Убиство во Скопје - избоден матурант во Ѓорче

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Elennaa, 19 мај 2014.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Трчал по украдениот точок, па нормално ќе трча,тоа си е негово и ќе си го брани.
    Секако не се надевал дека ќе го загуби животот.
    Не носи ли ова порака?
    Нека има протести,но без насилство, да не страдаат уште невини.
    Нека се бара строга казна за убиецот, и за оние што прават нереди по автобусите.
    Дај бидете реални , во тој метеж може да настрада уште некој невин.
    Најстроги казни за сите што го нарушуваат јавниот ред и мир.Така треба да се обрати МВР

    Се сложувам со Нита.Има секакви и полоши и кај Македонците.Тие не мразат нас, ние нив.
    Таа прикриена омраза одамна тлее , еден ден ако се разгори,пак невини жртви.
    Мора да има баланс, во меѓуетничките односи.Него не го прави рамковен договор туку секој поединец.
    За Албанците знам многу малку,но во тие малку контакти, секогаш ме воодушевувале како се тие сложни и единствени , што не може да се рече за нас.
    Еве Форумот е доказ, колку сме ние зајадливи и тоа од себични причини :!: како од типот
    Само јас сум во право и никој друг
    Протестирајте и јас би протестирала да сум во Ѓорче но со пароли
    Доволно и е на Македонија од невини жртви
    Доста со убиства на млади животи
    Не користете невина млада крв за политички цели
     
    На Glasna и babyblond им се допаѓа ова.
  2. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Види, јас не бранам никој, напротив јас се плашам повеќе од сите вас дека ако некој фрли камен на нив(читај:убие албанец) ќе сеповтори 2001, а верувам дека родителите на било кое од македонските деца убиени од страна на албанци, како и децата на бранителите во 2001, не сака и нечии други деца или родители да бидат убиени. А погоре напишав дека некои земји и тоа како го очекуваат тоа (исто така и ни ги наброив кое земји погоре ) и имаат териториални претензии. Па сега на вас е дали ќе гледате подалеку од сопствениот нос или не. На крајот на краиштата ете прочитај го и мислењето на Нита погоре, не се сите исти.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Ова не е убиство со предумисла, туку во афект.

    Најглупавата работа која може да се направи е да се осудува на национална основа.
    Никој не рекол ќе го убијам затоа што е Македонец.

    Не сум никогаш за насилство, ниту сум за кревање тензии, можеби Америка не ми е најомилената земја во светот, но страшно многу го почитувам тамошното право физички секако да ја браниш својата сопственост. Само кај нас оружје не се чува само за да се браниш, туку одредени поединици со предумислат да убијат,а и да се одбранат кога ќе биде направен обид да биде спречен нивниот криминал.
    Ако влезеш во мојот дом, го допреш мојот имот,моето семејство, имам право да те убијам. Кога веќе не сме освестени дека туѓото е туѓо, овој принцип може и ќе не освести. Еден од главните закон во Америка кои придонесуваат за најниски шанси од Граѓанска војна меѓудругото.
    Ако во арапските земји сечат раце, во Америка имаш право да убиеш за да се одбраниш. Тоа е исто, само начинот на примената е многу поразличен, нели демократски де.
    Оти ај сега, за овој убиец за еден точак, нели е смртна казна? Толку свирепо?! Се сведува на истата поента. Само стравот ќе не оправи, свест не ни доаѓа уште.

    Дечкото не е крив, само си го бранел своето.

    Не се повикувајте на 2001, многу знаат како е и тоа од многу различни агли. Ако веќе се повикувате на неа, повелете испратете си ги татковците, браќата, синовите и мажите на фронт.

    Затајуваат активностите околу освестување на младите во други погледи, затоа е ова вака.
    Не е работава глумење космополитизам, никогаш нема да бидеме исти, тоа е јасно, ама дека можеме да научиме да живееме заедно, можеме и за тоа постојат повеќе начини. Со песнички и билборди секако нема ништо да се промени. Некој треба сериозно да си ја сфати работата.
     
    На babyblond, gothchick, sagittarius57 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Psihologue

    Psihologue Активен член

    Се зачлени на:
    30 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    57
    Приказната со Мухамед Јашари е само одлика на нашето идиотско новинарство и пумпање на приказни “еве Албанец бранеше Македонец и загина“ што е чиста глупост. Јашари беше само жртва во тепачка помеѓу двајца Македонци. Пробал да ги раздели и добил удар во градите. Јашари не тепал Албанец за да го заштити Македонецот. Има голема разлика. Никогаш во животот не сум видел Албанци, Турци, Босанци да тепаат Албанци, Турци, Босанци заради Македонци, а од друга страна сум видел и слушнал куп дешавки каде Македонци од Чаир, Бутел, Ченто што се дружат со Албанци, Турци, Босанци тепале Македонци во нивна корист.

