Им ја укинале социјалната помош затоа што зеле локум од Сдсм.Е ова кога го видов претходниве денови на вести ми се исповртеја цревата.Овие вмровците ептен гаден народ биле....Не знам како не им е срам да го направат тоа на 2 деца болни од церебрална парализа...Голема срамота е тоа што се прави. Во каква само држава живееме.
Јас во ова не верувам. Не сум политички определена, ама не верувам социјална помош да укинале заради локумот. И јас го земав локумот и го фрлив и што. Толку се лоши вмро според некои, а што бре сдсм ги прави подобри?? гратис локумот и кафето. бранко, бранко, бранко ... па бранко нема ни да има функција ако победи сдсм. Тој е само како претставник. Кога беа сдсм, Шеќеринка ваква таква онаква - никаква беше за сите, Грујо беше срце мрце прце. Сега обратно. Секој втор што го знам е врти капа. Едни па други па трети. За некоја година Ибер селмани ќе победи. Каква корист имам јас од бранко или грујо?? Никаква !!! Толку жустро се карате, другарства расипуваат, врски расипуваат за бедна работа. Дали постои некоја држава каде што се е совшрено??? Дали постои држава каде што нема питачи ??? КАде што нема луѓе незадоволни од платата ??? каде што нема социјални случаи ??? Не !! Нема ни да постои па кој сака нека дојде на власт. Факт е дека луѓе како луѓе секогаш нешто ќе ни фали. За тие што имаат книшки се јадат гомна насегде, а самите едвај чекаат да извадат книшка и со едвај средно завршено да се пикнат негде. И џабе сите ми зборат не вака така онака. Само се попува наоколу како божем ние сме сезнајковци. Бранко газот ќе си го извлече, грујо пак џебчето полно. Да победил да не победил. Тотално сеедно. И не сфаќам како може девојки од наша возраст толку да се навлечени на политика. И никогаш нема ни да сфатам. Барем да се имаше нешто од тоа ... Ако гласам јас ќе гласам за кој мислам дека треба. Што има да ширам наоколу лаги и невистина и да зборувам против другите па и да тврдам со сигурност дека тоа што го зборувам е точно. Со самото тоа докажувам каков човек сум. А ништо не можеме да знаеме дали е вистина од она што зборат на тв. Докази .. каде ??? Нигде. Битно мозоците се испрани, и тоа на центрифуга. Треба малку да се олабави цела оваа работа. 24 саати политика. Цел фејсбук политика. цел форум политика. Телевизор не ни пуштам воопшто. И не знаев кај да си пишам мислење ама читам и читам по темите и се чудам. Па еве тука си пишав.
Абе еве да речеме и да не е за локумот, греота е на такво дете да помислиш да му ја скинеш негата, а не пак да го направиш тоа. Јас гледав на Тв, навистина жално и потресно, се расплакав додека гледав, како се виткаше кутрото, како коски да нема. А родителите биле со едно примање само, а имаат две деца со церебрална парализа. Едното и не е толку како помалото. Незнам, јас многу се потресов.
Затоа не ни гледам тв, уште трауми ми требаат заради нив. Како што иде 5ти, се полошо и полошо ќе станува. Јас до ден денес не можам бабата да ја заборавам што ја даваа на телевизија. Не тврдам со сигурност, ама човек со малку душа не верувам да го направил ова, да ја скине помошта, а ако го направил ќе си го носи на срце. И Офи, факт е дека, и да дојде Бранко, тие луѓе пак ќе ги има. Секаде и секогаш. Да жално е и премногу потресно, но против тоа ништо не можеме. И двајцата се прочитана приказна веќе... Сега останува измеѓу дбе зла, секој да го одбере она што мисли дека е помало зло.
Да, слушав и гледав, лично со мои очи и наочарите плус, да не речете до видот е. И дајте мајку му, не бидете толку сурови, реков јас, без разлика дали е поради локумот или не ГРЕОТА Е да му се скине нега на такво дете!!!
