Глуп е Обама. Наместо да им купи нови канти, он се замара со пукање и лажење. Нема кај нас лажги, цно на бело (или зелено на жолто) кантите се тука, можеме сите јасно да видиме. Без фотошоп. Ставревски лично ја потчукна и потврди за квалитетот
Појде курбан чоекот. Ништо. Утринско разочарување. Јас барем мислев дека на сите ке ни го оствари ди Американ дрим. Спојлер ке ја направи УСА како Македонија Не губам надеж. Ке излезе нов. А и 2012 си доаѓа тивко, нечујно, а на голема врата.
Леле колку го мрзам овој Обама, врска нема човече најслаб претседател ми е досеа никаква харизма нема. Многу сакам да се докаже дека е роден во Нигерија нели баба му рекла така што е од таму, па да го тргнат одма дури сакам и да го гонат за тоа кривично. Извинете за офф топик, инаку за настанов не се знае кај американциве ништо не се знае тоа тие Фидел Кастро триста илјади атентати му спремаа па ништо одма што е до нив во КУба, а не па Осама што е тешко за верување дека е мртов .. А и да е така, ќе го одмаздат неговите, сигурна сум, ако не биде и 3та светска еве на
Како бе го нема. Ќе го погребаат т.е фрлат во море, тоа е политика на САД бидејки сметаат ако го погребаат екстремисти ќе доаѓале на гробот Ох јеа. Јас најмногу верувам дека он е мртов и тоа одамна, може и природна смрт да е, па сега да стигнале САД до таа информација и да си направат филм дека они го ликвидирале. И да сега муслиманиве низ светов полудеа за информацииве. Ко Ал Каеда да нема друг лидер? Пфф сега ќе не столчат. Затоа и се предупредува да се внимава следниов период, можни се терористички акции од Ал Каеда. Браво САД ги побеснивте. Супер сте. А еве во спојлер фотошопот како ради ... Спојлер не е можно забите, брадата и носот и после 10тина години од сликата на Осама Бил Ладен да му се исти. Од километар се гледа копијата и шминката. Браво фотошопери, браво
Леле и кај нас предизборно да стегнат некој ваков...одма у Хаг ќе го пратат претседателон...пошо кај нас борците за човекови права се со калаши,таква е политиката и законот.
Се сомневам дека е убиен Бин Ладен. Ако е така зошто сликата е пуштена па потоа повлечена ?! Па и го погребале в море Чудно И не ли знаат американциве дека човекот си има следбеници па толку многу се радуваат?
Па тоа тоа, Роси, токму на тоа мислев. Во море, тоа прочитав и не знаев кој осмех да го фрлам во етерот Браос бе. Работава е - шије ми га Џура ама у велико, балски фустан шие он веќе. Се извинувам за мојот скептичен коментар, веќе втор по ред ама не ми дава бе. Бев присутна back in the days на една одлична конференција за тоа како медиумите веќе не се посредници за носење на вести, туку средства за манипулирање на широките маси. Демек нешто ново кажав - не кажав баш, свесна сум. Ама толку малку е потребно за да се направи една вест да изгледа веродостојно, и токму толку малку како еден фотошоп е доволен да рипнат да речеме повеќе од илјадници луѓе и да поверуваат што не можам да не сум скептична за вистинитоста на оваа вест. Историјата ја пишуваат преживеаните. Same old story, over and over again. Којзнае која верзија ќе ја учат нашите правнуци.
Сликата е повлечена затоа што е фотошоп - ама апла почетнички фотошоп. Се познава дека има мимика на устата како да е спремен да зборува, не му се опуштени мускулите на лицето. Не знам како можат сериозни медиумски куќи да објават такво нешто
Априли лили... април пројде мајов дојде, ама априли лили, скачат од сите страни новинарчиња: „абе ние само да видиме, каква ќе е атмосферата, ова беше чиста инсинуација бе“, демек као во воздухопловната УСА академија, кога ги вртат на тоа тркалцето, „а ти не истураш цревца добар си“. Така и ова, да видат реакција на американишен популација и без тоа патат од гојазност то мач бамбургери, крЌет, бејкон и бејкон, харт атакс, па ова беше тест за да не им дојде одеднаш, кога ќе ја објават онаа вистинската правата вест Бин е ладен . People are strange when you are stranger. http://www.youtube.com/watch?v=rdIqd2YD ... re=related
Мене искрено не ми е гајле за Осама. Мртов или жив - што мајка ни сторил нам лошо? Не знае на мапа да не пронајде, па уште и волкаво потресување... Whatever, се додека не ми наштетил мене и на мојот народ, што сака нека сардисува... па американчето сигурно нема да го жалам... Едни невини душички па они...
