Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. Hova

    Hova Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    127
    Не дозволувајте телото да ве контролира, вие контролирајте го вашето тело.... човечкиот мозок е многу моќен,,,,потрудетесе не е тешко :up:
     
    На Name и Lux им се допаѓа ова.
  2. pumpkin

    pumpkin Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    240
    Допаѓања:
    119
    Морав и јас да се замешам во темава...
    Убава споредба направила Li0ness, дебелите луѓе сите ги осудуваат, а пушачите се цвеќе за мирисање...
    Па колку погрдни зборови сте напишале не само за предебелите луѓе, туку и за оние со 10 кила повеќе...Јас спаѓам во групата дебели луѓе, и да, воопшто не ми е убаво, но тоа не значи дека не сум превземала никакви мерки...Напротив, оние кои се чувствуваат дебело, јадат дури и помалце од останатите...Еве јас, никогаш не се осудувам да јадам нешто во школо, пред друштво...Луѓето со вишок килограми прават огромни жртви и немојте да кажувате дека тие се нестабилни личности!! За разлика од мене, другарка ми јаде све и свашта, комбинира смоки со еурокрем (и тоа секој ден јаде по три пакетчиња смоки!!!), секој ден внесува многу мрсна храна, ама НЕ Е ДЕБЕЛА!!! Дури е и преслаба!
    Дебелината најмногу зависи од генетските предиспозиции!
    Епа јас никогаш не сум ги сфатила оние кои сакаат да бидат премногу слаби, па држат диети и плачат и кукаат "Како да ослабам" |( А едвај 40 кила на нив!!! Сите сакаме да бидеме слаби, но во најголем број од случаите, тоа се заменува со анорексија..Па на некој баш му стои да има 60 кила, дури и страшни се кога ќе ослабат повеќе...Сите што викаат дека никогаш не би си дозволиле да бидат дебели и им се чудат на оние со "вишок" килца, очигледно имаат свои комплекси, па сега се обидуваат да си ги излечат на овој начин...
    И извинете, пред се, за тоа што забегав малку, но морав да ги искритикувам оние кои што коментирале за полните, а не за екстремно дебелите луѓе, но и за должината на постов.
     
    На Valerin и XrIsTinaaa им се допаѓа ова.
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    13.591
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла, една девојка станува дебела кога веќе нејзините килограми не и одговараат на телесната конституција. 60 кг за мене не се ништо, но јас имам раменици и колкови да си ја носам тежината :) Неодамна намалив на 53кг, личев на дух, целата испиена и бледа :tmi: мојата прва другарка е висока колку мене и има околу 55 кг, а и тие и личат вишак затоа што има тесни раменици и многу слаби нозе, и све и оди во спојлери...
    Затоа бидете здрави и уживајте во тоа што го гледате во огледалото... А идеалната тежина сама ќе се одреди... ;)
    П.С. Најбитно од се, нека не ви е гајле што другите велат, ако сте среќни во сопственото тело :)
     
    На Annath и nena2010 им се допаѓа ова.
  4. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Сакам само едно да кажам. секој човек си е убав на свој начин. Јас спаѓам во дебелите. Сум пробала све и свашта да ослабам. Ама ете не иде. И да не јадам како свиња, како што некој погоре кажа. Тоа е конструкција. Проблем ми е да, сакам и јас да сум послаба за да можам да облечам што сакам, да не морам да барам xxl броеви. Но, секој оној кој зборува погрдно било за дебелите или за преслабите (анорексични) девојки според мене е рамен на расисит. Во темава се изначитав се и сешто, но можам само да кажам дека е лесно да коментираш кога имаш само 5 кила плус а не 20. И искрено, ама баш најискрено ви посакувам на исте тие што критикувате и кукате над тие ваши фамозни 5 кила плус, барем еднаш во животот да имате проблем со дебелина па тогаш да ве видам. Извинете за тоа што сум груба, но поинаку не можев да се изразам. Толку навреди, те дебелите луѓе биле лоши, те биле лицемерни, уште со камења да гаѓате по нас и да не прогласите за граѓани од втор ред. И ште нешто за крај, дебелината може на секој да му се случи. Затоа, пазете што критикувате зашто кармата е опасна работа. Ако не вие, вашето дете можи ќе го има тој проблем. И нема да ви биде убаво да го гледате како секој ден доаѓа дома со плачење зашто го зафркавале дека е дебело. Тогаш сетете се сите вие што критикувате дека еднаш и вие некој сте натерале да плаче.
     
