Укинување на екстерното тестирање од новата влада

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 29 мај 2017.

?

Дали го поддржувате укинувањето на екстерното тестирање од страна на новата влада?

  1. Да

    169 глас(а)
    85,4%
  2. Не

    29 глас(а)
    14,6%
  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ветерушке, за мене не е улижување, туку е должност на една влада да го почитува мислењето на засегнатите граѓани и експерти во областа во која спаѓа една реформа. ВМРО за екстерното со години не рецна јавно 90% негативно мислење.
    И очигледна е поврзаноста со партиската определеност, и овде на форумов, и во реалноста. Знаеш која професорка во моето средно најгласно нѐ критикуваше да ,,седиме во школските клупи, да си учиме и да не се буниме“ ни за математика на матура, ни за екстерно? Таа што ја имаше по твитер и сите портали дека после нападот во собрание му аплаудираше на дедото на фејсбук, е баш таа!

    Само почеток е и се надевам во образованието нема да остане на тоа, дека ќе следи и Кембриџ програмата и учебницине полни со бисери кои се предмет на чудење и потсмев.
     
    На Bender Rodriguez, blackwave, cresa-jagoda и 13 други им се допаѓа ова.
  2. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.235
    Пол:
    Женски
    А твојата писменост од далеку се гледа :x Благодарение на доброто образование:tmi:
     
    На blackwave, Snow-Star, cresa-jagoda и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што укинаа ваква ама баш непотребна мерка, смислена и конструирана исклучиво за перење на пари, а не за оценување на некакво квази знаење и мерило за образовен систем.
    Имаше милион оштетени наставници (посебно по англиски) и ученици(јас една година одлична не поминав баш ради ова) кој концепт беше тоа да се сметаат тие како посебни оценки кои влегуваат во просек, кога на еден му се паднало математика и македонски, на друг ликовно и англиски, некој успеал да препише, некој не, деца од 4,5то одд каков стрес претрпуваа и слични небулози кои што ги влечеше ова.
    Екстерново е само капакот на трулото образование кое последниве години го достигна дното, корените се многу подлабоко, во несоодветниот кадар и начинот на кој се добиваат оцените, мене лично ми праќале пораки од УМС дали сакам да се зачленам за да ми поправат оцени, а учев во една од најјаките гимназии во Скопје и Кембриџ програмата која донесе уште толку дополнителна конфузија и затапување буквално на најмалите, и дупла работа на наставниците кои навистина се трудат да пренесат знаење.
     
    На cresa-jagoda и theowndemon им се допаѓа ова.
  4. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Студентите и средношколците го бутнаа режимот, новата влада не смееше да почне со работа против тие кои први почнаа со масовни протести. Укинувањето на екстерното им е еден плус кај средношколците и студентите, и родителите. Ама еден плус не е ништо, на ред е лоповската радиодифузната такса да се укине, промена на јавен обвинител, судии. Треба многу плусови да заслужат, младите гледаат и чекаат.
     
    На cresa-jagoda, SwanMay, ph.orhideja и 5 други им се допаѓа ова.
  5. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Ајде заврши и оваа мака :rofl::rofl::rofl:
     
  6. CutePanda

    CutePanda Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2017
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Машки
    Дали владата најави нови реформи во образованиево, не да испадне во првите часови од формирањето да го укинат екстерново па 4 години со прст да не мрднат...
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    13.334
    Пол:
    Женски
    Ете следно на потег е укинување на дисперзирани студии. Длабоко сум убедена дека ќе прават драстични промени, затоа што знаат дека Македонија има доста паметни умови чија цел не е учење на памет безвезни работи. Ќе прават напори да ги задржат сите тие генијалци зошто реално повеќе од било кога и се потребни на државава.
     
    На cresa-jagoda, Victorian, CutePanda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.529
    Пол:
    Женски
    Епа се надевам сме си ја научиле лекцијата дека се што не чини треба да се смени.
    Исто и со новата влада, ако потфрли.

    А од некаде мора да се почне.
    После толку протести, негативни реакции од секаде, логично беше ова укинување.
     
    На Bender Rodriguez, sparklie, Snow-Star и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Dimaja

    Dimaja Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Учениците што биле тестирани на екстерно знаат колку е лесно .. Ако барем малку си бил заинтересиран во текот на годината 30 прашања на заокружување и 1час за нивно решавање беше супер .. А тоа што наставниците кој што имале привилегии кон некој деца и тоа што они му стварат паника на децата е сега се спокојни , а другите деца сеа што нема да можат да го докажат своето знаење е сега ќе биде тешко .. Додека за екстерното најмногу се нервираа децата што имаа 5ки а оценките од екстерно беа 2ки .. И тогаш што е поентата од образованиетп ако тие ништо не научиле и ако секогаш учат на памет , а додека другите се дескриминирани .. И сега како ќе се покаже реалната оценка ?
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2017
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    332
    Пол:
    Машки
    Аха значи оправдано е ако некој што имал 2ка, земе на екстерно добие 5ка бидејќи од некаде ги добил одговорите и професорот ќе е казнет? Оправдано е тоа?
     
    На blackwave, cresa-jagoda, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Dimaja

    Dimaja Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    А мислиш петките не учат ? И они учат ама низ цела година на памет учат и сега колку сакат нека учат па ќе извадат слаби а тиа двојки шо извадиле високи сигурно низ годината запамтиле нешто инаку за 3 дена колку сакаш учи ништо нема да постигниш .
     
