Укинување на екстерното тестирање од новата влада

Discussion in 'Политика и настани' started by Rexona.., May 29, 2017.

?

Дали го поддржувате укинувањето на екстерното тестирање од страна на новата влада?

  1. Да

    169 vote(s)
    85.4%
  2. Не

    29 vote(s)
    14.6%
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,768
    Gender:
    Female
  2. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2011
    Messages:
    2,335
    Likes Received:
    18,233
    Gender:
    Female
    Како и многу други работи во образованието (а тука ги вбројувам и основно, и средно, и факултетско), и екстерново беше само еден од многуте (неуспешни) обиди „да се гради куќа од кров наместо од темели“. Се виделе повеќе работи во повеќе земји, каде-каде поразвиени од нашава, и во обид да се направи бледа копија на сите тие, уствари се направи каша-попара која никому не донесе ништо добро, а на многумина, и ученици и наставници, им донесе само куп дополнителни сресови, главоболки, изгубени време и нерви, намалување на просек или казни, соодветно.
    Јас екстерно полагав само во трета и четврта година средно, така што од искуство можам да кажам да не се лажете дека беше само така провизорно и дека не му попречува на успехот на ученикот. Напротив, и оценките добиени од екстерното си стоеја во свидетелство (од задната страна) и влегуваа во крајниот просек. Само како и секогаш, и за ова е случај да тој што не осетил на „свој грб“ и е само пасивен набљудувач, и за најголемата глупост или најтешкиот испит ќе каже дека е мачја кашлица, ништо посебно.
    Имав среќа да двете години во кои полагав, по двата предмети кои ги полагав, добивав петки, па не ми се скрши успехот бидејќи и инаку бев со просек 5.00, но имав многу другари и познаници чиј успех беше нарушен. А врв на иронијата е тоа што се знае дека нели, 1 (недоволен) како таква оцена не може да стои во свидетелство, мора да има барем 2 (доволен) - епа, добиената 1. на екстерно си стоеше шлапната на свидетелството на крај, прибидејќи fuck logic. А да не правиме муабет пак за глупавите прашања и уште поидиотските понудени одговори кои ти вреѓаат интелигенција (пример прашање по педијатрија: шишето со цуцла треба да е, и наведени одговори: округло, коцкасто, итн.).
    И тука некој нашол да ми кажува дека имало корист од сета оваа фарса и дека со тоа се добивало знаење, абе ај. Гледам колку добив знаење и колку ми е тоа од помош сега, години подоцна, во мојава професија, со тоа што дознав дали шишето требало да биде округло или коцкасто.
     
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,391
    Gender:
    Female
    Читам на фб коментар од некоја малоумна Зошто се укинало екстерното сега децата немале да знаат правило да пишуваат.
    :wasntme:
    :angel:

    ОК тврдокорни, знаеме и гледаме колку ви е неубаво на душата, ама до олку ќе се ругате?
    (facepalm)

    Плачковци, ни за опозиција не ве бидува.
     
  4. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,334
    Јас сега во 4та полагав биологија и навистина беа ужас прашањата. Мене одлично ми оди предметот, сум одела и на натпревари, ама кој ги составувал тие прашања, мислам свака му част. Посебно тие од генетика беа недоволно оформени и двосмислени. И јас ја прашував професорката која исто така не знаеше да ми ги одговори :x
    Биологија три пати полагав до сега, и очигледно некој уште не ја сфаќа суштината на предметот и начинот на кој треба да се изучува...
     
  5. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Joined:
    Jan 17, 2016
    Messages:
    3,549
    Likes Received:
    19,470
    Добра одлука на СДС.

    Очекувам брзо да се укине, по можност уште годинава. Екстерното претставуваше само еден терет плус, кој освен стрес и трауми за учениците и наставниот кадар, не предизвика ниту еден позитивен ефект. Сега новата Влада има можност етапно да воведува нови начини за подобрување на образованието, ќе видиме дали добро ќе ја искористи можноста. Очекувам да се почне од укинување на Болоњскиот bullshit систем!
     