    На Buttterfly, Peppermint, Valerin и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Да не беа сите оние списанија за да не потсетат колку е кул да си витка и да не трујат со секакви диети,кои патем повеќето од нив ниту се функционални,а ниту здрави.. сите ќе бевме подобри личности.

    Диетата што ја држела Адријана Лима.
    My ass.
    Ти дале за поручек морков,за ручек бадеми,за вечера вода.

    Познавам девојки кои се дебели во права смисла на зборот,а не искомплексирани од 1-2 кг плус,кои се носат со нивната дебелина.
    И додека јас порано се криев од устело маички,за да не ми се познавало стомачето, таа немаше воопшто грижа дали го има.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  6. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Потполно се сложувам за списанијата. Па сите се ретуширани со фотошоп бре луѓе. Ако јадат они по тие диети што ги пишуваат ќе умрат за 2 недели!!!
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Јас спаѓам во оние со 5-10 кг вишок на себе. Кога бев 48 кг, на се личев, ама на човек не личев. Имав само едни ци*ки закачено на моето тело, а другото ми беа коски. Да, јас си се допаѓав таква, ама на останатите не им се допаѓав.
    Почнав полека да си ја враќам старата тежина назад, дури и некое килце повеќе покачив.
    Со 160 цм висина и со 60 кг јас изгледав таман. Можеби вака многу звучи, но, како што некој пиша погоре, таква ми е конструкцијата на телото (имам широки раменици и големи гради) и оние вишок килограми ми беа таман распоредени.

    Е сега во бременоста се здебелив многу ( а и јас не знам од што) и воопшто не ми е убаво што сум дебела. Ја надминав 70, гледам во грбот почнале да ми се таложат вишокот килограми (грозно ми е).
    Но :!: не дозволувам некој да прави зае*анции на моја сметка (т.е на сметка на подебелите луѓе).
    И да, едноставно на некои таква им е генетиката, што и да прават, не можат да ослабат. Другарка моја се изгладнуваше со денови, вежбаше, и ништо. Пак си остана таква каква што беше. И сега си фура со тој имиџ, дебелка е, а си носи минич, си ги разголува рамената, грбот, иако има вишок насекаде. Па кој ја сака, и таква ќе ја сака.
     
  8. melanie27

    melanie27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    343
    Допаѓања:
    255
    значи сума сумарум ние што имаме 10 или 15 кг вишок сме злобни, завидливи итн ????
    според кој критериум е овој заклучок? според оној од модните списанија? зарем треба да личам на соленка за да бидам убава???
    да јас сакам да симнам 10кг за да бидам според оние критериуми за убавина. за да не слушам константно....лелее ама си се поправилаааа, па ти многу слаба беше а сегааа!!!
    ако сум се поправила не значи дека не се грижам за себе, напротив. имам цврсти гради, цврст подигнат задник, убава кожа.....ама се наталожило салце и..????
    верувајте ми дојде да плачам од вашиве коментари....само си замислував што ли не кажуваат оние што ме знаат, моите колеги, оние што ги запознавам ;( ;(
    важно здрава сум, а не е туку така лесно да се ослабе а притоа да слушаш разни коментари.
    верувајте шлаканиците и не се баш пријатни

    http://www.youtube.com/watch?v=6mOQh3evqsI
     
    На Dream-Girl, nena2010 и Bibko им се допаѓа ова.
  9. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    на ниедна девојка не и е убаво што е дебела може само да се има помирено со фактот дека е дебела или па генетика и е таква...ама па многу ме нервират луге кои ги врегат и мислат дека се најлошо створение на оваа планета...значи не сум дебела може имам 5-6 кг вишок ама имам другарка дебела и верувајте не е злобна напротив баш е фер и најсрекна е кога не ја делиме и кога може да направи некој добар чин....а еден мој школски до сега не е имал слаба девојка он си ги сака буцките и кога го прашав зошто ми одговри дека дебелите жени поискрено сакале и биле верни и сигурни во своите чуства него слабите ( јас нормално се наљутив на овој коментар) ама ок секој свое мислење....

