Убиство во Скопје - избоден матурант во Ѓорче

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Elennaa, 19 мај 2014.

  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Народот во вакви случаи не може да реши многу или подорби нешто,револтот е една работа , а последици од нешто полошо од ова е друга работа.Не смееме ни да помислиме на тоа од 2001 , затоа што сите знаеме како ни беше додека родителите таму ни се бореа...
    Мојот лично беше таму , на терен во Тетовско , како лист на гранка се тресевме што и како ќе биди , и што се случи потоа ...ништо некој си пос...н Рамковен договор .Значи власта треба да застане еднаш засекогаш на здрави нозе и да се знае што треба и кој треба и може некои одредени работи да ги прави.
    Немам ништо против одредени националности , меѓутоа се со мерка , едно е соживот , а друго е корист до максимум, она познатото -Човек ќе ти го даде малото прсте , ти цела рака му ја земаш или бараш.
    А тоа што ние дома нож за леб немаме а не за друго , а тие цела артилерија -е друга работа.
    И уште нешто, понесена од тоа во 2001, се прашувам дали навистина сме толку силни како нација , па идиме по протести се правиме јаки , а во тоагашната 2001 имаше куп народ кој не отиде на повикот од Мвр или од војска како и да е , да се бори како Македонец , туку имаше луѓе кои фино лепо си ја подредија работата , па не отидоа на фронт,
    ете толку е силата на Македонскиот народ ,затоа ИЛИ-ИЛИ. Не после криј се по дупки или со помош на пријатели вади лекарски уверенија со кој докажуваш дека не си спремен физички да се бориш.
     
    На bubamara12345, francais, mimiiiii и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
  3. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Сега ќе ми се извиниш заради очаен обид за одземање на кредибилитетот при дискусија, зашто јас не сум покренала постапка за никаков бугарски пасош па да му ја дувнам од тука, ти дефинитивно си имаш некој проблем :wasntme: почнуваш со свои неосновани конструкции, стравот ти го поматил паметот.

    Сте запнале цел народ требало да се затвори дома и да ќути, немој, со протестите му се блокираше криминалната рута некому, каква штета. Секакви етикети им налепивте на Ѓорчевчани, единствените кои покажаа храброст да побараат промени. Не знам со какви приказни не се обидовте, војна ќе имало ако протестираат во Ѓорче та војна, Америка ќе интевенирала, Илуминатите ќе се збогателе со војна во Македонија, мижи Митро, какви глупости ширите за да ги заплашите луѓето. Не разбирате дека стравот не е решение за ништо, стравот само го става човек во подредена положба. Ако вам ви е убаво да го чекате денот кога ќе осетите албанско насилство над ваш грб, ако вас не ве боли за луѓето кои ни криви ни должни отидоа и за нивните семејства замотани во црно и ако не ви е грижа истите работи да се повторуваат надевајќи се дека сето тоа ќе остане настрана од вас, не очекувајте сите да ја покажат истата мекотелност и истиот конформизам како вас. Гледате дека има проблем во државата, гледате кои се причинителите и упорно замижувате, и ајде што замижувате, згора на се прстот го вперувате кон погрешна страна, кон оние кои само сакаат ова да се реши. Барем престанете да провоцирате со извртување на реалната состојба во Македонија во полза на Албанците, не сфаќате дека и врз вашата иднина ќе има негативни последици и не сфаќате.
     
    На 4rever.unique, makedonkamak, Baby-bubu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Овој муабет би држел вода ама ако живеевме во нормална држава, во која полицијата и судството си ја ввршат функцијата.
    Јас не знам каде ти живееш, ама Ѓорче Петров за жителите на околните албански села служи буквално како еден вид на бесплатен супермаркет кој работи по принцип на бесплатно самопослужување. Доаѓаат, си земаат од дворовите или куќите што сакаат и си се враќаат назад во своите криминални дувла во кои полиција не смее ни да припари, а камоли да апси или да врши претрес.
    Пријавувањето во полиција нема ама баш никаков ефект, што влегло во Сарај, Грчец и останатите села кои гравитираат околу Ѓорче - НЕ ИЗЛЕГУВА. Сигурна сум дека за семејството на Ангел ова не било првпат да биде ограбени, јасно им било дека од полиција фајде нема, и затоа решиле сами да се справат со крадецот. Им скурчило веќе на луѓето да бидат мета на арамии и никој ништо да не презема околу тоа, иако милијарда пати било барано и од градоначалникот и од полицијата да се направи нешто, ако ништо повеќе барем да се затворат тие пешачки мостови кои на крадците им овозможуваат брзо бегство во нивна територија каде што се заштитени како бели мечки.
    А тоа што ти пробуваш да направиш замена на тези, и да го обвиниш татко му на Ангел, тоа нека ти служи на чест.
     
