1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убиена 15 годишната Тијана Јуρиќ

Дискусија во 'Политика и настани' започната од 4rever.unique, 7 август 2014.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Човекот си имал проблеми завршил основно на 17 години. Немал девојка бил под притисок да се ожени а и немал многу пријатели, тежок и мизерен живот живеел со мајка му татко му изледа умрел од рак. И тие негови проблеми придонеле да го направи сето тоа.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    се согласувам со тебе суммер,жално е тоа што се случило но нашите медиуми премногу ги форсираат соседите и во право си ако на некое наше девојче се случеше нешто слично можеби во србија немаше ни да дознаат а не па да се потресуваат како нас..нејќам да звучам грубо и бездушно ама тоа е вистината.

    ако е така што да кажеме за случките во газа и палестина или за нас е нормално да слушаме како се бомбадираат оти ние имаме такво свакање а жалосно е како невини деца умираат секој ден.
    ама и 10 теми да отвориме џабе е тоа ти е америчка политика,знам дека се две разлиќни работи,различни случаи што неможат да се споредат ама ете така сакав да си кажам.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Покрај оваква случка, оваква монструозна трагедија не ми е јасно како можете да размислувате за тоа дали српските медиуми би се грижеле доколку истото би се случило на наше девојче. Навистина не ве разбирам.
    Одземен е животот на младо девојче и безразлика кои медиуми објавуваат и пишуваат за настанот - никој не може да ја врати. Сочувство до семејството и пријателите и посакувам да имаше начин преку кој ќе можевме да ги отстраниме оваквите психопати во општеството. Ги има насекаде околу нас.

    Едно е сигурно - никој никаде не е безбеден :|
     
    На eliesaab, Sky-butterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  4. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Ниедни тешκотии не можат да бидат пρичини за да убиеш човеκ! Сите имаме тешκотии во животот, а баρем добρи 4 милјаρди луѓе имаат живот κаκо пеκол, живот κој подобρо би било да го немаат. На мајκа ми двата ρодитела и беа заболени од ρаκ, татκо и почина веднаш, а мајκа и 2 пати имала ρаκ. Пρвиот пат имала ρаκ на дојκата κога мајκа ми имала 14 години, а втоρиот пат ρаκ на јајниците и беше отпишана но сепаκ пρеживеа и беше чудо на медицината. Тоа значи деκа мајκа ми, и сите ние тρеба да излеземе со ножеви во ρаκа и да убиваме κој стигнеме!? Мислам... :fubar:
     
    На eliesaab, hermosa, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ни сама не можам да замислам како би го казнила монструмов,што и да кажам и помислам,малку е!!
    Психопат!
    Само девојчето нека почива во мир,ни крива ни должна.Ангел.
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Страшно и поразително е да се види колку има омраза низ форумов и социјалните мрежи.

    Не видов некој да отвори тема за грозоморните убиства во скопски Аеродром, и во двата случаеви направени од растроени личности, последното двојно убиство згора пред очите на децата. Но ова што се случи во Србија доби невидено внимание. Зошто? Мислам дека делумно одговорот е во човечката психологија... мислам дека многумина несвесно се идентификувале со жртвата па оттаму и толкуте реакции. Тоа е донекаде разбирливо, но дајте малку да размислуваме со своја глава.

    Реакциите мислам дека го допреа дното во два наврата: со повикот за враќање на смртната казна во Србија (а ја укинаа токму затоа што немаше ефект!) и реакцијата на познатата српска турбо-фолкерка која, претпоставувам за да си го крене рејтингот, демек и посвети песна на жртвата. Истата таа пеачка беше мажена за воен злосторник кој зави стотици, можеби и илјадници семејства во црно!

    Разбирливо е дека е неопходна изолација на сторителот за да се спречат натамошни вакви дејствија но доколку бараме смртна казна или мачења и сл. за сторителот, треба да се запрашаме себе си не сме ли и самите, барем на некое несвесно ниво, монструми и психопати? Смртната казна или мачењата нема да ја вратат кутрата девојка, ниту ќе ги спречат идните психопати да сторат слични ѕверства. Погледнете ја само Америка или Кина каде за вакви и поблаги работи извршувале смртни казни. Се промени нешто? Не. Бројот на психопати напротив расте. Потребно е нешто друго. Масовна промена на свеста кон љубов и мир, но тоа е тешко додека медиумите ја трујат јавноста во редовни дози со ментален отров.