    никогаш не делам луге на дебели слаби убави ружни и затоа често се нервирам кога ке слушнам демек они се злобни лоши грди незнам што ли уште можеби има и такви ама во моја средина имам само една дебела другарка и воопшто не е лоша особа
     
  10. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Е јас за жал спаѓам во слабите :( :(
    Неможам да се здебелам без апчиња, кога ке престанам да ги пијам, и на 5 дена да е, одма губам 1-2 кг. Така да мн често посакувам да имам вишок на мене, да трчам, да слабеам отколку со апчиња да се трујам :( :(
    Имам другарка која е навистина мн дебела и мн ја сакам. Многу ми е подобра, во секоја смисла од останатите другарки. Ја има најдобрата душа на светот!
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Според мене , стереотип е дека дебелите луѓе со добри , а слабите лоши и обратно.
    Плус/минус килограми не те прават ни подобра или полоша личност.
    Крај краева , не може сите да бидат слаби. Некој девојки се покрупни , им стои дебелината и знаат да се носат со тоа.
    Но немој да ми кажете дека на дебела девојка и е убаво.
    Зборувам за оние 15 килограми вишок.
    Неможе да и биде убаво , пред се од ЗДРАВСТВЕНИ причини,баталете естетика.
    Пред неколку години и јас спаѓав во групата дебели , па тврдам дека не ми беше убаво..ни естетски,а ако не ги симнев сега сигурно ќе имав некој здравствен проблем.
    Сега фала Богу ги немам. Сега страдам од некое килце плус , како и сите ..ама не му се замарам , не е страшно.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    познавам неколку луге кои се навистина дебели и глумат дека се срекни
    еве примери:

    имам другарка која откако ја познавам е дебелка-секогаш е во црно за да го прикрие тоа, и постојано се жали колку и смета салотоа има Орбитрек дома, и ја мрзи да вежба :$

    бидејки мајка ми има проблем со дебелината(а има слабо срце) и докторот и кажа дека треба да се движи-ама таа не слуша бидејки е во депресија, и секако спас бара во храната :sweat:

    а дедо ми кој највеке го сакав(почина скоро) пред 1 година тежеше 90 килограми-добро, беше висок
    ама му се влоши здравјето, и верувајте дека наеднаш ослабна 30 килограми :!: :$
     
  13. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    а зашто да ја делите?? Дека е дебела??
     
  14. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297

    па искрено на две три другарки им смета баш ради тоа што е дебелка
     
  15. Rozevo

    Rozevo Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    32
    Мислам дека е смешно да се ставате во туѓа кожа и да погодувате како се чувствуваат дебелите луѓе. Демек вие знаете дека тие не се среќни ;)
    Како претставник на групата на луѓе што се тема на разговор, можам слободно да кажам дека нити се мразам, нити сакам под итно да ослабам. Од кога паметам за себе имам вишок килограми, знам да живеам со нив и воопшто не сум очајна. Точно е дека сум пробала на два-три пати да пуштам некое килце надоле, но едноставно не ми одговара слабеечкиот процес. Мразам ригорозни рестрикции и потење до онесвестица. Плус, не е тоа како што сите си умислуваат дека дебелите луѓе секој ден јадат во Мекдоналдс и пред спиење лапаат чипс од пола кило. Глупости. Јас на пример, одржавам бабачко килажа со нормална исхрана (квалитативно), али квантитавно многу бутам намирници во стомак :) Можам да пешачам исто како и послабите луѓе, сум тренирала и кошарка и карате, па во ништо не сум заостанувала. Не гледам причина да се чувствувам несреќно. Единствено што ми смета е тоа што тешко е да се најде облека, но и тоа не е невозможно кога се сака, И да, не сум од глава до пети во црно, демек за да тенчам визуелно. нема кого да залажувам. Редовно сум во шарена и широчка, комотна облека која и одговара на мојата весела личност :)
    Исто, стереотипите дека дебелите биле добри, слабите биле лоши...кој ги измислува овие работи побогу? Сите сме луѓе, добри, злобни, весели, депресивни, љубоморни и среќни. Само што секој доаѓа во различно пакување :)
     
    На Dream-Girl, Buttterfly, kate21 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    јас искрено да ви кажам за мене имам фобија од ова дебеелењево..И ако се здебелам 2 Кг веднаш реагирам и се враќам на мојата тежина..аа инаку не верувам дека им е убаво што се дебели,меѓутоа секој да се потруди може да ослабе ,фактот е во тоа што е мачно,,но секој резултат бара работа,така да ..ако некој сака да ослабе ,ќе најде решение,а ако не ќе најде изговор многу нормално(овде не спаѓаат бременост и болест нормално) зборувам за здрави,прави девојчиња..Не дека јас не јадам чоколади,пици и не знам што но се има граници.... :)
    и воопшто не сум против дебелина на луѓето,околу мене има доста дебели луѓе со кои се дружам ..но ако тоа не им смета нив,и не им влијае на ништо..тогаш што бими сметало мене ??
     