    На Abeja, MIA-SK, francais и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    браво за постов :clap: тука лежи зајакот ,затоа вакви некои инциденти од поединци ми е ветар у магла.
     
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.971
    ^
    Сега на протести не излегуваат новите генерации не па за војна (скраја да е, Дај Боже да се решат проблемите само со протести). Важно сите јаки по форуми, твитераши, педерчиња во душа со извинување, самопрогласени интелектуалци. На сите рабатота им е да филозофираат, а за акција на дело други се задолжени, тие работата си ја завршиле на нет.
     
    На Ane.a му/ѝ се допаѓа ова.
  7. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283

    Обраќањето на Стојанче е само потсетник, затоа што 95% од нашиве заборавија што се случи 2001.
    Премногу бргу се заборава, не секој има капацитет да размисли трезвено и да разбере дека ова нема никаква политичка основа па владеачкава си го користи тоа и го пренасочува сиот гнев што избувна на партиите, за на еден начин да створи гнев меѓу припадниците на партииве и сето тоа да го даде резултатот, несложен народ.
    Оти и старите викаат: сложни браќа куќа градат, ама на некого му е страв да изградиме куќа, неандерталците чија нација за нас почнува на Ш, го прават тоа, повеќе се сложни, си смислиле политика и добиваат се што сакаат. :)

    Офф топик:
    Вчера имаше протести? Паѓаа некои договори ама не сум во тек...
     
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Далеку од тоа дека апелирам да излезат на протести војни итн.
     
  9. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Мислам дека многу работи се испомешани на темава...карактерот на случајот на Смилковско езеро не треба да се меша со последниов инцидент.Во првиот случај е јасно дека се работи за испланиран атак со цел да се постигни дестабилизација и разгорување на верска омраза и национализам,да се создаде погодно тло за туѓи интереси..американските.Косово не е ништо друго освен една нивна голема воена база..тие само го користат и подгреваат национализмот и борбата за така наречените човекови права..Демократија..е како да не!Нив им е битна само нивната агенда, нивната цел.!Мислите многу им е гајле за Албанците?.Па тие им служат како обично топовско месо!
    Карактерот на последниов инцидент е друг..пред се се работи за анемичноста и тромавоста на нашиот систем во целина и нефункционирањето на институциите.Мое гледиште е дека дека ништо не било планирано со етнички предзнак..туку станува збор за чист криминал.Треба да се дејствува во таа насока и да се превземат чекори за подобрување на истиот а, не да се повикува на војна и етничко чистење.
    На некои мрачни сили она што не им успеа со првиот случај,ситуацијата сега им дојде како кец на десетка..толку ли не може да разберете?
    На Балканов изгледа долго време ќе владеат стереотипитедека ако си пацифист,добар,толерантен тогаш си мекотел и штетник за општеството,предавник но,ако си агресивен ,демонстрираш сила и уништуваш наоколу тогаш си патриот.Епа размислете добро кој повеќе ќе нанесе штета,оние кои ги нарекувате и навредувате дека се мекотели или мускулестите??? Силата не е во мускулите туку во паметта!
    Во никој случај не се работи за пасивност и нерешавање на проблемот кој го имаме...разликата е во различниот пристап ама толку може да сватите.Ама и не сте криви капацитетот ви е тој!
     
