1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    и јас морам да се цитирам на ова убаво ми е што сум тенка висока имам слаби и долги нозе :$ и мора да кажам дека сум полна со самодоверба и преубо се чуствувам реална да сум :)
     
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Како да не им било убаво.Колку што ми е мене убаво со овие неколку килца што си ги сметам за вишок,толку и нив. |(
    Тоа им служи како оправдување,изговор зад кој се кријат.
    Неможат да престанат,да се воздржат од јадење нон стоп,без разлика дали имаат потреба за храна.
    Или кога ќе кажат можам ако сакам да ослабам..но не сакам.Се залажуваат самите себе.Се тешат и си продолжуваат по старо.
    Јас сум убедена дека постојат луѓе кои немаат осетено чувство на глад. :fubar:
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Ако стварно постои девојка на која и е убаво што е дебела, и давам рака, секоја чест. Мада не верувам баш во ова. Не фаќа ужас и со неколку вишок килограми, а камоли пак со 20 и повеќе вишок.... :worried: Јас сега имам 53 и целам кон 50, не ми се проблем килограмите, туку проблем е што се собираат на погрешно место :D и мислам дека никогаш нема да си дозволам да надминам граници на нормално. Сфаќам дека ова ептен е проблем, неможам ни да замислам како им е на тие девојки, али со труд и упорност се може да се постигне. Ги жалам оние што се мачат со проблемов, ама ич не ми е жал за оние што не им е гајле, не се грижат за себе, кога ќе ги видам по сендвичари со 80кг на себе....абе ајде, да се немало граници!
     
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Како бе? зарем постои некој што љуби кога ке се ѕирне во огледалце да виде како на некои делови од телото све се гледа само коски не :?: .
    Нема ден да не се погледнам во огледало и не дека сум дебела но сепак има некои места каде што посакувам поинаку да изгледаат,па нели сите така сме не сме СОВРШЕНИ ;)
    УБАВО МИ Е ШТО СУМ ДЕБЕЛА а во себе,"ах ти завидувам колку си слаба,се надевам дека со време и ти ке се здебелиш" мислам дека се ова е маска,како што рековте би подала рака на некоја девојка ако навистина се сака таква како што е со вишок,вишок,вишок....на килограми...
     
  5. Flow

    Flow Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    20
    Многу е веројатно дека се мисли на девојки кои се елегантно пополнети или ја прифатиле својата (релативно голема) тежина. (која во меѓувреме не им прави здравствени проблеми)
    Секако, никоја претерано дебела личност со здрав разум нема да се почувствува добро во своја кожа или да кимне со глава на прашањето: ’Дали се чувствуваш добро со таа килажа?’
    И, не може да се постигне многу на долг рок онаму каде што генетиката замешала прсти. :wasntme: Против природата не се може.
    Инаку, имам такаречи идеална тежина со тенденција на пораст, ама не придавам многу важност. Во извршување на секојдневни обврски и те како се губат килограми, незабележително.
     
  6. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Кога останав бремена имав 53 кг. ,во текот на бременоста се здебелив околу 20 кг, бев мечка.Што е најтажно по породувањето се остана на мене, ништо не ме собираше, бев како шифоњер, не можев да се поднесам ниту да се гледам во огледало.Кога престанав со доење решив да преземам нешто, едноставно зошто цел живот бев слаба и се мразев со таков изглед.Јадев се само во мали количини, детето ноќе не ми спиеше дежурав цели ноќи, плус спремав испит. Блегодарение на сето тоа сега пак сум слабичка, имам 57 кг.
    Сакам да кажам ако некој може да се носи со својата тежина браво, ако не преземете нешто.
    Не сакам никого да навредам, само си го споделувам моето искуство. :)
     
  7. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Воопшто не ми е убаво што сум дебела. Мислам имам од фазла 5-6 килца и ми е ептен грдо и држам диети за да ослабам. Си ги добив килцата поради тежок период, некоја блага депресија и залегнав многу. А пред тоа внимавав на својата тежина. И сега ми смета и тоа многу... Јас не можам да разберам како може да си седат на задникот и да не превземаат ништо. Кај грдо изгледа, ај ексик ама не е убаво за здравјето.

