Укинување на екстерното тестирање од новата влада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 29 мај 2017.

?

Дали го поддржувате укинувањето на екстерното тестирање од страна на новата влада?

  1. Да

    169 глас(а)
    85,4%
  2. Не

    29 глас(а)
    14,6%
  1. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.698
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ни требаше да се спроведува екстерното.
    Кога почна да се спроведува јас бев знам 8 одделение. Тогаш бидејќи прв пат беше сите беа потресени и наставници и ученици, мада поголемите ученици не се толку замараа. Стресот беше баш кај помалите.
    Памтам наставничката по историја душата ни ја извади. Те скорнува и каде ја отвори книгата случајно од таму те прашуваше се до детаљ.:whew: Оти и нив им гореше под нозе бидејќи ќе требаше да ги казнат ако имаат отстапки.
    Додека во средно полабаво беше за сите. Особено за тие што имаа послаби оценки. Оди заокружува се под А и има 3 сигурно. А за тие што имаа 4 и 5 требаше да се помачат. Плус имаше многу нови прашања кои што ги немаше ставено во прашањата на страната. Така мене во 2 година ме зезнаа 3-4 прашања и не извадив 5 по едниот предмет.

    Екстерното е само пропуст. Џабе се спроведува. Кога веќе се спроведуваше требаше барем да биде регуларно и да не биде само со заокружување. А и ништо не е регуларно во оваа држава, така да да екстерното уште редот не му е дојден да биде регуларно.

    Како и да е супер ќе биде да се укине, ќе нема непотребни стредови кај помалите ученици.

    Иста мерка и за државната матура може.:!:
     
    На cresa-jagoda, Luna91 и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Па види, ако петката е навистина заслужена ќе нема причина зошто професорот да ја намалува и да се плаши дали ќе му ја оправда ученикот. Овие закани обично се случуваат ако му попуштаат на ученикот некоја оценка па после ако се падне на екстерно нормално нема да сакаат да попуштат.

    А имало и обратни случаи кај мене. Им се паѓа предмет, наставникот им става петка и оди во училница и им кажува сè по ред. И тоа не чини.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Да се воведе екстерно за професорите. Има толку несоодветен кадар да ти е жал детето да го пратиш да ти го учат.
    А не ги мачат децата со се што ќе им текне. Бараат од децата да знаат од еден куп предмети, а еден предметен професор не си го знае материјалот што го предава. Се вработиа преку врски, членски книшки и ги осакатиа децата.
     
    На Gosh, Mishela, cresa-jagoda и 8 други им се допаѓа ова.
  4. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Незнам дали постои некој што сака вакво малтретирање, дали за професори дали за ученици..Сите знаеме дека има препишување и тоа неможе да процени дали ученикот знае или незнае.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.392
    Пол:
    Женски
    Тие 11 гласа досеа што се НЕ.Нека дојдат да ми ги решат прашањата мене и на сите што полагаме чим е толку лесно.Децана од 4то ги тормозат..срамота плус и она Кембриџ програмана е катастрофа.Биологија 9то учат тоа шо учам во прва.Значи до крај на 4та они и ќе докторираат и све.ПРОМЕНИ ВО ОБРАЗОВЕН СИСТЕМ ОДМА!на ништо не личи ова
     
    На cresa-jagoda, Luna91, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Најлесно е да се каже, ако е заслужена оценката, нема да има отстапување. Каде е тука во предвид притисокот врз ученикот или пак, големите услови за препишување, што може да влијае врз крајниот исход?

    Точно е дека треба да се регулира феноменот на поклонување оценки, ама не ни на овој начин.
    А одозгора не е ни ефикасно спороведен проект. Прво, прашањата несоодветно напишани, второ компјутерски несредени одговори. Пр. a) 0.5 в.) 0.5, како што сум слушала примери, и сега може ученикот ќе заокружи под а, а компјутерски е програмирано в, да се земе за точен одговор.
    Потоа, зависи каков професор ќе им се падне, па едни ќе имаат среќа и ќе препишуваат, други не, па ете ти крајни резултати.

    Треба да се врши надзор и проверка на знаењето, ама не врз учениците, туку прво врз наставниот кадар кој зема плата тоа знаење да им го даде.

