Видеото е врв, пола е црно само некои звуци се слушаат , ништо битно не се гледа од него. А сега па испадна дека оној сакал да украде ама не успеал па овие го бркале, а бидејќи не бил сигурен дали ќе му успее кражбата си зел нож (можеби и пиштол) со себе и го употребил. И тоа што се обидел но не успеал да го украде велосипедот и при кавга со сопственикот на имотот чие владение му го нарушил му дало право да го убие детето кое изразило револт за влегувањето на негов имот и обидот за кражба? Тоа не е убиство во афект, ма во каква конотација и да го доведувате зборот. И тоа што не го украл точакот не е причина да нема протести за крвничкото убиство. А верувајте дека и со и без протести ние сме истите во очите не ЕУ, НАТО, САД...Се виде тоа и во војната во 2001. Затоа, да не молчиме повеќе како кукавици и да протестираме, ништо полошо нема да си направиме од она кое веќе не има нападнато, ама барем нема да се предадеме мирно и кукавички затворени во своите домови.
Samo sto doznav deka i negoviot tatko pocinal deneska...ne sum vo sostojba da pisuvam...lesna da im e zemjata... Pekol e mal zbor da se opise sostojbata vo gjorche momentalno, se nadevam deka sekoj medium ima logicna pricina zosto sostojbata ne se plasira vo javnosta takva kakva shto navistina e,sramota, uzhasnata sum!!!!
https://www.youtube.com/watch?v=I5YMYjE8afg еве пред тинекс што се дешавало.. *луѓе се тепаат,некои снимаат..
Убиството дека било со предумисла не било и јас така мислам. Меѓутоа ако не се работи за верска припадност што не крадат од нивните тогаш? И дали ќе го прободеше ако детето беше шиптарче? Сигурна сум дека не! Тие што живеат во Сарај знаат што трпат од силеџииве секојдневно и како се чувствуваат кога ќе излезат на улица затоа немојте да зборите дека не е на верска основа. Што не ги напаѓаат и ограбуваат шиптарите низ Ѓорче и Сарај, што се фрлаат се на Македонците? Криво ми е и мака ми е што убиецот нема да добие доживотна или смртна казна како што заслужува
,,Полицаецот и се обратил со зборовите: Што к.. бараш овде ма? ,, Како да бидам сигурна дека мене полицијата ме штити? Какви се овие зборови? Дали се нормални овие што прават?! Се е отидено во курац. И јас слушнав за тоа дека починал и татко му од жал кон синот, срцев удар добил ама незнам дали е точно. Жално е премногу. Мислам дека и утре ќе продолжат протестиве.. Страшно беше кога младиве почнаа да се кријат по дворови и по куќи. Кај мене во двор влегоа, полицајци од позади како торпедо беа и ги бараа да ги претепаат и да ги приведат. Тоа шок бомбите кога почнаа да ги фрлаат.. Хорори. Исто како пред војна да бевме. Ги рокнаа 4-5 во рок од 10 минути. А најтрагичното е тоа што сега од влада ги обвинуваат опозицијава. Која црна опозиција, мамата ваша?!?!?!??! Која будала ако тргнала да краде ќе ти носи ножеви и секири??? Ова е чиста провокација. Само медиумиве нека испаднат фер и нека кажат што и како се случува!! Нека не вадат муабети дека дошол Ојле, Моје и Дојле.
Тоа што се случи кај Смилковци не е расчистено,нели?Сега ново убиство Само се прашувам што ќе се случеше ако убиените и кај езерото и синојка беа шиптари(нашите да убијат албанци),4 Светска војна ќе имаше ,ќе изгоревме Јас слушнав дека 10 години неможеле да имаат деца,сега и ова го изгубија
Катастрофа е и тоа каква, има и повредени.Надвор излегоа и деца, моја генерација. А тоа бомбите од памет ме извадија прееска....се чувствувам како војна да има
Леле, леле... овие Канал 5 на кај опозицијата ја свртеа цела работа, дали ги слушавте... Бранко е крив Гарант и на Сител истото се паламудело.
што е жално, жално е премногу :'( но читам "се трча ли по точак" аман бре луѓеи да трчал - негово си е, но се носат ли ножеви и ред други работи, па уште и да се осмелиш да замавнеш кон некого а не пак да го прободеш ???? незнам каква душа носи тој ...... нека почива во мир Ангел
Истоо.. ужасно,жално многу. До пред некое време неговите се спремале за матура, а сега за погреб...Греота..
^^ Само да се обраќаа така супер ќе беше. Пред саат време дојдоа над 20 возила , застанаа кај Сенатор кој патем само го доуништија и апарат од внатре беше фрлен во огнот. Почнаа сите да не бркаат накај Тинекс и немаше никаква шанса да ги избегнеш, значи како ние одевме пешки така и они по нас пешки одеа. Некој им довикуваше и се стрчаа накај нас , сакаа да го најдат тој што довикувал. Слушнавме дека не знаеле каде да чуваат, дали кај Сарај , дали во Ѓорче. На секоја раскрсница беа расфрлани и запалени контењерите. Не бев надвор коа се фрлаа димните бомби, ама на секоја минута- две се фрлаа. Фатиле и некој во цивилка што снимал па си го добил ќотекот. А тоа за таткото стварно не знам, неколку пати го кажаа денес тоа и уште толку пати кажаа дека е дезинформација..
