам, а не па да излезам негде вака.Едвај се натерав вчера да прошетам. Не сакам никој да ме гледа вака здебелена. Ми рекоа дека сум ко ѓуле направена уште толку тоа во депресија мислам дека ме стави. Некогаш ме фаќа инает да ослабам, ама не ме држи долго. Пак зимам благичко да си јадам. Мора да бидам многу поголем инает, тоа го сфатив Денес пак попуштив каснав благо, ама од утре, нема, ветувам
Ако издржам јас без благо, значи МОЖАМ СЕ. Утре ќе си го докажам тоа, прво сама на себе, па ќе те известам во лп дали можам или не, да не ја полниме темава
Што како сакаш сфати ме? Значи ти велиш дебела сум и сум незадоволна и затоа не им верувам на другите што се задоволни од своето тело. Вашите ставови, незадоволства, мислења и комплекси се само ваши. Од што сте незадоволни од самите себе си, не сфаќате дека има луѓе кои се среќни и задоволни во своја кожа, без разлика дали е "премногу слаб" или има вишок килограми. И сега ти вака несреќна и викаш на некоја која е задоволна од својот изглед дрка она не е стварно среќна, туку ТоА и Е мАсКаАа
Колку од тие што се задоволни со својот изглед да имаат магично стапче и да можат да го променат своето тело би се согласиле? Одговори си искрено на прашањево. Јас прв пат кога го слушнав, сфатив дека не сум задоволна самата со себе.. Па ти ако сакаш вреѓај ми ја интелегенцијата, јас не сум сретнала личност што е задоволна со себе си. Дури една згодна девојка еднаш кога ја запознав ми рече дека чуствува кривица кога јаде. Па сега види ти...