Убиство во Скопје - избоден матурант во Ѓорче

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Elennaa, 19 мај 2014.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Го погребале детето, нека му е лесна земјата. :(
    Срамота е ова што се пишува по порталите, да му се згрози на човек. Никаква почит да се немало, никакви скрупули...
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Мајката на Ангел никогаш повеќе нема да го види своето дете..Нема да дочека да се радува на неговата диплома, на неговата свадба, на раѓањето на неговите деца...Мајка та на Ангел никогаш нема да ја почувствува среќата во својот живот...
    Изгубивме млад човек, кој утре можеше да биде доктор,најверојатно ќе спасуваше многу други животи...Ќе беше татко на прекрасни дечиња, сопруг...Личност која во се ќе допринесуваше за подобра иднина на оваа земја...
    Мајката на свирепиот убица и понатака ќе го гледа...Ако правниот систем на оваа држава е во ред, ќе се осуди на доживотна робија како и следува на таквите монструми и таа негова мајка ќе оди и ќе го посетува во затвор...
    А може и чичко му од Швајцарија да фрли некои 100 000 еу и да го плати адвокатот да смисли приказна како што и веќе Двојаков ја осмисли...Вујко му од Франција да го плати судијата, братучед му од Косово обвинителството и така монструмот да биде на слобода и да помине само со условно...И така монструмот и понатака ќе живее, слободно ќе краде и пљачка, ке шета со нож за некој што ќе го погледне на криво да го забоде во срце...Мајка му ќе си го гледа и понатака...

    Така да постот од Мухиќ не држи вода...
     
    На MIA-SK, makedonkamak и Ane.a им се допаѓа ова.
  3. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Професорот по филозофија Ферид Мухиќ загрижено констатира дека трагичниот инцидент во кој едно момче смртно рани друго момче, покажа дека таму каде што има 'наши и ваши', омразата кон сторителот е посилна од жалта за жртвата.
    „Како да никој не гледа дека на сторителот со ова му е запечатен животот! Оти секој што убил, станал жртва на сопствениот злостор. Тоа што нивниот го уби нашиот ги заслепува сите. Оти таму каде што има нивни и наши, никој не ја гледа целата вистина и ништо не е заедничко. А таму каде што никој не ја гледа целата вистина и каде што ништо не е заедничко – нема ни луѓе! Оти луѓето стануваат луѓе, дури откако во секој друг и во сите други, ќе видат човек. И народот станува народ, откако во секој што живее во истата држава со него, ќе види сонародник и како сонародник ќе го прифати! Во трагедијата страдаа двајца млади луѓе, двајцата жители на Македонија, двајцата од мајка родени, со мајчино млеко доени, двајцата гледани и сакани од нивните родители и солзите на двете мајки за двајцата не ќе секнат никогаш, ни воздишките на нивните татковци некогаш ќе стивнат, а сепак како никогаш да не живееле во иста држава, во ист град, во дел од градот, како да не биле врсници. Илјадиници млади како нив, живеат исто така: како да не живеат во иста држава, ни во истиов град, како да не сакаат иста музика и како да немаат исти соништа! Кражбата на еден велосипед едниот го чинеше брза смрт, другиот пак поради тоа ќе умира цел живот. Омразата што ја шират оние кои својата моќ ја градат врз поделбата на Нашите и Нивните, ќе стори врсниците на двајцата млади, чии што животи се уништени поради еден велоспиед, да се поделат во две волчји глутници што ќе се мразат, што ќе се плашат, што ќе се демнат за да се убиваат едни со други. Зар омразата стана посилна од тебе - Смртта, та веќе не ти остава ни со мртвите да ги смириш живите!?“, прашува Мухиќ.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Велосипедот на Ангел воопшто не бил изнесен од семејниот двор

     
  5. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    На Dvolicen и makedonkamak им се допаѓа ова.
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.388
    Допаѓања:
    17.606
    Пол:
    Женски
    Со други зборови, Мухиќ сакал да каже, дека наместо да го осудуваме сторителот и да протестираме, требало само мирно да жалиме по Ангел а виновникот да падне во сенка и да се подзаборави случајот.