И јас многу некако неможам да поверувам дека причината е локумот, од причина што на А1 слушаме се најлошо за ВМРО а на сител слушаме се најлошо за СДСМ си вадат очи бе многу се глупи и тие и тие Е сега и да е поради локумот и да не е стварно е срамота на вакви луѓе да им се одземе негата, овие 4000 денари за луѓево живот значат ( а Грујо ли, Бранко ли сеедно кој е 4000 денари трошат дневно дур да трепнат). Значи не треба да има причина не смеат ни да помислат СРАМОТА стварно ќе речам 100 пати. Глетката беше многу жална
Значи страшно, независно дали поради локумот или поради нешто трето ама па со кое право на тие луѓе им се укинуваат единствените пари од кои живеат!? Сега пред избори најдоа да се тегнат на вратот на ониа на кој најмногу им требаат, срамота!
А јас знам дека А1 се способни да извртат милиони приказни ама они да направат приказна по нивен ќеф како им одговара, а факт е дека крвта ќе си ја испијат ако победи ВМРО Зашто не кажат дека локумот им го вратија луѓе на плоштад од причина што се МНОГУ задоволни од нивната власт на времето? Мене ова вода не ми држи
Абе ти читаш ли јас што напишав??? Без разлика дали е поради локумот греота е!!! Еве ако не гледаш, ако сакаш и наочариве ќе ти ги дадам, мене одлично ме служат, можда и тебе ќе ти послужат да видиш и да не вадиш зборови од контекст.
Воопшто не верувам дека заради локумче и кафе некој некому би укинал социјална помош, аман, баш во време на избори ќе потрчале да им однесат пакети со знак и штембил од вмро за да ги придобијат. Пропагандна војна Сител пука против едни, А1 против други... што помалку се замара човек, мада тешко иде кога сто пати на ден ги даваат истите Да се збогуваме од Бранко, па другиве Ајде на дуел, па ете ти го брат Љубе Слобода или смрт уз прекрасна песна (еј, тоа само ме развесели од цела кампања, песната на Љубе ххахахах). Проблемот со социјалната помош е не дека ја укинале некому, а бидејќи целиот тој систем за социјална грижа е трула вишна од поодамна и треба да се најде друг механизам да се подобри положбата на тие луѓе. Укинувањето е не заради друго, а доколку фатат некој дека работи, макар и нелегално... што е најголема глупост со оглед на тоа што со тие бедни пари од социјално никој не може да преживее. Пак и кога работат на црно, да ги спојат и од социијалното и од заработеното, пак не им достигнуваат за нормален достоен за човек живот. Е тоа е проблемот, а не локумот.
Ајде нејќам да се карам И не, не ми требаат наочари видот доволно добро ме служи Греота е, не велам не (ако е вистина) Ама јас значи ЈАС лично не верувам во ниедна приказна што ја слушам на а1
Во право си Offspring и јас истото го реков причината воопшто не е битна, тоа е срамно, греота и безчовечно и јас ги гледав децава и стварно многу жално Spoiler Девојкава како да е политики обоена па после А1 лажеле, каква корист би имале луѓево да излажат дека им е укината негата (ако лажат ќе ги судат), па верувам во вистината на приказната
Државата е банкрот СФАТЕТЕ Пред тоа им кратеа социјална за безвезе работи... Им паднале во очи им прднало им скратиле. Има субвенции, социјална помош, станови само за партиски послушници ( па дури и за нив нема понекад) Све останато е на божја милост оставено.
