Мене едно ми боде очи... Од влакно ортома?? Проблеми на поедници??? Треба срам да ви биде што вака зборите...
Како што гледам темата си доби сосема друга димензија, во која и ние кои треба да бидеме единство се поделивме меѓу себе. Врти-сучи сите спомнуваат партии. Во времето на оние, во времето на овие... и оп ајде караници и офф топици. Сведок бев на целата случка зошто живеам непосредно во близина на клиниката пред која се случи убиството. Неможам со доволни зборови да ви опишам каква беше ситуацијата тие два дена. Излишно е да кажам дека ми е жал до бескрај за младиот живот на Ангел, и за животот кој ги чека неговите блиски. Но, го пишувам овој пост, со цел да изразам револт. Револт кој го насочувам кон сите оние кои протестираа без никаква цел поврзана со убиството. Секоја чест на исклучоците кои искочија да искажат жал и револт за смртта на нивниот другар/роднина. За жал, морам да кажам дека 90% од тие што беа дел од сето тоа, беа деца кои "начекаа" ситуација во која се "испукаа" до максимум (конкретно за навивачките групи), и кои во целата гужва си ја потпевнуваа "излези момче право на тераса". Ако има некој кој е дел од форумов и кој се пронаоѓа во моите напишани зборови погоре би сакала да ми ја објасни таа ситуација. Зошто на целата мака, наместо со протест кој цели кон нешто, вие правевте глупости кои не водеа кон ништо, зошто на крај самите вие го "јадевте" од полицијата? Ајде ќе го тргнам тоа на страна, еве да претпоставам дека за миг се исплатеше тоа што го правевте, зошто се откажавте?! Зошто не продолживте и другите денови? Или толку би беше бесот? Каде е сложноста во сите нас, со која можат на големо да се пофалат припадниците на албанската вероисповед? Ете и јас искочив, протестирав. Ќе продолжев да го правам тоа доколку имав со кого секако. Ама немаше. Имаше само фалење дека ќе има и понатака, дека нема тоа така да остане итн. Ама пак ништо. Само празни и празни зборови. Трета работа, и ептен важна. Јас ниту го познавав детето ниту го имав видено, али сеуште ме лазат морници кога ќе ми текне на тоа, и додека се присетувам на тоа што се случуваше додека го пишувам ова. Гледав видеа во кои неговите блиски се трескаа од земја пред болницата и на погребот. Како може веќе другиот ден да се смеат и однесуваат нормално? Се плашам од тоа какви луѓе станавме, незнам ни како да ги наречам повеќе.. Нема веќе блискост, искреност, љубов, лојалност... ништо нема! Безбедноста во државичкава ни е на нула. Не очекувам да се разјасни ништо од оваа ниту пак од минатите слични на оваа несреќи. Каде беше министерката да ги апси сите албанци кога палеа автобуси и нереди? Толку..
И со случајов испадна како народната - Секое чудо за три дена.... Жалосно е сето ова што се случува, не не бива како народ. Не сме воопшто сложни и соеднети, дури и за вакви ситуации каде македончето е жртва. Тоа е тоа, нема кај да бегаме. Ке потрпиме уште терори од овие гнаси долго време. Ке се каеме еден ден што не сме рагирале на некои работи, касно ке биде за се тогаш...
Јас сум згрозена од друга ситуација. Од тоа колку сме ние толку лицемерни, незасегнати за блискиот, користољубиви и обожаватели само на сопствениот живот. Знаеме да се жалиме за тоа како не користат, ама кога треба да се соединиме - сите силата ја покажуваат преку статусите на социјалните мрежи. Или подобро ќе беше онлајн собир да имаше, така со сигурност и до ден-денес ќе траеше протестот. Не беше ваков народот, сигурна сум. Лошото е тоа што сеуште ќе се менува...
Да бевме сложни и соединети подруго ке беше. Вака што да кажам кога се е видено веќе. Само за жалење сме, а конкретни чекори не превземаме. Поубаво ни е да си ќутиме и трпиме и некој да си игра со нас како сака. Изгледа таа варијанта ни одговара највеќе, во спротивно реакците ке беа сосема подруги. Ке се освестевме некако, но вака тешко.
Која година ги убија петте деца ? 2012 беше ? Отогаш, уште се влечат, за такво свирепо, ужасно убиство, каде секој би ги обесил на сред плоштад, овде кај нас години поминаа, уште се маткаат. А, тек што ќе е со овој случај ?
Се побара доживотна казна за осомничените, ама се појавија некои РАЗБУДИ СЕ граѓанско движење од Скопје за да ги бранат осомничените, демек немало докази(ама гарант потплатени овие ми делуваат) па сега и сакаат да ја разрешат од должност обвинителката Гешовска која остро ги осудува
А што казна сакаат не разбирам? Зарем имаат право на избор? Кога ги гледав на тв како рамнодушно си седат во судница, неможам да замислам на родителите кои се таму покрај нив како им е... Смрна казна треба, да ги однесат на плоштад, и на истиот начин и тие да бидат убиени. Барем малку да им се намали болката на семејството на починатите.