    Епа Мухиќу, нема веќе молчење на убиства, нема веќе толеранција, туку што побрзо протерување на "вашите".

    Започна делувањето на нашиот правен систем во полза на сторителот, со полна пареа се делува, можеби на крај ќе испадне дека починатиот го купил ножот од локалната продавница додека трчал по сторителот и дека самиот се фрлил кон сторителот со ножот вперен кон неговото срце. А сторителот гревче, се нашол на погрешно место во погрешно време, а плус и не догледувал па ништо не знае тој, ништо не видел (позната шиптарска фраза-"ништо не знам ја")
     
    На danielka0507, Valentina.Vaki, makedonkamak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да, ова е целосно точно. Велосипедот не бил украден, туку само имало обид за кражба. Ангел и татко му тргнале по него со кола за да го пресретнат и физички да се пресметаат. И се случило тоа што се случило. Тоа јасно се гледа од камерите. Јасно се гледа како застануваат со колата, го чекаат, се гледа како убиецов оди накај мостот, тие двајца тргаат по него, го влечат убиецов, го тепаат, и се враќаат во кола. После 10 секунди забрзано излегуваат двајцата од кола и тргаат накај болницата, најверојатно од висок адреналин Ангел не ни осетил кога бил прободен, видел кога влегле во кола. И тука на скалите всушност Ангел им подлегнува на повредите. Знам за ова од сигурни извори. Прво како што прикажуваа мислев дека на лице место кога се случила кражбата се затепале жртвата и убиецов. Затоа и не ми беше јасно како жртвата се нашла на скалите од очната болница кога кажаа дека од дома му го украле велосипедот. Всушност тие отишле по него и го чекале за да го пресретнат. :x

    Е сега, колку и да звучи лошо и безчувствително и колку и да ме осуди некој, мене прашањево ми е следно: Со кој мозок бре човек тргаш по крадец, кој патем не ни украл нешто, и тоа па уште заедно со своето сопствено дете?????? Каде тргаш да се пресметуваш со криминалец кој се знае дека штом е криминалец е вооружен????? Каде одиш?????? Колку и да не сакаме да признаеме ова е убиство во афект, не било планирано и повеќе било од страв и забрзана инстинктивна реакција.

    Па и Албанец да е, и Македонец да е, и што и да е, крадец е, криминалец е. Се трга ли по криминалец бре???? Се знае што се прави во такви ситуации. Се јавуваш во полиција, пријавуваш обид за кражба и крај. Па после тие си знаат што треба да направат. И Македонец да бил може истото ќе се случело. Или дека шиптар па ај да идеме да му покажеме и двајцата да го претепаме а? Ах бре, сам главата во торба си ја ставил. И јас бев од тие што вчера пишуваа се' и свашта на темава и стојам зад тоа ама сега најмногу го кривам родителот. Убиецот си е убиец и треба да се казни најстрого, да, ама татково направил катастрофална грешка. :x
     
    На gangstergirl, Viki693, daylight и 4 други им се допаѓа ова.
  8. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Уште ли не го најдоја оружјето, како можи?
    Многу чудно ова, да и нема кажано на полицијата кај го фрли, дали полицијата го прибра па не коментира, од кого припаѓа ножот, кај е ножот?????
    Дали лажи убиецот сега и се вади со тоа или е во самоодбрана леле се е можно луѓе
     
  9. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Може не му било прв пат да сака да им украде нешто од дома. Доста луѓе ми кажаа дека овој во Ѓорче правел пепел, не точаци, не станови, не коли.. Свашта. Ама од полицијава секогаш се вадел пошто имал вујко инспектор и тој го повлекувал од секој проблем. Може да и вака како што викаш ти, ама што знам. Сега и мене дури ми го смени мислењето.. :?: Иначе татко му не е починат, во болница е имал срцев удар и е во кома..
     
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Да, кажаа дека одамна и' бил познат на полицијата. И за тоа треба сега да се даде објаснување, како криминалец со кривични дела си шета слободно? Кој го пуштил? Кој ќе ја превземе сега одговорноста? Ама сепак тоа не ја оправдува постапката на родителот. Требало да пријави во полиција и толку, а не да ја превзема работата во свои раце, па уште заедно со детето отишол.

