А со шо има? Нека не какаат Гледам дека стварно не мора да се мажам.. Боље да посвојам дете. Клошарана до клошарана Кај машките, уште од 16 год ми смета моментот шо мислат дека ако имаат к меѓу нозе, дека Господ за муда го фатиле.Да ме извини Горниот. Па ќе ти е ја на тебе.Мочковци
Изневерувањето само по себе е одвратно, ама изневерување на бремена жена е посебен левел на одвратност.
This. Финта е што многумина кога зборат за дебелина на форумов (а, и општо), ако некој има вишок, зборат како да прави нешто неморално. Тоа доаѓа од некоја одбивност спрема дебелина, ама баш онака огромна одбивност, не обично мислење дека нешто ти е неатрактивно (што е океј). Секој има право да си бира каков партнер сака, тука не може никој да се меша, ама мора да се прифати постоењето на диверзитет на различни тела општо, не за партнерство. Другарка ти може да е дебела, сестра ти може да е дебела, вујко ти може има пивски стомак - и што? Ако некој ти е ептен близок и отиде баш во екстрема, треба да се збори, советува. Надвор од тоа, нема потреба за давање коментари, затоа што туѓи избори за здравје никако немаат афект врз тебе. @Misskirova Знаеш што ми е пострашно од мајка која се „запушта“ после бременост? Трудница која пуши, а тука спаѓаш и ти, уште те памтам и затоа спомувам. Живеј си го животот, ако тебе изгледот твој и на партнерот ти е приоритет, терај си така затоа што очигледно здравје не ти е приоритет во ниеден случај, џабе збориш. Ова ме потсети - доколку толку ви беше битно здравјето на партнерите, а и вашето, подеднакво исто ќе осудувавте и пушење цигари како и вишок кг (пример). За партнерство ви реков - не може и не морате да имате симпатии кон секакви тела, но кога е во прашање дебелината општо, не можам никако да ја разберам тоооолку големата осуда, непропорционално со други избори штетни по здравје и особено речиси нема осуда кон нездрава исхрана доколку некој има таков метаболизам да телото не му се многу менува. Треба малце да олабавите и да го извадите од уста тоа дека дебел човек никој не сака за партнер, не може ова, не може она кога едноставно... не е точно. Ја можам да се осеќам секси, да постирам слики, едноставно најнајнормално да живеам без да се објаснувам зошто и како сум дебела, не треба тебе да ти е битно лол.
Осуди, навреди, потценувања за дебелина и физички изглед, после зошто bullies и булинг имало, се гледа во каква средина растат во државата и со какви родители. После бременост нормално дека се менува телото, прав маж нема да мрчи за тоа. Членката сакала сама да се промени и ослабе зошто така и е поубаво и тоа е во ред, секој си знае за себе. Ама да трубите за други дека дебелината е неубава, претерувате. Не е здрава, но не може и сите да се со идеални пропорции и со 50 килограми на себе. Мора да се прифатат различностите, а не да поттикнувате средина за булинг во иднина. Дома ако на децата овој муабет им го правите, во иднина ќе ги навредуваат Мила и Бојан од клас зошто се подебели од останатите и тие деца ќе се жртви на булинг. Припазете малку што правите и прифатете дека не може сите да се исти. Некој ќе се промени, некој ќе си ги прифати несовршеностите и така ќе живее.
Точно. Ни па на маж ке си му привлечна само ако си презгодна. Ако не си му привлечна по пораѓај тогаш е кретен. Ако мислиш дека не си му привлечна тогаш има знаци. Јас не сум згодна како порано ама не се сомневам дека сум му привлечна.
Инаку што се однесува до темата...еднаш кажав, од моето изјаснување ги исклучувам ситуациите каде поради здравствена состојба има качување на телесна тежина . Се друго , а тоа е јадење хамбургери, нездрава и брза храна, пици , газирано итн сметам дека може да се контролира ,односно и да се дозволи ,да се консумира поретко а не преку еден ден во 7мица. Секој кој сака може да се погрижи за својот физички изглед. Мене на пример психички ми влијае ако се запуштам , паѓам уште повеке , ако на некој тоа не му влијае супер. Ама да ме убедувате дека е нормално и дека треба да му замерувам на партнерот ако реши да ме остави ,не нема да се бунам....има и мажи и жени на кои таквото запоставување им смета. Деца и булинг не мешајте, зашто не е место ни време.2 Никој не поттикнува булинг ,напротив се залагам за умерен начин на живот на секое поле. А децата нема да ги носам секој втор ден во 7мица или КФЦ и да се однесувам дека тоа е нормално зашто не е. Од братучетка ми малиот има 7 години и едвај оди зашто има ненормална тежина за негова возраст. Немојте да ми кажете дека е тоа е океј. Не е ! Детето од мало има проблеми со здравје...али знаете зашто ? Зашто и братучетка ми од секоаш била со прекумерна тежина
Дебелината според СЗо е хронична прогресивна болест . Не е само естетски проблем па дали е некому убаво да е дебел и не . И треба да се решава и слабее бидејќи патернот во јадење се пренесува. Затоа имаме многу дебели деца кои поради исхраната и поради онлајн наставата станаа уште подебели. И не е поентата да се прифати дебел човек као супер изгледа така (фејк)туку да се поттикне дека треба да се слабее,срцето не може да издржи вишок кг. Да не се бараат изговори во здравствени причини бидејки тие учествуваат минимално туку да се застане пред огледало и да се признае пред себе си дека е од јадење,лоша исхрана и физичка неактивност. Не постои човек кој не може да ослабе. Децата нема да прават булинг на дебели деца ако знаат дека е болест. Но ако ги лажеме за некакво боди позитивити дека е супер да имаш 200 кг ,да.
