1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Точно е луѓето што ме знаат ме сакаат и сега, дечкото ме сака и не му пречи ниту кг од мене,ама проблемот е што јас не се сакам ваква, јас не сакам да се погледнам во огледало бидејќи не ми се допаѓа тоа што го гледам. И сакам да ослабнам заради мене .
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Абре дебелината за мене си е болест, исто како алкохолизам, наркоманија итн, итн...
    Се' си е во главата.
    Факт.

    До волја и до карактер е, до ништо друго.
    Никој не умрел за јадење, умреле луѓе од јадење.

    И како не смета кога се качувам по скали и после 10тата се задишувам, се запотувам, а срцето на 25 ми лупа ко лудо?
    И како не смета кога одам во бутик и приморана сум да испробам 16 пара фармерки, пред да ујдисам едни?
    И како да не смета кога сум лишена од бојата бело, кога просто ми е неудобно во кожата и сопствената слика во огледало ми е одбивна?

    Пречи.
    И кој што тврди обратно - лаже.

    А тие што измислуваат ноторни лаги - мене знаеш конструкцијата ми е таква, ма и вода ме дебели, се' се лепи за мене, коските ми тежат ... :^) не, не тежат коските, ама без грижа, со такви размислувања и тоа во главичката не ти тежи многу.
    Living in denial.
    Најлошото нешто на свет.

    А инаку, врзано за темава можам да разглабам до утре, ама мака ми е...
    Ме нервираат оние со некој вишок кг што ме прашуваат - дебела ли сум ? (а притоа не се подготвени да ја слушнат вистината, туку сакаат уште една лажна потврда од околината, покрај купот свои лаги).
    Оние со апсолутно никаков вишок што си умислуваат дека се дебели. Таквите сакам да им скинам вратче, да го тепаш и да не знаат зашто ги маваш. Која е поентата, што сакаат да постигнат?
    Оние опседнати со броење на калории, и кај и да одат и врапчињата знаат дека се на диета, на слава, на роденден, громогласно најавуваат - НЕ, НЕ, НЕ, НА ДИЕТА СУМ, а после 15 мин. гледаш ќе се задави од џвакање копан.
    Оние кои се заколнуваат на диети, а место не ги држи, и само хистеришат кога се демек на диета и постојано слушаш - ама стрвла сум, ама не можам... :^)
    И оние кои апсолутно незапрашани се дрзнуваат да коментираат за нечија тежина:
    Ама ти многу си се здебелила? Што така? :^)

    Ооооо, фала, немам огледало дома веќе 7 месеци, јас па немав поим дека имам качено некое кило, чекам ти да ме просветлиш, преумна. |(
     
    На Dream-Girl, Buttterfly, SexiLy и 10 други им се допаѓа ова.
  3. macysh

    macysh Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2010
    Пораки:
    1.090
    Допаѓања:
    767
    Се согласувам дека дебелината е болест и дека пречи.И нормално,никој не е полн со самодоверба кога е дебел,можно е да се прифати каков што е но не и да се обожава.Само не се сложувам со едно нешто од Трендафилчето :)
    Се треба умерено.Умреле многу луѓе од прекумерено јадење,но умреле и луѓе од глад...постојано броење калории,вежбање до бесвест,опседнатост со тежината па дури и ако се преслаби т.е анорексија.Затоа се треба да е умерено.На човек не му е убаво ниту да е дебел,ниту да е чечкалица,убаво му е кога ќе му дадат комплимент дека има убаво тело. :)
     
  4. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Слабите за себе мислат дека се дебели и дека треба да ослабат, а не пак дебелите да мислат дека се таман и да им е убаво. Можеби има такви ама се многу ретки. И да, се е до мозокот и психичката состојба на луѓето. Ако јас се убедам во нешто и ја натерам психата да го мисли и потврдува тоа, тоа за мене ќе биде така и никако поинаку. Така и во овој сличај.
     
