Му блазесвам на тие што се дебели, не сум некоја претерано слаба ама сепак сакам да имам и меше и нога. Секогаш ко ќе видам некоја така полна девојка му се восхитувам и си вика "камо јас да можев да бидам вака" ... Инаку јадам се само со помисла да се здебелам ама не се мрднувам од 65кг барем уште 5 кила да си ставам за да бидам и висина и тежина исто!!
Krista и јас мислев дека неможам да се здебелам, после пар нервози кои ги доживеав и една година и повеќе бев 46-47 килограми. Ама сега ја научив финтата Најади се убаво, претежно леб и легни си Една недела така и да видиш мешето како ќе рипне
Има разлика меѓе девојка со облини и дебела девојка. Тоа првото да, ама дебела не верувам дека сака некоја да биде.
Криста ако сакаш да се здебелиш, пиј пивски квасец. Има во аптека. Јас мислам дека килограмите ти одговараат на висината, ама секој со своите желби нели
Убаво им е кога си јадат, а далеку од тоа дека убаво им е сто се дебели се залажуваат и тешат со храна бегаат од проблемите со тоа што барем за миг се срекни со својата омилена храна . Почитувам луге сто се свесни за својата дебелина знаат да ја носат во вистински збор да прекријат и уредно да се средат ама неможам да поднесам неспастрена дебела жена која едвај оди се подгрбавела од тежина со широки маици и сукњи облечена уф лошо .
познавам многу личности кои ја минат секоја граница на нормалната тежина, а воопшто немаат никаков комлекс да облечат нешто покусо или деколтирано, што мене не ми е баш вкусно да го гледам. незнам како се гледаат со свои очи пред огледало али за да облечеш такво нешто треба и да ти прилега. дури кога зборувам во нивно друштво за дебелината, пошо сум многу искомплексирана личност и строга спрема себе, ми е непријатно, се осекам ситно, всушност гледајки во нив си ги лечам моите комплекси имам другарка која знае да рече "јас знам да се носам со дебелината", нема човек што знае да се носи со тоа, не само од естетски поглед туку и од здравствена гледна точка, луѓе дај сфатете дебелината е болест. не само што нема да ве соберат посакуваните фармерки, или фустаничињата за излегување, постојат милион болести кои можат да се појават, поврзани со срце, дишење итн. и многу ми е смешно кога ке слушнам еј иде лето морам да ослабам, имам матурска и икс други причини... зар треба да се чека лето за да се симне некој килограм? не сум некој приврзаник на диетите но знам да си скратам од задоволствата и да не претерам, некогаш знам и да бидам голем гурман, али се треба да биде во граница на нормалата.
Девојче абе што ти е тебе , јас имам 65 кг. и 170 цм, и сум убедена дека имам вишок минимум 5 кг. Ти да не ја слушаш мајка ти која постојано ти вели: "Јади сине, јади !" ? Не се секирај ти, сите мајки така викаат И верувај немаш недостаток на килограми, ај да не ти зборам за вишок па да не почнеш теми на Фемина за Диети да читаш, оти по мое ми се чини сите ги слушаш
Хм, не верувам дека некој е среќен што е дебел. Секако не станува збор за облини, станува збор за вистинска дебелина, како онаа женана што сака да тера рекорди во дебелеење. Ако некој со прекумерна тежина ви тврди дека е среќен, знајте дека не е. Тоа е само алиби и изговор за нивната моментална ситуација како и за тоа зошто ги мрзи да мрднат со најмалото прсте и да направат нешто за да го сопрат дебелеењето. Имав колешка на факс прекумерно дебела, мислам дека имаше некаде накај 150кг и едвај се движеше, и самата без ние да ја прашаме се туфкаше дека имала некоја болест и од тоа е дебела. Болеста после некое време откривме дека се вика многу едноставно - ждерење. Ја најдовме скриена со два огромни сендвича, да не ви кажувам како ги буташе во уста. Се плашев едно време во раката да не си загризне Така да не верувам дека на некој му е убаво што е дебел. Едвај се движиш и дишеш што се вика само две - три килца кога ќе се здебелиш не па да имаш 100 и повеќе. Не за друго, па не е ни здраво.
