Не знам дали слушнавте на CNN дека постои веројатност, Осама Бин Ладен да бил убиен уште пред една недела, но да се чекало сега да се објави за да се докаже дека е он со ДНК анализа. Инаку и јас мислам дека е убиен, а за тоа во морето дека е фрлен вистина постои таков обичај, особено кога станува збор за вакви ексремисти, за да нема навалица на неговиот гроб од луѓе следбеници и да не прават глупости. Е сега тоа што со него не умира целта на Ал Каеда и на сличните организации тоа е веќе друга тема на мубет.
Човекот си ја заврши својата работа за американците и повеќе немаа некоја корист од него, така да до таму му било, им отвори пат за војна на истокот и контрола на нафтата, иначе организации како Ал Каеда нема никогаш да ги снема, тие се апарат на ЦИА исто како и "нашиве" северно од нас, ќе ги притиснат и активираат во моментот кога ќе им бидат потребни, иначе дека Осама од пештера го организирал нападот во Њу Јорк или врз Пентагон некако е тешко за верување
Ексклузивна вест е дека Бин Ладен е убиен одамна, меѓутоа сега дури се крева прашина и помпезно се најавува бидејќи американските воени сили пред неколку дена го убија синот на Гадафи - Saif al-Arab (29), неговиот внук Saif (3) и внуката Kartag (2) како и 4-месечната Mastura(исто внука на Гадафи)..Семејството на Гадафи не можело на мир ни да се опрости од своите најблиски, бидејќи американските воени авиони и хелихоптери деноноќно ја бомбардираат Либија, а посебно Триполи. Со наводната смрт на Бин Ладен американците сакаат само да го одвлечат вниманието на јавноста...Братот на Гадафи излезе во јавност и изјави дека можат се да земат Американците(и нафта и ураниум и се...), само нека не ги убиваат нивните деца и внуци, кои не се виновни за ништо...
Жално за децата, ама па заради Гадафи и фаилијата колку други деца загинале???? Или тие не се греота зашто не се од Гадафи??? Се гледа за за своето најмногу боли.
А од каде им е правото на Американците да се мешаат во внатрешната организација на секоја држава(само кај Русите не им пали за жал..)??? Балканот е протекторат на Америка - тоа е јавна тајна, нели? Виетнам, Авганистан, Ирак, Либија, Палестина - направија хаос сегде со цел да ги присвојат природните богатства на другите држави...Од каде им беше правото да ја бомбардираат Србија заради тоа што не сакаше Милошевич да се предаде во Хаг? Од каде им е правото да прават воени бази на Косово со цел истото да им го дадат на албанците, а Косово и Метохија се срцето на Србија...За шверцот со органи во кој се замешани заедно со Косовскиот т.н. премиер Хашим Тачи подобро и да не започнувам да зборам...И како најново нешто е што Прешево, Бујановац и уште една територија(не ми текнува која беше) ќе им биде дадена на албанците...Уште малку фали границата на Србија да започнува од Белград... Може милион вакви други примери да се набројуваат за нацијата која сака да управува со целиот свет...Само нема нивните изветиперени цели и идеи да им запалат секаде, по цена да има глобални немири...
тоа ти е кога си најмоќна воена сила. Да не е Уса ќе биде друг. Такви се игрите за жал, а патат невини луѓе.
Излезе официјалната слика на мртвиот Бин Ладен. Внимание - вознемирувачка содржина во спојлерот Спојлер
Знаев дека ке гориме во пеколот. Уште повеќе дека точната локација на темава треба да биде во Насмевка.