    На Sanjichka007, Waka-waka, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  10. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Потруди се да разбериш дека во нашата држава има и Албанци ги има во голем број, па ако има криминал и насилство и вакви настани како ова убиство меѓу Македонци ќе има и мешано.
    Во овој настан убиецот е само убиец, без разлика на која националност припаѓа и е уапсен.
    Причина за револт на тие луѓе во Ѓорче само заради тоа што е Албанец не треба да има кога нас населението ни е мешано и затоа тоа треба да се очекува.
    Мирните протести пред влада би биле најефикасни а тоа кршење на дуќани не е во ред, затоа и истите се уапсени, овие протести што ги направија, на наков начин, очекувај дека ќе бидат и вака возвратени, па ти после мене кажувај ми дека сакаш безбедност во државата и слободно да си шеташ ако одиш со повик на омраза спрема нивната националност.
    Ти не одиш кон мир ти одиш кон војна.
    Ако мислиш дека е решение војната до тебе не ќе да е во ред нешто, оти вака јака се правиш на зборови, да те видам за војната, ах кај ќе те видам ќе му ја дувниш некаде...
    Мирот секогаш победува.
    За другите од страна му одговара вакви немири кои ги имаме ние и тие си велат еве ќе ги оставиме самите да си се уништат во нивната држава.
    Се живо ќари од војна, само ние ќе си патиме и невини ќе настрадаат, плус да не заборавам никој нема нас да не подржи, некој друг ќе ги држи конците и ќе правиме како ќе кажи, сега нападни сега прими го, на крај завиткај си го опашот оти друг ти ја црта судбината.
    Или мислиш дека не е така, дека нема притисок од надвор, дека се се случува само овде и сега и го гледаш само тоа овде што се случува, има многу Албанци и јас тоа го гледам имаат по 5 деца во фамилија, да имаат брзо се размножуваат, бараат права да така е, закони не поштоваат да така е, кој е човекот што ќе го спречи тоа, а притоа да биди семоќен и да не му прави притисок никој од надвор, кое е решението за тебе? За војната пишав убаво нас никој нема да не подржи, ние сме никој и ништо подалеку од овие граници, ние само овде сме моќни, нашата држава е одамна расцепена, ние сме само една мала точкичка, нас никој не не познава, веќе и со сите соседи се испокаравме, секој револт овде што го имаме секој конфликт што се случува за некој ќе значи радост, сега полека сами да си се уништиме на тоа оставаат исто како никогаш да не сме постоеле.
    Ако твоето мото е оди против секој Албанец овде, оти тие се криви и виновни а не ние што тоа од порано го дозволивме, моето е цени го и тоа што го имаш, оти во иднина на што и да посигниш, каков чекор и да направиш ти за никого нема да бидиш исправен.
    Починатиот Борис Трајкоски се трудеше човекот да направи баланс на работите и работеше за Македонија во еден момент не направи нешто што друг сака во следнот ќе те снема и не постоиш.
    Ете такви се работите на тоа стоиме моментално, со заканите кои ги упатува Алиахмети притисок за немири од обсе ајде мир таму полека со работите не опињајте лошо е Македонија и за кај сме после, те молам не мешај само политика и влада(јас за кого ќе гласам ќе гласам, гласав за тоа што беше најдобро понудено, да не сакаш за кримилалецот Заев да гласам кој го изваде Црвенкоски со аболиција, а истиот тој Заев одеше во Албанските села и ги молеше за глас, или пак за владо бучко да гласам,,) ме спомнуваш за политички акти дека правам овде, никаде не спомнав политика предходно сега веќе и морам, не е битно јас која партија ја подржувам ако ништо друго и сите партии изјавија да нема нема немири, но веројатноста дека некој овај настан ќе го искористи за политички цели е голема, прошетај погоре по коментари да видиш и кој точно го прави ова за политички цели.
    Соживот треба да има и од нивна и од наша страна.
    И јас целам кон тоа, се надевам некогаш дека и Албанците и Македонците родени во оваа држава ќе разберат дека сите сме луѓе колку и да се разликуваме, да не бидеме изманипулирани и да тежнееме кон омраза оти животот ни е еден, да проживееме и да се почитуваме, сите сме разумни луѓе, секој криминалец без оглед на националност знаете каде припаѓа, никој длабоко во себе не сака омраза, никој не сака да биди исплашен за неговиот живот.
     
    На daylight и Glasna им се допаѓа ова.
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Сакаш да ми кажеш дека штом полицијата нема влијание врз кражбиве треба ние луѓето сами да ги превземеме работите во свои раце?

    Не живеам во Ѓорче, живеам од другата страна на Скопје, ама во Ѓорче работев две години и тоа точно на 10 метри оддалеченост каде што се случило убиството. И знам како стојат работите таму, многу добро. Ама тоа не е оправдување дека ние сите треба да се кренеме од дома и да бркаме криминалци. Не дека сакам да прикажам дека правниот систем ни е многу добар, или дека јас сакам да ги поштедам криминалциве, туку треба малку да се гледа со ладна глава, зашто се работи за човечки животи, се работи за безбедноста на тие кои тргаат по такво зло.