    Порано кога бев помала исто така ми се случи да се здебелам 10 кила можеби. Имав проблеми со дишењето и бодежи( не знам како да ги наречам поинаку) во абдоменот. Се случуваше да ме фати грч и да не можам да станам од креветот. Појдов кај матичната и кога ме виде не можеше да си поверува. Јас од секогаш бев слабичко дете а тогаш боже сачувај. И ми даде диета и едни апчина и откако ослабев си бев во ред.

    Затоа велам, здравјето пред се. И ветувам дека ќе си се вратам на идеалната тежина пак. :)
     
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    6.306
    Јас никој од моето друштво на пример не сум слушнала да рече ' Убаво ми е што сум дебела! ' Имам една другарка што учи со мене и никогаш не сум ја слушнала да рече убаво ми е што сум дебела, а има прилично вишок килограми. :!: Искрено ми рекла треба да ослабам, ќе држам диета. Ама ни диетите не и помогнаа нешто посебно. Сепак, ако веќе не може да се стори нешто околу проблемот, на некој начин ќе треба да се прифатат себе и своето тело, но секако не да викаат, јас сакам и убаво ми е што сум дебела, зашто на тој начин и самите се лажат, а не нас. :!: Ама па, се нервирам кога ќе ја видам другарка ми држела диета и утре одма почнува се живо и диво пред очи што и е да јаде. И после, како ќе ослабе? И да ослабела некое килце веднаш ќе го надополни, како ништо. И не верувам во она ' Убаво ми е што сум дебела ' зашто не е можно некој да си се САКА што е таков, тој можеби се прифатил како таков, ама тоа не значи дека му се допаѓа. Ама како и секаде, нели и тука има исклучоци.. А исто имам другарки што се, како што викате ' елегантно пополнети ' , некако тежината им е распределена низ целото тело, а не на пример на едно место, на задникот, бутовите и сл. И тие убаво изгледаат. А јас па, сум многу слаба, имам 45 кила а 13 години, еве скоро 14. :?: Можеби и килата не се толку малку, ама што знам, зависи од метаболизмот и градбата на телото. :?:
     
  9. lily-prune

    lily-prune Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    155
    еве за мене да кажам во последните години ми варира тежината зимата се поправам и тоа многу додека летото си слабеам ама не е тоа што го сакам и ке нагласам дека воопшто не ми е убаво не ми се допаѓа ништо што ке облечам се нервирам и никако да почнам со диети и вежбање од овие празници ама после вчерашната слава што ја имавме дома си обеќав дека нема да претерувам со јадењето и ке вежбам на орбитрекот кој само така ми фаќа прашина дома и не сакам повеќе да пијам апчиња за слабеење кој имат глупав ефект откако ке ослабнеш повторно за некој месец се враќат килограмите.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Ситуација: Седиме собрани со душтво на дечко ми, што се знаат долги години, а не се виделе одамна. И коментира еднава девојка на другава, леле срцка, знаеш дека ставрно си се поправила? И девојчево, му падна едно незгодно, ама успеа некако да го прикрие срамот, и само одговори, па се случува и тоа срцка и се насмевна. Па после другиве почнаа да ја буцкаат, аааа да не има принова, ова, она.
    А сиротава сакаше само да престанат муабетите и тоа што го јадеше го остави. И после му реков на дечко ми дека не е убаво така да се збори, а воопшто па така пред сите да се забележи дека се поправила. А он ми вика, како не, па она не се срами, се знаеме сто години, не и е незгодно. На кој свет кога на некоја девојка ќе и се каже дека се здебелила не и е незгодно? На овој сигурно не.
     