  6. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Joined:
    May 20, 2017
    Messages:
    170
    Likes Received:
    332
    Gender:
    Male
    Утре на итна седница ќе се укине, што значи дека уште од годинава нема да се полага.
     
  7. Victorian

    Victorian Популарен член

    Joined:
    Jan 4, 2012
    Messages:
    1,050
    Likes Received:
    6,074
    Gender:
    Female
    Според мене екстерното беше добра замисла ама многу лоша реализација.

    Сметам дека треба да има проверка на знаењето на учениците поради тоа што (според мене) останаа неписмени, не знаат основни работи ама сите се одлични во свидетелствата. Не знам дали вината за тоа е во професорите или кембриџ или која и да е програмата по која учат сега ама тоа е факт.

    Сепак екстерното во никој случај не беше решение и воопшто не е одраз на нивното знаење во текот на годината, затоа што многу нормално е дека на тест на кој од претходно ги знаеш прашањата нема (да си дозволиш) да добиеш 1ца или 2ка...плус што е на заокружување па и што е најтрагично (некој го мрзело и да ги научи прашањата па) и се препишува ама па и за помалите (колку и да според мене беше банално и прелесно екстерното) претставуваше стрес.

    Сепак ова е мој став и не мора да се согласите со мене :)
     
  8. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Joined:
    Jan 2, 2014
    Messages:
    1,633
    Likes Received:
    13,334
    Gender:
    Female
    .. Ама на самиот крај се исплатеше сета таа тортура, закани, притисоци....
     
    Someonespecial likes this.
  9. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2014
    Messages:
    16,161
    Likes Received:
    49,398
    Gender:
    Female
    Се укина таа глупост да не кажам подруг збор..амин Господе.За 3 дена да наштребам цел учебник да се испобунам за на крај да ми ги кажуваат на лице место одговорите?Зашто, за да немало отстапки у оценките.Па оценките не се мерило за знаењето бе прости едни.Хаос!
     
  10. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,740
    Поголема глупост од екстерно не можеле да смислат. Бар не во формата во која беше замислено и начинот на кој се спроведува. Со ништо не се тестира колку реално научиле учениците во текот на школската година. Објавени прашања, размена на одговори од страна на родителите и бубање на одговорите од страна на децата. За кое знаење зборуваме тука? Доколку целта била да се тестира краткорочната меморија на децата, целта ја постигнале.
     
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,957
    Likes Received:
    14,024
    Gender:
    Female
    Аиии, жива си била :D Aj честито нова влада!
     
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Joined:
    Jan 26, 2017
    Messages:
    4,283
    Likes Received:
    57,869
    Gender:
    Female
    Нека го укинуваат, поголема глупост нема. Не може знаењето од цела година да ти го оценат во еден час со 30 прашања. А и некои што цела година имале едвај двојка на екстерно добиваат четворки, оние кои се труделе учеле цело време на исто рамниште со нив епа не може, не е тој начинот на оценување. Се случувало и професори да не сакаат да ти пишат повисока оцена ради "што ако ти е слабо екстерното по мојот предмет". До лани бев средно и немам обврска за екстерно, но многу ми е мило ако навистина стасаат да го укинат уште годинава. Исто така убаво би било и Кембриџ програмата да ја укинат.
     
  13. Rexona..

    Rexona.. Активен член

    Joined:
    May 13, 2017
    Messages:
    25
    Likes Received:
    46
    Gender:
    Male
    и пратениците од дпмне најавиле дека нема да го спречуваат укинување на екстерното.
     
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,957
    Likes Received:
    14,024
    Gender:
    Female
    Аjде да кажам некоj збор како професор по англиски. Во оцените по моjoт предмет влегуваат неколку компоненти: разбирање, говорење, читање и пишување. Со екстерното едноставно не е можно сето тоа да се провери, фактички се оценува само препознавање (разбирање).
    Македониja е земja коja од цел регион има наjголем буџет за образование, а наjслаби резултати на сите мегународни тестирања. Зошто? Затоа што тие пари се трошат на проекти наменети исклучиво за перење пари. Проектите ги изработуваат партиски воjничиња во Министерство за образование кои немаат влезено во училиште а камоли да држеле час,чии главни квалификации се дремење во штаб и одење по митинзи. Нас наставниците како кадри директно вклучени во образовниот процес никоj ништо не не прашал.
     