    И немој да мислите дека затоа што е Албанец па затоа го пуштале, и кај мене во населба има неколку Македонци криминалци кои сите ги знаеме и знаеме како се на слобода - со врски. Ама затоа никој не се чепка со нив, не доаѓаме во директен контакт, вртам глава, заобиколувам улица и крај на приказната. Да ми влезе некој таков дома, не дај Боже, само ќе му речам еве слободно земај што ти душа сака, најсериозно. А што би требало да направам? Зарем со таков човек да се расправам? Не ми доаѓа на памет. Еден телевизор нека го земе, ќе купиме нов, ама животот не се враќа.
     
    На Sanjichka007, daylight и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.712
    Пол:
    Машки
    Навистина ми е жал за прерано згаснатиот живот , нема зборови да се опише тоа кога некој млад живот ќе згасне прерано.А околу тоа кражбата ,мислам дека таткото на младиот Ангел е тој кој не требало така да изреагира и со тоа да го доведе во опасност својот млад син , требало да ја остави таа работа за полицијата пријави и нека си тераат тие работа па и за тоа земаат плата, нема потреба ние самите да се справуваме во една средина како што е Скопје , а со тоа и да се ставаме во опасност .
    Како што знаеме оној што се бави со тие валкани работи не оди никогаш празен со себе носат , ножеви , шипки , дури и огнено оружје па затоа и еве што се деси , реакција во афект и на крај го нема младиот Ангел .
    Сум против секаков вид на насилство без разлика на тоа кој што е и од каде е , затоа ова нека ни е пример кој секако ќе не потсетува дека нетреба да се реагира на начин закој после самите ќе се чувствуваме виновни .
    Нека му е лесна земјата на младиот Ангел нека почива во вечен мир ... :(
     
    На gangstergirl, babyblond и daylight им се допаѓа ова.
  12. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Не се палете на изјавите на адвокатот на убиецот тој дебели топчиња пари си зел, ама не се секирајте, ете највија преѓе на вестите дека во сптември ќе има пак предвремени избори(Оти му се заканил Али на Премиерот со што не запамтив во случај да не се реши спорот со името до тогаш),ќе се стегнат повеќе и ќе го решат случајот,ако не го решат ете овде имаме доволно членови кои ќе ве насочат за кои да гласате.
     
  13. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    За какво видео зборувате погоре?
     
  14. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Не знам чив е текстов, ама знам дека потполно се согласувам.
    Се додека има поделби на „наши“ и „нивни“, ќе се случува тоа. Невини деца ќе гинат, дуќани на невини луѓе ќе горат. Се додека полицијата е неспособна да им се спротивстави на криминалците од одредени групи кои мавтаат со оружје насекаде, додека децата се тепаат по автобусите и школите, додека политичарите си ги делат ингеренциите „секој да се справи со своите“ и ќе се надмудруваат со национализам кој повеќе пратеници или министри да добие, црно ни се пишува. Во ситуација кога секој во своите редови бара послушници и предавници, кога медиумите шират говор на омраза и оцрнуваат поединци и групи, не може да очекуваме да има толерантност. Ќе се раѓа само омраза, насочена на погрешна адреса. Зошто да се натпреваруваме во тоа кој ќе изгради повисок крст или повисоко минаре? Кој каде ќе постави или ќе запали знаме? Чиј споменик ќе се постави или осквернави? Тоа ли е поважно од тоа што луѓето, и „нашите“ и „нивните“ се без работа, без пари, очајни да ја напуштат државата? Кај ќе ни биде крајот ако и „ние“ и „тие“ новите генерации ги воспитуваме и труеме со омраза од мали? Работите не одат на добро. Да ги промениме пред да биде премногу доцна.
    Почивај во мир Ангел.
     
    На cresa-jagoda и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.413
    Допаѓања:
    8.500
    Пол:
    Женски
    Само незнам каков е тој адвокт кој го застапува Насер, каде е неговиот морал, каде му е совеста...ма нема пари на овој свет кои би ме купиле да бранам лица како Насеr, злосторниците од Смилковци и сл.A адвокатите им се сторог македонци, тоа е најтажното.
    Крајно изопачен, безобразен и човек со никакво достоинство.Некое тешко ѓубре.
     
