Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убаво ми е што сум дебела...

Дискусија во 'Психологија' започната од Offspring, 16 октомври 2010.

  1. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    :clap: Некои луѓе дефинитивно многу си земаат слобода :)
     
  2. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    И јас кога бев помала бев дебела, дури во 7 одд. имав 68кг. И јас сакав да ослабам, зашто ми сметаше. Сакав да бидам послаба и од естетски причини и за полесно да наоѓам облека ( зашто дотогаш потешко наоѓав и носев еден број поголема за да ме собере), како и од здравствени причини (не дека имав некој проблем, но не сакав ни да имам понатаму). Немав доволно кондиција, секогаш се заморував и задишував на физичко, па и тоа беше една причина плус.
    За дебелите луѓе не мислам дека се лоши и дека ги мразат оние што се слаби, зашто во мојов случај јас бев таа која беше омразена. Кога бевме помали ( од прво до чеврто одд.) секогаш слушав навреди од типот „ дуца“, „ ѓуле“, „ дебела“, дури и еднаш една „ другарка“, која што тогаш беше слаба, а сега е многу подебела од што бев јас тогаш, ми рече: „ Леле Хоупфул колку си дебела“ и го кажа тоа исто како нејзе да и сметаше, исто како таа да беше таа што треба да се грижи каква сум јас. Секогаш кога ќе излезевме заедно со другарките, јас бев таа што кога ќе се појавеше беше одмерувана од глава до петици со ироничен поглед и секогаш од нив слушав некои коментари, шепотења, потајни исмевања зад мојот грб и погледи со сожалување и иронија. Не беше лесно тоа да се трпи, посебно не во тие години кога децата се најранливи. После кога ослабев, оп, наеднаш поинакви беа, наеднаш подобри, но и тогаш бев мета на нивните коментари кои сега беа зајадливи и љубоморни, од типот зошто таа да е слаба, зошто таа ослабила?
    За чувството дали на дебелите луѓе им е убаво, јас ќе кажам дека мене, како што растев, не ми беше баш убаво, како и од личните причини погоре наведени, како и од навредите. Секоја чест на тие што си си го прифатиле своето тело такво какво што е и што убаво си се чувствуваат во него. Јас немам ништо против овие луѓе зашто и јас до пред неколку години бев дел од нив, никогаш не ги исмејувам зашто знам како се чувствуваат ( чест на исклучоците) и ги поддржувам ако сакаат да ја намалат тежината. Поздрав.
     
    На Dream-Girl, Bibko и sanjaeva им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Секој може да ослабе ако сака, но често овие луѓе немаат војла за такво нешто... токму заради депресијата во која се влезени, благодарение на однесувањето на оние како другарките на Хоупфул.
    До пред извесно време и јас го имав истиот проблем, за кој сметам дека е психички. Еден ден реков - доста е! Така и беше, така и е, така и ќе биде!!!! Тенкс ОРБИТРЕК :)
    излезе дека со повеќе килограми повеќе ме сакаат....другарките :rofl:
     
    На Victorian, Bibko и sleepingbeauty им се допаѓа ова.
  4. katence-britney

    katence-britney Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    Јас не сум дебела, мегутоа познавам девојка која има можеби 150 кг и носи маички со гол стомак, тесни фармерки, миничи..... Со години вика дека е на диета и на вежбање, а пак ништо.... Многу грозно изгледа и жално е бидејќи е млада и не може да си фати дечко и да се чувствува убаво. Сепак тие луѓе патат од емоционална дебелина, и тоа се случува заради некоја случка која ја потиснуваат во себе, па за да ги тргнат мислите постојано јадат... Тоа може да се случува со години.....и децении
     
  5. argentina

    argentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    10
    Воопшто не е убава прекумерната тежина и за изглед и за здравје, ако е некој склон на поправање треба да внимава на секој оброк и на внесувањето на леб и благи работи

    сега иди лето па салата повеќе
     
  6. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Не е добро да си дебел бидејќи не е здраво. Брзата храна, прекумерното јадење и сето тоа не е во ред. Дебелината може да биде исто така и од некои трауми или случки кои на човекот го прават да се чувствува тажно како што беше споменато погоре, па ако некој има таков проблем психолог веројатно може да помогне. Без разлика како се чувствува некој кој е дебел (премногу дебел) не може да има нормален живот, не може да има дечко, нема толку да му стои облеката што ја носи тоа не е во ред.
     