    Мислиш кај мене во населба нема крадци? Секаде ги има. Од секоја националност и од секоја вера. Јас да тргнам по криминалец што е Македонец мислиш дека подобро ќе завршам? Не, и мене ќе ме стегне со пиштолот или ножот и крај на приказната. И ти да тргнеш исто ќе те снајде. Зашто тој е тоа, криминалец и ти со него не можеш да разговараш. Јас лично не би тргнала никогаш по криминалец, па макар ми земал се' од дома, зашто животот ми е многу помил.

    Некако многу ми се правите херои сите, ми изгледа дека никогаш не сте биле во близок контакт со оружје, со криминалци, со луѓе кои ништо на светот не би ги спречило да те испукаат и ич око да не им трепне.

    Ете полицијата велиш нема ефект, а ти како обичен човек каков ефект би имал над тоа племе? Што ќе подобриш ти ако тргнеш да се пресметуваш со таква личност, на која сигурно и фали нешто во главата? Што би направил? Велиш решиле сами да се справат. И гледам како се справиле. Браво. Ја решиле сега цела ситуација со крадциве, веќе нема да има кражби во Ѓорче. Ја решиле ситуацијава исто како што многу други би ја решиле ако тргнат по криминалец.

    Тоа што сега сите го жалиме семејството и детето е една работа, да, навистина ми е жал. Ама не дозволувам тоа да ме заслепува и да не ја гледам реално работата. Премногу сте пристрасни и субјективни. Го жалиме дека го изгубил детето ама факт е дека таткото направил грешка. И тоа направил грешка од родителска страна. Потфрлил како родител. И тоа е тоа. Можете да признаете или да не признаете ама така е. Свесно да си го качиш детето во кола, со замисла да бркате криминалец кој сигурно е вооружен, и притоа свесно да одиш да се пресметуваш физички со истиот за мене не е нормално. За вас ако е, ок. За мене не е и никогаш нема да биде. Е сега знаеме дека татково сигурно не мислел или сакал да му биде убиено детето, ама и не знам што воопшто друго би очекувал кога одиш директно да се пресметуваш со таков човек. Со други зборови и на "нашки" кажано, сам си го фрлил детето во оган. Еве јас не сум родител, тие што се родители нека кажат од нивен аспект како изгледа ова и дали тие би го качиле своето дете во кола за да се пресметуваат со криминалци. Тргам настрана се' друго, и што и како и зошто. Овде ја гледам само постапката на таткото. Како родител е должен да го заштити детето, па макар им краделе секој ден од куќата.

    А убиството, кражбите, оружјето, дали било со умисла или не и сите останати детали кои јавно се знаат се нешто сосема друго, за кои веќе го дадов своето мислење претходно и не мислам да се повторувам.

    А ти што се обидуваш да ме прикажеш тука како таа која е од другата страна на приказната и несовесната, бранителот на криминалот, па и не мислам воопшто да коментирам. И, повикување на туѓа совест со "нека ти служи на чест" за мене нема ама баш никаква вредност на темава која е за дискусии од лична перспектива и факти. Тоа што ти филозофираш на темава очигледно е само од гледање на телевизија и читање на некои протали од каде црпиш информации, а тоа што јас коментирам на темава е од сосема друга перспектива и од сосема други извори. Тоа што ние сега сме пристрасни е една работа, а тоа што работите се гледаат од правен аспект е друга.

    И, само да ви кажам, не рипајте одма ама да не ве чуди ако убиството е прогласено за убиство во самоодбрана. Зашто има снимки и јасно се гледаат некои работи. Не дека мене тоа ми претставува некоја сатисфакција. И јас сакам да изгние во затвор до смрт тоа животното ама доказите покажуваат нешто друго, кое баш и не оди во прилог на нас. И тоа е реалноста, не можеме против тоа. Иако сепак сметам дека на крај ќе му дадат 10 или нешто малку повеќе години заради притисокот од јавноста. Доживотно мислам дека е невозможно да го осудат зашто треба да има над 21 година ако не се лажам. Колку што знам така е во законот.

    И, не го споредувајте ова со убиството на Смилковското езеро. Немаат ама баш никаква допирна точка. Тоа беше убиство со умисла, долго планирано, со сосема друга цел, ладнокрвно извршено од догогодишни криминалци кои имаат многу убиства позади себе. Е сега ќе кажете, убиство е убиство, да, ама еве нека кажат правниците која е разликата од убиство до убиство. Има голема разлика.

    Толку од мене на темава, кажав се' што мислев да кажам, се' останато би било повторување. Само се надевам дека ќе ја добие најголемата казна што може да му биде изречена.
     