    Со екстерното само им дадоа до знаење на учениците дека треба да учат и единствено да учат за оценка, а не за знаење :)

    :d::drunk:
     
    Последна измена: 30 мај 2017
    На cresa-jagoda, LovelyGirl3, Luna91 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Лесно да се укине,туку да направат нешто паметно.....типично улижување кај младите тоа го знае сдс без м
     
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Вo некoи држaви нa ЕУ имa држaвни тестoви секoе трoмесечие. Пo сите предмети. Тoa се стaндaрдизирaни тестoви, зa дa се спречи нaстaвникoт/прoфесoрoт дa измислувa небулoзни прaшaњa. Сте виделе ли спoред прoгрaмaтa нa МO штo требa дa знaе oд некoјa темa, a штo се бaрaaт нaстaвниците/ прoфесoрите?
    Ќеркa ми имaше кoнстaнтен прoблем сo еднa нaстaвничкa. Сите 5ки, кaј нејзе 3кa. Мoлев бoгa дa и се пaдне тoј предмет нa екстернo. Зaтoa мислaм декa децaтa требa дa пoлaгaaт држaвен испит вo ситуaции кoгa oценaтa пo еден предмет oтстaпувa oд другите oцени. Дa се види кaде е прoблемoт, a не пo случaен избoр. Децaтa не се име и презиме. Требa дa се aнaлизирaaт кaкo личнoсти. Дa се нaпрaви aнaлизa зa секoе дете.
    Некoј пишa декa не влaгaле вo прoсек oцените oд екстернo. Не е тoчнo. Влaгaa.
    Се сеќaвaм вo 6тo oдд. нa прaшaње пo фрaнцуски...кaде oди Мaринелa вo петoк нaвечер..пo стaвенo вo фoрмa - вo петoк нaвечер Мaринелa oди вo ________.
    Пoнуденo: нa плaнинa, вo дискo, нa мoре...тaкa некoи безвезе oдгoвoри. Мoјaвa ништo не зaoкружилa, не oдгoвoрилa. Бaрaв дa гo видaм тестoт. Гледaм не oдгoвoренo. Зoштo? Тoчнo билo - вo дискo. Зoштo не oдгoвoрилa? Пa мaмo мaли сме зa вo дискo.
    И немa лoшo вo тoa штo беa дaдени прaшaњaтa. Зa мнoгу специјaлистички oбуки кoи се држaвни и се зa вoзрaсни, прaшaњaтa се јавни.
     
    На joy1, Trxmx, Jas! и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Florenсе

    Florenсе Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    1.712
    Пол:
    Женски
    Јас можам да ти кажам дека на пример оценката по македонски ми е заслужена кај мојата професорка. Сум го учела она што таа го бара да се знае, и онолку колку што го бара. Има некој што учел многу помалку, а ја има истата оценка. Тој некој добива 5 на екстерно, и самата знаеш на кој начин. А јас, со ова мое знаење можам да добијам 3 на екстерниот тест. Зошто? Зашто со пола од прашањата прв пат се среќавам. Кој е виновен? Мојата професорка. Таа не придала важност на дел од материјалот и затоа јас добивам помала оценка од очекуваната.

    Или пак она кога им велат на децата дека ќе им пишат петка, ама да пазат што добиваат на екстерно, затоа што в година кога пак ќе им предавале ќе им пишеле слаби оценки.
    Можеби и нема да постапат како што се заканувале, ама ако на екстерно добиеш 3, а си имал 5, биди подготвен за психичка тортура од страна на професорот.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Се укинува ектерното, од утре.... опуштете се;)
     
    На ph.orhideja му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Излезе некаде официјално? Само што си дојдов од школо, не сум гледала.
     
