Укинување на екстерното тестирање од новата влада

Discussion in 'Политика и настани' started by Rexona.., May 29, 2017.

?

Дали го поддржувате укинувањето на екстерното тестирање од страна на новата влада?

  1. Да

    169 vote(s)
    85.4%
  2. Не

    29 vote(s)
    14.6%
  1. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Joined:
    May 13, 2017
    Messages:
    25
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    екстерното тестирање се покажа како неуспешен проект на гвуевизмот, само ве жалам вас кои сеуште мислите на шовинизам и дека вашата партија ќе ве награди поради вашето пишување по форуми.
     
    Last edited: May 31, 2017
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,675
    @Jas! Не е спорно дека постојат стандарди и критериуми. Спорно е колку наставникот се придржува до истите.
    4 одд. Тест општество, 31 прашање. Не на дополнување, не на заокружување. Цел одговор. Ако часот трае 40 мин. и треба 5 мин да се поделат тестовите и накратко да се објаснат, остануваат 35 мин. за 31 прашање. Фали е тоа стандард?

    Член сум на неколку групи каде наставници споделуваат тестови. За една иста тема, различноста на поставените прашања е огромна.

    Англиски јазик од 6то до 9то, тест на А4 формат двострано, големина на букви 10ка. Хедер, футер, маргини лево десно, не не не. Фул А4. И среќна ли е што неможат децата да постасаат? Нека е. Ама денес на улица не ја поздравуваат.

    Ќе се сложиме дека има наставници кои се посветени на работата, но и онакви кои нервозата ја истураат врз децата.
     
    joy1, eliesaab, Victorian and 3 others like this.
  3. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Joined:
    Aug 5, 2010
    Messages:
    5,531
    Likes Received:
    34,908
    @sanjaeva А тек екстерните тестови по математика, што подразбираат решавање на задачи :)
    А и тоа што повеќето професори ни самите не ги знаат одговорите од тестовите, е веќе сувишно за коментирање :tmi:
    :d::drunk:
     
    Lejla8 and theowndemon like this.
  4. Jas!

    Jas! Популарен член

    Joined:
    May 30, 2016
    Messages:
    192
    Likes Received:
    6,313
    Gender:
    Female
    @sanjaeva
    Се сложувам - ги има секакви.
    Верувај дека дури и за обемот и видот на прашањата има стандард, има критериум има правилници, воопшто не е тешко да се испочитуваат тие, напротив потешко е наставникот да наметне свои. Е сега во тој "калап" не влегува секој предмет и секој наставник. Тоа сакав и да кажам - проблемот е подлабок. Не се кадрите толку неписмени и неспособни за работи, колку што се законите неприлагодени на реалните. Неспособни имало и ќе има, тоа е факт. И нивната неспособност не е заради владините програми или наметнатите регулативи.
     
    LollySky and sanjaeva like this.
  5. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,675
    Имаше првата година.. според податоците на сликата пресметај, а слика нигде :rofl:

    Едит: тестовите по македонски јазик беа навистина добри и корисни. Ќерка ми 3 пати полагаше македонски.
    Не беше добро што по некои предмети имаше 400 прашања, а по друг 100. И колку и да ме убедува некој дека 2 предмета од по 400 прашања не се паѓале на едно дете, нема да ме убеди затоа што се паѓаше.
    Требаше по секој предмет 100 прашања и крај.
    За екстерново пишувам во минато време :)
     
    Last edited: May 31, 2017
    Victorian, Lejla8 and Summerlover like this.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Joined:
    Aug 5, 2010
    Messages:
    5,531
    Likes Received:
    34,908
    @sanjaeva Се е до имагинацијата бе Сани, неа ја тестираат :rofl:
    :d::drunk:
     
    sanjaeva likes this.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    Не знам каква е состојбата со педагошки во овие години, ама од времето - мое време... тоа беше нај, ама нај батал факултет на кој се запишуваа сите оние кои претстава немаа што со себе и животот, и имаа ужас успех од средно. Од тој шунд од мојата генерација, јас стварно не знам како да искалемиш асален наставен кадар. Жими се.
     