абе болна нација сме ние !!!! еден нормален нема се е ненормално !!!!!!! добро бе кој бранко бе кој заев бе дали сте нормални луѓето синот,братот.братучедот,внукот го изгубија за вас бранко е крив па вие за лечење сте !!! како не ви е страм со туѓа болка да си поигрувате!!!! за нас судбината на србија малку ни е полошо нешто за нас треба !!!! АЛОО МАКЕДОНИЈОО ДЕТЕ Е УБИЕНО НЕ Е УБИЕН 100 ГОДИШЕН СТАРЕЦ !!!! но да ако излезете на протест грујо ке ве избрка од работа затоа што нели бранко е крив за оваа ахх во каква држава живееме секојдневно убиства а ние молчиме како ништо да не се случило.. жалноо, денеска е детето на комшијата но што ако утре е вашето?? сте се запрашале за тоа?? искрено почнав страв да имам и да размислувам дали ке го дочекам утрешниот ден браво за жителите на ѓорче!! а за детето што и да се каже е залудно не се враќа назад.. господ нека им помогне на неговите родители !! а ние ке продолжиме да молчиме бидејќи забрането ни е да зборуваме.. па не е нашето дете.. толку сум лута и разочарана од се во државата ..ова е страмота ова е резил ова е ужас ова ее.. незнам вејќе ни што е ...
Јас сега пред малку го пуштив Јанко со неговата фамозна емисија и очекував нешто паметно да слушнам и објективно. Се излажав и зажалив воопшто што свртив на Сител3. Коментарот беше дека лицата т.е групите што протестирале биле од Сдсм. Чекај, добро слушнав??????????? Во овој случај не е битно кој како е патриски определен. Не е битно. Најмалку е потребно политички поени да се собираат од ова. Срамота! Млад човечки живот е згаснат и не е прв случај на албанско самоволие. Ух...се нервирам веќе.
СДСМ не можат в партија да се организираат, протести ќе организирале Луѓе од Ѓорче велат дека мирен бил протестот и ако им дозволеле во придужба на полицијата да одат до Центар немало вака даа ескалира, очигледно некому не му одговарала маршутата, па кога полицијата ги спречила да одат кон Центар почнале да фрлаат кон полицајците и полицијата возвратила. Од една страна ако имале полицајците доверба во луѓето кои протестирале немало да дојди до ова, ама пак после вчерашните протести како да им веруваат дека нема цела Партизанска да ја руинираат, кој во тој случај би му платил оштета на оштетените. Инаку мене не ме изненадува однесувањето кога голем дел од припадниците на ваквите единици се со курсеви и обуки (што не е нешто ново кога сите знаеме колку од вработените во државни институции се со соодветно образование, и тие не се криви и тие заработуваат за леб ,а таа професија не е баш најбезбедна никогаш не се знае на какви без'рбетници ќе налетаат), а не со завршен факултет за безбедност , така да можете да замислите за какви луѓе се работи. Мене многу ме изреволтира и овој настан http://think.mk/2014/05/20/denes-ushte- ... recommends Ете затоа ќутиме и затоа не вреди да се шири говор на омраза, не ни се исплати. И знајте едно лошо, секогаш провлекува друго лошо.
Се занае кој се поминати со рамковниот и обучени со курсеви за полицајци .И немој да лупаш глупости дека специалнци ке бидат од тој калибар па уште да се плашат да не ескалира ситуацијата .Вчера намерно ги пуштија да направат неред затоа и се направи опструкција на медиумите .Денешните протести не беа во полза со големи нереди ,а протести без нереди не се протести
babyblond, внимателно ти ги прочитав постовите во темава и уште не ми е јасно како може на ваков немил настан ти упорно да мешаш партии.Не знаеле СДСМ да се организираат во паритијата а камоли протести.Во државава уште малку граѓанска војна ќе избие поради националностите а ти партии расправаш (гледам кометари и од други феминки кои те критикуваат за ова).Ти ако го слушаш Јанко какви го*мна јаде (посебно за опозциската партија) .... што да ти кажам.За вакви работи нема наши ваши.Се организираат протести, ако се против албанците се собираат и ВМРО и СДСМ, и Комити и Пирати,и младо и старо...сите, заедно.Инаку за немилиот настан нема да коментирам многу само ќе кажам дека убиецот нема вера и нација, тој е едноставно убиец и треба да одговара за тоа!Почивај во мир Ангел!
А прочита некој што тоа разговараат србиве на форумов крстарица за нашиве проблеми со дотичниве? Ѕирнете малце.. Како така ни требело затоа што сме го признале Косово, еј ние народов го признавме бе ????