Се согласувам со Милки Кенди погоре,баш тоа го коментирав со моите.Не е случајност после она со Гадафи,да излезе сега ова.Американците добро баратаат со маркетинг и всушност нивната заебана држава се базира на добар маркетинг,а таква информација колку и да предизвикува воодушевување кај луѓето секако би ја чувале за да компензираат со нешто и уште поголема корист да извадат од истото. Ма да,дали е точно со синот на Гадафи тоа,зошто мангупот имал еден таков случај во кој,демек неговата посвоена ќерка била убиена,а испаднало на крајот дека ја посвоил откако девојчето веќе било мртво.Језиво...но што е точно,кој знае.Нејсе,едно е сигурно Американциве живеат од воена индустрија и мора тој народ леб да јаде,па нон стоп си прават сценарија и постојано они се главен и позитивен лик,просто да ти се приповрати.Не за џабе Холивуд е кај нив.Теоријата е,Осама бил нивни соработник,знаел повеќе од што треба,почнал да им оди контра и тоа за големи работи,а за овие пак што се два авиони,две кули и не знам колку луѓе таму ко жртви,кога и онака ќе имаат поголеми придобивки.А башка што им отворил причини да се мешаат директно во внатрешни политики на други земји,паралелно да се докопуваат до нови богатства и ресурси,а бонус воената индустрија да си ја живнат,што исто така значи пари. Несреќата со кулите близначки никогаш не била потврдена ко дело на Осама и самата Ал Каеда.Сурово смешни приказни прават.Чоекот не ми бил комшија за да го знам каков е,мразам екстремисти,терористи и што било од таков калибар,а да не навлагам у други делови,ама ме занима делот наречен правдина. Зошто не бил фатен и суден,па и осуден?! Еве излегле верзии дека тој бил фатен па убиен пред неговото семејство. Нели еу,нато се залагаат за хуман третман,деократија,човекови права итн итн?! Мене ми беше многу грдо кога слушав на вестите,Еу го поздрави убиството на Осама...хм.Паралелно ми дојде многу тешко. Зошто тогаш овие нашиве седат во собрание?! Какви права се бараа тогаш?! Нели некако исто е,само пошо сме ние шака беда и сиромаштија со се тие смрдливци,па ова бил нашиот начин на борба со луѓе од ист калибар ко да речеме Осама шо бил. Осама,Обама или не знам кој може нас не не засегаат толку многу,ама сепак и нас не не одминуваат кретенските политики и случувања,ама нас кога ни го наденуваат,ни го наденуваат квалитетно.Немаш право ни вазелин да побараш и си ќутиш,душа ти плаче. Неправедно е ништо и многу е убаво кога ќе отворам на некој сајт,6 начини да живеете посреќно и го читаш од занимација,зошто ти ко поединец,шо немаш никаква улога,си креираш и си живееш некако и сфаќаш дека се помируваш со просечност,неправедноста и површноста,а светот и животот у суштина не се толку розеви. Ах да не зборам,нас ништо не не занима,ама баш ништо,дури и кога у дворот ти се дешава.2001ва у Тетово се дешава планинска бура,ко вчера се сеќавам,сите седнати по кафичи,ко ништо да не се случува човече.Акционен филм,кој умре,умре,кој не,ќе ни раскажува.Малку оффтопик,ама морав да кажам колку смирен народ сме,ваљда дека до скоро дијазепами без рецепти се земаа...страшно.
Не да си во право за тоа , само погледнете како се трудат вестите да се забошотат со тие настани во Либија. Јас уште кога почнаа настаните тоа се прашував, како е можно толку дневно бомбардирање, а од никаде буквално не стинга нити една вест за убиени цивили. Познати си се тие нивни професионалци, бар на нашиве простори, колку се вистински професионалци и како оцелуваат. Но ете бе, овој пат, да ти биле они истренирани изгледа од сите досегашни нивни вакви акции во кои секогаш имаше жртви невини, болница, амбасада или што годе било, нешто што било ептем далеку од базите.... бидејќи бази се бомбардираат не населени места. Пак дури и да е што би се рекло вистина за оној напад врз местото каде престојувал Бин Ладен хахаха таков напад такви крвишта, чуда, во место каде е целото негово семејство збрано и неговите жени, со кое право, макар тој вистина да е виновен за близначките и смртта на толку невини луѓе. Но, Американците низ историјата си ја имаат таа нивна стратегија не само за маркетинг ко што вели Лилит, но и да исценираат конкретни цели настани, за кои сите денеска учиме во историските читанки, во кои се они жртви... а, всушност или тие ги поттикнале, т.е биле извршители, или за истите знаеле, но оставиле да се случат за да си го оправдаат својот задник, за да влезат во акција, типичен пример еден Перл Харбер . Една тогашна Америка, која цело тоа време беше надвор од војна, водеше политика на изолација и не се мешаше во војна, дозволи некакви си камикази да го сторат она, поради тоа што тие толку се изналутија и им ги скршија кичмите на силите на Оската, ма дај . Молимти се. Па, и за близначките доволни беа оние документарци мислам дека со објаснувања од експерти што се е потребно за такви објекти да се срушат.... така што, со нив и се е можно. ЕДИТ: освен тоа, забележете ја еуфоријата што владее во Америка, натписи за Обама, истиот Обама кој ден пред тоа беше критикуван, плукан заради лошата политика, неостварените ветувања.... а избори ќе си имаат, така што, влогот е голем, за нив, баш се е можно.