    Victorian, Lejla8 and Emy867 like this.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
    Eee таман ете некој со тој став на кој се изначудив во претходниот пост... ај оти на фб не ми се дискутира во коментари, те молам објасни ми ти како учење напамет на 100/200/300/400 прашања (или уште подобро, во многу случаи - не ни учење напамет, туку спремање за препишување на одговорите) ја подобрува писменоста кај децата?

    Иначе, во политичкиве теми имаш твој истомисленик што и екстерното го поддржува како и сите реформи на партијата. Сам има кажано тука јавно дека е наставник (сепак не го именувам по ник), а немам прочитано ниеден правописно уреден пост без барем неколку грешки од него. Што ќе кажеш на тоа?
     
  9. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Како не функционираат, па пред некој месец видовме дека школскиот ПЦ на директорот на гимназијата во Куманово одлично функционира и му се најде корисен при онлајн курсот за мастурбација.

    А се слагаме дека @Rexona.. е неписмен, но дека тоа не е по негова вина?
    Ако се слагаме, дали можда мала рехабилитација после неколку години редовно полагање екстерно ќе го врати у нормала, освежи и вметне во групата на едуцирани?
     
  10. corto.maltese

    corto.maltese Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2013
    Messages:
    475
    Likes Received:
    1,030
    Gender:
    Male
    Никако!
    Модератор си, уреди му ги правописно текстовите исто како што си направила со пораката на Рексона.
     
  11. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Joined:
    Jan 2, 2014
    Messages:
    1,633
    Likes Received:
    13,334
    Gender:
    Female
    Дефинитивно се укина екстерното! :party:
    Фала Богу па нема више да се врши тортура врз малите.
     
  12. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Joined:
    May 13, 2017
    Messages:
    25
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    Не можеш да кажеш неписмен на некој што само три години живеј во државата само да знаеш солидно зборуваме македонски.
     
  13. Jas!

    Jas! Популарен член

    Joined:
    May 30, 2016
    Messages:
    192
    Likes Received:
    6,313
    Gender:
    Female
    Јас не мислам така, тоа што некој некогаш бил лош не значи дека понатаму во животот не бил успешен или не се пронашол во професијата.
    Во средно, кога децата се во пубертет, почести се оние незаинтересираните за учењето и кои не знаат што со себе во животот, отколку оние што навистина веруваат дека учењето им треба, е важно. Дали тоа значи дека нема да бидат успешни понатаму во животот?
     
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    Не ме зезај, Јас со вакви коментари чиниш претседателски избори се. :) Јас зборувам за да се подобрат критериумите за прием на такви студенти, да да се подобри воопшто таа катедра, ти ми зборуваш за мир во светот и виножита. Аман. Нешто стварно не се разбираме. И потоа, неписмени ќе се децата. Па ќе се.(y) Со сила лоша и безмилосна ќе ме направиш. Секако ц.
     
    crimson and Emy867 like this.
  15. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Joined:
    Jan 16, 2016
    Messages:
    1,518
    Likes Received:
    15,090
    Gender:
    Female
    Каква глупост е тоа екстерно. Јас во средно полагав, и толку ме зафркнале тие нереални оцени во животов, не можам да ви опишам. Англиски имавме професорка и беше олош, ама учевме и знаевме англиски. 4 години 5 ки со тешки маки сум добивала, за тест се спремав повеќе отколку за испит, на крај на екстерното англиски јас 3 ка а другарката до мене 5ка. Имавме идентични тестови... е сега кој е неписмен тука, учениците или оценувачите.
     
  16. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,334
    Кажете ми како станав пописмена лани кога во три дена кубејќи коси, го повторав целиот материјал и сите задачи од математика кое вклучуваше учење на памет километриски формули од тригонометрија, за збир, разлика, адициони? Да не заборавам дека меѓу тие задачи имаше такви кои се решаваат и по 10 минути...
    М?
    Извадив сепак 5ка, ама тоа ниту ми ја подобри писменоста, ниту ме направи попаметна или подобар математичар

    Укинување на екстерното било улизување на младите.... е ај ништо нека не прават, нека пропаѓа образованието, подобра репутација ќе стекнат отколку да испадне се улизуваат.

