15 годишната Тијана Јуρиќ κоја беше исчезната 13 дена е пρонајдена мρтва. Убиецот е месаρот Дρаган Џуρиќ. Монстρумот κој ја убил сметам деκа тρеба да добие смρтна κазна! Пρавда за младата Тијана! Дознајте повеќе: http://doznajemo.com/2014/08/07/tragica ... d-sombora/
Не сметам дека треба да постои тема за ова. Да, глупаво е и навистина е жално што му се случи на девојчето, но тоа е во Србија. Не верувам дека ако некое наше девојче изчезнеше, толку српските медиуми ќе се грижеа што ќе и се случи. Тема за тоа не треба, бидејќи тоа за нас е една вест на која сите само можат да дадат коментар дека навистина е грозно тоа што и се случило и толку.
Во ρед, дотолκу модеρатоρите мислат деκа темава е непотρебно отвоρена, слободно неκа ја заκлучат, немам пρотив.
Добро, девојчето не ја отворило темата за нитуедна друга цел, туку едноставно тоа е вест која денес и по фејсбук кружи цел ден. Значи ако е она засегната и сака да пише, што има врска дали е од Србија, човек е, девојче младо е! За еболата што пишуваа а се уште не е стигната во Македонија и за тоа ли треба да престанат, зошто ние се уште не сме засегнати и ја нема во МК?! Нека почива во мир...
Значи така се викало девојчето. На фејзбук ја видов, сите ставаа слики од неа, ама не знаев од што умрела. Стварно штета за девојчето и семејството, а психопатот што ја убил треба да се казни.
Нека почива во мир! Кога веќе е свирепо убиена, барем правдата е задоволена што нејзиниот убиец не е на слобода, со можност да одзеде и друг живот. А за тоа дека не постои ниту една казна на светот за некој што ќе посегне по нечиј живот (ниту смртна!) нема што понатаму да се расправа! Само БОГ да ни ги чува нашите деца од вакво зло! Ќе го родиш, ќе го исчуваш од една мрвка место и некој си монстум ќе посегне по неговиот живот. Страшно! Едно време даваа на некоја од нашите програми емисија во која што се прикажуваше профилот на некој од најголемите сериски убијци и редовно ја следев. Такви случаеви имало и порано, еве има и сега, за жал ќе има и во иднина. Само што ако овие убијци во минатото се карактеристични за Америка, Русија, западно - европските земји, а се раритет на Балканот, загрижувачко е што во последните години се јавуваат и на овие простори. Пред некоја година имаше и случај во Хрватска со убиена девојка (беш пред некое време имаше на Канал 5 документарец за девојката Антонија Билиќ се викала), сега и во Србија, среќа што овој убиец го најдоа многу брзо, што не било случај со хрватскиот случај каде прилично долго време траела истрагата. Еве сега баш читам на нет криминолог изјавува дека доколку убиецот не бил уапсен, веројатно би постанал српски Џек Мевосек. И баш мислам дека темата е на место, вчера во Хрватска, денес во Србија, утре не дај боже во Македонија. Зошто да не се дискутира и на оваа тема убиства/сериски убиства кога гледаме дека истата е реалност, а не само дел од холивудските филмови.
За жал,реалност,згасна еден млад човечки живот,девојка со ангелско лице. Таков монструм кој убивал животни,почна и луѓе да убива.Треба правда до крај и смртна казна да му се одреди.Сепак Господ е најголем,нема ова неказнето да помине.Најмалку очекував мртво да го најдат девојчето.Кој монструм ејјј,ја згазил и кога таа помош му побарала,ладнокрвно ја убил . Сите треба да се бориме за правдата,оти не е важно кој која националност е,важно е дека е убиен човек
Штета е стварно , невини луѓе , не само Тијана, голем број на девојчиња и момчиња се убиваат низ светов , па што заслужиле тие вакви работи да им се случуваат ..... жално и страшно , а овој ќе си го добие во затвор , ќе го наредат него за 40 години ....
Нека почива во мир девојчето. Жално за нејзините, но некаде прочитав дека татко и нејзин должел пари па за тоа ја киднапирале Тијана
^^ Возел пијан, ја удрил со кола и место да повика помош, ја дотепал, ја соблекол гола и ја фрлил на депонија. Ѕвер! Муабетот со парите е новинарска измислица, кретенот не сакал да одговара за тоа што ја згазил...
Самерка, нема врска каде се случило убиството. Дали во Србија, Македонија или Тунгузија, се работи за човечки живот! И сметам дека јавноста треба да биде информирана какви се психопати ни ја крепат земјава. Освен тоа, пред 3 години чинам беше кога се случи убиството кај Смилковското езеро, тогаш Српските медиуми ако се сеќавате и те како даваа репортажи на вести, и ги окупираа телевизиите. Инаку, жално за ова со младата Тијана... Згрозена сум од настанот! За ваквите за да се задоволи правдата во потполност, е потребна една електрична столица со максимален напон!
Чекај малце, јас колку што знам нели откако ја удрил со кола таа сеуште не била мртва, туку едвај смогнала сили да побара помош, (иако скоро била во бесознание). Но, тој наместо да и помогне, ја задавил на лице место и усмртил. Иако, што сторил понатака со телото не сум запознаена. Па, поправете ме ако грешам..