    Не мора да се фолираме. Омраза постои и борба за територија. Јас сум свесен дека не сите Албанци, Турци, Босанци се убијци, криминалци или незнам што, има нормални, чесни, но сите работат за вашата кауза деноноќно без разлика дали е чесен, преварант или криминалец.


    Да, точно е тоа дека ова убиство не е на национална основа, туку во афект, но тука е друг проблемот , а тоа е што Албанците се повеќе и повеќе си даваат слобода да напаѓаат, ограбуваат, малтретираат Македонци на нивен имот коишто гравитираат околу места населени претежно со Албанци. Порано колку-толку имаа страв да ограбуваат Македонци, но денес тој збор е со латинско значење за нив. Ова е само почетокот. Соодносот на нападнати Македонци со нападнати Албанци е 500:1. Јас дури не сум ни чул Македонци да одат и ограбуваат албански куќи, дуќани, џамии, но од спротивната страна такви ги имаш колку сакаш примери.

    Потполно се сложувам дека е смешен муабетот некој да повикува на војна и убиства, но тоа низ историјата се покажало како перфектно решение за многу проблеми. Никој не сака да умре татко, син, брат во војна или сестра да му биде силувана, но човештвото од секогаш својата територија ја бранело со крв како што и секое животно го прави истото. Силно пропагирање мулти-етнички средини дава резултат еквивалент на Босна и многу други места. Ниедно општество коешто е составено од повеќе националности и верски групи не функционирало. Историјата е најдобар учебник некогаш напишана во човештвото.


    Тоа со правото на поседување пиштол и убивање на секој оној кој ќе проба да ти краде нешто го оправдувам недвосмислено.
     
    На Dvolicen и Abeja им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Знаеме дека историјата е пишувана кому како одговара. Исто така сме биле тотално неприсутни за да можеме да се соживееме со луѓето кои ги преживувале тие работи, од помодерната историја, дел поминавме. Се прашувам дали некој кој го поминал тоа на своја кожа, плашејќи се дали би сакал повторно да се случи војна?
    Да, гневот е голем, тагата поголема, ама стравот е најголем. Кој сака војна, нека повели, јас сум завршила за два животи, ти би требало да ги разбираш тие работи многу повеќе, многу повеќе од војна како идеално решение.
    Дали Психолог, од аспект на твоја професија (ако навистина е таа) можеш да направиш анализа за причините и последиците од војната, да ја изолираш политиката од сето тоа?
    Јас сепак не ја разбирам корелацијата со историјата и историјата како вистина.

    Најголемите стратегии сепак се случуваат во нашите глави, а не на бојно поле. Ние немавме стратегија кога требаше, сега чинам ова се само последиците.
    Вчера вечерта бев во друштво какво што бев и братот на другар ми, помало дете, дојде гневен од настаните подготвен да оди и да најде шиптар да убие...Едвај го вразумивме, сакаше и да избега уствари. Како сега на ова дете, јас да му речам, во право си, војна му е мајката? Треба и навистина да оди и да убие?

    Проблемот е повеќе психолошки и социјален, отколку политички. А ако е како таков, така и треба да се решава, а не со политички конструкции дека треба со војна оти историски така се покажало дека така се брани територија. И кога реков треба да се поработи на проблемот, мислев на психолози и социолози кои ќе го истражуваат проблемот и ќе работат на истиот, а не на празно философирање. Можеби тогаш и полесно ќе дојдете до непобитни факти кои ќе можат да бидат приложени и како докази дека тие се насилни, зли и опседнати со некоја луда идеја. Доста се даваат вакви сериозни теми на некои си невладини кои перат пари и несфатени креативни хипстери студенти кои прават по некој билборд и спот од времен карактер.
    Се согласувам дека албанците тн шиптари работат за својата кауза деноноќно без да се свесни дека е тоа една тажна бајка која никој нема да ја поддржи.

    Војните и насилствата се застарени начини на барање на својата правда. Човекот како свесно и разумно суштество може да учи од искуството (во дел историите се напишани и за тоа, башка тоа што се изобличени), а со тоа да станува и поумен. Би било примитивно да мислиме дека се уште се тоа начините.
    Нашата стратегија со албанците е утната многу одамна. Треба да се смислуваат алтернативи, една од истите е да докажеме дека не се во право за да правно и аргументирано си ја зачуваме својата територија. Војна имавме и видовме како заврши, исто така видовме од кого е инсинуирана и поддржана. Војна нема да го реши проблемот!