  5. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    јас сум висока околу 1.60-на сантиметри,и имам слушнато дека на просечната висина треба да се додадат по 1 кг на секој сантиметар висина,значи јас би требало да имам идеална тежина некаде околу 62 кг.тука би намалила до 55 кг и би рекла дека тоа е идеална тежина за мене.моментално тежам околу 70 и некој :tmi: ,визуоелно не личам многу дебело но ја имам непропорционално складирано тежината претежно во долната половина од телото како на пр.задникот и колковите,додека рамената и половината ми се прилично малечки.заради тие неколку 5,6или7кг јас личам прилично габаритно :D .сепак и покрај тоа јас сум многу оптимистчки настроена кон доведување до оптималната тежина за мене.
    п.с.а сум толку голем гурман,да не можам да опишам :x како и сите бикови ;)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ќе те корегирам: не се додава ништо, се одзема околу 12 од висината. Уствари 112 би му дошло (бидејќи нели еден метар=100 центиметри).
     
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    па не верувам дека на некои им е убаво што се дебели, туку со тоа си се тешат самите и се обидуваат да се прифатат како такви..
    имам малце вишок кг..стомакот ми е малце поголем ама иначе мислам дека сум ок, и секое додадено кило го чувствувам како да ми тежи.. висока сум 175.. а тешка 60..ама мислам дека идеална тежина би ми била 55-57 и ке се потрудам да ја достигнам.. оти не ми е убаво вака со меше :(
     
  8. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Ја читам темава и мора да се замешам... ОК, форум, секој има свое мислење итн. ама мене лично ми пречи што читам толку осудување на дебелите. :( Прво, што е дебел човек? Во светов тоа се дефинира преку BMI, и убаво и конкретно си е дефинирано. Се согласувам дека контролата на тежината (ама не само на тежината ) е услов за поквалитетен живот. Исто како и (не)пушењето, алкохолот, дрогите... Ама никој нема толку дрско да осуди пушач, нели? Оти овие биле дебели затоа што немале волја, а оние пушат оти имаат силна волја, така? Во оние што вака страсно осудуваат верувам дека добар дел се девојки кои ќе излезат, ќе се флекосаат и прават пародија од себе... и пак никој нема да го осуди тоа. (не бе, тоа е кул :puke: ) Некако мерилава ми се... А тек ако некој се дрогира... па сите се полни со разбирање, па ќе го спасуваат... Не треба тежината да се смета за животен успех (или неуспех), демек, силната волја се докажува преку јадењето... Девојки, тој став е најкусиот пат кон пореметувања во исхраната, кои имаат пак длабоки корени во прифаќањето или неприфаќањето на себеси. И не, не зборувам на памет, туку од разговори со луѓе кои се занимаваат со пореметувања во исхраната, како и од моето долгогодишно работење со млади. Да не зборуваме за тоа дека изгледот (ако веќе гледаме на дебелината и од тој аспект, не од здравствен) и критериумите за убаво тело низ вековите се менувале, па едно време биле најпожелни девојки со бујни облини (за денешно време-дебелки). Погледнете ги сликите на Рубенс, на пр. И сегашниве критериуми се наметнати, нормално. Па модниве креатори веќе прават облека со големина 00!!! И славните и богати се хранат со теглички бебешка храна за да можат некако да се натискаат во таа големина. И упорно се наметнува ставот дека ако не си слаб, не можеш да бидеш ни среќен. Ќе тргнам до себе-цел живот сум 50-51 кг на висина од 164 cm. За некои -преслабо, јас сметав-таман. Сега имам 58, а се чувствувам многу подобро во своја кожа од било кога. Неколку (па и повеќе) кг горе-долу нема да ве направат среќни, паметни, посакувани -ако вие од внатре не се чувствувате така.
     