  12. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    48.074
    Пол:
    Женски
  13. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.996
    Пол:
    Женски
    Павле Богоевски на фб објави, пред еден саат
     
  14. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    ДАј боже да се укине брат ми мака мачи со внука ми кога доаѓа екстерното сите се накострежени:punch:
     
  15. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2013
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Машки
    Пред некој ден ја начекав темава во моментот веднаш по нејзиното објавување, ама немав време да пишам.
    Сега веќе било каков одговор нема да има смисла. Пораката беше во изобилие од грешки, типични за неписмена особа, но очигледно некој од уредниците, по обичај, се погрижил постот да изгледа така како што изгледа сега.
    Но само на кратко, @Rexona.. и остало нешколувано друштво, радувајте се со тоа што нема веќе да ги правдате петките во графите на црвените големи книги, меѓу останатите и оние по правопис и литература, но во животот нема модератори и коректори како на форум.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @corto.maltese Како претставник на школуваната група, би требало да знаеш дека екстерното се воведе за се, освен за проверка на знаењето.

    Склопија бизнис, компјутер за секое дете, кинеска пластика што не функционира, испраа пари со Ленор, па ај кога сме веќе тука, во случај да не не прашаат што ќе ни се тие компјутери, ај ќе воведеме нешто ко од шала, да испаднат корисни.
    Ем контрола врз неписмените наставниците што се одбор дружина во првите редови на штабот, ем уште по да ги онеписменат сите.
    Ма вондерфул ^_^

    Нека има екстерно, ама прво за наставниот кадар, што ќе речеш на таа идеја? Тие петки некој им ги поклонил, зарем не? :?:
    За тоа нешколувано друштво, некој зема плата да ги школува.
    :d::drunk:
     
    На Trxmx, cresa-jagoda, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    @Summerlover Неписменоста има сосема друга причина што не е екстерното тестирање. Да, како што кажа,неписмените наставници се криви, ама не гледам како тоа има врска со тестирањето.
    Колку што екстерното не го подобрува образованието, толку и не го расипува. Зборувам за знаење, ама во вистинска смисла на зборот, а не оценки, пред да кажете дека влијаело на просекот.
     
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @Lella Тестирањето Лелке, не е ни важно ни најмалку релевантно во целата ситуација. Тук-таму некој ќе се понервира, ќе изгуби просек и ќе помине годината.
    И што е поентата? :^) Нити знање проверено, нити наставник оценет. Компјутерите како годишна влошка, еднаш употребени.
    Зошто ако не го подобрува, е воведено? На образовниот систем не му требаат реформи, што, ајде еве нека стојат, пошто не болело колено од нив.

    Суштинскиот проблем е токму неписменоста чиј извор е партиската книшка на професорите. Тоа треба да се реши, па после можеме да зборуваме за проверка на знаењето на учениците и тоа преку модел што би бил функционален, плански и организиран и ефективно спроведен.
    :d::drunk:
     
    На Trxmx, cresa-jagoda, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    17.252
    Допаѓања:
    118.914
    Пол:
    Женски
    Јас мислам за секој случај да си учат децава да не биде после “не сам знајала“ :?:
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Jas!

    Jas! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2016
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    6.313
    Пол:
    Женски
    Прашањата не ги измислуваат наставниците, туку ги создаваат според однапред дадени стандарди и критериуми, кои на крајот не се поклопуваат со стандардите за екстерно тестирање.
    Постојат вакви критериуми за секој предмет и секоја година одделно и професорите мора да работат според нив. Повторно грешката е во неусогласеноста на критериумите кои се бараат од наставниците и критериумите дадени во екстерното.

    Тоа не е сосема точно. Според планот и програмата и критериумите за оценување таа те оценила тебе. Екстерното не е изготвено според истиот стандарт затоа често се случуваа на тестирањата ситуации како што ги опиша ти.
    А оние што се постариот кадар во образование? Писмени, неписмени, нив ги бива или закочени во времето се?!? Оти и тие подлежат на екстерно.....

    По темата, мое мислење е дека од старт погрешен концепт беше изработен, затоа неуспешно излезе на крајот, а цената ја платија учениците. Целта првенствено беше подобрување на квалитетот на образованието и со секој показател дека тоа не се постигнува уште подлабоко се тонеше. Крајот беше неминовен. Инаку сум да има екстерно и да се контролира работата и на учениците и на професорите, ама со соодветни методи а не според украдени техники од поразвиени земји.
     
    На Emy867 и theowndemon им се допаѓа ова.