    На Victorian, ludoto19 и De-lovely им се допаѓа ова.
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    и мене истото ме нервира кога некој ке прокоментира така,си се здебелила,оваа се здебелила,онаа се здебелила,јас после порагај дојдов на 75 што ми доагаше точно со висината,мада мораше уште 5кг да изгубам,и носев фармеки со низок струк, бев на диета,и фармерките ме стегнаа,и салцето се истакна,и бевме на гости,и братучетка на мажот ми од врата ми вели,леле ама си се здебелила,е ставрано беше засрамувачко :tmi: :x Eдноставно јас и да видам некој-а здебелен-а не коментирам затоашто стварно е незгодно,освен ако се работи за некој дома :wasntme:
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Искрено не знам дали имам пишано на темава и нема врска
    Нема шанси на ниеден човек што е дебел да му е убаво дека е таков, може само да се прави дека му е гајле, а одвнатре си знае веројатно самиот.
    Јас не можам да ги сфатам, па толку да се ужива во јадењето, значи од една страна не им е убаво што се дебели, сакаат да изгледаат убаво, да бидат послаби, а од друга страна не преземаат ништо, сакаат да јадат како да не виделе, и не сакаат да мрднат малку со г'зот за да имаат резултати, епа што бараш друго од вакви личности ?
    Знаат самите, свесни се дека се дебели , не им е убаво некој да им рече дека се такви, признаваат дека сакаат да ослабат, ама џабе сето тоа кога не можат да и одолеат на храната.
    Ваквите личности се ЗАВИСНИЦИ ОД ХРАНА, и знаете што можете да очекувате од нив ? Седнете ги на маса со секакви јадења и ќе пробаат од се, ќе јадат како да не виделе, ќе пробаат да изедат скоро се како да се натпреваруваат кој повеќе ќе изеде.
    Жално за нив, си го уништуваат самите и здравјето и телото, свака им част на тие што немаат комплекси поради прекумерената тежина, им симнувам капа на тие што признаваат дека се дебели (или имаат вишок на кила) и се трудат со сите сили да ги изгубат тие и не посегнуваат по храната како решение за некој проблем, бидејќи очиглено дека покрај тоа што дебелите луѓе јадат за да се најдат (а не знаат кога им е доста) јадат и од емотивност, јадат и кога се среќни , јадат и кога се тажни, можеби решавањето на проблемите и го препуштаат на храната, решиле кога веќе не можат да се справат со проблемот ќе и се фрлат на храната таа "сигурно ќе ги разбере и ќе им помогне"
    _____________________
    Да се надоврзам на претходниот пост, многу ме иритираат тие личности кои гледаат само дали некој е здебелен или ослабен, добро тие само тоа изгледа го гледаат, друго ништо не ги интересира, нормално е да видиш разлика после промена (не битно дали е здебелен или ослабен човекот), но некогаш ќе си се воздржиш и нема да прокоментираш доколку личноста на која и се обраќаш може да се навреди, засрами или пак личноста изгледа како костур а те прашува дебела сум? Епа ако сакаш да слушаш дека си слаба покачувајќи си ја довербата застани пред огледало и гледај се цел ден и ќе видиш белки дека си слаба.
     
  13. Unknowngirl16

    Unknowngirl16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Нема човек на светов што сака да биде дебел. Тоа е само тешење како што и други напоменале меѓутоа луѓето не треба да се судат според изгледот туку според карактерот, а сеа не значи некој ако има повеќе кила да биде дискриминиран, исмејуван и да се лиши од забавата и радоста која ја доживуваат слабите луѓе. Ќе повторам дебелината не треба да се исмејува затоа што тоа всушност не е само надворешна појава туку и психичка болест добро сеа во некои случаеви и хормонално пореметување, гени едно друго имаат улога.
    А уште една работа, да бидеш дебел и да си самоуверен не можеш тоа е факт, многу е тешко, а секој чест на оние луѓе што можат да го прекријат страмот и да си создадат самоуверена слика кај останатите.
     