    На Victorian, teddybear, Podarok и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Точно дека не не‘ прават неколку кг.посреќни,но треба додатен напор да ги носиш со себе,да ги шеташ наоколу :D . Сега сериозно,јас околу 15год.имам скоро иста линија околу 57кг. на 170 см висина и успевам да „влезам„ во 36 и Ѕ величина на мои 31год. и горда си сум на фактот.Не верувам дека нема да го фрустрира девојче од 14год.фактот дека нема за неа величина во бутик.Не треба да се поттикнува оправдување на дебелината,не само поради здравствени проблеми,естетика туку и поради се‘останато што е општопознато.
    Точно е дека големите сликари приказуваат слики на „раскошни во димензии„ тела,точно е и дека тоа било тогаш образец на убавина,но и ова ми изгледа како уште едно барање на оправдување за стимулирање на дебелината.Па,оттогаш луѓето на полето на медицината ги откриле штетните ефекти на дебелината и пак се вртам во круг,се враќаме на истото.
    Човек треба да е пред се‘ самокритичен,ако нешто не чини треба да го промени,а не со глава ѕид да руши :headbang: .
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не, на никого не му е убаво што е дебел. На никого. Но, некој едноставно нема волја да ослабе. Убаво му е да си аде и јаде и јаде.
    Јас лично не сум преслаба, ама не сум ни предебела. И не сакам да сум преслаба. Не сакам да ми се гледаат коскиве. Висока сум 165цм, а тешка 65кг. Се консултирав со доктор и ми рече дека ако ослабам околу 5кг би била супер, но ми напомена со диети да започнам после пубертет (после 18). И ја послушав.
    Нема да претерувам, да гладувам и да се глупирам за да имам совршено тело. Знам дека слабите личности имаат мали гради, а мене тоа ме плаши. ако ослабам сега мислам дека би ми се намалиле и градите. А тоа не го сакам. Сакам големи гради да имам. Затоа, ќе си се фокусирам на други работички сега за сега, а за диети и слабеење ќе мислам понатака, бидејки килограмиве сеуште не ми сметаат претерано. Можам да си најдам облека каква сакам и среќна сум поради тоа.
    А дека некој е среќен што е дебел не е. а кој вели дека е, страшно лаже!! :D
     
  11. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Еве на оваа и било убаво :D

    Габи Џонс од Колорадо (САД) пати од исклучително необично пореметување. Имено, по секое прејадување доживува оргазам!

    Иако има само 25 години, американката е тешка 223 килограми. Секојдневно се прејадува со сладолед, колачи, пица, хамбургери и останата брза храна само за да доживее оргазам.

    Габи пати од синдромот на константно генитално возбудување, но наместо да побара стручна помош, таа се одлучила да направи веб страница на која на сите оние кои ќе платат, им е овозможено во живо да ја гледаат како доживува оргазам откако ќе се прејаде.
    За првпат таа доживеала оргазам без физички контакт пред пет години, додека јадела сладолед.
    Како што вели, прво не била свесна што се случува со нејзиното тело, но и се допаднало, па продолжила да се прејадува за да ужива во врвното задоволство.
    Како последица на таа навика, Габи во изминатите пет години се здебелила неверојатни 95 килограми!
    "Сакам на сите да им покажам дека е убаво да се биде дебел.
    Дебели жени има секаде, па сакам да ги охрабрам да се чуствуваат убави и пожелни. Затоа и ја отворив страницата", открива Џонс за американските медиуми.
    [​IMG]