    Токму вие што ги подржувате ваквите такозвани реформи во образованието, се гледа дека појма немате од просветна работа и најмалку знаете да бидете пред сè психолог со учениците и на едноставен начин да им го пренесете знаењето.
     
    Mishela, LollySky, Lejla8 and 4 others like this.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2010
    Messages:
    4,029
    Likes Received:
    25,023
     
    Lejla8 likes this.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Joined:
    Sep 9, 2011
    Messages:
    7,002
    Likes Received:
    37,236
    Gender:
    Female
    Ох, вие просветители!
    Благодарение на вас образованието го достигна дното. Создадовте неписмени генрации. И вие најдовте да зборите?!
     
    Yowannty, blackwave, Tan4ence and 2 others like this.
  19. Jas!

    Jas! Популарен член

    Joined:
    May 30, 2016
    Messages:
    192
    Likes Received:
    6,313
    Gender:
    Female
    @zhap4e Не се децата неписмени од наставниците, туку од лошиот образовен систем, во кој заглавува цело општество. Процесот е многу покомплексен, а тука се коментираат работите само од едната страна, што малку делува површно, а за кои јас никогаш не реков дека се неважни туку дека и тие се составен дел од "приказната" ама гледам некако тука нема простор за дискусија.
    Не мора јас и ти да се разбереме, во ниеден момент не сакав да изгледаш лоша и сосила зборовите не можам да ти ги истргам :)
     
    LollySky likes this.
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2011
    Messages:
    868
    Likes Received:
    13,217
    Gender:
    Female
    Некои од моите причини против екстерно
    -Игра улога фактор среќа односно дали ќе добиеш 700 прашања (македонски и математика) или 300 (географија и музичко). Исто, дали добиваш викенд или работни денови за подготовка
    -Добро е за слабите ученици кои нема што да изгубат, за разлика од одличните каде мало невнимание може да им го расипе просекот
    -Добар дел од прашањата можеби 20-30 % се формулирани така што не може да им се претпостави одговорот. Од наше искуство, ниту наставниците не беа сигурни за овие одговори ниту можеа да претпостават што би било понудено. Според мене ниту солиден ученик со одлично знаење, не може да биде 100% уверен во себе со вакви прашања...
    -Во контекст на претходново, зимово син ми полагаше билогија (четврта година ). Имаше 20 прашања двосмислени, навидум поставени како логички. Ја консултираше наставничката за најпроблематичните, но и таа немаше одговор. Го прашувавме гоогле на македонски, англиски...па пробав на српски. И глеј чудо- истите прашања, ама целосно истите верувајте ми на збор, излегоа како прашања од минати српски матури. Значи, не знам кои се луѓето кои ги ''составуваат'' прашањата, ама ова ми беше уште еден доказ дека во оваа држава се' се препишува -од докторати па до обични прашања за тест.
    -Имам познаничка која има две деца и дома освен македонски зборуваат уште еден стански јазик, кој децата на училиште го изучуваат како втор странски јазик. Е тој јазик две години по ред и на двете деца им се ''паѓа '' на екстерно. Така што овој случај ми влеа сомнеж дека во оваа држава за луѓето што имаат многу пари и конекции со ''високи'' кругови -ништо не се остава на случајност, па ни екстерно.
    -Понатаму, мене ми е логично на пример дете кое по некој предмет има цела година четворка, одржува континуитет, редовно е на часови, покажува интерес, истото на крај да има петка. Односно, крајната оценка е сума од знаење, вештини, интерес, дисциплина
    - Внука ми која има двојка математика и не знае ништо, лани на екстерно доби петка. Едноставно, прашањата и' ги одговри дете математичар, а таа ги научи на памет одговорите
    -Не ми јасно на пример зошто по предмет хемија, се поставува прашање со двојна негација....итн итн за екстерново можам до утре да пишувам
     
    Hipster, Mishela, oblace1 and 10 others like this.