Ја мислам дека дебелите луѓе ретко кога признаваат дека се дебели.Ја знам многу девојки кои се дебели а се облакаат у миничи,гол стомак,немаат гајле на плажа да се соблечат(додека кај послабите е поинаку )
Извини, ама од вакви коментари се вадам од кожа! Сфаќам јас дека не е вкусно, дека не изгледа естетски убаво, ама што лошо сторила некоја дебела девојка затоа што облекла сукња ?? Или чувај боже, бикини ? Не смее, така ? Дај да ја затвориме во една соба - без климатизер, нека и дојде паметот - и цело лето нека го преседи со термо чорапи и еден џемпер на неа. Па ќе види она убаво, ХА, се осмелила бикини да облече. А ако облече едноделен, послаба изгледа ? Да бе да, нема грешка. Сите испаднати од Плејбој Меншн па на плаживе. Немаат гајле - оо девојко, да, лесен е животов, марули ми паѓаат од небото а јас стојам со отворена уста и ги голтам. Знаеш ли ти колку девојки што ги познавам намерно не сакаат да одат на одмор, ако се бањаат се бањаат со кратки панталони, оти нели, дебели се! ПА што ако се. И мене ми е глупаво кога треба да се соблечам, посебно сега кога пола кожа ми висна од мене, ама што друго да направам ? Дали затоа што некој пуши, ќе викаат злобен е, пуши дома во темница, сам затворен, сите непушачи ги мрази. Негова одлука. Тоа е исто како темава да се вика, убаво е што сум пушач, па ние сите непушачи да дојдеме и да трубиме дека лесно се откажуваат итн итн. Секој си знае со каков проблем се бори. Само некој кој цел живот јаде без проблем, самиот немал никаков проблем со тежината и немал блиска другарка/другар со голема тежина може да ги каже тие работи. Нит ќе ме освестат, нит ништо. Свесна сум си јас кои стандарди ги налага општеството, ама да паднам во депресија затоа што не ги исполнувам - невр. Цел живот се борам со тежината, прво затоа што имам здравствен проблем кој ми го отежнува дупло симнувањето. Кога јас можам во оваа состојба да ослабам 15кг, тоа значи како здрав човек без проблем да ги ослабе 30. Не ми е убаво што сум дебела - моментално сакам уште 5-6кг - ама што да правам. Да седам дома и о, мајко мила, да плачам ? Нема шанси, тоа од мене не го гледате. Јас секојдневно си правам шеги на моја сметка околу тоа, ни лечам комплекси ни ништо. Не дозволувам 5кг сало и хормони да ме спречат да живеам нормално. Камоли тоа да беше мојот најголем проблем моментално, салото.
Јас сум висока 162 cm, а сум 53 кила. И се глеа дека иам поише од што треба, али незначи дека треба да се затворам дома и да не живеам. Лошо се осеќам, поготово ако облечам нешто пократко али се тешам понекогаш коа ќе помислам боње вака него анорексична
После се што се изначитав на темава да сумирам. 1. Дебелите луѓе се злобни. 2. Дебелите луѓе се страм за општеството. 3. Дебелите луѓе тепаат по улици кој им дојде при рака како сумо и кик бокс борачи. 4. Дебелите луѓе не смеат да се облечат во модерна облека зашто нели не сме како Викториа Бекам костур на батерии па све да ни стои. 5. Кога ќе видите дебел човек, викнете жуто комбе и одма во бардовци една тортура да му направат зашто психата им е пореметена па јадат неконтролирано. Алал да ви е на сите што се дрзнувате да навредувате луѓе со вишок на килограми. Тоа го кажува вашиот карактер. Секоја ви чест. Чест на исклучоците.!
Многу добро кажано.Зарем тежината ќе не води низ животот? Женски,работете на тоа да симнете некој кг.ако има потреба,а во меѓувреме живејте-бикини,мини,плажа,не си набивајте комплекси самите на себе.Ако има волја ќе има и резултати.
Лелеее,значи и јас сум злобна!!!!Не знаев Абе да ви кажам ,мене попуначките(несакам ни да кажам дебели-не убав збор за луѓе и многу навредлив) ми се многу пофини и карактерно и секако. Никад немам видено некоја од мој тип килажа(7-8 кг повеќе и баш ми чуе) да зеза некоја друга цура што е слаба ко чепкалка ,додека обратен случај редовно може да се сретне. Знаете како викаат машките(интерна шала меѓу нив)Боље да љуља ,него да жуља.
Дал да се смеам или да плачам, не знам стварно. Абе вие озбилно мислите дека мене целта во животот, не само мене, општо на сите елегантно пополнети девојки е да одиме по улица и да гледаме кој е слаб а кој е дебел ?? Да бе, само тоа ми е во паметот, или па мислам да си дојдам дома што побрзо и што поскоро да слапам еден сендвич. Ахам, да. О, о, о... заблуди еден тон. Стереотипи. Едит : Предлагам една тема - Морална поддршка за сите оние кои сакаат да почнат да ги сфаќаат дебелите девојки. Па ние ќе пишуваме некој вид онлајн дневник, чисто да видите дека живеам најнормално.