леле бе луге толку брзо заборавивте на кумановците од 2004 кога беа киднапирани од Aл Kаеда во ирак,и на сиротите кој знае сто им направиле усте телата не им се ни најдени, нити нова снимка немасе од нив, не се знае апсолутно нисто за греотка бре Hе дека и Aмерикациве се цвеќиња ама и овиее терористиве све треба да се истребат извинете за абукава, на друг компјутер сум
^^^ Не знам колку е веродостојно, пошто нити сум била таму нити можам да потврдам без да прошетам по тие простори, пак и греота е да се збори, но ајде... за киднапираните имав слушнато приказна од луѓе, наши кои работат по базите, но како обезбедување. Истиве тврдат дека, нит Ал каеда нит било која друга терористичка организација киднапира обични луѓе од базите демек, освен ако не се војници, а овие обичните, причината е што си се вплеткуваат во свои лични бизниси на купопродажба со цигари. Што значи, истите излегуваат од базата, на своја рака, своја одговорност, за да купат цигари и тие цигари да им ги препродадат на војниците во базата за далеку повисоки цени. Пред база секогаш има пак, група луѓиња, кои демек си гледаат својот бизнис и си го тераат, дал дечиња што си играат, дал чиче што продава арапско лепче, но... си стојат тие со одредена цел, мерат премеруваат, пребројуваат, евидентираат, колку пати, кој како што излегол. Пак, велат... ради тоа е демек, пак и демек од друга страна тамошните тутун босови, пошто им го уриваат бизнисот замешуваат прсти, бидејќи Ал каеда се занимава со организација на поголеми, позвучни настани. Пак, кој да знае, кога ќе ме прати некој таму да разберам ќе кажам што било,ако се вратам тоа да . Но, од толку време колку што одат наши луѓе, се’ имаше, се’ се случуваше, наши беше единствено тој пат. Друго не се случи, а и самите знаете дека од Куманово посебно си одат таму на печалба. А, во право си, имаме ние исто така причина, макар што секој од тие луѓе оди на своја рака, свесен е дека не е безбеден, но, најверојатно да не бев женско искрено речено и јас одамна ќе бев таму замината.. пак и прилично многу нашинци си има таму што отишле само и само за да заработат корка леб. Ма, за Американците ни мене не ми е гајле, се додека војната не ми тропне кај мене на врата, пак и зашто би на нивна страна, нема мене утре да ме изнесат кога ќе ми згусне во климатизиран автобус секако, нити ќе ме седнат во министерство за надворешни работи.
Конечно го убија! Таков злобен човек, број еден терорист во светот, виновен за смртта на илјадници човечки жртви, уште одамна заслужуваше да умре. Американците денес се среќни и слават, ова е најдобрата вест што веќе долги години чекаат за да ја слушнат. Само ме плаши тоа што Ал Каеда е огромна терористичка организација, го имаат најголемиот терористички тренинг камп во светот каде што илјадници следбеници на Осама Бин Ладен се обучуваат и припремаат за следни напади врз САД и најверојатно смртта на нивниот лидер уште повеќе ќе ја зголеми нивната омраза кон Американците и желбата за одмазда.
а бе жапче пуста пара бе Kога нема леб да се јаде со ќе прават лугето? и нема врска се живо и диво киднапираат тие, од новинари до градезни работиници, до хуманитарци оди на википедија и процитај ке видис еден куп има, поготово 2004 беа најбројни колку само ги испоубија да не ти набројувам коса ми се крева од туристи од непал, до програмер од јапонија, бугарки софери, и еден турски англиски новинари американски градезници имас википедија прочитај си само 2ца француски новинари биле ослободени, бидејки течно збореа арапски, а беа држени 2 години во заложниство.... ги пустија со наредба да преминат во исламот.... Oф мори мајко
Киднапираните Кумановци беа таму за да водат туѓа војна - американска. Слаби сме, а тие силни, па користат сиромаштија од целиот свет за да ги конструираат своите политики и теории, да го лажат светот дека се залагаат за човекови права, а да собираат природни богатства преку нивната надворешна политика.
глам јас пак кажав, се било за пуста тара, и тие не биле војници туку градежни работници. и сигурно никој не заслужува таква смрт, и да остане непогребан... и не само тие, туку сите невини луге што биле убиени на тој начин зашто недај боже, тоа можело да биде мој или твој брат.... а нас каква ни е земјата, без денар сме повеќето си го ризикуваат животот да градат таму згради, за да имаат пари едно лепче да си купат од убавина таму не отишле па дури и американските војници... нив им е наредба да одат таму, не оти тие пукаат од желба да одат во некоја екстремистичка држава.... главата на земјата е крива, а не сиротите луге што гинат таму пак ке кажам не дека Aмериканциве се цвеќе,ама радикалните исламисти се ракот на светот едит--- и да во право си, почнивајќи од крстоносните војски, на оние големите важна им е материјалната страна а обичниот народ што гине таму, не е важен..... Aко де, ние битно пари ќе имаме, па ако треба и пола од нашите млади машки војничиња нека си умрат
Ах море Лудо, кому му кажуваш, знам. Додека седев без работа кога завршив факултет се мислев и јас за тоа, имаше огласи за во базите, за што се не, преку Косово, ли поима немам сега. Ама не отидов, баш поради тие работи, пак и женско. И да во право си тие беа градежници, малку се оние од кај нас што одат за да водат војна на Американците. Или одат градежници, или келнери, чистачи и сл. во базите, или обезбедуваат. А, обезбедувањето е само во базата, во одредени зони. Имаше исто пред некоја година и таков оглас за во борбена линија, но никој никогаш ништо и нема кажано за тоа. Тоа е. Во секој случај, некој во нивна држава отиде правда да дели и да продава демократија. Тоа е проблемот, затоа и се такви. Пак и кај нас кога беше војната беше истото. Кога ни дојдоа да ни попуваат не се чувствувавте исто, кога ги изнесоа од Арачиново, не ви идеше да потепате се живо диво американишен и нато-компанишен. Мене лично ми идеше, на цело мое семејство му идеше. Пак, кога ги земав да ги читам книгите за војната и кога ја видов онаа со сликите од убиените, згора на се од Дом на АРМ, а таа што ми ги даде уште ми ја сврте од зад да ми го покаже мажот и меѓу загинатите. Уф.