Не е поради локумот во буквална смисла скината социјалната помош навистина, меѓутоа факт е дека целна група за локуми или капчиња или запалки и сличен материјал се лица кои се или определени во облик на членство или запечатени симпатизери или неопределени навистина кои се целна група на напади и на двете опции. Сите партии имаат свои лица кои водат евиденција за кого е определено било кое семејство, пред години кога пред избори се делеше вака по домаќинства не се ни сеќавам што почна да ме испрашува еден човек од групата и знаеше поприлично за моето семејство податоци , јас првпат го гледав и не би го познала да го сретнам пак, па му упатив едно саркастично - тоа ти е професија , на што човекот се насмевна и љубезно ми објасни дека навистина тоа му е професија да знае се‘ за сите. Практично партиски шпиуни кои знаат за нас повеќе од нас самите. Реално ги има и ја водат оваа евиденција со страстта на алчни лихвари. Така да не е случајност каде завршува локумот на СДСМ нити па Манифестот ма ВМРО иф ју ноу вот ај мин, според проценката си го наоѓа точно се‘ патот. Некој ќе ми рече дека грешам би рекла отстапувањата може да се минорни, но плод се на големи и однапред смислени калкулации. Во однос на семејството ќе изнајдат оправдување зошто им ја укинале помошта бидејќи социјалната помош остава широк простор за маневар во однос на губење на правото на истата и најмал приход во УЈП од хонорарна дејност ја ништи дури и да имаат во двор само рѓосана каросерија ќе им рачунаат како да имаат автомобил и да не ширам јасна е поентата. Само нискоста е во одмаздољубивиот чин над немоќни и болни, што остава простор за размислување кој е тука поболен дали децата телесно или составувачи на вакви плански акции - умствено. Реторичко е прашањево.
Во време на кампања, кога цел тим работи на нејзино осмислување, кога се трча да се сечат ленти со поголема брзина од било кога, да се даде помош, каде никогаш таа не била дадена, тешко дека некој ќе реши намерно некому да му скрати социјална помош и тоа заради локумот на СДСМ. А, да професионални занимавачи со партиската обоеност на луѓето постојат во секое маало и доаѓаат од локалните штабови на партиите. Знаат во секоја зграда кој за кого гласа и се секако луѓе и кои ве познаваат и кои ги познавате, или можеби вие не нив, али тие вас да. И надвор од избори им кратат социјална помош на луѓето и најчесто е поради некоја сторија на телевизија каде човекот излегол да се жали за нешто, па тогаш од службата биле алармирани да го испитаат и разбрале дека освен социјална помош, човекот и работи на црно. Па тука, колку што ми е авторитетот лош, толку ми е и оној што го искористил човекот за сторија од која човекот изгубил, а креаторот на сторијата не му помогнал да го оставри своето право. А, како што кажа ДивајнХаос, државата е со празна каса се крати од секаде, не е ради локуми. Тешко и дека таа фамилија била некој страсен навивач на митинзи... освен не знам ако докажат дека оделе по митинзи тогаш ќе верувам во приказнава локум за социјална помош.
Прво Господ да чува да брани од овие од А1. Сите граници ги поминаа, скрос! Како не им е срам јас знам, не сум политички определена ама слеп да си ке видиш дека се е за политичка пропаганда. Ми се лоши секој ден некој потресен случај најдуваат, да го искористат против владата. Пу гнаси од луѓе. Е*ати медиумот објективен. А онај па некни 10 дена "што не јадел", шо барал да си оди од 5-6 фирми? Луѓе плачат да се запослат и во една фрима, не му чинело штрајкувал со глад кантите полни. Криминалец, и шо треба бе една joomla да се хакни? Јаките краставици, јакиот талент. А овие па на сител, иста приказна. Не знам кој е толку неинтелегентен да верува во ова дека е вистина, и дека не е за политичка пропаганда. Ке ги искористат кутри луѓе само за глупости, секакви судбини има, не дека им е галје за нив, и ајде цела приказна, за локумотт вака и вака им направиле. Срамота.
Далеку од тоа дека биле страсни посетители на митинзи ова семејство муабетот ми беше се‘ оди во насока или со официјално со нас или не си, значи и од групата на неопределени се крати поради истиот факт економски е пред колапс државата касата уште толку ќе осиромаши со изборниов маркетинг. И во игра е кат на трошоци еве вака социјални случаи кои не се официјално под партиската капа која владее остануваат аут, а од друга страна пак се‘ се прави за полнење на истата каса фирмата во која работам има партиски неопределен менаџер и овој месец наеднаш ги наплатија сите заостанати долгови за персонален данок, која случајност . Убедена сум дека ова се смислени постапки, не обични коинциденции.