    А во врска со тоа зошто и како доаѓа до вакви и слични страшни работи има објаснувања во книгата „Астрален хорор„ (достапна е на српски во изд. на Универзален живот). Ваквите убијци не се сами, туку имаат невидливи „помагачи„ кои ги запоседнуваат а откако ќе ја „завршат„ работата а сторителот ќе биде фатен, честопати го напуштаат да се чудат кој ѓавол ги натерал или како така сето тоа „случајно„ испаднало. Слично се случува и кога одредени политичари или војсководачи носат цели народи во смрт и страдање.

    Сочувство до семејството и најблиските! Жал ми е, многу ми е жал... :(
    Нека почива во мир.
     
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Па добро, кај и да било, дали во Србија или кај нас, секако ќе има било каква реакција, зарем малку има во Америка што на секој чекор исчезнуваат луѓе, па ги наоѓаат убиени или воопшто не ги наоѓаат.Колку што мене ми е кажано, имало и кај нас исчезнувања, таков случај каде исчезнува жена, па после ја наоѓаат мртва, тоа било одамна, не од сега, не е само тоа , од скоро имаше двајца мислам беа, постари луѓе што исчезнаа и не се знае каде се, тоа кај нас, значи, не само тоа имало и убиства.Според мене, нема човек кој ќе остане рамнодушен на вакво нешто, без разлика дали е кај нас или на друго место.
     
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.364
    Допаѓања:
    317.404
    Пол:
    Женски
    Он за тебе е човек???Некој што прегазил невина млада девојка,па ја дотепал,па силувал и на крај гола ја фрлил на депонија е се само не човек.Кога векје ја направил бељата требало да повика брза помош па макар избегал после тоа.Ама не он останал ладнокрвно да ја докрајчи.

    Иначе пола Македонија живее мизерен живот.Кој без пари,кој без покрив на глава кој во дом без родители.Болни од рак колку сакаш и млади и стари.Што ке беше ако сите психички се пореметувавме на ваков начин.

    И да се соживувам превише затоа што и самата имам керка и мн пати ми помина низ глава што ако еден ден Недај Боже нејзе и се случи ова.Дали ке изигравам света марија и ке му простам пошто така налага религијата наша-да простуваме секому и чиста да ни е душата?Или би сакала да гори во жив пекол па макар ме осудиле и 100 пати после тоа?Го бирам второто

    Светот одамна е отиден во јабана,касно е сега за ширење позитивни вибрации и бајки за ппростување на гревовите
     
    На Bojana.20 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Femin4e.mk

    Femin4e.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    145
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам 'СТРАШНО' !!!
     
  10. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Gordana10 тоа не е спорно воопшто што има реакции, туку ете да ги земеме примерите ти што ги наведе, каде има тема на форумов за нив? Кога толку многу се дискутирало за нив? А оваа една случка еве раздвижи лавина на реакции. Разбирливо ми е тоа, не го оспорувам, туку само велам интересно како тоа другите слични трагични настани не направиле толку реакции како овој настан.
     
  11. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски

    Ами не отвориле тема, па за да има реакции, иако додуша имаше доста за тие нашите што беа убиени, децата, а и ако сака да отвори тема некој за тоа, ќе си отвори и ќе има коментари, нормално, ако не се отвори, како очекуваш да има коментари? А и сепак, мало е довојчево, на таков начин убиено, не знам што ќе направат со човекот, имаше на нетов, дека самиот го признал убиството и не се ни каел воопшто што тоа го направил, па и бил пијан, после случката си заминал тој на свадба како ништо да не било, така слушнав за тоа, колку е вистина, којзнае.
     
  12. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    Смртна казна ја укина поради советот на ЕУ чинам беше (да може да влезеш во советот или ЕУ или некое од тие нивни правила, не сум сигурна), дали поради тоа што процениле дека немало ефект или поради мислењето дека сега веќе би требало да сме "поцивилизирани" или што, и единствено од европските земји уште во Белорусија се практикува смртна казна.