    Најпоследната алтернатива е да прифатиме дека сме прекидач за дестабилизиација на Балканот за да имаат контрола, да се помириме со истото и взаемно да соработуваме и да не дозволиме да бидеме тоа. Еден од начините е да се разубедат дека нешто како Голема Албанија не е на ничија агенда и дека никогаш нема да им биде дозволено.
     
    На gangstergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
    А што мислите за ова?!
    http://zase.mk/foto-ushte-nevino-momche-zhrtva-na-nasilnik-vo-skopje/

    Слушајте го овој...
    Апелирам до Никола Груевски и господинот НАШ Али Ахмети...
    Не сме ние криви ко граѓанин на ова држава, што на нас не' малтретират некоја СИТНИЦА работа, за све да дојдат...
    Ќе почнеме ние обратно да го прајмо.
    Апелирам до сите исисуции.

    Што се перчат, кога државата све ќе им плати, за сите штети...
    https://www.youtube.com/watch?v=3ebIu-SNx60

    И не, не е решение крвнички да се наплати. Ништо не добиваме со тоа, туку стануваме како нив. А не е решение ниту затвор, бидејќи имаат ПРЕповолни услови во затвор, со се' се опремени. Студентскиот дом изгледа каде - каде позатворски.
    Единствено решение за убијците, е Голи Оток. Нека си играат со камчиња... :wasntme:
     
  7. rrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrr Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    175
    Ајде ви се молам да не употребувате термини на кои не им го знаете значењето, како мислите убиство ВО АФЕКТ? Знате ли што што е убиство во афект - тоа е кога убиството е случено во афектна состојба во која убиецот бил доведе БЕЗ СВОЈА ВИНА во состојба на силна раздразнетост од страна на убиениот, и ова е привилегирано убиство кое се казнува со многу мала казна затвор.

    Во случајов имаме квалифицирано убиство кое се казнува многу построго но со оглед на возраста на убиецот нема да може да се изрече казна доживотен затвор НАЖАЛОСТ.

    И дај престанете за вината на еден одметник да навредувате цела нација.

    Поздрав
     
    На Madonna и sajonaramucaca им се допаѓа ова.
  8. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    328
    Немам зборови што би ја опишале оваа лутина (и омраза) што ја имам моментално во мене.Бараат од нас да ги толерираме и да му пружиме повеќе слобода а така се заблагодаруваат. :clap:
    Кога живееш во туѓа земја треба да ги почитуваш нивните правилаи да се навикнеш на нив а не тие на тебе.Кога некој ќе ти дојде на гости не го преместуваш креветот затоа што не му е по мерак на гостинот, тоа не го ни споменува се додека не е нешто лошо.
    Не сакам да ширам омраза или нешто друго само сакам да кажам.. да го направел тоа некој Македонец сега ќе почнеше Војна. Јас би се страмела за мојот народ.
    Се надевам дека добро ќе биде измачуван и казнет. :devil:
    Какво срце треба да имаш за да убиеш човек :fubar: :x
    Нека почива во мир Ангел.
     
  9. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    хм.... ок, се слагам со се само за последното имам забелешки, во таа нација 90 посто одметници изгледа :?: или можда тие нормалните се сметаат за одметници таму, шознам
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.665
    Допаѓања:
    161.806
    Не мислиме како правен израз - убиство во афект и при тоа да носи и до самата казна каква би била. Туку во моментална состојба заради х настани кои се изредиле, а не дека убиецот направил план и агенда да го направи истото како што беше со децата кај Смилковското езеро.
    Бараме соодветен израз, сериозно не знам како би се објаснило инаку вака разговорно.

    Не се вознемирувај одма, не се сите правници тука, толкувај го контекстот на разговорот.

    Јас лично би и смрттна казна, веќе кога никој не не штити, не можеме сами да го преземеме случајот да се штитиме.

    http://kajgana.com/policijata-so-shok-b ... -povredeni

    Ова ме потсетува на воспитувањето на некои родители. Своето секогаш притиснато и криво.
    Ова не ми се допаѓа. Кога албанците протестираа и запалија цел автобус, никому ништо.
    Добро, сега барем ги гледаме сите нити на сите овие проблеми.
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.226
    Допаѓања:
    67.733
    Пол:
    Женски
    Валјда е убиство без предумисла.
    Има некој да каже каква е во Ѓорче ситуацијата?