  17. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Розево,смешно е да со нагаѓа како се чувствуваат дебелите луѓе , се согласувам.
    Но,имај на ум дека ти си еден од ретките случаи кои се помириле со фактот дека имаат вишок килограми.
    Ти си го прифатила твоето тело такво какво што е , тоа е за почит.
    Но,многу е поголем бројот на дебели луѓе кои неможат да се помират со тоа , имаат комплекси и глумат среќни.Глумат дека се задоволни со својот изглед, а би дале се да бидат витки. Има и такви кои паѓаат во депресија , бидејќи неможат да ослабат , па јадат дупло.
    Крај краева сите имаме недостатоци.Некои се непроменливи , но некои можат да се поправат.

    Сепак дебелина е БОЛЕСТ. Не ти се потребно ригорозни рестрикции и како што викаш вежбање до ОНЕСВЕСТИЦА , за да намалиш килажа.
    Потребна ти е ЗДРАВА исхрана , која сметам дека треба да ја земаат и луѓе кои немаат проблем со вишокот килограми.
    Со здрава исхрана и не толку напорна физичка активност , гарантирам дека ќе имаш резултати.
    Здравата исхрана е најдоброто нешто што можеш да го сториш за себе,за своето тело и здравје.
     
  18. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Среќата доаѓа од внатрешната рамнотежа, пред се` од нашата перцепција за самите себеси ослободена од она што другите го мислат и гледаат. Нема причина некоја личност со вишок килограми да глуми дека е среќна само затоа што тежината не и е нормална, тоа не е фактор за среќа. Не викам дека нема улога во самодоверба, екстровертност и така натаму, ама далеку од тоа дека е причина за депресија.

    Имам многу прекрасни дебелки другарки, точно е дека се малку попреокупирани со диети, начини на исхрана, бирање гардероба. Ама ако некој не може да си дозволи себеси да е среќен заради вакви тривијалности, тогаш проблемот треба да се бара подалеку од неговите вишок килограми, а подлабоко во неговата психа.

    Неоспорен е фактот дека треба да се прифатиме такви какви што сме.
     
    На Bibko и Rozevo им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.512
    Допаѓања:
    115.054
    Пол:
    Женски
    Драга моја а што ако неа и сметате што сте вие слаби??? И зашто ја ставате како човек од втор ред, демек не е доволно дробра да дружи со вас и вашето височество слабите. Да си ги земеш другарките и и ти сосе нив да си се погледете во огледало па после да судите. Извини знам дека сум груба, ама ова што го читам од тебе е рамно на расизам. Како бе не ви е срам?? ај они ограничени, а зашто и ти потпаѓаш под тоа влијание. навистина не можам да разберам до каде може да оди човековата злова и суетност. Навистина немам зборови.
    а ако утре ти станеш дебела, и тебе ќе те тргнат од друштво?? И ти ќе им пречиш???? замисли се малку над ова што ти го пишувам зашто се се враќа, се се плаќа.
     
    На Ashling, Spidy и Bibko им се допаѓа ова.
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Ме мрзи да ги пречитувам мислењата, го прочитав само ова и морам да ти кажам дека си во заблуда.
    Од каде би знаела пак ти дека тие навистина ги мразат сите околу себе кои се слаби? Ако имаш блиска другарка која е дебела, а ти си слаба и те мрази, ти би била се уште со неа во добри односи иако таа тебе те мрази, та ќе дознаеш вакви работи?!

    Тие луѓе не се болни, ретардирани. Некои не ни одбрале да бидат дебели, туку преживеале пореметување во текот на пубертетот за пример.
    Како можеш да зборуваш дека грешат што јадат? Им се јаде, па јадат, ти зошто јадеш?
    Ти ли можеш да им забраниш дали да јадат или не? Што ти е тебе гајле впрочем, што внесуваат во организмот?!
    Да, некои се среќни така и го прифатиле своето тело онакво какво што е. Другите нека слабеат ако им се слабее.
    Ти гледај за себе да не накачиш килограм вишок, на другите нема потреба да им се мерат залаците.
     
    На Dream-Girl, Saki15, Valerin и 8 други им се допаѓа ова.