    Луѓето од Србија бараа смртна казна поради револтот, бесот, ужасот кој го чувстуваат кон неделoто и ја бараат соодветна казна за стореното. Која е соодветната казна е релативна работа, ама да треба да се осуди и да се казни и да се сноси последица од стореното -треба!

    А и тоа дали се променило нешто не е ни битно, злото постои, и секогаш ќе постои додека живееме на овој свет, затоа една држава треба да има воспоставено законот за кривични дела по тежина, а смртната казна би требало да е на врвот за злосторстовото починето ладно и крвнички. Иако јас не оправдувам насилство, ама во случаевите на злосторни дела тука нема насилство, соодејствува закон на државното законодавство: крив си- треба да одговараш. И тоа е така едноставно.

    Не се замислувам дека го мачам починителот, враќајки му "мило за драго", се согласувам дека тоа првин не води никаде лично за мене бидејќи се полнам со психопатски мисли и омраза, ама поддржувам казна.
    И јас би сакала светот да е едно идилично место, каде сите се сакаме, љубиме и живееме во хармонија, ама не е, се додека постои Земјава оваква каква е.

    Се согласувам дека медиите се тие што прават ратови и најмногу шират омразата, затоа секој би требало да биде свесен за тоа, и да не зема работите "здраво за готово", ама тоа е друга тема.

    Пак да се навратам на темата, не ми се допаѓа тоа што на некој му пречи зошто се дава толкаво внимание за случајот со Тамара (ако некој смета дека треба да се посвети тема на некој настан, може секогаш да ја покрене сам).
    Па првин целото место таму каде започна случката се собрало да ја бара, беа организирани, потоа нејзините другари испратија писмо до Владата, до премиерот, побараа директна помош, беа сложни, не сакаа да го остават само така случајот. Случајот беше споделен со другите меѓународни организации, меѓу нив и Интерпол кој беше вклучен, и се рашири случајот бидејќи луѓето околу неа се погрижија за тоа внимание. Има и другите случаеви во Србија, убиста и силувања кои не се здобија со медијско внимание до таа мера, ама ете можеби за ово се изборија слога и загриженост на луѓето околу неа.

    Можеби поука треба да извлечеме од ова како да се справиме со (недајбоже) слични ситуации и како да реагираме на нив за да ја бараме правдата, барем оваа тука земната, да не бидеме игнорантни и себични во тешки времиња, свртувајќи ја главата и жалејќи го другиот со збор, а на дело ништо. Само размислувам наглас.
     
  13. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Си отиде девојчето на најлош можен начин,некој кој бил потполно странец за неа и го одзема животот,и ги сруши сите надежи, а родителите засекогаш ги зацрни.Сега дали ќе има смртна казна или не тоа и не е толку битно.Тој човек не вреди ни колку малиот прст на девојчето..така да што ќе смени.Некој кој вреди е убиен.Секако дека ме потресе ова, уште и кога ја слушнав песната "Рјабинушка" како ја пее целата се наежив..имаше и по некоја солза.Жалосно е,многу.Жалосно е што вакви идиоти има насекаде и никој и не е сигурен денеска.Се надевам ова е последен случај и на никој повеќе нема да му се случи ова.
     
  14. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    30.765
    Пол:
    Женски
    Колку и да коментираме тука, ништо нема да ја врати Тијана од гроб.

    Почивај во мир слатко девојченце. ;(
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MademoiselleB

    MademoiselleB Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2013
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    398
    Преубаво и младо девојче, греота. :worried:
    Нека почива во мир..

