Ваше мислење за овој настан. Позитивен или негативен став. Дали навистина до сега не знаеа каде се наоѓа??? http://www.youtube.com/watch?v=aC9idzWMR5U
Осама е виновен за смртта на толкав број цивили што во секој случај на ова гледам позитивно. Не ме радува ничија смрт но овој човек навистина беше едно големо зло. Сепак страдаа обични луге, а оние големците против чија политика напаѓаше си беа сигурни во своите фотељи. Само нека се спремат сега американците за одмазда, ал каеда нема да го остави Бин Ладен неодмазден.. .
Викендов ни е како од Дизни. Фината девојка се омажи за нејзиниот принц, злобниот човек е убиен. Просто човек да не поверува. Обожавам среќни завршетоци!!!!
И јас се сомневам во информацијава, не се дава така лесно Осама, ама пак цело ова славење по Америкава... ќе го налутат сега многу арапскиот свет, кога ќе се расукаат, со се што имаат. Гледам на СНН весели, среќни сите, Обама насмеан до уши, носот од гордост до горе... јако ќе биде за некој ден кога Осама Бин Ладен ќе и мафне на камерата од некоја пештера
Нешто што најмногу ме нервира кај Америка, сите се истренирани за глума и тоа од онаа вештачкана. Барак Обама во подледниве два дена е полн со сарказам и со потсмев. Прво на мета му беше Доналд Трамп (човек кој не е за потценување), а сега потегов со Бин Ладен- многу иритирачка глума во говоров. Јас лично не верувам дека баш токму сега, после толку години го најдоа. Америка располага со моќни разузнавачки служби, сигурно подолго време знаеле за локацијата на која се наоѓал Бин Ладен. Но, знаете и Американците се наоѓаат во некоја си предизборна кампања, па ова на Обама му дојде како kец на десетка. Не ме чуди ако се’ ова има политичка заднина. Јас знам и сметам дека тоа што се случи со Светскиот трговски центар во 2001 е лошо и е за осудување, загинаа многу невини луѓе. Но зарем не загинаа и многу невини луѓе во Виетнам, во Србија, во Авганистан, во Либија??? Или само Американците се сметаат за луѓе??? Кај и да е ќе се замешаат во некој случај со Голема Албанија, мислам дека имаат таков план за Балканов, а од тоа ќе бидеме засегнати и ние.... Секаде каде што ќе се јави мала искра, тие ја распалуваат и искрено ме нервира нивната политика која успешно прави раздори насекаде низ светот
Каде е телото и доказот? Го убија и сите среќно си живееја... NOT. Ништо не се решава со смртта на водачот, зашто остануваат следбениците. И кога Американците би престанале да жртвуваат цивили и обични луѓе - тогаш би славела заедно со нив.
Извадија слика од Осама кај што е убиен. Плус не верувам дека Обама би излегол така да каже пред цел свет.
Го убија водачот, но следбениците нема така да ја остават работата, па ќе изберат нов, млад водач, кој можеби и ќе стане помоќен, па ќе го вратат ударот. И работите не се секогаш така како што изгледаат...
премногу добра вест за да биде вистинита... финта америчка, да се прикријат други настани.. да се тргне вниманието на јавноста.. јас мислам дека најголема причина за оваа вест е да се да се занемари убиството на синот и внуците на Гадафи.. и некако ми мириса дека не е убиен Бин Ладен туку Гадафи... и ајде му текнало на Обама ќе го лажеме светот инаку кога би бил убиен Бин Ладен не само што ќе објават слики туку и низ цел свет ќе го шетаат неговото тело.. нели на снимките пред неколку години Бун Ладен има бела брада... како на сликата од телото има црна брада Спојлер
‘^ Не е сигурно дека Бин Ладен е виновен за рушењето на кулите и уништување на толку многу човечки животи.Тоа е сторено од страна на САД за да имаат после причина да ги продолжат воените походи против муслиманите и светот воопшто.