  7. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Мене искрено ми е жал за дебелите луѓе и затоа никогаш не ги исмевам.
    Инаку во склоп со ова морам да постирам нешто што го видов пред некој ден..
    http://www.facebook.com/pages/NE-MAJKA- ... 086?ref=ts
     
  8. katrin96

    katrin96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
    значи јас сум слаба али..
    си размислувам ако сум била дебела или пополна мене би ми било страм да излезам од дома.
    секој може да ослабее но сите се тешат со фактот има и полошо,зарем не ти е неудобно да се шеташ со некоја другарка која е згодна а ти месишта ти висат од секаде..
    не си се запрашала зошто и јас да не сум таквА?
    убаво ти е да те гледат на криво и да шопкат за тебе колкава си? никој не те тера да гладуваш или да си на глупите тинејџерски диети со витанова и бејролз. ако се сака се може!
     
  9. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Познавам многу дебели личности,поточно девојки. Некои од нив се облекуваат постојано во последни трендови,разголени,накитени,нашминкани и гордо се претставуваат себеси на околината. Не знам како можат. Добро,сега,не треба ни да забегаат во крајности-да не излагаат од дома ама можат да држат една нормала.
    Другите пак,се постојано негативни,да не речам "тепачки". Ги навредуваат другите во околина,постојано им пререкуваат нешто,покажуваат физичка сила...

    Лично јас,сметам дека и двата типа на дебели девојки што ги познавам длабоко во себе се несреќни и полни со комплекси кои се трудат да ги потиснат во себе,а пред другите да делуваат среќно и задоволно. Ова повеќе важи за првата група,да ја наречам-фенсерска.
    Втората пак,исто така е длабоко несреќна и гневна поради изгледот,но некако мора да изгради одбранбен механизам на сите закачки и навредувања за изгледот од страна на некои несовесни луѓе,па затоа се постојано агресивни и борбено настроени.

    Има и добри личности,кои се постојано насмеани,весели,позитивни,не и придаваат значење на дебелината.

    Зависи од личноста. Само тие си знаат најдобро како се чувствуваат. Во секој случај,не е во ред да бидат задевани од страна на другите.
     
  10. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    А извини по твое што треба да правиме?
    Да се облечам ако не во на баба ми облеката ( зошто нели, неможе најновите трендови), од глава до пети да се затворам ( па можеби и забуљам), накит и шминка да заборавам ма тоа е само за слабите :!: . Да земам да се затворам во вц и само по итнааааа потреба да искочам...до продавница де. |( :fubar:


    Да не бидам офф топик, имам едно 6-7 кила вишок и да секако дека сметаат и на здравјето и на изгледот ни никако не ми е СРАМ да одам по улица...не се тешам, ми сметаат но со започнатите фитнес и диети за месец дена ќе се ослободам од нив. :)
     
    На Victorian и Bibko им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    |(

    Да, навистина, вестите се преполни со дебељуци како тепаат луѓе по улица и крадат сладоледи и чипсови од мали дечиња во паркот. |(

    Get a grip.

    Ваквите коментари ми се толку излишно глупави, немам ниту сила, ниту волја да реплицирам, а и страв ми е некако - јас со 10 и кусур кг вишок моментално, од една или друга причина, можам да бидам етикетирана како насилник. Или тепач.

    Дебелите луѓе биле злобни, биле насилници, биле исфрустрирани... од кај ги копате ваквите податоци, каде спроведовте истражувања?

    Денеска, во светот во кој живееме дозволено е да бидеш наркоман, алкохоличар, физички насилен, само да не бидеш дебел.
    Ако си слаб - половина ти се простува.
    Биди и коњ во фацата - слаб ли си, супер си.
    Имај ангелско лице и биди фин и паметен до утре сабајле, имаш ли 10 кг вишок - не те чини.
    Злобен си.
    Точка.

    Ебате светот. |(
     
    На Victorian, Dream-Girl, Sara123 и 20 други им се допаѓа ова.
  12. Lilian

    Lilian Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    13
    Јас прокоментирав за тоа какви се тие што ЈАС ги познавам. Океј,малку лошо се изразив,извинете.
    Нормално,не мислев дека сите дебели луѓе се такви. Од човек,до човек има огромна разлика.
    И не реков дека треба да се забулат и да се облакаат во облека од баба им,туку не мора да се облакаат во толку припиено и разголено,со пола задник и гради надвор. Сепак,тоа си е нивно,кој што сака нека носи,воопшто немам проблем со тоа,само си го кажав мислењето. Не навредив никој,не ми беше таква намерата. И јас имам вишок килограми. Никој не е идеален!
     