Чекај малки, како може некој да признае дека е дебел??? Па не сме алкохоличари за да признаваме, побогу!! Ако некој е подебел не значи дека треба да се облекува во вреќа за компири и да седи дома само. И што мислиш со тоа кај слабите е поинаку???
Нена ,се зезам .Ова беше за постот според кој јас треба да седам на плажа во тренерки,да носам сомот панталони на +40,додека „слабите-згодни“ќе дефилираат покрај мене. Јас сум си јас со тие кг и никој нема да ми набие комплекси. Јас знам колку вредам. Во животот не се важни само кг.туку и душата-карактерот. Одам да изедам една тава ориз со месо,а после ќе се сторам славеј пиле хахаха.
На здравје нека ти е, крв да ти се стори што велат старите. А инаку имам другар што ака исклучиво девојки кои имаат мевце на нив. Вика, сакам бе да ми е пуна раката, ако сакам ребра ќе си го гушнам радијаторот )))
Само кучињата сакаат коски Луѓето не се вреднуваат според тежината ... но убаво би било да се внимава на својот изглед и својата тежина ...
Не реков дека секој што ќе го видам слаб дека е анорексичен!!!! Не си вртете као сакате! Ова е анорексично:
Да де да, секако, уживам во тоа. Значи, ме нервираат вака ко ќе речат Најчесто вака викаат за да си се тешат и за другите да им викаат „Ти дебела?! Ма не...“ и со една скислена фаца као „Шо ме тераш да лажам?! Да дебела си, сакаш да ти кажам?! “ А пак најмногу ме нервираат, едвај 40 кила имаат, само коски им се гледаат па уште се жалат, дебели биле. Јас сум си пополничка, ама никогаш немам речено дебела сум, а пак уште да речам дека ми е убаво! :смајлиштосекрстиинакрајотвикаамин: Тоа ми е како да ги терам да ме лажат и да ми викаат „Шо ти е ма? Не си!“ Гореспоменатиот пример. И не ми е убаво. И се трудам да ослабам барем 5 кила, тогаш би била многу задоволна. Ама тоа е, не сме сите од калап извадени. Паметен овај другаров. Ретки се тие ко него.
Одсекогаш сум била слаба, но порано бев толку искомплексирана за моето тело, секоја ситница ме оптоваруваше и мојата психа беше таа што не ми дозволуваше да уживам во сопственото тело...Додека моите подебели другарки посакуваа да бидат слаби како мене, јас посакував да ја имам нивната самодоверба и храброст да излезам полугола, да истакнам атрибути и да не се замарам... Точно дека дебелите сакаат да ослабнат, но има и такви кои стварно си се помириле со тежината (после x диети) и немаат намера да гладуваат цел живот за да држат некои стандарди или евентуално да се почуствуваат подобро...И btw покрај се, излегуваат на плажа со слобода и без комплекс, на начин што лично јас им се воодушевувам...
Имам вишок килограми но сум премногу реална па и самокритична за да кажам дека ми е убаво што сум дебела.Не ги разбирам тие личности што велат така и не сфаќам што сакат да постигнат со тоа.Најчесто тоа се огорчени луќе кои имаат комлекс и кои сакаат тоа да го прикријат велејки дека не им смета тоа што се дебели.Да бидеме реални ако мора да бираме сите би одбрале да бидеме слаби нема човек што сака да биде дебел.
ова би му дошло нешто како идеална тежина за твојата висина. може едно кило помалце. затоа не се комплексирај
Верувале или не ги прочитав сите коментари од прв до последен на сите досегашни 19 страници и едноставно неможев да се воздржам и да го напишам своето лично искуство околу темава: На 6 години за првпат се соочив со анорексијата бидејки бев искомплексирана во поглед на својот изглед. Започнав да се шминкам, облекувам во скапи облеки и марки и да ги критикувам дебелите девојчиња на моја возраст! Меѓутоа сето тоа едноставно ми се врати! Ќе речете дете - НО незнаете како ги исмевав и се шегував на нивна сметка. Денес дали знаете што се случи како резултат на моето однесување?! Имам точно 20 килограми вишок до идеална тежина, а најлошо до се е што тие 20 килограми се набиле во задник и бутови! Ова ми беше божја казна, знам и свесна сум за тоа. И ден денес мајка ми ме потсетува...''Валерин ќерко се сеќаваш што зборуваше како девојче?'' Јас само ќе ја погледнам наведнувајки ја главата надолу . Денес сум на диета, и ќе бидам се додека НЕ ослабам и не дојдам ако не на 50-55 килограми, или барем ќе дадам се од себе за да издејствувам нормална тежина од 60 килограми што би претставувало за мене огромен успех. Е сега се прашувате како дојдов до таква тежина после толку ,,голема свест'' и осудување на екстремно дебелите девојчиња на пред пубертетската возраст кои впрочем денес се прекрасни слаби и видно убави манекенки, ете им симнувам капа секоја чест! А сега да се навратам - започнав со мислата : НЕ, ЈАС НИКОГАШ НЕМА ДА СТАНАМ КАКО НИВ, тоа е практично невозможно... ! Таа мисла ме утеши и си бев задоволна со своето тело и се улежав до огромен сетепен, секое утро тост со печеница, кашкавалче, маргаринче и тоа лебче со солидна големина! На ручек не ми беше воопшто проблем да изедам цела пица, да испијам кока - кола, и пиво. ...