    А овој гадов... би земала пила и би го расекла на 10 парчиња.. Не ми се верува какви суштества постојат.
    :fubar: 40 години малце му се бре, доживотен треба ако веќе нема смртна казна. |(
     
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    461
    Немаше да коментирам на темава што можеби и не треба да постои... ама ми паднаа во око некои работи.
    Тоа што не можел да заврши основно и не можел да си најде девојка не е причина туку последица. Тој не е дегенерик затоа што одвај завршил основно, туку одвај завршил основно затоа што е дегенерик. И каква врска има тоа што татко му бил починат, на колку само луѓе им починал родител од рак, на крај секој жив човек останува без родители порано или подоцна во животот, сосема несоодветно е да се наведува тоа како причина... Тоа што изгледа како човек физички, не го прави него тоа и во суштина. Не за џабе постои термин чудовиште. Грешка на природата се овие и тоа е тоа...

    Инаку колку вакви има на планетава, секој од нас ги има во пошироко опкружување, се препознаваат лесно зашто уште од во школските денови пројавуваат садистичко однесување, само кој колку сака да ги воочи, обично се игнорира и ништо не се презема... прашање на нечија среќа е само дали на таквиот некогаш ќе му се спојат жичките и ќе дојде до овој степен или ќе си продолжи по вообичаено.



    А добро, јас ги сфаќам аргументите на оние кои се против смртната казна, така да за да не должиме многу, кажувам само дека ве сфаќам и делумно сте во право. Ама што останува друго да се преземе при вакви ситуации?? Што ќе прави овој или некој ваков во затвор освен што живее на товар на државата? Утре може да има општа аболиција, или можно е по некоја случајност или којзнае како дури и да избега од затвор и пак да се извлече некако, можно е и претстојот во затворот да не му е така лош како што вие си претпоставувате.... Друга работа, дали вие мислите дека е во ред некои ситни крадци, преваранти или слично да делат ист простор со овој кој може денес, утре и некого од нив да изделка на спиење ако пак му настане спој во главата? Одзел живот на грозоморен начин, редно е и неговиот да се одземе. Не е нормален човек ова, не е тоа неговото ни болест која може да се излечи. Отпадок во средината е едноставно, како што напишав, грешка на природата и тоа е тоа... тоа што тој ќе се убие нема да ја исправи штетата што ја направил, па може да се каже дека и негова смрт не е најсоодветното решение... ама друго посоодветно нема....
     
    На Daydream, Gea, Madonna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lavander

    Lavander Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    91
    Бог да го прости девојчево, нека почива во мир. :(

    Мислам дека треба да се воведе смртна казна на Балканот. :!: Ем сме сиромашни земји, ем уште убијци да раниме со парите (даноците) на чесните луѓе што по цели денови црнчат. Освен ако е несреќен случај или негрижа од страна на родителот па детето претрчало некому на улица(човек и со 20 да вози можи да се направи беља, во таков случај родитителот треба да оди во затвор. СКРАЈА ДА е!)

    Инаку како расти сиромаштијата така расти и нервозата меѓу луѓето, стресот ги убива. Притисоци на работа, притисоци дома, секој може да попушти психички, а за еден ебан лексилиум сега направија да треба да одат на психијатар и тој да ти го препиши, ај оди да те видам на психијатар во оваа земја одма луд ќе те направат цел град ќе те оговара. Така да во иднина очекувајте повеќе несреќи и убиства. |(

    Исто така некаде прочитав дека здрав човек повеќе вреди мртов отколку жив. Со илјадници па дури и милиони евра се продаваат здрави органи, па дури и кожа на црниот пазар,ако се од деца имаат уште повисоки цени. Така да чувајте се луѓе пазете се, лоши и опасни времиња се!!!

    Сите родители зборуваат како на времето имало полицајци кои патролирале на секоја улица сите го знаеле малскиот полицаец. Сега полицајци освен ако нема некој голем настан или ако нема новинари кои снимаат дека полицијата презема акција против алкохолизирани возачи и сл, со боринче да барате нема да најдите.
     
  18. marijana.naskova

    marijana.naskova Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Го следам случајот од самиот почеток, од самиот старт мислев дека ќе се врати жива, едноставно се надевав.
    Но последниве неколку дена откако дознав за трагичниот крај не можам да се смирам. Заспивам мислејќи на неа, станувам наутро со истата мисла.
    Не можам да сватам зошто ова се случува? Не можам да се помирам со фактот дека извесен психопат и го уништи животот, правото да живее, да се вљуби, да има дечко, да биде безобразна, да биде студент, мајка, сопруга... да се радува со своите најблиски, да тагува...
    Што таа згрешила, што направила за вака прерано да згасне нејзиниот живот? Била примерна девојка, најдобра во своето училиште со највисоки оценки во сите години. Зошто вакви работи им се случуваат само на невините, добри луѓе?