  13. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    е не прочитав се што сте испишале погоре...многу е! дел од коментарите баш се злобни! дебелината значело негрижа? бидете среќни со вашите метаболизми бидејќи да го имавте мојов ке имавте гооолема мака :) иначе бев дебела во најубавите денови од мојот живот! баш си бев среќничка :) маратон не можев да истрчам, ама не ми сметаше воопшто на здравјето или слободно движење (а да! имав доста кг вишок)... дека бев посреќна тогаш-бев! од причина што девојките во мене не гледаа конкуренција, а момчињата можеби лесен плен ( се разбира, тоа тогаш не го гледав така)...одреден период подоцна, поради коментари слични на овие кои сте ги пишале предходно, а не дека мене ми сметаше на здравјето, се направив, што би рекол другар ми, мачкица! :) машките потешко приоѓаат, девојките повеќе озборуваат... сума сумарум...денес сум далеку поосамена, многу поопседната со диети и психичко малтретирање, експериментирање со исхрана и сл... вратив дел од килажата и денес сум пак на диета...и се така во круг... :D имам слабички другарки и никогаш, никогаш не сум им љубоморела...не се дебелите луѓе злобни...од сите 'торби со сало','несвесни','спојлери' и сл, тоа ЗЛОБНИ највеќе ме погоди... не се сите дебели луѓе искомплексирани поради тоа...ете јас ослабнав од инает :)

    а за гардеробата...ако физички можам да бидам во неа и ако мене ми се допаѓа, ќе ја носам...и со 250кг :)
     
    На Annath, Anely и Bibko им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Jaс само ќе кажам ако им е убаво на тие што се дебели и ако се осеќаат самоуверено и комплетно и убаво во сопствената кожа нема да идат во темите за диета барајќи начин како да ослабат ;)

    Муабетот е ист како двајца црнци си викаат меѓи себе Nigger, а ако некој друг им каже тогаш е расист :)

    Јадете си на раат, нема да ви ги бројам залаците- само немојте после на плажа да се сликате само до гради :D

    И да, овде не мешајте хормонално пореметување и други болести- нормално дека не зборуваме за вакви дебели- туку за оние кои стално се жалат како од вода се дебелеат а се први кога се дава репете :)

    Се е до психа и до волја, а мене луѓето кои се дебели ми се луѓе кои немаат волја и карактер да преземат акција за да сменат нешто
    И да, дебелината не е здрава :!:
     
    На Phyramide, enca.69 и wolf4e им се допаѓа ова.
  15. zanana

    zanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Женски
    никој не се здебелил од вода...кој кажал така-излажал...'неправдата' е во тоа што некој и од 3 хамбургери нема да се здебели :) се слагам дека дебелината не е здрава, но од нешто мора да се умре (јас би од колаче) :) за јазик/тастатура ме повлече тоа дека дебелите луѓе се злобни... заради комплексите? нема жив човек што ги нема, нели? нос, уши, интелегенција, гради, колкови, статус...секој има слаба точка...сакав само да кажам деке бев дебело среќно суштество...сега сум нешто послаба ама потажна...можеби постара?! :)
    како и да е...

    http://www.youtube.com/watch?v=upkTnDC9Zdo
     
    На Victorian и Bibko им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Mене искрено многу ми е жал за дебелите(читај) дебелите со +100 кила :(
    Hе трепкам додека го гледам THE BIGGEST LOSER!
    Cамите си кажуваат дека сами се криви, се кријат од јавноста, искомплексирани се, несреќни... :(
    знам и по некоја солза да си пуштам со нив! :D (додека ги гледам)
    Aма колку се упорни Aлал да им е! им се воодушевувам колку се упорни да ослабат1
    тука не станува проблем од 10-15 кила, од 60-70-100 и повеќе :o !
    Kако и да е поголема мотивација од ова нема :D
    до има и на мтв1 накај 13 саатот
     

    Прикачени фајлови:

    На faye и LivingGlam им се допаѓа ова.
  17. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Немам ништо против и замерки кон дебелите луѓе (под дебели мислам ствааарно дебели над 90кг).
    Не значи ако си слаб дека ќе се чувствуваш убаво. Има многу дебели луѓе што се полни со самодоверба. Убаво е да држиш диета некоја доколку сакаш да ослабеш. Зошто сите што сакаат да ослабат - можат, треба само силна желба и цвтс карактер. Значи ја оправдувам реченицата:леле неможам да ослабам.
    Не ги оправдувам само оние кои продолжуваат со ненормално внесување храна а имаат последици на здравјето или знаат понатаму дека би имале здравствени проблеми. Тоа веќе го сметам за негрижа и не е убаво.
     
