Здраво утре по кој знај кој пат сум закажан на орл. Имам проблеми со сите органи од орл. Што треба да ми проверат и какви снимки да направам треба? Не се издржува ова веќе, зима лето се ми е затнато. И јас имам акутни болки откако ми се дупна ушното тапанче. Чајре има?
Девојки, ве молам за помош кој ОРЛ доктор го препорачувате: д-р Цекиќ, д-р Лазаревски во Систина или д-р Мери?
Здраво, Дали некој се сретнал со ваква или слична ситуација до сега: на секое затнување на нос (веќе 2 пат во последни 6 месеци) истовремено се затнуваат и ушите, почнува фаза на зашеметеност, поспаност, матна(пијана) глава, нешто како brain fog, проблеми со памтење поради ситуацијата, се ми е како во сон, мала нерамнотежа (вртоглавици немам), крвната анализа е супер, бев на уво нос и грло, проверија и синуси и ги чистеа ушите, тимпанометрија и аудиометрија се е во ред. Првиот пат пиев арлеверт и неурофорте, по некое време се стабилизира, но сега 2 пат не. И двата случаи траеше 2 месеци, што е неподносливо. Неможам ни гужва ни галама да поднесам. И на невролог бев плус, прашав за магнетна ми рече нема потреба.,ќе помине, ама ете месец и кусур не поминува мислам дека ќе полудам од ситуацијава, не знам веќе каде да се обратам.
Провери трето уво центар за рамнотежа,обично од трет крајник кај мене се случуваше така психијатар на крај,
Дали има некој да ми даде број од др. Мирка Шулиќ. На нет наоѓам само фиксен број, ама никој не ми се јавува.
Ве молам да ми преппрачете добар доктор за уво, веќе 2 месеци примаше терапија препишана од Д-р Мери, денеска пак полна со секрет, а пред 3 дена го заврши антибиотикот Трицеф. Ве молам помогнете ми кај да ја однесам. Се работи за 2 годишно дете.
Доктор Цекиќ цел живот се лечам кај него, еднаш бев кај Мери дека поблиску, џабе потрошено време и пари гуглни ќе ти искочи
Нели до јануар ќе беше на одмор Ја мислев само Кармен отиде во пензија Значи нема шанса Моите уши не ги доверувам на никој друг освен на него Од бебе ме носат таму
Ве молам за инфо за Цекиќ дали знаете дали ќе се враќа или дефинитивно е на пензија? Препорачајте ми и друг добар орл доктор.
Боли ли фибероскопија? И до каде го спуштаат камерчето во нос? Минатиот пат се извадив од памет и не дозволив, ама изгледа ќе морам.
Незнам дали е истата постапка, лани на клиника правев со едно лесно свитливо црево на врвот со камера, влегува преку нос до грло. Не беше болно, само беше непријатно, со нагон за повраќање. Траеше многу кратко, за 10мин и во двете ноздри. Тогаш не ми кажаа што преглед ке ми прават, па неспремна ме фатија, ама подобро што излезе така.
Д-р Мери наплаќа во зависнист од тоа каде си вработен, замислете!! Ако си во јака фирма или не дај боже странец или вработен во странска фирма/институција/амбасада тогаш ќе си добиеш солени цени, на пример преглед 3000 денари. На влез сестрата експлицитно прашува кој ти е работодавач демек кај кого си здравствено осигуран ИАКО ординацијата нема договор со Фондот и е приватна ординација, ама прибираат информации за да ти го одредат тарифникот! Може докторката е стручна, не викам не, ама крајно неферски пристап. За ова се имам лично уверено, не им верував на тие што ми збореа ама стварно е така. Чисто да си знаете да си кажете дека сте невработени или хонорарци на нивното директно прашање!
Зраво доктор Јасмин Шаиноски воено медицински центар работи со упати со фондовски цени предобар е доктор ОРЛ јас одам кај него и син ми го носам таму.