1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Укинување на екстерното тестирање од новата влада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 29 мај 2017.

?

Дали го поддржувате укинувањето на екстерното тестирање од страна на новата влада?

  1. Да

    169 глас(а)
    85,4%
  2. Не

    29 глас(а)
    14,6%
  1. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2017
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Лидерот на сдсм воедно и премиер на Република Македонија Зоран Заев најави дека уште на првата седница ќе го укине екстерното тестирање.
    Со екстерното тестирање веќе неколку години ние учениците сме жртви на поранешната власт која со нејзините погубни политики бевме принудени да бидеме глувци за експерименти воедно и нивни партиски војници.
     
    На Cinderfakinrella, cresa-jagoda и elimkd им се допаѓа ова.
  2. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Хаха нека се зафатат за некоја попамерна работа која ќе ја подобри економијата во државава а за екстерното лесен проблем има време може да се укини и после учебнава год.
     
    На Anna-Banana, Tinushka, SuperGirl24 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Секако дека го поддржувам 100%, и се надевам дека за толку колку што има време до тестирањата ќе успеат уште оваа година да го укинат.
    Секоја објективна личност што го има полагано тестирањево овие години, што е просветен работник, родител или на било каков начин е запознаена со тоа како точно се одвива и функционира оваа „реформа“, знае дека е најголема глупост што се случила во нашево образование. Мислам, на некои коментари дека пак ќе останеле неписмени децата и ќе добиваат 5ки само деца на богаташи (како екстерново да ги описмени и да го направи оценувањето пообјективно :rofl:), не знам дали да се смеам или да плачам... (facepalm)
     
    На tirkenbal, daylight, Mishela и 34 други им се допаѓа ова.
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Попаметна работа од образованието на млади луѓе кои треба да се иднината на Македонија?
     
    На daylight, katencezlatence, Goody и 28 други им се допаѓа ова.
  5. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Прав вмровец дома сам на детето ќе му прави екстерно :rofl:

    Секако дека сум за ДА се укине.
    Поголема глупост се надевам нема да има.
    Повеќе пати имаме разговарано и со професори на факултет, и тие се чудат на умот на тие што го поддржуваат ова чудо.
    Буквално никаков ефект нема од екстерно....Само плус под притисок што се децата.

    Многу пари се трошеле за да се спроведе ова....Со други зборови, си переле пари.
    :wasntme:

    Фала Богу ќе заврши оваа глупост.
     
    На daylight, katencezlatence, Lejla8 и 23 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Екстерново тестирање мислам дека беше непотребно. Доволно е да се полага матура а може пак да има приемен испит за на факултетите но и не мора. Во секој случај, екстерново беше само трошок на пари, време и нерви, беспотребно. Јас еднаш го искусив тоа, во седмо одделение, но беше пробно и не се важеа резултатите.
     
    На Cinderfakinrella, stetoskop и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    Абе нели излезе министерот и кажа дека немало време да се спроведе новиот закон, ама дека ќе било „релаксирано“ :D Или можеби оттогаш некој друг излегол со нова изјава, не знам.
    Искрено, не ми менува ништо и да има и да нема, во просек не влегуваат секако. За стресот, мене лично не ми е нешто страшно, прашањата се дадени, мислам, кај го има тоа, професори влегуваат кога сакаат... Воглавно многу нефункционално. Ама познавам доста ученици на кои им се расипа просекот. За среќа, мене не ми влијаеше.

    Туку, кој го смислил ова очигледно бил „генијалец“. Нели се тестираат професорите дали оценувале објективно, добро, тогаш зошто се децата оштетени? Па бидејќи влегуваа во просекот и тие оценки. Па ај нека не влегуваат. Е каде се тогаш објективните резултати ако не влегуваат во просек, можам 1 да извадам и ич да не ми е гајле, па професорот нека си ја треска главата од ѕид.
    А и прашањата се дадени. По секоја логика, не би требало прашањата да се дадени, објективност нели...

    Ако има и годинава, ќе ми биде петти пат и овојпат ама баш лежерно ќе го поминам.
    Во однос на прашањето, сум за укинување, од чиста причина што е џабе потрошено време и не носи никакви подобрувања. Ама ако не влегува во просек, како екстерното што (не) ќе се одржи годинава, не носи никаква штета. Сепак, од следната година нека нема.
    Ама сега, од ученичка гледна точка, кога сите знаат дека нема да одат во просек и не се важни оценките, со задоволство ќе започнам распуст неколку дена порано и баш ми годи фактот што ќе нè остават намира професорите барем тие неколку дена. :D
     
    На galapce, zhap4e, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Абе убо си беше екстерното...Малце и професорите наставниците да ги истестират јас сум да има уште па шо:call:
     
    На Tinushka, ADOKI, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    А сега џабе ги укинуваат кога веќе завршив :D
     
    На Trxmx, eliesaab, Vik'Toriah и 5 други им се допаѓа ова.
  10. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    12.625
    Браво за оваа мерка. Белким ќе не биде со образованиево, ќе тргне напред. Сосема бескорисно екстерно тестирање, кое освен стрес за децата, родителите и наставниците не донесе ништо добро. Дури и тие што цела година не учеле си се офајдија. Велам јас образованието ни е промашена инвестиција, и Кембриџ е глупост. Потребно е да се воведат и приемни испити на факултетите, да постои некоја граница, да го вратат стариот сјај доколку можат, со повеќе практична работа.
     