Кога ќе рече- колениците ја болеле а таа 150 кг. Ама не, од шеќерот било тоа. А шеќерот од што е? Астма? Аритмија? Неоткриени нетолеранции на храна кои бетер дуваат. И јадење на нервна база! Втф? До кога ќе се лажеме!? Бараме светот да не прифати какви што сме , а фактички сме полни болести и треба некој да ми рече - браво што се сакаш таква!?
Тоа е тоа што сакам да кажам а повекето ме напаѓаат. Замисли ти едно дете од 7 години да ја следи Ивона Јо. Три години трубеше дека и е супер и е среќна со дебелината ( над 120 ) и се уби од постирање позитивни мисли и цитати за себе прифаќање и на крај отиде и направи операција ба желудник и ослабе драстично ,па сеа се фали со тоа што го напраила . Мислам, свесни сте што му се дешава на тоа дете во мозокот со ваквите постапки од јавни особи? Нема да знае кај тера и што е правилно а што не...
Ако љубовта спрема самиот себе ти зависи од тоа дали си згоден или дебел си се зафркнал. Многу луѓе имаат проблем со здравјето па се слаби или дебели. Не е дека “дебелите“ јадат по пет леба дневно. Инаку, има и мажи што сакаат дебели, како што има и мажи кои сакаат ептен тенки. Убавината е во окото на набљудувачот и баш секој треба да се сака и почитува без разлика каков е. Што, дебелите треба солзи да им течат кога ќе видат манекенка? Глупости. Јас си се сакам каква и да сум. Убавината внатре во себе ми е најважна. Мојата самодоверба не зависи од тоа каква сум во моментот, ами од тоа како се справувам со тоа каква сум во моментот и каков човек сум. Најнакрај да се биде тенок е модерен стандард, од викторијанското доба кога жените се теснеле со корсети, пред тоа од секогаш биле на мода баш дебели жени. Ѕирни уметност.
Ни се сакам дебела, ни убаво ми е. Самодоверба 0, истрајност и волја за диети 0, со години почнувам разни диети, разни режими, се имам казнувано со гладување дури. Се имам фрустрирано кога блиски ми набивале комплекси дека се здебелиле факинг едно кило и не можеле да се гледаат во огледало, дека биле демек дебели ко свињиво тие моменти, ќе се лутев на себе, ќе се казнував, ќе си ветував, ќе се мотивирав, сето тоа траеше неколку дена и секогаш на крај завршуваше со прејадување....и да, сеуште се прејадувам.
Јас потполно се сложувам со вас две. Страшно ми смета тоа fake body positivity демек ај ќе се тешиме дека имаме 120+ кила и треба да се сакаме какви што сме... Не, никој не е таков, туку станал таков заради губење на контрола над сопственото тело (настрана од здравствени причини) Не зборуваме ниту за привлечност, туку за здравје, не мора да се изгледа како атлета, ама секој може да има барем нормална телесна тежина.
Прво, дебелината како медицинска состојба сигурно не се смета со вишок 10-20 килограми. Второ сите сме свесни дека е ризик фактор за вклучување на многу болести. И баш бидејќи сите го знаеме тоа нема зошто ние да глумиме многу загрижени демек за туѓото здравје па да советуваме да држат диети и да слабеат. На крај краева, секој си знае за себе. Во врска со изгледот и самодовербата. Да, јас можеби со секој еден килограм над 60 станувам понесигурна во себе. Тоа не значи дека нема луѓе со вишок килограми кои се прифатиле себеси и гордо ги носат. Не знам зошто по дифолт тоа е лажна самодоверба и лажен позитивизам.
Суштината дечки, и коренот на проблемот е следново - односот кон храната, е одраз на односот кон себе. Ќе ви го оставам инсертов од Eat, pray, love со Julia Roberts, за да ви е појасно.
Болна сум и убаво ми е, бог да чува, темава, без навреда ама сите знаеме дека дебелината е болест, не може здрав да си дебел, уште и убаво бе
Бев со вишок кг и бев потполно здрава, со никаков проблем. Сега сум со целосно соодветна килажа и не сум добра со здравје. Мајка ми се води како обезна и има проблем со здравје. Нема правило.
Абе, добро сега не викам дека не, ама имам читано дека за 1 кг вишок се оптеретува срцето, а можам да замислам па за повеќе кг и генерално општо е познато дека не влијае позитивно дебелината врз целокупното здравје, па затоа некако насловот на темата ми е онака, што знам.