Од дете имав проблеми со алкохолот но тоа е сосем друга приказна. И така јас од ден на ден додека ЈАС гледав манекенка во огледалото моите родители стануваа се позагрижени за мојата тежина. Меѓутоа мислеа дека ќе се освестам и дека ова е само минлива фаза во пубертетот која за брзо време ќе ја снема но се случи токму спротивното! Таа стануваше поголема и поголема... Навечер по 2 полни чинии макарони со кашкавал, стек, ќечап и мајонез (калорична бомба, убиствена комбинација). Така минуваа годините а јас станував свесна за својот проблем но заборавив на диетите и немав волја да се повратам. Најмногу ме погодија озборувањата од страна на околината и погледите на криво (и од страна на возрасни личности дури!) па започнав да се однесувам од типот како ,,не, не ми е грижа'' и не зборував за мојот проблем со никого затоа што се срамев иако секако, неморав никому да положувам сметки за сопственото тело, така да тоа само ќе го вметнам во сето ова како дел но не и грешка! Да не заборавам имаше една мала позитивна работа во целава ситуација а таа беше следнава - - Никогаш не престанав да излегувам, да комуницирам и со личностите кои знаев што мислат за мене и ме озборуваат позади грб. Маска на лицето и фурај, веќе многу познато. Но, врв на се беше коментарот од еден мој другар кога јадевме палачинки во Рамстор, од типот : ,,Имаш дечко?'' одговорот беше позитивен иако немав, но знаејки го него знаев дека ќе следи аргумент. Дечково слатко си се изнасмеа и уште еднаш се осмели да ме праша ‚‚(ти) имаш дечко?!?!" не, незнаете колку ме здоболе во тој момент, но за инат ги изедов прекалоричните палачинки! Секако, тоа беше шамар но не доволен, не ми беше доста, си продолжив уште една година со дебелеењето тешејки се дека не изгледам толку дебело а мастите, салото и килограмите полека си се накачуваа и таложеа додека не дојде до еден ураган пред кој буквално прснав! Втора година во училиште првиот ден машките почнаа да ме исмеваат јавно, сите собрани во купче пред мои очи и смеејки се на моја шега! Тие гадови се осмелија да ми направат толку комплекси што просто незнаев каде сум, но помина и тоа некако! Се дебелеев повторно додека еден ден не се разбудив и не ме мавна свеста која ми ги врати спомените... и сфатив дека сакам повторно да бидам слаба згодна, дури и анорексична, без разлика на борбата која треба да ја минам за таа цена! Но НИКОГАШ ама НИКОГАШ повеќе да не ги исмевам дебелите луѓе. И така додека еден ден не се свестив целосно и реков доста! Сфатив дека сум пред се убава и млада и не треба да се уништувам колкава год е потребата за храна. Резултат на тоа денес сум цели 16 килограми во минус, во рок од 4 месеци. Последната бројка на вагата (т.е. денес покажува 78 килограми) ми треба уште доста до идеална тежина и ќе дадам се од себе, не се откажувам бидејки кога можев да стигнам до овде, можам и повеќе! Чат-пат си забушавам, не се држам стрикно до здравиот режим на исхрана но барем го испочитувам наутро - најглавниот оброк. И да, сепак ќе се согласам, ДЕБЕЛИНАТА Е БОЛЕСТ! нема среќен дебел човек на планетава земја. Секако, може да биде среќен со други работи но со својата прекумерна тежина со сигурност не! Втора работа после целиов напишан текст - не ги осудувам слабите луѓе кои ги критикуваат дебелите! Мада болат тешките зборови упатени на наша сметка но бар знам дека се реални и од срце кажани, колку год и да се искомплексирани личностите кои ги напишале истите. И сосем за крај, утре ако имам било каква прилика да отворам центар за МОРАЛНА ПОДРШКА на дебелите луѓе тоа би го сторила со задоволство без размислување. Ќе дадам се од себе првенствено да го оставарм својот сон а потоа и на другите. Верувајте ми, ќе дадам се од себе да им докажам дека и со тие вишок 10 килограми со затегнато тело и грижа ќе изгледаат убаво. Па дури и да го немаат тоа имаат убаво лице и едноставно се перфектни! Оттогаш па се до денес кога ќе погледнам некој човек ПРВА работа која ја барам во него е естетската убавина во било кој негов дел од телото, и верувајте ми дека КАЈ СИТЕ буквално сум нашла по нешто прекрасно и незаменливо, без разлика за што станува збор. Простете за овај тако звани реферат и благодарам на најупорните кои го прочитаа до крај