    Група од стотина млади лица од Ѓорче Петров, но и од други скопски населби се собираат во оваа населба за да го искажат незадоволство по синоќешното убиство на матурантот Ангел П. Полицијата ги блокира приодите кон населбата.

    Во Ѓорче Петров очигледно е големото присуство на полициски сили.
    http://republika.mk/?p=253600
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Ај повелете и взлезете на ПЛУСИНФО да ве видам.
    Ма ние каде живееме? Северна Кореа, под закрило на Сталин??? Комунизам ли е, демократија ли е, што ли е?
    Никој не информира што се дешава во Ѓорче бре нити еден протал, нити една смрдлива телевизија, ништоооо... Штама, битно е како Груевски бил ПОЗИТИВНО ИЗНЕНАДЕН за Довербата на Хорхе за нов мандат....

    А преку 50 се претепани, и жени и малолетници, ама кој да пренесе.
    Арно НЕТОТ ШТО НЕ ГО СКИНАА, еднаш така направија ако ви текнува за не знам што протест беше, неколку саата немаше нет.
    ЦЦЦЦ. што клет народ ќе си бевме еј, да тибам тоа комунистичките режими, срам да ги биде....
    Ништо нема за моменталната ситуација во Горче...
     
    На sparklie, De-lovely, gangstergirl и 11 други им се допаѓа ова.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Да сајтот е блокиран
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
  15. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Добро бе како смеат така малолетници и мајки да тепа полицијата, јас стварно не сфаќам. :^) Сите се тие ужалени луѓе, бесни луѓе. Треба да се благодарни на толку говор на омраза ако целава работа остани само на протести. :!:
    Не научија и не научија едните да не употребуваат сила или да внимаваат на кој употребуваат, а другите не научија цивилизирано да протестираат. :x
    http://brif.mk/?p=151360
     
  16. sajonaramucaca

    sajonaramucaca Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    462
    Тоа за жени тепање е преувеличено, прашајте кого сакате од Ѓорче истото ќе ви го каже.... инаку тоа е тоа, овој народ меѓу себе ќе се испоубие прво.
    Од сево ова барем нека види некој дека повеќе нема да му се ќути, нека набијат страв малку и нека научат култура пред да влезат во автобус, нека размислат два пати пред да идат во туѓ двор да крадат, бар ножевите дома нека ги оставаат, крлежи, паразити во оваа држава...
     
    На Little-Mk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Со масовните протести се испрати вистинската порака (што треба-ло одамна да се случи ) на жителите од Ѓорче Петров до нивните сограѓани Албанци.Долгоогдишните закоравени проблеми што се појавуваат поради мешан етнички состав излегоа на површина сега ,како и во мн други населби во Скопје .Но Ѓорче си ги потенцира конкретно проблемите (и) од албанското население на Сарај,Гчец,Матка ....Кражбите на мотори и коли,уцените и изнудувањето на пари од луѓе што се финансиски моќни . Теророт што го вршат знаејќи дека мн брзо можат да побегнат на региони каде полицијата нема целосна контрола (можеби несака и неможе да има ) се причина сега за револтот на граѓаните изразен со кршење и насилства на имот од албанци .(да се покаже и демонстрира дека нема правда )
    Нивото на толеранција е опаднато одамна на вавките региони поради немање баланс на некој работи што се пркосат со политиката.Тешко иде да се направи компромис и отстапки ако е вмешана и религијата :!:
    Веќе е испратена пораката ,се останато е само на штета наша ( како Македонци).Ке не прикажат нас како насилници,може и да настрада уште некој невин човек ако се продолжи со неколнтролирано,неорганизирано дивеење .
    Сигурен сум дека после вакви нереди сите амбасади се заеинтересирани што ни се случува во државата,а оние наши НЕнаклонети пријатели ке плукаат по нас кај стигнат па потоа ке се чудиме зошто албанците се жртвите .
    Ваквите немили настани што треба да се осудат според закон знаат да бидат вистинска причина за ескалација на цела ситуација што би повлекла нереди од поголем размер .Сепак сум за законот да ја спроведува правдата :doh:
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    ^ Па НОРМАЛНО дека нема да знаеме дали е вистина или не, КОГА се блокираат, (сите страни по нетов,) гадовите...
    На
    zase mk

    Абе верувајте, имаше информација за Ѓорче, таман да кликнам, ЈА СНЕМА, БЛОКИРА НЕ МЕ ПУШТА, ни за 1 МИНУТА.
    Просто не можам да си поверувам...
    Волку БРЗИ И УСПЕШНИ да беа и во тие срања што ги ветуваа, невработен немаше да има во земјава, а камо ли убиен :puke:
     
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.172
    Пол:
    Женски
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски