1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убиен Осама Бин Ладен

Дискусија во 'Политика и настани' започната од FBI, 2 мај 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Искрено фактот дали го убиле или не Осама не ми предизвика потресување ни на едно влакненце од косава ми бујна,а верувајте отсекогаш сум имала вишок на тема волумен на коса.
    Дали го убиле навистина или имаме повторно евтино сценарио не ми е важно,ама изјави од типот како е елиминиран најголемиот терорист на планетава и како правдата е сега конечно задоволена се најблаго кажано претерани заблуди и блуеници.Бидејќи по реципроцитетот на правда токму таа Америка или САД поточно се најголемиот агресор на глобално ниво,па која правда жити се ја бараат?!Нонсенс,ама добар е бидејќи во истата таа земја сите знаат кој се Симпсонови ама најчесто немаат огромен дел од нив поим кој им ја води политиката во тековниот момент,така да за кого е-море одлично е.
    Туку на тема избори во блиска иднина,кај нас и САД во моментов има една аналогија.
    Постои изрека-„На импотентниот владетел му се дига народот„
    Е,па кај нас и во САД нема кој да се дигне,нашиве се со вечен недостаток на тестиси по ова прашање,овие другиве со недостаток на мозок и заедно сите-молчат.Иако постои израз „мудро молчи„ во случајов не ќе да е такво молчењето.
     
    На 1209, zhap4e, Marilyn-Monroe и 3 други им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Тренд топик на твитер е Осама бин Ладен :)
    #osama
    #obl
    #Saddam Hussein
    #God Bless America

    И ова го прочитав на твитер, морам да го споделам со вас, некој многу добро се изразил : ;)

    A prince gets married, the bad guy is dead. It's a real Disney weekend here on earth. #osama #obl “
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.060
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Колку глуп народ се овие амриканциве, невозможно е еј :fubar:
    Се радуваат, слават, ама до кога тоа ќе трае само...Еден човек не ја прави цела организација, ништо нема да ги запре, поготово сега.
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    11.581
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми личи на едно добро исфилувано сценарио на американциве. Некако не ми е верно. Па човеков под дрво и камен го бараа, а за 40 мин одеднаш се било готово. Го средиле. Жими мајка. Туку ова американциве се толку големи манипулатори, што знаат така добро да испрезентираат вест, па уста да подотвориш. Не викам не, можеби и грешам. Како и да е, секоја им чест. Се снаоѓаат луѓето
     
    На bestrasnost123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    На FBI и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Па ако го барале 10 години не значи дека сега треба да го пукаат 5 месеци :) Ако го нашол некој, 40мин се сосема доволни за ликвидација. Барањето е проблемот, а не "средувањето"
    Ова ошпто да појаснам....а не верувам дека они го средиле, вчера
     
  7. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    26.144
    јас тоа си помислив.. Што ги чека сега.. Сигурно АлКАеда нема да им го прости ова..
    Го гледам славењево и си мислам од каде ќе нападнат следно..
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Господине Обама... Тешко вас ако треба да учам и за трета светска војна. :bow:
     
    На Independent.girl и zhap4e им се допаѓа ова.
  9. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Абе луѓе тие Кастро не можат со нив што е им мафта што се вика од Куба после толку обиди за атентат се од инат им праи да го ликвидираат го ликвидирале Бин Ладен, како не. Постојат хируршки зафати пластични операции итн итн тие таму прво во организацијата не моеш да препознаеш кој кој е а и во тие предели и региони лично и мене многу ми личат меѓусебе пушти брада иди на пластична операција и многу лесно може да излаже изгледот. Да бе дојде Обама и све реши туку-така а до вчера Ал Каеда ич не ја спомнуваа и туку-така бап-бап го убија Осама а? Офф пусти американци..за сликата фотошопирана да не збориме што ја видов поназад.
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Осама е мртов исто толку колку и што постоеше. Американциве си играат со светот Мижи Митро толумби паѓаат :rock: Колку само смешно изгледаше изјавата на Обама, као демек да се убие Осама е мачешка кашлица. Имале терористиве поставено бомба во европска метропола која чека на активирање ако нешто му се случи на Бин Ладен. ЦЦЦЦЦ, многу ме интересира каков настан смислиле Американциве сега, као демек еве ги наследниците на големиот водач на терористите се одмаздуваат. Проѕирно нема што!
     
  11. angie

    angie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    242
    BREAKING NEWS: Chuck Norris returns from trip to Afghanistan! :rofl:

    Сликите од мртвиот Осама се очајни..... баш ме интересира каква фарба за брадата користи - со амонијак, без амонијак....
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  12. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    11.581
    Пол:
    Женски
    Знам дека 10 години е баран, ама некако не ми е верно, се така набрзина. А и изјавите се некако многу вештачки, како и луѓето да не веруваат во нив
     
  13. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Не праи беља више чоечето. Готов е. :|

    - Јас го “скинав“ батката! :muscle:
    - Вистина?
    - Да бе!!!
    - Браос. :clap: :clap: :clap: Камо телце да видиме, макар мало прсте од ноџе нека е... :angel:
    - Ај не гњави, јас го оправ, кој бара тела или крв врела? :^)

    Е вака и Обама. Битно си шиба преЦедателот пред претходникот.
    Го фатил, го убил, никој не го виде, ниту тело најде за идентификување, ама битно одмаздата е реализирана.
    Трубирање на глуво. |(

    Verba non res.
    Или како и да треба да се формулира.

    Ма да јас дур не го видам, не верувам ни на слика ни на мимика. :shake:

    А пак каква сензација е новоста... |(
    Општо славје кај нас, како конечно Каролина да ја маживме.
    Страшно.
     
    На Theodora, Phyramide и LivingGlam им се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Mртов е, не е мртов, мртов е, не е мртов, мртов е, не е мртов...
    [​IMG]
     
    На Independent.girl, Buttterfly, angelce1 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    колку што беше опасен за Американците толку беше и за целиот свет, а и за нас, за ништо немаме ќелии на Алкаеда.

    само што не верувам дека е мртов.
     
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Е да, ниту докази, ниту ништо. Си провериле они ДНК демек и ајде, го фатиле и фрлиле во море. Хм...
     
  17. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Лагааа !! Зарем не гледате дека сликата е монтажа ? Дека е истата само што оваа новава е монтажа.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сега слушав вести на А1, па ме испровоцираа да коментирам.

    Еден тип, не видов кој и од каде, вика ,, Денес се разбудив во побезбеден свет.,, Да ми извини човекот, ама Бин Ладен, додека беше жив, многу мала беше веројатноста да дојде и да те упука. Немаше време тој за такви ,,банални,, работи... :D

    Значи, со неговата смрт ама баш ич не се чувствувам побезбедна. Нека бидат сигурни дека зад себе оставил премногу следбеници, премногу екстремисти кои сега се разгневени и чекаат време за одмазда. Неговото убиство е исто како да ја убиеш најголемата змија од змијарникот, а зад себе оставаш полна дупка со мали змиичиња, кои имаат тенденција да станат the boss. 8)
     
    На BabyD0ll, Offspring и LivingGlam им се допаѓа ова.
  19. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    А кој е тој?? хахахаха :lol: :rofl:
     
  20. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672

    добро што мислите зашто би измислиле Американците дека Бин Ладен е мртов, која им е целта?

    лично и јас не верувам дека е убиен но незнам што име финтата со оваа лага?