    На MIA-SK му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Страшно нешто, прво дете од 18 години, не сакам да помислам како им е на неговите, другарка беше на погреб рече страшно било не можеле да го закопаат од мајка му, не знам како можат да спијат мирно да спијат знаејќи дека убиецот е на слобода, на мое дете или на брат/братучед/другар така дур не го најдам и не му пресудам нема да се смирам!Ајде уште во самоодбрана испадна дека било уште и негов ножот а детето помирно од мравка било, па уште и апселе на протестиве, да се убиеше некој нивен ќе организираа од Чаир до Сарај протести ќе не смееше да зуцнат...А случај ко случај ќе се заборави за месец дена, овој пак ќе шета може мене утре за точакот ќе ме убие
     
  17. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
    Од кога треба да се засрамат луѓето кои што не носат ни тронка омраза во својата душа? Луѓе кои што сонуваат за подобро утре? Луѓе кои што се обидуваат да ги разберат луѓето? Луѓе кои што се спремни да простат? Тоа е крај на дволичноста на нашето време, сите сакате да живеете комфорен живот, во кој што можете и една уличка да поминете без страв, но викате дека насилството е решение? Дека треба сите да носиме оружје? Како се прават бизнис зделки, знаете? Секој гледа да го зафркне другиот при склучување на договорот. А зошто? Бидејќи секој од нив претпоставува дека и другиов нешто му кова зад грб па гледа да биде еден чекор пред него. Toa e моралот на нашето општество, оттаму и произлегуваат сите проблеми, сите се водиме со мотото: Заеби , за да не бидеш заебан. До каде не води тоа? Да не можеш мирно детето да си го испратиш на училиште. Ако продолжите да пропагирате вакви идеи, утре и вашето дете може да стане убиец, или недај боже да биде убиен, ете тогаш ќе сфатите. После ќе барате и ден и ноќ со свеќа во рацете човек, но нема да најдете... А знаете ли зошто? Вие го убивате човекот! Уште од мали нозе ни викаат немој да бидеш наивен, добар, чесен, искрен, бидејќи нема да успееш во животот. Такви размислувања нема да доведат до никаков напредок.
    Твојата елоквентност и досетливост е само маска за твојот ум без идеи, јас не сум таа која треба да се разбуди, тоа сте вие...Не може човек на 21 век да размислува дека со насилство може да се постигне мир, не сте свесни дека цивилизацијата ни оди во погрешен правец, не можете тоа да го видите бидејќи сеуште спиете... Ако ти се водиш според историски настани, во време кога, ако смеам да кажам интелигенцијата на луѓето и напредокот на општеството не ни може да се спореди со тоа што е денес...Ако толку ти се допаѓа како се решавало тогаш, врати си се во тоа време, каде жените уште ги немале правата кои ги уживаат денес...
    Решение? Нема, со ваков менталитет и ваков правосуден систем, нема...
    http://lider.mk/2014/04/17/spasen-od-besilka-pomiluvan-dodeka-jazeto-mu-bese-okolu-vratot-foto/
    Јас не знам кој тука треба да се засрами... Жално, како може лесно да се изгубат моралот и добрината во овие тешки времиња.
    Да додадам дека не знам до кој степен се твоите ставови за насилството, бидејќи мојот одговор се однесува и на другите феминки што имаат коментирано претходно по ова прашање.
     
    На SFox и daylight им се допаѓа ова.
  18. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Ништо... гледам и ова ќе се заборави, и ова така ќе остане.... До кога, до следниот пат?? Сега и пацифистите се јавија со нивните приглупи статуси и ги шират, трујат со нив.... а мирна беше шиптараната денес, ама вие толерантните изгледа сакате пак по старо |( Со кого се делам државјанство, срам ме фаќа дури.
     
  19. gangstergirl

    gangstergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2013
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    88
  20. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Доста се обидуваш да доловуваш поенти, не ти оди. И тоа во 2001 не беше граѓанска војна (и ова го прочитав |( ), тоа беше агресија од косовски терористи... ама што ќе знаеш ти за 2001, продолжи да си ги читаш Најчевска, Мухиќ и чат пат по некоја теорија за илуминати...
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.