Секако има соодветни луѓе кои сметаат и дали треба човекот да се казни.Во сооднос на тоа, веќе имаше и таква изјава, од адвокат, чинам беше дека заради ваков случај му било криво што нема смртна казна, тоа не го кажа обичен човек, дел од народот, кога тоа некој го мисли од Србија, што да се каже понатаму. А за народот, гледам се спомнува и нашиот, му смета власта во државава, па никој ништо не прави за да се смени.
...Дејлајт, твојот претходен пост намерно го прескокнав зашто не ми се виде како материјал за реплицирање. Нема секако да му се прогледува низ прсти и да се сожалува некој монструм само затоа што твојата вера те учи дека ѓаволот влегол во него како што си пишуваш на темава... И нема никаква потреба овој или на него сличните да готват за бездомници, како да не може да се најде некој кој тоа ќе го направи, фали уште општеството да дозволи од овој луѓе да чекаат леб. Мене ми е мазохистички поединец да верува дека ако нешто лошо му се случи, тоа го заслужил заради кармички некои поврзаности. И крајно нехумано и игнорантски ми е да се убедувам себе дека девојчево (или која и да е друга жртва) заврши така како што заврши од рацете на пореметениот, пак... заради лоши карми и не знам што.... За крај, не знам колку држиш на ум, меѓутоа живееме во секуларни држави во чија функционалност религијата не смее да се меша, затоа линковите и препораките за литература причувај ги за некоја друга посоодветна дискусија... И ако не знаеш точно, а само претпоставуваш како и дали се поделени затворениците и каде се движат, ако не поседуваш статистики колкави би биле трошоците за смртна казна за изолирани случаи манијаци во споредба со трошоците за нивното издржување во затворите (кои патем според новите стандарди за подобрување на условите е предвидено се повеќе и повеќе да наликуваат на хотели) подобро немој да навлегуваш, доаѓа само до ширење дезинформации. Истото важи и за другите размислувања кои ги „образложи“. И уште ова Не може истото да важи за сите кога наведените не манијачеле луѓе по улица за да ги начекаат сами и да го направат тоа што овој го направи па да добиваат ист третман каков што праведно би му следувал нему. Појасно ли е? Мислам... неумесно е кој било да се споредува со монструм од овој тип како што некои тука треснавте некои работи... ама добро нема врска, да не разглабаме понатаму.
Луѓе најнова вест е дека на монструмот му доделиле посебна ќелија за да не биде линчуван од затвореници,а бидејќи немал пари државата му доделила адвокат.Ај за одбрана ок сепак ќе му се суди,но ова да го бранат и штитат,Црна Србијо .Му се исполни желбата да биде убаво пречекан во затвор ,посебна ќелија и храна,сенадевам нема цела казна да ја отслужи така Друго,има сомненија дека тој изрод бил импотентен и бидејќи не успеал да ја силува Тијана,тогаш решил да ја задави Инаку ,до толку ме допира случајот што немам зборови ,се чувствувам како отсекогаш да сум ја знаела Тијана
Ооо боже Света Петκо, па дај и во домашен пρитвоρ неκа го пуштат! Ебате дρжавата! majli sto se krsti:.
Јас не го оправдувам човекот, само наведов какви проблеми имал, а сигурна сум дека и бил пореметен, психички и заостанат штом толку тешко завршил основно. А за смртна казна сум против затоа што секој со своето раѓање има право на живот и никој несмее да му го одземе тоа право. Ќе си одлежи казна во затвор, само незнам зошто толку го шитат во затвор па и посебна келија. Насекаде има вакви, вакво време дојде, самите себе си се мразиме. Се срамам што сум човек. Другарка ми у сред бел ден еден шиптар ја мавал го извадил к**от и ја викал да дојде со него ама таа некако му избегала и дојде кај мене. Секаде има вакви дегенерици. Човештвото отиде во неповрат, во секој од нас има по некое вакво чудовиште маскирано во човек. Ми се смачи од луѓето.
Морам да потенцирам дека секој обвинет мора да има адвокат, ако нема финасиски средства за да го плати истиот тогаш му се доделува од државата. Тука не е виновна Црна Србија, тоа е пишан закон во секоја држава. Казната ќе ја добие но тоа нема да ја намали болката на родителите, ниту пак на луѓето кои ја познаваат и ја сакаат. Станува збор за еден млад живот на кој што не му се даде шанса да се сретне со животот. Смртната казна е укината, но тој таму ќе умре. Нема повеќе да има шанса за да излезе на улица. Нема да има повеќе шанса за да нападне или да го стори истото на некој друг. Веројатно не посетил психијатар. Кај ваквите личности мора да има лечење. Импотенцијата е некоја траума од детството или пак одбивање на некоја девојка ( како еден вид пораз на неговата машкост ). Можеби бил злоставуван, како и да е тој се ,, одмаздил ,, за својата лична несреќа преку ова кутро невино девојче. Се прашувам како сега после сето случено да имаме доверба најпрво во себе а потоа во другите? Навидум личи на безопасен. А тој бил пес. Пес кој каса смртоносно. Нека почива во мир. Нема утеха за родителите кои го изгубија нивното невино чедо.