  14. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    мојот коментар е за вишок околу 10 кг, а не за екстремно дебелите луѓе зошто тоа е веќе болест

    денес околината претерува со ова прашање, какви само не коментари сум читала и слушала на оваа тема :@ :@ :@ што ги преминувале сите граници толку големо внимание и се посветува на темата што не можам да сфатам,
    и како тоа не можат да разберат некои од форумџиките не знам, едноставно кога се гладни нека не јадат па нека бидат силни нека издржуваат со денови , немаат сите луге среќа за брз метаболизам и да се чувствуваат заситени со малку храна, барем јас и другите околу мене не
    и јас имам вишок килограми , од секогаш сум имала но тоа не е причина за јас да не се чувствувам убава и привлечна и со оваа тежина и покрај тоа што мислам дека со неколку килограми помалку би изгледала поубаво, но не успевам да ги симнам
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Не постои девојка која се чувствува убаво со вишок килограми, вишок во слисла на 10 и повеќе. И оние кои се шегуваат на таа сметка мислам дека тоа им е еден вид на одбрамбен механизам.Е сега од кои причини се довеле до таа состојба е друга причина.Секој ужива во храната, кој повеќе кој помалку но мора да постои граница.Освен за хормонално пореметување друго не признавам.Нема жена која не може да ослаби.Далеку од оние од списанијата ама до до една нормална тежина може.Само волјата е проблем.А многу полесно е да кажеш дека и вака си се сакаш и ти е убаво, отколку да се стегнеш и се убиваш од вежбање. :!:
     
  16. peperutka1981

    peperutka1981 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    5
    многу жално што во денешно време сеуште постојат луѓе како вас, кои си земаат за право да ги судат другите. да, лесно е да се зборува кога никој од нас не знае како е тоа, па затоа би посакала на сите тие душебрижници по темава да бидат една недела дебели па тогаш да земаат за право да дискутираат за волја,сила, храброст издржливост.
    А да и нека ме извинат модераторите што ќе си земам за право да бидам некултурна и до некој степен навредувачки поставена во искажувањето на мојот став, не сте се запрашале а зошто вам ви смета туѓата дебелина и зошто имате вие проблем со тоа? Кои ваши стравови,мани и недостатоци ги компензирате? Се обидувам да ја разберам суштината на постоењето на потреба за ваква дискусија? Дали можеби основачот е дебела личност која би сакала да слушне за ставовите на луѓето наоколу бидејќи и е потребна мотивација, поддршка,утеха, водење? Или пак се работи за тотално изфрустрирана,емотивно и духовно празна личност? И кога веќе се наоѓаме во топик психологија, дали воопшто некој од вас знае што всушност претставува дебелината разгледувано во психолошки рамки?
    Кого всушност осудувате со тоа што ги обвинувате дебелите луѓе како незаинтересирани,без волја,неупорни,со лош вкус за облекување??? (не знам како е дебелината па со ова поврзано) итн итн...
    Стигматизирате,генерализирате и етикетирате...
    жално, а повеќето се млади кои едвам и да имаат адекватен речник по темата.
    И да, за жал тоа беше и моето професионално мнение,како и кон основачот на темата така и кон учесниците во неа, баш адекватно на топикот во кој се наоѓа
     
    На Valerin, snegulka21, thesunshinestuff и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    И јас мислам дека нема човек (особено девојка) која е дебела и тоа не и пречи :?:, да бидеме реални - секој сака да изгледа убаво. Е сега има и девојки кои се дебели но знаат како да се носат со тоа, имаат стил на облекување кој им прилега, имаат харизма и слично - но сепак сметам дека не би им пречело да ослабат :$ Најверојатно се работи за маска, која можеби е и потсвесна :)
    Јас немам проблеми со дебелината и задоволна сум како изгледам, не сум склона кон дебелеење и се надевам дека ќе остане така ;)
     