    Редовно ги прелистувам српските медиуми со цел да најдам некој одговор, но... Нема.

    Го погледнавте нејзиниот проштален говор? Го побаравте нејзиниот профил на ФБ? Погледнете ја само нејзината среќа, невиност, милост, насмевка...

    Сето тоа веќе го нема...
    Сеуште не можам да се помирам со оваа трагедија иако не ја познавам. Доволно е само да го посетите нејзиниот профил или на нејзината сестра и другарките, да ги погледнете фотографиите и да сватите како ангел светот изгубил...
     
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Абе, навистина е тажно и болно и остали пропратни епитети, ама едноставно нема одговор на прашањата зошто, па зошто, немал ли срце...социопат е тоа, кај нив нема емпатија и кривица, не може да ви/ни даде задоволителен одговор, ако воопшто постои таков.

    Рака на срце, мене додуша почна и да ме иритира целава галама по интернет. Не известувањата околу девојчето, туку оние народски тупења во напад на поетска инспирација помешана со гнев, чиниш нивно чедо е, па отишле дотаму да се именувале и улици или училишта по неа. Нема зборови да се опише и оправда таков чин, но не е ни прва, а уште пожално, ни последна жртва. Тешка им душа на родителите и роднините, ние може само да се шлаеме без врска со смртни казни, кастрации и смислување секакви сценарија што нема да не направат ништо поарни од идиотот, ниту пак ќе се исполнат.

    Убаво си пишал роднинава, што и да ѝ беше. Капа му симнувам.
    [​IMG]
    А малата нека почива во мир...
     
    На AziskaStrslenka, Lavander, do-re-mi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    добри прашања sajonaramucaca, еве ги моите размислувања и сознанија...
    Не мора да значи. Зависи како е организиран затворот. Може да врши општо корисна работа. На пр. да готви за бездомници, да сади бесплатно домати и компири кои потоа би им се давале на загрозените и сл.

    Освен тоа имајте во предвид дека и процедурата и извршувањето на смртната казна државата исто така ја чини пари! Не е тоа бесплатна работа туку оди со многу трошоци.
    Тие не делат ист простор. Има посебно простории, дури згради за еден тип, посебно за друг тип на затвореници. Така е барем во САД, но мислам дека и во Србија има иста поделба.
    По таа логика, кој ќе го одземе животот на џелатот и оние кои го осудиле на смрт? Оти штом е редно да се одземе животот на оној кој одземал нечин живот, тогаш тоа важи за сите!

    Се согласувам дека не се работи за нормален. Но мислам дека решение има, прашање колку има луѓе и волја да се спроведе. Оние кои го гледале филмот Dead Man Walking а работен според вистински настан, ќе ме разберат на што мислам. Со психотерапија би можело да се постигне многу, незнам во конкретниот случај колку, туку зборувам генерално.

    За разлика од тоа со мачење или смртна казна уште повеќе се комплицираат работите. Според книгата што претходно ја спомнав - „Астрален хорор„ , така се создава кармичка врска меѓу осудените, извршителите и заговорниците на казната. Таквите души неретко одбиваат да ги увидат своите гревови, криви им се другите, и сакаат да им се одмаздат - зависно од околностите, можат меѓу другото можно е да се обидат да запоседнат некој друг лабилен човек низ кој ќе го истурат својот бес врз други жртви, можеби во некое друго време, и така тоа може да се врти до недоглед. Поради тоа насилството раѓа секогаш насилство, притисокот создава контра-притисок и доаѓа до ситуации од типот: „историјата се повторува„.

    п.с. Големо браво за текстот на роднината на девојката! Тоа е она што сакав да речам јас и претпоставувам другите форумџијки кои негодуваат за целата фама што се крена околу ова!
     
    На GirlRose му/ѝ се допаѓа ова.