    http://www.zazabava.com/content/view/14175/65/
     
  12. SweetCandy

    SweetCandy Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    20
    Па не би рекла дека тие што ќе речат ,,Убаво ми е што сум дебела"е навистина така.Само празни зборови.Секое женско колку и да има идеален број на килограми скоро секогаш тежнее на тоа треба да ослабам бар 1-2 килца.Искрено јас сум крупничка и работам на сучајот.До пред 2 години да не претерувам може и помалку,имав 57 кила што ми одговараше на мојата висина и изгледав навистина супер,и си го одржував килограмите.Пред некое време имав здравствени проблеми и ми се покачија нагло килограмите,стигнав до 75.Полудев!Еден месец сум на диета до утре,и до сега имам симнато 4,5 скоро 5 килограми,значи имам 70.Не изгледам визуелно дебело,меѓутоа вишокот на килограми ми е претежно во долниот дел на телото,т.с. бутините и задникот.Ионака си имам задник,тука сум надарена,но не е тоа тоа. Не е вистина тоа дека дебелината му одговара на некој.Напротив,се осеќав многу непријатно,искомплексирано,немав желба за ништо,но сфатив дека само полошо си правам.Почнав со диета,почнав да се движам,но многу ми помогна и мајка ми и дечко ми да се соберам и да не запаѓам во депресии.Мој одговор,да не бидам офф топик,мене од лично искуство не ми е убаво вака,затоа и решив дека по секоја цена ќе си ги вратам килограмите од претходно,и знам дека ќе успеам. :) :*
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  14. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Се сеќавате на приказната со лисицата Кисело е грозјето?!
    Така и ова. Ако не можеш да имаш витка линија, најчесто не се фрустрираш и си ја декларираш дебелината како подобра варијанта и тоа е тоа.
    Ама факт е дека сите жени посакуваат витко тело , само што не секој тоа го признава ..кога веќе неможе да се дофати грозјето, ај кисело е :tmi:
    Се зависи од нас и начинот на размислување...И кој како САМ ЌЕ СИ СЕ УБЕДИ ДА ВЕРУВА ВО СВОЈАТА "ВИСТИНА "...Ама сепак за жал, една е реалноста.
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Кој кажал дека му е убаво што е дебел, тогаш типично ве излажал.Зборам во контекст и на тие што имаат 10-15 кг + и тие што се абнормални.Како може да се среќни кога секојдневно се облекуваат во црно, само за да ги покријат салото, секојдневно се исмејувани, ретко одат во шопинг од срам и потоа тие биле среќни? - Нема теоретски шанси.
    - Не ги оправдувам тие таквите кои викаат дека им е убаво што се дебели, и сеуште јадат јадат&&јадат и само тоа се таложи на нив.Пред да посегнеш по храната треба да размислиш дали тоа ќе те подобри во секоја смисла физички изглед, психички( ке се искомплексираш ) или пак тоа ке биде лошо за здравјето.
    Без разлика дали има некоја личност црвст карактер, треба да се одржува телото и да има некоја убавина.

    - Не дека има предрасуди, секој човек може да ослабе САМО АКО САКА!
     
    На The.Fame.Monster му/ѝ се допаѓа ова.
  16. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Има многу разлика помеѓу крупна девојка и масивна и дебела ...Дебела некоја како онаа што сте ја ставиле на слика е нешто одвратно да се гледа, посебно како ждере хамбургери и пици :puke: А, реченица од типот - убаво ми е што сум дебела не држи вода и тоа се само зборови со кои некоја од 200 кила си се утешува себеси. На никој не му е убаво што е дебел :) А, за тие екстремно дебели Американци, воопшто не ме чуди, имајќи во предвид колку конзумираат генетски модифицирана храна...Жал ми е за некои жени што како резултат на некоја терапија со лекови и сл. се вечно дебели и не можат да го променат тоа, ама никогаш не рекле дека им е убаво што се такви, туку баш напротив - гледаат колку можат да го прикријат тоа и да го прифатат како нивна одлика и точка.
     
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Неможе да ти биде убаво да си дебела.
    Ај настрана естетски аспект,пред се дебел човек..нема нормален живот.
    Отежнато дишење,движење и секако + здравствени проблеми.
    Ова го зборувам во случај за стварно дебелина..кај што има плус 15 килограми.

    А инаку за девојки со облини(покрупни),нема гајле од + некое килце :)
     
  18. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    innablood ќе те цитирам малку. Не дека со претходниот дел од текстот не си во право, но со ова:
    дефинитивно не се сложувам бидејќи имам другарка од 18 години која има над 80 кг и никако не може да се натера да не јаде. Девојчево сака ама не може. Баш сега за матура и се тоа али никако не може да се замисли да не јаде. Можеби ќе издржи еден ден али ништо повеќе. Не знам што да речам друго.
     
  19. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Како тоа сака,ама неможе ?
    Секој може,баш секој.
    Само стварта е во тоа колку си издржлив,колкава ти е желбата..а и крај краева незначи да не јаде и да гладува,туку да се храни здраво..
    Никој не умрел досега од здрава исхрана.
     
  20. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    Потполно те разбирам и подржувам меѓутоа таа вели ќе јадам лесна храна, салати и се
    така ама кога ќе почнам да јадам не знам да престанам, посебно она главното јадење.
    Пробала со се и сешто од апчиња за слабеење до појаси ама не и успева ништо.
    Вика се ќе пробам и помалку да јадам и нешто лесно и здраво дури и ич ама не можам повеќе од неколку дена. Ни јас не знам како да и помогнам. Не знам што да кажам.