  18. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Убаво??? Значи никогаш не сум била слаба, но така со облини. :) Е сега скоро проживав некои стресови, емоционални кризи кои ги решавав со храна. Дури не бев свесна кога јадев, колку и што всушност јадев. Само тие што се емоционални јадачи како мене може да ме сфатат што зборувам. А за вежби или да не зборувам, немав волја да се поместам не да вежбам. Е кога се освестив веќе беше доцна и си го направи тоа што си го направи. Не да не ми е убаво кога секој што ќе ме сретне ми кажува колку сум се поправила, па да не сум трудна. Не заради коментарите, бидејќи некој и да не каже гласно и да преќути, нема шанси да не си помисли, бидејќи е навистина разлика за многу кратко време, но бидејќи се чувствувам толку не убаво сакам да ме снема додека не ослабам. Значи одбегнувам да се видам со луѓе кои не ме виделе малку поодамна, не одам по гости кај роднини, пријатели, ептен кога морам заради некоја прилика. Значи се повлеков дома а кога одам на работа, бидејќи морам, одбегнувам да разговарам со луѓе бидејќи така си замислувам дека не ме приметиле. Најубаво ми е кога сум сама, значи води кон депресија, нервоза, страв дека нема да успеам дека и кога ќе ослабам ќе ги вратам кг. и залудно се трудам. Не е убаво во секој случај.
     
  19. lovergirl19

    lovergirl19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    24
    луѓето треба да те сакаат каква што си не е битно дебела или слаба битен е карактерот
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.102
    Абе и јас ќе си земам за право да коментирам од друг агол и да речам дека не разбирам како некој е ете,пун.
    Сум била во слабите,во буцките и сега сум во тамам.И знам како е да си во која и да е форма.Кога си слаба се чувствуваш непривлечно исто као радијатор у јули месец,коа си дебела,пак се чувствуваш така,коа си тамам ќе си речеш да се стегнам,да повежбам,сакам мускули.
    Нејсе,кажав бев во буцките...и тоа сакам да јадам точно,иако не можам да изедам многу количински,па да било причината,значи бил здравствен проблем во прашање на кој многумина се вадат,епа што да правам,имам проблем.Ха!Ми беше кажано,ако сакаш да останеш слаба,научи се да гладуваш.Научив,шта чеш.Дебелината опасно влијае на здравјето и не можам да сфатам како некој не поседува решителност и да рече стоп,до каде ова?!Не можеш да се контролира,а да не се налапа?!Извини,ама мора да се има кочница за се во животот.Во умереноста кон се,лежи среќата.Или тоа со изговорот,ама знаеш јас имам здравствен проблем.И јас имам и знам како е да го имаш,ама исто знам и како е да се ставиш на режим и покрај него и да успееш да се стопиш за еден месец и да продолжиш да го одржуваш.Далеку од тоа дека не сум каснала,да не речам најала забранети работи,ама на секој таков ден,следат по три малце посиромашни денови.На крајот на краиштата,хормоните немаат калории,само допринесуваат поинаку да ти функционира телото,па она мрсното,калоричното повеќе ќе ти се залепи отколку на здрав човек.Затоа...ќе си цугаш вода,ќе си јадеш варени работи,ќе си јадеш масни работи кои се хранливи,а не празна калорија и тоа е.
    Баланс луѓе,карактер,воља и истрајност.Никој не е дебел среќен,особено не во овој свет каде што убавината има цена.И никој нека не продава пуфки,ама знаеш...карактерот е важен.Да де...да не се лажеме,секој сака да е убав и згоден,пре ќе се потруди тоа да го смени на себе,отколку да рече,лош човек сум,дај да се променам.Кога ќе се погледне во огледало не си ја гледа душата самиот,а па не остатокот од светот,а исто така за секоја негова постапка не се самоказнува.
     
    На Marossa, Lux, JuLleE и 2 други им се допаѓа ова.