  18. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Слаб на дебел не верува. :lol:

    Да одговорам на прашањето - не, никој не е среќен кога ќе застане пред огледало, а огледалото не го собира целиот одраз. Но, не можете да сфатите колку е тешко да се натерате да ги симнете тие килограми. Не само тоа, целиот процес на слабеење е многу тежок. Замислете само, одите на роденден кај другарка, и наместо пица, барате да ви надроби салата. И вие боцкате краставички со виљушката, гледајќи како другарките ждерат по една пица. :sweat: Како капак на се', стрелката од вагата никако не сака да се помрдне надолу. Не е лесно и едноставно како што на вас слабите :^) ви изгледа.

    Јас лично се наоѓав во категоријата +20 и не можам да речам дека си се допаѓав себеси! Бев упорна и сакав да ослабам, лично заради себе, а не заради некој друг. И држев секакви диети, се изгладнував. Пред 3-4 години го постигнав тоа што го сакав, изгледав сосема нормално, но која беше цената на тоа? Анемија и катастрофална крвна слика. Бев многу разочарана, ептен пропаднав психички. Да, носев неколку броја помали фармерки, но не бев ни здрава, ни среќна. Почнав да се хранам нормално, килограмите си се вратија и повеќе отколку што требаше и само се вртев во круг.

    Почнав да чачкам на Интернет и најдов корисни работи - статии, текстови кои читајќи, ми помогнаа да го прифатам и засакам сопственото тело, а потоа да пробам да го сменам. Плус, ја најдов УН диетата - ми изгледаше сосема прифатливо, има се' што јадам, има ден за благо и тоа беше тоа што ми беше потребно. Почнав да ја држам, воопшто не ми беше тешко, бев мотивирана и издржав до крај. Резултатите беа одлични 12кг за 3 месеци со малку физичка активност. Почнав и да пешачам, скинав уште 2-3 килца. Воедно, се борев и со стрвноста, си имав ден за благо и во текот на другите денови не ме фаќаа кризи. Ми остануваат уште 7-8 килца за симнување, и за некој ден почнувам повторно на диета и многу, многу вежбање. Тоа би била мојата приказна.

    Што се однесува до коментарите тука, одредени постови ме згрозија. Кое лицемерие еј, да ги отворам темите карактер или физички изглед, ќе прочитам еден тон мислења како карактерот е битен, изгледот не толку, или „па што ако е пушач, тоа не значи дека е лош“, „нема проблем ако фрла некоја чашка вишок, многу е комуникативен“ бла бла бла.

    Како се осмелувате да вршите длабоки психоанализи, врз основа на вишокот килограми? Тоа би било еднакво на „види ја колку акни има, сигурно со денови не го измила лицето, еј која смрдла!“ А девојката мака мачи затоа што не можи да си го исчисти лицето.
    Think about it! ;)
     
    На Victorian, Dream-Girl, Sara123 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Dulce

    Dulce Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    35
    Jaс кога бев 5то - 6то оделение не ми беше грижа и во 11 вечер да седнам и да изедам 5 рибанки леб ... значи јадев претерано мојата уста не одмараше ... мајка ми не ме караше толку а и велев убаво ми е ако сум дебела .. но од 7мо почнав ептен да се срамам ... моите другарки костури а јас ? свиња .. па од тогаш почна мојата мака со диетите и трае ден денес ... :fubar: моја вина е ..
    и не верувам дека некој се чувствува добро ако е дебел тоа само се лаже себе и ши лаже другите
     
  20. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Мене не ми е. Уствари јас и да сум слаба пак нема да бидам задоволна. Така да премногу не се трескам од земја, се трудам колку што можам ама нема да дојдам до тој степен да гладувам. Ако на некој му е згодно да си биде дебел(се додека нема здравствени проблеми поради дебелината) нека си биде нема што да се устручава како му е згодно така нека прави. Сепак нема што да им судам на другите кој што сака нека си прави а и не е се у изглед. Како беше она Дебелите луѓе се среќни луѓе. :)