ама за да биде работава потрагична еден доктор кажува дека тој бил свесен за направеното, немал некое психичкко растројство :О не разбирам... што е ова ? па нема кому не би протекле солзи кога ќе ја види сликата на девојчето на која пишува дека е убиена на најмонструозен начин :/ закопана на најгнасно место.. тој воопшто не покажал каење
ма ајде нека иде се у ...... и морал и се. ладнокрвни болни нестабилни безчуввствителни убијци манијаци монструмиииии , уништувачи на туѓа среќа, одземачи на детски живот ... до каде ќе оди светов ??? абе неможам да се помирам дека девојчево е онака убиено бе, без причина... излези надвор и пази се, постои можност да те убијат онака случајно... едно семејство е зацрнето за цел живот. ке гледаат во празно и ќе се прашуваат што згрешиле за да ги снајде ова ... ќе вложуваш во ќерка ти со цел да израсне во човек и да ги исполни твоите очекувања за чесност, да создаде семејство, да биде среќна и некој ќе ти го убие чедото и ќе ти го распара срцето. џабе пишувам ама морам на некој начин да ја искажам својата изреволтираност зошто нема моќ на друг начин да го направам тоа
Прво што имав прочитано мислам дека беше нешто заради пари, сега излегува пијан бил, па случајно ја убил...зошто ја убил случајно? Зошто ја убил? Ако ја згазил со кола, а не сакал да одговара, зарем мислел нема да го најдат? Доколку е така, што направија со сообраќајкиве, летаат не возат, имаше и претходно сличен случај.Младо девојчево, што убаво како кукла и така некој да го убие од случајност, не ми се верува.
Овој пред да се обеси на сред плоштад, треба да се мачи и мачи и мачи така што самиот ќе побара да биде мртов.
Како сум се изнаплакала,допре до мене приказната. Ја силувал,гомно едно неизживеано... Господе зошто само ангелите ги зимаш? Почивај во мир мила.
и јас сум плачела многу, и секој пат ќе плачам кога ќе ја видам сликава на малечкава. допре до мене оваа трагедија. не сакам да замислам како им е на семејството :/ господ да не чува од овие невернициве проклети и ладнокрвни
Κолκу посаκувам во κелијата да му се погодат неκои убиј боже затвоρеници и сеκој ден да го κасапат по малκу. Дуρи и тоа ќе е пρемалκу!
Јас да ви кажам не сум за смртна казна.Тоа би било прелесно за злосторници како него. Таквите треба долгоооо да се мачат за да им проработи во главата дека сториле нешто ужасно.Ко што пишаа погоре дај боже со уште поголем мострум да биде затворен,да го силуваат групно,да го горат,тепат,сечат,да го гушат и дават и таман да цркне да го вратат пак во живот,солна да му даваат да пие.Да дојде во состојба да моли за смрт. Бог нека им дари утеха на родителите тешко нив сега
Неколку години затворска казна за монструмов нема да го реши ова. После кога ќе излезе, не дај боже, ќе го стори истото на некој друг. Треба да го мачат се додека не умре. За девојчето премногу ми е жал. Нека почива во мир!
Џабе ќе му е затвор и да одлежи, пак ќе го пуштат, можеби пак истото ќе го направи, само девојчето не може да се врати повеќе, не знам како се осмелил такво нешто да направи, без разлика на причината, не ни требало причина да има, пијан или не знам што.Освен ако не го казнат доживотно, трето нема.
Што и да биде умрениот од гроб не се враќа. А за овој монструмот што и го направил тоа скоро сите се за смртна казна иако јас лично незнам баш. Како прво не верувам дека тоа смртна казна да го обесат или да му направат нешто ќе успее во Србија. Има држави каде што навистина се одвиваат таквите смртни казни за тешки сторени дела. А во врска со овој што ја убил Тијана јас лично мислам дека ќе го остават некоја година во затвор и после тоа ќе го пуштат и тој ќе си се шета слободно како ништо да не било.
Многу ми е жал за девојката нека почива во мир За губрето смрт ама не наеднаш туку парче по парче да му сечат од него за да пати да почуствува болка Млад живод однесе од своето семејство жално
http://tocka.com.mk/galerija/763/strasniot-predator мислам дека крокодилов не е толку суров како овој монструм.Па си правел според како е во затвор.Мислам дека и да му пресудат смртна казна ќе му биде сеедно.Најлошо е за 1 месец сите ќе го заборават овој настан.И Тијана.Нека и е лесна земјата.Друго нема што да се направи
Дај Боже јавноста ова никогаш да не го заборави и убиецот дури и да го пуштат,народот да му пресуди.Не само во Србија,ова грозоморно убиство на малата Тијана допре до цел Балкан.Толку свирепо и сурово да постапи со едно ангелче ,каде ќе му оди душата на тој изрод.Му го видов и профилот ,тој е болен во психа роден,мислам триста милион затвори и мачења не се доволни за него .Па уште ставил песна Прошла је поред мене ,очигледно мислел токму на нејзе,психопат невиден И ја одзеде младоста,а таа имала планови за животот,за образованието,и сите многу ја сакале. Се молам родителите на девојчето да се утешат оти таа веќе не страда,за жал болката е преголема ,секоја ноќ плачам кога на нив ќе помислам.Нема поголема болка од болката на родител!
Многу ме потресе случкава, ја пратев од сам почеток кога исчезна девојчево. Читав на еден портал дека допрва ќе се утврдува дали била силувана и се молев да не е (барем тоа да не е во сето злодело), ама кога набрзо прочитав дека била, ми се искина срцето уште толку. Се ставив во нејзина кожа, буквално неподносливо е само да помислиш, а не да доживееш. За семејството и како им е ним, не можам ни да замислам.. ** За монструмот, немам зборови. Колку ладнокрвно ги давал изјавите, како нималку да не се кае. Некој ескперт за вакви случаи изјавил дека тој се чувствувал моќно кога го правел ова, а има и случаи низ историјата кога човек анонимен, со мизерен живот наеднаш убива некој колку да стане познат, да се пишува за него. Само се молам вакви случаеви да не се случуваат понатаму.