    На gangstergirl, deliza, missfortuna и 2 други им се допаѓа ова.
  12. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    Многу се измешаа баби-жаби на темава. Нема инцидентов врска ниту со смилковско ниту со малцинства. Се работи за криминал и погрешна проценка на тие што мислеле дека можат сами да се справат со сторителот и ете како трагично завршиле.

    Патем, не видов некој да излезе да протестира против убиството и самоубиството во Аеродром, или пак за лицето што го задуши сопственото бебе некни... :?: ниту слушнав од оние кои истураат отровни зборови низ социјалните мрежи да се понудиле да помогнат материјално на семејството по загубата. :worried:
     
    На gangstergirl, Sanjichka007, deliza и 3 други им се допаѓа ова.
  13. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Сакам да пишам и нешто околу кражбите.
    Луѓе верувам дека ви е познато, не дека некој ќе дојди од кизнај каде да те кради, отворете ги очите убаво, тој што ти е близок од тебе ќе зема, ти ги знае финансиите дома и цел живот кај тебе ќе иди и кафето ќе ти го пие и ко ќе му требаш ќе ти дојде на врата за помош и 20 години комшите ќе си ги познаваш и ќе живееш, за на крај на два дена од дома да те снема за ко ќе се вратиш да сватиш дека те ограбиле...
     
  14. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Ова не е од денес, ова не е од вчера, ова не е од пред недела дена? Ова се случува последните 10 години. Константно во Ѓорче се пријавува дека има напади од Шипци, дека се краде, возат ненормално по улици, тепачки по автобуси и милион други работи. Убиството е само капакот на она што се ставаше во тепих последните години.

    Но, Ѓорче не е Карпош. не е Центар, не е Водно и сите тие хипстер населби на selfie курви коишто живеат само за тоа. Ѓорче е пример за тоа како треба да изгледа еден просечен Македонец. Не молчат на ништо. Таков им е менталитетот. Цела населба е со патриотски дух, секогаш Ѓорчевци кога имало протести за Македонија биле во првите редови.

    Да, Албанците се многу, но зошто ти не правиш 5 деца? Зошто ги обвинуваш нив зашто се котат? И ние да сме побројни и тие ќе имаат страв од нас. Вака веќе за 15 години за ништо нема да ни се плашат.

    Македонија се скарала со сите соседи? Дали ти си луда што зборуваш? Дали ти имаш памет? Што треба да направиме? Да клекнеме и на сите да им го пушиме за да не ги увредиме?

    Не изигравај некој голем борец за човекови права и хипстер од Хелсишки комитет. Ова не е од вчера. Овој бес се собира со години и години. Ти не мешај семејни и љубовни кавги со национални убиства на рандом случајни минувачи како и тепање, бодење со ножеви на случајно затечени Македонци на улица.

    Ако случајно мислиш дека со спуштање гаќи секој пат ќе постигнеш нешто алал ви вера. Ние и нонстоп спуштаме гаќи, а што добивме? Deepthroat до бубрег!
     
    На okcenzi, makedonkamak, sweet-star и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Прашањето не е зошто таткото заедно со син му пошле самостојно во 'поход' по крадецот, туку зошто убиецот, покрај тоа што веќе имал полициско досие и многубројни обвиненија против него, си шетал на слобода и си уживал во времево :^)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Има вакви случки постојано, викаат ќе го фатиме за кражба ќе полежи некое време, ќе ја плати штетата, ова од полицаец е кажано па вика ќе дојди кај мене и колата ќе ми ја искрши, ќе ми напрај дупла штета од тоа што го украл..
     
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.551
    Допаѓања:
    13.896
    Не треба да се премолчува. Истото не чека и нас кои живееме во мешани градови. Тие шиптари што сочувствуваат на фб не се искрени, тоа го доживуваат како уште една победа над нас. Сетете се дека за Смиљковско езеро бранеа убијци, протестираа. Па ако беа нормални немаше така да се однесуваат. Треба да им се покаже местото кај им е, и да треба протести како за Мартин Нешковски што се организираше за да знаат институциите дека ако го осудат 1,2,3 год ќе има немири, дека ќе летаат камења врз полиција, Влада, Собрание, судови. Кај јадат леб од наш данок, од работни места во државно што ни ги земаат со куепни дипломи, па уште и ќе крадат и убиваат. Не било на етничак основа, а да крадел кај шипатр дали ќе го убиел?Не, нема да краде кај свои, ќе краде кај Македонци затоа што во оваа држава е јавна тајан дека шиптар скоро и да не одговара за убиство на Македонец. Јас сум за протести, и да Ѓорчевци се во право. Убиениот матурант нема да се врати, а шиптарот ќе си стави нови стакла на дуќан. А и што мајка бара во македонска населба, ние имаме ли дуќани во Сарај, Липково, Студеничани, Кондово? Не се тешете дека не било етнички. Се е добро смилено од нивна страна и тие 5 деца ги чуваат за да бидат што побројни во Македонија.
     