    На LollySky, cresa-jagoda, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Zivyle

    Zivyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2013
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    Дека матурантите правеле, уште оваа година изгледа, биле објавени и датите за полагање, така слушнав.
    Секако сум за укинување, какво тестирање е ова на унапред дадени прашања.
     
    На Vik'Toriah, cresa-jagoda и Lella им се допаѓа ова.
  12. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Држава во која младината е неписмена нема светла иднина. Држава од која младите бегаат нема светла иднина.
    Екстерното беше најголема глупост за сите во образованието, конечно ќе му дојде крајот.
     
    На fallenangel, Cinderfakinrella, pupi.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Vik'Toriah

    Vik'Toriah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2016
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    591
    Пол:
    Женски
    Тоа екстерно е жив ужас,се сеќавам кога полагав пред неколку години ауу прашања...па ни за прво одд не беа...каква боја е дрвото?каква боја е небото?каква боја е тревата
    ... значи ужас. Исто за англиски ...препишување колку ти душа сака дури и проф.ни ги решаваа тестовите ако може така да се наречат.Залудно трошење време и стресови
     
    На Cinderfakinrella, LollySky и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Леле само да го укинат..не се трпи ово бре.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.087
    Пол:
    Женски
    Се надевам што поскоро ќе се укине
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  16. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.274
    Пол:
    Женски
    Конечно. Имало Господ. На екстерно повеќе се препишуваше отколку на матура. Жива глупост беше. Сите знаеме за што служеше. И на крај ни го расипи просекот. Не, не оценката од екстерно туку од професорките. Мене 2 професорки ми ги намалија оценките од 5 на 4 оти мислеа дека нема да добијам 5. Guess what тие со то шо ми пишаја помала оценка, меѓу кои беше и мојата класна, добија казни. Не би сакала моите срциња да полагаат и да го поминат она шо јас го пиминав, а веќе оваа година треба да почнат да полагаат се надевам дека ќе се укини шо побрзо.
     
    На cresa-jagoda, Ketchup, theowndemon и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2014
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    2.711
    Пол:
    Машки
    Јас кажав дека има мн попаметни работи за кои граѓаните се интересираат а за Тестирањето може да се укини и на негово место да се воведат приемни за во средно и на факултет.
    Тоа е најидеално решение бидејќи денес имаме кадри кои задолжително ни криви ни должни ќе се стекнат со одредн степен на образование. ЗАтоа кажав дека за екстерно може да се укине секогаш а за економијата треба да се зафатат и да си ги исполнат ветувањата кои ги дале на граѓаните...
     
    Последна измена: 30 мај 2017
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Ако се укине тестирањето тоа нема да биде оваа година туку следната.
    Ние не сме навикнати на ваков систем на тестирање кој веќе некои земји го спроведуваат во училиштата.

    Гласав за да, затоа што немаме соодветна литература и затоа што учиме едно а друго се појавува на тестот.
    Јас иако завршив сметам дека екстерното тестирање треба да биде по завршувањето на основното и средното училиште.

    Сега на факултет е воведен нов систем по завршувањето на втора година се полага испит со кој ако е положен влегуваш во трета година.
    Ние не сме Хавард или некој светски универзитет со реномирани професори.

    Кај нас се измешано...
     
  19. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Не требаше ни да се воведе оваа глупост,па логично е дека сум ЗА укинување на екстерното тестирање.

    Не се мери знаењето на ученикот со 200 до 300 прашања кои се достапни еден месец однапред.За некој што учел и бил солиден цела година,може да се случи тој саат време време да се збуни,да падне концентацијата или едноставно да згреши од страв,стрес и сл.За деца се работи.
    Или пак обратна ситуација.Некој ученик дремел цела година,па научил 200 прашања по некој предмет и полага и добива 5.Што кажува ова за наставникот?Дека несоодветно оценил?Или пак дека му се посреќило на ученикот и наставникот ќе биде казнет?

    За воведување на вакви програми,тие кои ги носат законите треба да се консултираат со наставниците,учениците,да зборуваат за нивните потреби и во која насока да се развива образованието,а не некои ,,експерти"да одлучуваат и спроведуваат нешто што виделе или слушнале.

    Ова ме асоцира на,,Видела жабата коњот се потковува,па и таа кренала нога".
    Далеку сме ние од земјите каде се спроведуваат ваквите тестирања.Прво нека се обезбедат пристојни услови во училиштата,нека има хигиенски средства,соодветни нагледни помагала,па после нека се воведуваат експериментални програми,но да бидат согласно потребите на децата и наставниците.

    Вчера излезе распоредот на кои датуми ќе се тестираат учениците.Наставниците се опуштени годинава,нема работа под притисок за да се одговорат сите прашања,децата се уште поопуштени,посветени се на реалните обврски кон крајот на школската година.
     
    На stetoskop, katencezlatence, Kitten и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.711
    Пол:
    Женски
    Најстрашно од сè е што професорите на ученици кои се утепале од учење по нивниот предмет цела година, им велат дека петката ќе им важи само ако не се паднат на екстерно.
     
    На blackwave, Ketchup, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.