Јас си имам најнормална тежина висока сум 156 тешка сум 48 кила. Имам дебели нозе и единствено тоа ми пречи и ме нервира. Инаку сметам дека треба секоја девојка да се грижи за својот изглед во што спаѓа и тежината, затоа што пред се не е естетски и не здраво. Ако е некој дебел значи јади прекумерно внесува вишок од масти и шеќери кои можат да му штетат на организмот, е сега ако дебелината е резултат на некоја болест тогаш мора болеста да се лечи и нормално да се јаде ислучиво здрава храна. ОК е да знаеш да се носиш со тежината ама не гледам причина поради која некои девојки јадат прекумерно, а потоа кукаат дека се дебели, искрено таквите ме нервираат Јас лично јадам за живеам, не живеам за да јадам! И сметам дека така е најдобро ако се дебелам тоа не е повеќе од 2 па ете и 3 кила кои потоа со физичка активност лесно ќе ги симнам
паа..... и јас си имам нормална тежина (иако мајка ми смета дека сум дебела, она е коски и кожа) Си јадам се што сакам, и не се замарам многу со вежбање, но затоа нонстоп сум во движење. Цело време шетам и колку што можам повеќе одам пешки и не користам такси. Знам дека нездравата храна ќе ми штети понатаму во животот ама си викам ај да си поуживам уште малце.. кога ќе ми се појават првите брчки тогаш ќе почнам да се секирам Висока сум метро седумдесет, а тешка скоро 54-55 и ако ова е дебелина....тогаш мнооогу ми е убаво што сум дебела
Јас мислам дека лажат!!Ја досега немам сретнато дебела некоја која не има употребувано диети, секакви видови на апчиња , чаеви и што ти не...А и да кажат дека им е убаво и дека су дебели ал среќни мислам дека сето тоа е изговор и оправдување...затоа што им се јаде и готово!! А во себе се секогаш исфрустрирани и прават се и сешто само да ослабнат...ама пак не можат да и одолеат на брзата храна!! Ја не сум слаба ама имам облини ала Џеј Ло И се фрустирам кога не можам да ослабнам 2 3 килца...или кога јадам банички, сендвичи, чоколадо и кога ќе видам за една недела 2 кила сум се здебелила...па пак една недела не јадам....Порано многу повеќе ме нервираше и затоа пробав да ослабам на најлесен можен начин т.е. со ама си направив проблеми.... Секој кој сака може да ослабне...со добра волја, мотив и карактер...но не секој може да ја одржи линијата!! Тој проблем го имам ја....и не ми е убаво кога сум дебела ( иако не сум екстремно дебела ) ама пак ме нервираат тие вишок килограми...не се чуствувам убаво
Јас мислам дека тие што се дебели со исклучок на оние личности што патат од хормонско пореметување, едноставно не се грижат за себе! Мислам....да јадеш како прасе , стварно незнам и не можам да ги разберам таквите луѓе што едноставно не водат грижа за надворешниот изглед, а да не правиме муабет за здравјето! Лично, јас имам брз метаболизам, така да јадам колку што ми душа сака, и никогаш не сум се оптоварувала со диети и сл работи! И да фрлам неколку килца не е страшно, но се во граница! Не дозволувам да изгледам како топка!
мислам дека тие што викаат дека не им пречи дебелината се лажат и себе и другите,уствари они може пробувале многу диети, апчиња за слабеење и уште милион чуда.Изглеа не успеале па лажат дека им е сеедно.
Не постои човек на кој не му пречи дебелината,и на самодовербата и врз здравјето.Само има луѓе кои се потрудиле и не ослабеле или воопшто и не се трудат,научиле да живеат со дебелината и не се срамат од тоа.Свака им част на тие исклучоци,али јас знам и сакам поинаков живот без таква ПРЕЧКА на патот би рекла !!