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137532 Сеа тоа им е преокупација, битно он во тестаментот изјавил дека нејќел жените да му се премажат, а децата да не се приклучат на Ал Каеда.
јас само едно ќе кажам што ми пренеле роднини кои живеат во Америка, за терористичкиот напад на близначките е само виновна Америка, луѓето знаат дека Буш добил огромна сума на пари за да се случи тој напад, можеби не ви е за верување, но тоа се збори меѓу американците, а некаде по интернетот ова излезе и како вест, но мене не ми се веруваше се додека не ми потврдија родините кои таму живеат.
јас не верувам дека го убиле,мислам дека има он договор со обама за да може обама на власт да остане ,да победи на изборите и да се фали дека го убил анјголемиот непријател на САД.све измислици се тоа и првиот пат викаа дека го убиле,после друго излезе ..
Епа од твоето мислење до тоа што се случило има многу. Како сакаш да докажат дека е вистина? Да објават слики и после да настане Трета Светска Војна? Баш дипломатски ја средија работата Американците. А иначе јас имам живеено во Америка повеќе долги години, и додека бев таму сум ја слушнала таа верзија... дека Буш всушност бил главен за близначките. Сепак ние не сме тука за да му судиме, има кој да му суди. А ако е вистина, незнам како спие на вечер. Како и да е, верувам дека овој криминалец е мртов али ова нема да е крај за ништо. Напротив, од сега ќе почнуваат немирите насекаде низ светот. Спојлер http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=10&id=30847
Не ми значи многу дали е убиен или не, но еве јас лично не верувам во приказните дека Осама Бин Ладен е убиен.
Во однос на близначките сите знаат дека Америка сама си го исценира тоа за да има причина плус да го напаѓа Ирак т.е. да има алиби зошто трупите уште киснат таму, ја пустошат цела земја, се ради нафатата
Мое мислење во врска со ова е дека Осама Бин Ладен не е убиен. Тој е моќен човек и зад него стојат многу луѓе во сите области. Зарем може да остане човек во некое место, како што остана тој во Пакистан 5 години без да биде фатен? Нема шански! Според мене, тој веќе одамна го има сменето идентитетот, а овој „Бин Ладен“ или пак некој иден ако биде фатен по не знам кој пат ќе биде само еден обичен клон.
Прочитав повеќе мислења од типот „Осама не е мртов - Осама е многу моќен, не умира туку-така...“ Да не должам натаму, но верувајте, колку што Осама е моќен, или не знам каков, Америка е едно добри 16 милиони пати помоќна и поспособна на се’ што треба за да се елиминира еден од нај-терористите на сите времиња. Тоа дека и’ биле „потребни“ 10 години за да го најде и елиминира не е некаков си доказ или показател на нејзина немоќ или неефикасност, туку едноставно на случајот сево ова време работеле толку шпиони, специјалци, агенции, и разно-разни сили, што со текот на годините се „трупале“ докази и докази, за кога ќе дојде „вистинскиот“ момент, да се спроведе таа акција со 0% шанса за неуспех, како што и видовме кога го убија. Акција баш како што сме навикнале да гледаме во филмовите.