И до кога ќе живееме во страв,некој психички пореметен случајно да не не нападне и да не ни го одземе животот на нас или на нашите блиски.Ако е некој неарен со паметот треба да оди да се лечи,а не да го остават. да прави што сака. Ни криво ни должно,девојчето не е веќе меѓу живите. Да,треба да му се суди на тој ѕвер,да му се даде доживотно да лега во затвор,ама во мрачни простории,да се мачи,да се остави останатите затвореници да му направат пекол од животот.А кога би постоела смртна казна,ваквите пореметени,би користели мал дел од тој мозок што едвај го имаат и ќе размислат што ќе прават,ако не бесилка или каменување не му бега. Не знам во Србија какви се условите во затвор,ама кај нас затворите ги направија како хотели со 5 ѕвезди.Топла вода,средени собички,игралишта,тв,интернет,теретана,одлично јадење и што му е гајле на тој некој кој нема ништо во животот што ќе оди во затвор.Ќе живее на сметка на државата.
Да даде господ на монструмот во затвор истото да му го прават.Да го силуваат секојдневно, со секој прст што ја дпрел полека полека да му го сецкаат на парчиња.Со она што ја слилувал со сатар да му го исечат и ред други работи, ѕвезди да му вртат над глава. Таткоми вика: Нека му го дадат монструмов на таткото на девојчето па он да му пресуди. Гомно скапано, за вакви ситуации многу се нервирам па тоа недај боже за некоја година може и мене да ми се деси.Да ти е страв на улица да излезеш со друштво а не па сама. Многу пати сакав да напишам на форумов и за другите настани ама се додржав некако но ова ги премина границите ** Тијана почивај во мир
Вчера ја читав изјавата што ја дал . Кажуваше дека откако ја прегазил го молела за помош па за да ја замолчи и удрил неколку боксови по глава.Ја ставил во гепек и си отишол во кафана.По пат и ги фрлил стварите.Па отишол на пазар купил лопата.Ја задушил со дуксерот и ја закопал.Имаше и ред др вознемирувачки раб што и ги правел Страшно....
Дали единствената причина поради која ја задавил и фрлил у депонија, се случила поради неговата импотентност, или човеков имал стварно тешки пореметувања во развојот што и придонело за стагнација, проблеми во расудувањето не е уопште битно! Ако е за тоа никој не е психички здрав, па тогаш ајде за сите да се најдат изговори демек биле повеќе или помалку психички оштетени. Што и го прават судовите низ светот, а не мислам дека е крајно праведно и океј. Значи ова не е оправдување никако, и сметам дека (во случај да не е шпекулација), типов требало одамна да биде згрижен во некоја здравствена установа каде би му се понудила соодветна помош. Тоа што неговите роднини не се потрудиле доволно да го сторат тоа со време е делумно нивна вина. Пошто не ми е јасно како може бе со некого да си цел живот а да не дознаеш уствари каков е. Не, не велам да претпоставиш дека ќе изврши кривично дело, особено не од ваков тип, само велам како може да не провалиш дека нешто не штима со човекот, и да не забележиш дека во одредени навики драстично се разликува од сите останати. Колку што успеав да прочитам на еден српски портал тој живеел со мајка му. Епа тогаш како оваа жена со време не презела мерки за доброто на нејзиниот син? Не сакам оправдувања од типот - Не знаела, не била информирана бидејќи живеела во село вака - така. Зошто никој не е до тој степен прост денес, особено не родителите. Само може недостатоците на своите деца да ги трупаат под черга, а дека нема да укапираат дека нешто сериозно не е океј со детето а поминуваат толку време со него апсолутно ми е неверливо.
Немав намера да пишувам во темава, но содржината на горниот линк ме испровоцира. Мас - медиумите не гледаат подалеку од носот во борбата за кликови и доста често пласираат небулози само за посетеност. Пред некој ден вртеа вести што јадел дотичниот?!!! Е, сега за горниов линк, лично не ја исклучувам можноста мајката на девојчето убиено пред 4 години само да ја користи прашината крената околу актуелниов случај, само за да потсети и на нерешениот случај за нејзиното дете. А, мејнстрим медиумите немаат филтер и самоцензура, пренесуваат сé што ќе донесе посетеност. Мајката не ја обвинувам, бара одговори за слученото - родителската болка не е стивната и по 4 години. Но, веднаш да се ставаат бомбастични наслови, за второ, наводно, убиство без никакви докази е во најмала рака неумесно.
http://grid.mk/read/news/508308857/...rka-tvrdi-deka-go-pretepala-ubiecot-na-tijana Незнам што да кажам, не ми се верува многу многу во ова. Да бе она го тепала, а тој ништо не и вратил?
Татко на Тијана Јуриќ изјави дека ќе бара 40 години казна затвор без услов за помилување. Јас би рекла 40 години во самица со леб и вода.
http://www.webtv.rs/play/69791/sahrana- ... sni-snimci Многу бев оптимистична кога слушнав дека била исчезната, се шокирав кога видов како завршило сево ова. За грев бре... душата ме здоболе кога го слушнав татко и. Нека почива во мир девојчето :'(