Интересно е дека на македонските портали имам прочитано разноразни верзии , на српските најмеродавните се Блиц и Б92, РТС, кои следев во врска со случајот. Да не цитирам, еве последното во врска со случајот, дел од изјавата на монструмот: http://www.blic.rs/Vesti/Tema-Dana/4862 ... ref=fbblic Немам зборови во врска со случајот, сочуство до семејство и пријатели, баш го следев случајот од првиот ден кога беше потрага по малата, и се вистински потресов од исходот. Арно спомна Лилит во друга тема, сите се игнорантни, опшеството ни е игнорантно, навикнати сме прљавштина само да ја бутаме под тепихот, наместо навистина да се позанимава подлабоко со психо-девијантните личности, а како гледам на полошо оди, сега па живееме во тотална психо-ментална анархија, почнувајќи со состојбата во семејствата како главна опшествена клетка, па понатаму. Нездраво, нездраво се Монструмот од приказната демек мирен и повлечен, утредента по убиство ја сменил кавер фото па ја ставил некоја со малиот внук, па потоа продолжил нормално со работа, а најиронично родена сестра му на својот профил споделуваше вести и апел во врска со Тијана додека се уште ништо не се знаеше... А тоа нејзиниот брат беше убица, кој кај неа беше и го помина одморот кај неа.... Леле, ужаси
Не треба човек да го познаваш лично за да те погоди нешто, посебно ако тоа "нешто" е убиство на 15 годишна невина душа. Не го следев случајот од почетокот, бев на одмор, па од одмор на домашен одмор, и сега од 3-4 август слушнав, и постојано гуглав, барав информации, се надевав дека е киднапирана за трговија со деца или проституција, бев сигурна дека ќе ја најдат жива и здрава, се ежев и ежам цела на секоја нова информација... Вчера утрото сестрами ми рече ја нашле Тијана, баш се израдував, се додека не ми кажа дека ја пронашле мртва... Неможам да си поверувам какви забегани суштества постојат, се чудам што се се раѓа и гази по оваа земја Навистина ме погоди целиов настан, нормално, посебно исходот... Пред неа цел живот и толку предизвици за искусување... Немам зборови! Нека почива во мир.
http://www.kurir.mk/svet/region/168047-Ja-zadaviv-so-dukserot-sto-go-nosese до толку монструм не се бива.Да ти е страв да излезеш на улица
јас го пратам случајов од првиот ден. не го познавав девојчето, ама самата помисла дека некој ја киднапирал, според првичните информации, беше страшна. секој ден ми поминувашесо мисла дека некоја група за трговија со луѓе ја киднапиралеееееее, некој ќе бара откуп иии слични ствари. си велев леле девојчево е како ангелче, кој ќе има такво срце некој да и наштети, сигурно ќе ја вратат дома. ќе дадат откуп и ајде ќе ја пуштат, малечка, прекрасна чиста, невина.... е веќе кога слушнав дека е убиена, значи ме потресе многу. а кога дознав на каков начин е ова малечко ангелче убиено, тооооооолку се згрозив и се запрепастив, се прашував ДОБРО БЕ ДАЛИ ВАКВИ МОНСТРУМИ НАВИСТИНА ПОСТОЈАТ? ТОЈ НЕ УБИЛ ЧОВЕК, УБИЛ ЧОВЕЧЕ :/ МАЛЕЧКО ЧОВЕЧЕ... КАКВО ПРАВО ИМА ТОЈ (НЕ ПОСТОИ ЗБОР СО КОЈ МОЖАМ ДА ГО ОПИШАМ - ЗБОРОВИТЕ ОД ТИПОТ УБИЕЦ, МАНИЈАК, МОНСТРУМ, ЛАДНОКРВЕН ПРОКЛЕТНИК СЕ БЛАГА ФОРМА ВО СПОРЕДБА СО НЕГОВАТА ЛИЧНОСТ, ТРЕБА ДА СЕ ИЗМИСЛИ НОВ СООДВЕТЕН ЗБОР ЗА ОПИС НА ТАКОВ ЧОВЕК)))) , КАКВО ПРАВО ИМА НА ЕДНО ЧОВЕЧЕ ДА МУ ГО ОДЗЕМЕ ПРАВОТО ДА ПРЕРАСНЕ ВО ЧОВЕК ? ЦВЕТЧЕ КОЕ ПОЧНУВА ДА РАСЦУТУВА ТОЈ ГО КИНЕ И ГО ФРЛА ВО ДЕПОНИЈА :О .... ? младоста тек и почнувала, во најубавите години е . треба да се заљуби, да осети срце-кршење, да учи, да се надоградува како личност, да одлучува што сака да биде во иднина, да се бори за тоа што сака да биде, да се радува па и разочарува, да падне и храбро да стане и продолжи напред... па добро бе со кое право тој и го одзеде сето ова ? дали сега треба да се плашиме да излеземе доцна во нашите места каде што секој со секого се знае, затоашто може да наиде пијана будала да те удри со кола онака без причина, ќе те прибере во неговиот гепек и за да си го задоволи своето его ќе почне да те дави и ќе те убие ладнокрвно без око да му трепне. бев прочитала негова изјава као ПОСЛЕ УДАРОТ ТИЈАНА СЕ ОСВЕСТИ И МЕ НЕРВИРАШЕ НЕЈЗИНОТО ПИСКАЊЕ И ЈА ЗАДАВИВ СО ДУКСЕРОТ ШТО САКАЛА ДА ГО ВРАТИ КАЈ ПРИЈАТЕЛОТ. ја задавил, тепал, удирал... сетоа тоа без ни малку да му затрепери срцето кога ја гледал онака беспомошна, со тие детски очиња како бара милост, а тој како на шега ја убива . нема збор што ќе ја опише оваа состојба. целиот балкан го расплака, се надевам дека ќе се мачи физички и психички. смртна казна не е решение, смртна казна е спас за тој монструм. ништо нема да го врати девојчето назад :/ трагедијата е направена. искрено сочуство до семејството на ова храбро ангелче кое не успеа да се спаси од валканите раце на еден монструм. се надевам дека нејзината душа замина на подобро место каде што ќе најде мир и спокој.