ИЗБОРИ се ближат, ИЗБОРИ се ближат, ПРЕД НАРОДОТ се лижат, ПРЕД НАРОДОТ се лижат !!! Што да коментирам. Некому му завршува мандатот. На истиот некому, рејтингот не му е ко’ на еден некому што победи, а.... и онда, то је то. Ал’ шта знам ја уствари, ја сум ти Македонка бре проста раја, тамо негде на Балканот, кај шо’ пиле не пеЈт.
Потполно се согласувам со ова и јас мислам дека настанот со кулите беше наместен од страна на САД и целата вина се префрли на Осама. Овие чисто- политички настани се многу интригантни и најверојатно поголемиот дел од вистината нема никогаш да го дознаеме
Да, и на ова не верувам многу многу.И пред извесно време нели се зборуваше дека е убиен Бин Ладен а потоа тој се појави на видео снимка во која праќаше закани. Taка да Never trust America.Чудна и за некои несфатлива политика водат.
Точно дека овие се премногу високи политики за ние да ги бистриме, но Ал каеда си ги презема заслугите за паѓањето на кулите близначки, потоа во Бaгдад кога со коли бомби беа убиени 130 луге пак тие излегоа со изјава дека е нивно дело,експлозиите во возовите во Мадрид- исто, и уште многу други, а дали и самите американци имале заслуга е тоа е веќе друго прашање. А и околу следбениците не значи дека со неговата смрт ал акеда -толку е - крај, ама барем со покажува дека ете неможе да се демонстрира сила на тој начин и да се помине неказнето. А и денес пакистанските власти ги уапсија шесте деца на Бин Ладен и двете сопруги,кога овој Бин ладен би бил жив незнам баш колку би стигнале до нив..ама пак ќе кажам, ова моево, како и цело ова е само матење празна слама, кој знае што се случува таму горе. .
Абе радост,поише и од ројал вединг.Кој настан го оценувате за најпозитивен во изминатата недела...пааа...се мислам,ама сепак мислам убиството на Бин Ладен. Тие таму у негови редови,се среќни,едвај чекале некој друг да ги фати мудата,бетер отиден во тоа главата за да си игра играчки.Овој стариов више на сите ни стана досаден,сега ќе има некој друг лош чико.Џокерот отиде,сеа Лекс Лутер е на ред,а Обама ти е сите суперхерои у едно. http://fun.mnogoo.mk/mk/articles/vesti/ ... vaat-drugo
Американциве се толку гупи што смешно е како лесно се манипулирани. Таму на некој обичен просечен граѓанин да му спомнеш некоја конспираси теорија ќе те гледа ко ментален да си. Слепо им веруваат на лидерите и појма немаат што се дешава низ светот Јас верувам дека е точна информацијата дека е убиен, сепак Обама не туку така излегува пред цел свет со објава. До сега имало само трачеви, нагаѓања и муабети, вакво нешто од белата куќа немаше. А дека сето ова има некоја позадина - има, не се сомневам. Само уште не сум сигурна што. Зашто баш сега, што прикриваат, дали стварно Осама беше виновен или му наметнаа, дали американците сами играат некоја игра.....еден куп прашања што се надевам наскоро ќе бидат јасни. Ако не друо барем викиликс да избаци некоја информација А тоа што е убиен, супер. Нема да жалам таков човек, ама такви ко него уште колку ги има ехееее.....не се тие толку опасни кои оние што легално убиваат невини луѓе во името на мирот
Бин Ладен из дед. Лонг лив Бин ладен. Верувам дека прикаскава е вистинита колку што верувам во тоа дека вчера со Бред Пит поминав жешка заедничка ноќ и Анџелина се утепа јавувајќи ми се од пуста љубомора И кај е телото? Епа нема га. Ма јок, овие Америве нека си ги остават сценаријата за во филм, за нивниот народ нека гледа со подзинати усни, мене ќе ми треба нешто повеќе за да поверувам во прикаската „и сите живееле среќно се додека не умреле“. Завршија времињата кога ги читав браќата Грим, а рака на срце и тогаш бев свесна дека Шаренокожа де факто - не постои. Токму така, избори се ближат, кај нас се поправаат улици, а тие убиваат лоши батковци. Гејм оувр.