  15. ADOKI

    ADOKI Истакнат член

    Joined:
    Apr 20, 2014
    Messages:
    1,696
    Likes Received:
    2,712
    Gender:
    Male
    Прво мило ми е што си моја колешка и до некаде можеби си во право , но сепак смерам дека екстерното проверување на учениците беше пребрзо воведено и без претходни консултации со директните учесници во воспитно образовниот процес и сметам дека тука е направена грешката од самиот старт.
    Инаку сметам дека како начин на проверка на знаењата на учениците е добро да постои ама во некој си друг формат или облик кој би се одржувал еднаш на три год и чиј што резултати не би требало да влијаат врз успехот на ученикот или врз личниот додаток на наставникот.Сметам дека новата влада би требало да размисли за такво нешто или некој си друг облик како полагање приемни или нешто друго.
    Ако веќе се укинува екстерното редно е со него да се укини и електронскиот дневник , како и описното оценување на улениците од 1 - 3 одд.Од проста прочина што една иста работа се повторува и во класичниот дневник па истото и во е-дневник , а за описното да не правиме муабет има пишување сведителства глава да ти се замати а истото тоа после и во главна книга , тоа е само едно дополнително малтретирање на наставниците кое нема никаков епилог.
     
    Last edited: May 31, 2017
    Lianna Anna, LollySky and Victorian like this.
  16. veteruska

    veteruska Популарен член

    Joined:
    May 27, 2014
    Messages:
    1,977
    Likes Received:
    5,800
    Иронијата твоја е многу провидна,како и што и вашата влада е нелигитимна и нема долго да трае,од причини што се едвај 62пратеника,што значи многу е тенка како менекенка која ке умре од глад.
     
    Lianna Anna likes this.
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,957
    Likes Received:
    14,024
    Gender:
    Female
    Се сложувам, убаво е да има таква екстерна проверка коja би служела за само да се увиди дали наставата е ефективна.
    Мене електронскиот дневник ми е убава работа поради тоа што и родителите имаат увид во работата и оцените на децата, само да ни дадат асални компjутери со кои ке може директно на час да си работиме. За да не водиме двоjна администрациja, би го укинала хартиениот дневник.
    За описните оцени се сложувам, ионака родителите секогаш бараат да им се каже со броjка за колку научило детето.
     
  18. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2012
    Messages:
    11,538
    Likes Received:
    184,392
    Gender:
    Female
    Факт е дека екстерното беше жива глупост, ама не идејата како таква, туку реализацијата длабоко потфрли. Сум за тестирање. Со нормално составени прашања од стручен и образован кадар.

    Сметам дека приемен на факултет е најдобра идеја. И да се прима само ограничен број академски кадар. Да се прима онолку колку што е потребно, па тие што навистина го сакаат конкретниот смер, нека загреат столица и нека се изборат за истото на соодветно тестирање.

    Факт е дека најголемата грешка е што на младите не им се помага со насочување кон она кон кое тие би биле навистина добри, па на крај имаме матуранти кои не знаат што сакаат и се запишуваат на факултет колку само да се запишат. Мора да се најде начин како, кога децата од најмала возраст ќе покажат одреден интерес кон нешто, да се работи на задржување на нивниот фокус кон истото. Далеку сме од тоа.. ама тоа е добра идеа и функционира во многу општества.
     
    IronLady, Emy867, theowndemon and 3 others like this.
  19. Rakometar

    Rakometar Истакнат член

    Joined:
    Jan 13, 2017
    Messages:
    205
    Likes Received:
    134
    Gender:
    Male
    че има седница за укинување на екстерното денеска или слабо.
     
  20. kukla21

    kukla21 Мама Staff Member

    Joined:
    Aug 4, 2013
    Messages:
    23,744
    Likes Received:
    108,740
    И ја тоа чекам