Aha, samo liberalnite se debeli. I posle: "Oti decata se nareduvaat megju sebe? Oti ima bulling?" Ami od roditelite ucat.
Валјд јас не навредувам. Напротив. И во наше време имаше многу дебели деца,ненормално дебели ама булинг имаше многу малку. Не значи дека ако не оправдувам и нормализирам дебелина дека го учам детето да навредува. Ама да ми кажеш дека е нормално да имаш 100 + кила и да си задоволен ,епа не е извини. Сите знаеме дебелината какви се последици си носи со себе. Впрочем ,имавме таков пример од македонска инфлуенсерка или што и да е ,некоја Ивона Јо. Три години пробуваше да нормализира дека тоа што имаше 130 кила е нормално и дека такви треба да се сакаме и да сме полни самодоверба ,и на крај отиде у Турција и скрати желудник. Верувај овие двојни стандарди и фејк самодоверба е многу пострашна за децата .
Да бе, многу малку имаше. совршени деца бевте, сега сте совршени родители. Затоа има толку депресивни и анксиозни деца. *И не зборуваме за здравје, туку за изглед. Ако од маж ми ми е срам, тогаш не треба да ми е маж.
Имаше многу помалце дебелина ,знаеш зашто ? Зашто нашите мајки готвеа дома манџи и домашна храна ,не не носеа после работа во Сити Мол на бургер. Како и да е, да не настрануваме од темата. Контролирано јадење ,секој треба да се потруди да си го реши проблемот со партнерот ама за да не дојде до тоа, исто мора многу да се работи и на себе и на односот.
Партнерот треба да е со тебе и во добро и во зло. ако изгледот му е пресуден, а не ти, шо ќе прајш на 70, кога ќе бидиш згужвана ко крава да те џвакала, кога градите ќе ти се до папок, а малите усни до колена?
Па не можеш да споредиш губење убавина поради старост и дебелина која во 90% ја има заради неконтролирано јадење . Староста се знае дека ке настапи и не може да ја спречиме. Другото може да го контролираме. Јас на пример губам самодоверба и 5 кила ако качам. Вежбам и се трудам секогаш да изгледам средено и привлечно. На тој начин имам самодоверба ,ама вистинска а не лажна . Тоа партнерот го осека и верувај и односот е многу полесен и начинот на кој тој ме гледа Да партнерот треба да е со мене во добро и зло. Ако недај боже ни се случуваат неубави настани, без парица итн . Ама ако лежам во кревет ,удавена во чипс и кока кола и +50 кила ,апсолутно немам право да го напаѓам ако реши да не е со мене
Да бе... само што сум му родила дете и ќе се срамам од телото кое беше 'употребено' за да гестира тоа дете. *Не пијам кока кола и не јадам чипс
Како мислиш да се срамам од телото? Зашто да се срамам? Зошто трудночата мора да е изговор за неконтролирано јадење? Еве ме ,трудна 7ми месец и поправена 5 кила , ама се тоа со контролирана исхрана
Епа да читаше со ред, ќе видеше дека од таму почна муабетот. Членката кажа дека се срамела од маж и' после бременоста, а јас и реков дека е убава.
Да се намочам на 'стандардите' Сами себе ќе се погазат, за да ги исполнат. 5кг качила и се затвора дома и се покрива со чаршав.
Еве јас мачам мака со хормони пореметени и не можам да ослабам. Не јадам неконтролирано, што не сум пробала, не нутриционисти не чуда врагови. Сега пак со нутриционист друг ќе разговарам. И сега јас не треба да имам секс? Да одам на плажа? Да живеам? Ај да се пикнеме ние дебелите во дупки да не не гледате. Е па ако сакаш да знаеш јас вака дебела му бев девојка на дечко кој пред мене имаше слаба. Ми се пушташе додека беше во врска со неа. И сега? А сега е оженет со жена која не е ни дебела ни слаба.
Нека си гледаат нивното. Има кој да се грижи за моето. И нека се тешат дека само дебели жени ги изневеруваат мажи, и дека швалерките се некои вонсериски убавици кои ги магепсале. А бе тоа ако сака да вара..
Ве читам и се чудам....зарем тие "ДЕБЕЛИТЕ" според поединци овде:немаат право да уживаат во своето тело,да се омажат и притоа мажот бескрајно да ги сака?
А ако не кажев дека ми е од здравствени причини, а ме видиш на улица дебела што ќе помислиш?? Леле женава има сигурно некоја мака, или види ја свињава колку ждере, е па нормлано после мажите варале.
Нема да речам ништо ,зашто не ме интересира. Овде збориме на темава зашто жената имаше побарано мислење.