  18. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Јас ќе ти набројам 50 држави од прва рака што се формирале и одбраниле со насилство, војна и оружје, а ти мене наброј ми една држава што настанала со преговори, може? Силата е и во мускулите, храброста и паметот. Сила+ памет дава прекрасна комбинација, но делење памет само дава понижување.

    Дали Македонците добија слобода во турско време и дали ќе ја добиеа ако глумеа пацифисти, толерантни и хипстери мекуши? Или својата слобода ја бараа во планините со оружје? Дај престанете ве молам. Смешни сте. Ниеден народ на светот не се изборил со преговори, туку со крв и војна. Тоа е природата и човековиот инстинкт. Deal with it маме му ебам!

    Затоа што Македонците биле толерантни пизди и мекуши и дозволувале ( продавале имоти) на Шпонци со години и години за да живеат во Центар и на сите банката и кафичите да им се на 5 минути за да не го мрдне тој снобовски хипстер газ ете ти го резултатот. Нека оди сега некој просечен полицаец и нека го решава тој проблем во албанско село коешто во просек е 3-5 пати поголемо од едно просечно македонско село. Само Албанците не се хипстери и не патат од тој канцер што метастазирал кај секој втор просечен Македонец.
     
    На bubamara12345 и Abeja им се допаѓа ова.
  19. Ethrnity

    Ethrnity Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    557
    Пол:
    Женски
    Значи во секој твој пост премногу го потенцираш насилството..изгледа тоа ти е последица од премногу гледање на филмови со Рамбо,Џеки Чен и останатата дружина.Приземји се малце!Јас не глумам миротворец ама изгледа некој овде си фантазира дека е херој во акционен филм.
    И баш ме интересира кои се тие 50 држави не мора сите...посочи барем еден пример?Кога веќе ја спомена историјата...имаш сосема погрешна слика за минатото и погрешна интерпретација.
    А што мислиш ти како Македонците опстанаа низ Турско..?Сосема спротивно од она што ти го пропагираш со вера ,истрајност,упорност и непоколебливост низ вековите а,не во планините со пушка во раце.Ја знаеш народната наведната глава сабја не ја сече.Да,имало комити но,одлучувачки биле и други фактори..Тој историски момент и сплет на околности беше чекан 5 века.Ја забораваш и улогата на Кемал Ататурк и реформите кој тој ги превзема,смртта на Гоце Делчев кој што бил против предвременото кревање на Илинденското востание.За жал и тогаш како и сега на некои сили им одговарало Македонија да крвари ,беспомошна и сама ззатоа и избрзале со востанието.РЕзултатот кој следел биле Балканските војни и поделбата на Македонија. Јас големината на нашиот дух ја гледам во тоа што и покрај нашата толеранција и мирољубивост без да им се наштети на другите сепак сме опстанале.
    Имплусивното и стихијно однесување нема да ни донесе ништо добро..вистински водачи на една земја се идеолозите!
    А Албанците се Тројанскиот коњ за нас Македонците и некој многу умешно го злоупотребува овој факт.Никој однадвор не може толку да ти наштети колку што тоа може да го стори некој од внатре.
     
    На daylight и Glasna им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.234
    Допаѓања:
    4.290
    А ти не изигравај тиранин од Багдадски или Кабулски комитет. :x
    Па ова што се случи произлегува од тоа! Кога во семејството нема хармонија, нема воспитување во Духот на љубовта и разбирањето, тогаш лесно му станува понекому да потегне нож и да предизвика трагедија.
    И ја добиле ли слободата од турско? Не! Ја бараа слободата со оружје, а ја најдоа само смртта - што е и логично. „Кој за меч се фаќа од меч и ќе загине„ предупредил младиот духовен револуционер Исус.

    Спротивно од тоа, 1991 македонците ја добија својата слобода со преговори и референдум како пацифисти, без капка пролеана крв!!! Од тоа поголем доказ здравје!
     
    На Glasna и Ethrnity им се допаѓа ова.