  12. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Сакаш да кажеш дека екстерното ја покажува реалната оцена и дека оние што имале 5ки цела година, на крај со екстерното добиваат 3ка или 2ка која е всушност реалната?
     
  13. Dimaja

    Dimaja Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам
    На памет учат или пак некој наставник му е роднина , инаку оти да извадат 2ки или 3ки ако барем запамтиле нешто од цела година , а ако ништо не направиле цела година оти воопшто се образуват , само за оценка ли ? Само наставниците и тие такви ученици се стресуат за 30 прашања на заокружување..
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  14. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Екстерно беше нешто најдобро за оценување и реално кој има знаење и кој учи,вака сега секој може да добие 2 ка без учење,се враќаме назад пред 20години,место да одиме напред.

    Типично за комуњарска власт све да се руши што е добро,ама има и крај на тоа кај да е ке има следни парламентарни избори и тоа многу наскоро пошто не верувам дека ке издржат 4 год со вакви закони и глупости.
     
    На Dimaja му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Всушност и одлични, интелигентни ученици се стресуваат за тие 30 прашања...И тоа најмногу од причина што многу од прашањата се нелогични, неоформени, или не можеш никако одговор да им предвидиш
    Моја школска што одлично знае физика,( и тоа не на памет, туку разбира) полани доби 4ка на предметов екстерно.
    Јас за малку ќе извадев 4ка биологија зошто тој што ги составувал не знае основни правила на наследување кои патем не се учат на памет.
    Лани имав математика кога морав да ги поминувам задачите, пази не да учам решанија на памет. туку да ги решавам сите и таму на самото екстерно.

    И не е работата да запамтиш нешто кога прашањата ни малку не се во склад со материјалот и целокупното оценување преку цела година
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Snow-Star и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Emy867

    Emy867 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2014
    Пораки:
    4.866
    Допаѓања:
    99.580
    @veteruska
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    @Dimaja
    Има многу причини зошто екстернотот не функционира.
    30 прашања рече дека биле? Како може 30 прашања да те оценат за знаењето од цела година? Па да се збуниш или случајно да утнеш едно-две и отиде петката. Од друга страна, некој што цела година ни за 2 не знаел, може мноу лесно да извади 4, само да му се погодат прашањата. Треба да има многу повеќе прашања, 100 најмалку, па лесно да се извади оцена процентуално, како што е кај секоја образовна институција. Плус прашањата се дадени, одговорите споделувани, па на крај нема да се паднат тие прашања, ќе се паднат тие ама погрешен одговор сметале.... 30 прашања се ништо, може баш во тие 30 прашања да се погоди тема која му била слабост на ученикот, затоа што реално не постои ученик што знае апсолутно се.
    Со таква организација, очигледно е дека екстерното не служело за никоја друга цел освен за перење на пари.
    Споредувате со тестови во другите држави. Има, да. Не секаде, но има. Ама тие се напорни, навлегуваат во материјалот, детално го испитуваат знаењето на ученикот. Учениците цела година СЕ ПРИПРЕМААТ ЗА ИСПИТОТ, а не ги замараат со глупости од типот "како да препознаеш наркоман". Исто како на факултет да си, учиш за онаа крајната оцена, и таа ја добиваат. Цела година учат со една цел, да поминат добро на тој истит, а не да лечат комплекси на наставници и да им рушат или зголемуваат плати.

    Ај да направиме пример бодовна скала, да сметаме дека ти требаат над 60% за да "положиш" - како што е секаде де, за да добиеш 2... и после на секои наредни 10% добиваш една оцена погоре. Скалата изгледа вака

    1. <60% 0-18
    2. 61-70% 19-21
    3. 71-80% 22-24
    4. 81-90% 25-27
    5. 91-100% 28-30

    Значи со 3 утнати прашања имаш 4... Епа 3 прашања секој може да утне.
     
    Последна измена: 2 јуни 2017
    На theowndemon, Rebecca_R, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Dimaja

    Dimaja Активен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2017
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Мене поетата ми беше зошто одличните толку многу се замараат со екстерното бараат прашања одговори и учат а на крајот пак слаби оценки вадат значи учат на памет а тие што не учат од само што слушале на часови си вадат солидна оценка .. И наставниците вршат притисок на одличните ученици оти знаат дека оценките му се подарени . и не викам за тие што навистина си учат и знаат туку за тие кои оценките му се ставени заради р.врски или слично но сепак секој си има свое мислење ..
     
    На Anacid и veteruska им се допаѓа ова.
  19. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.699
    Пол:
    Женски
    Баш вака некако беше скалата за оценување. Само двојката од 11 почнуваше мислам, а сп сите одговори под А заокружени не двојка, туку тројки се вадеа... Четворката од 24-27 беше мислам и од 28-30 петка. Само до колку беше двојката и тројката од колку почнуваше не ми текнува.

    Добро е што се укина. Јас бев сите четири години одлична, па во втора година утнав по една оценка на екстерното, затоа што 4 прашања од тие што ми се паднаа ниту ги имаше во книгата, ниту пак беа објавена на страна. Беа вадени од закони, а закон како закон се менува. Ниту професорката незнаеше каде да ги бараме. Се надевам дека оценките од оваа година на нас матурантите нема да ни ги напишат во свидетелствата, имам многу соученици што утнаа и тоа по две оценки и тоа баш заради глупавите прашања со уште поглупав одговор. Очигледно тие што ги правеле прашањата за да имаат број само свашта пишувале. Сувишни се зборовите, добро е што се укина, имаше многу пропусти.
     
    На cresa-jagoda и DAngel им се допаѓа ова.
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    @Dimaja Не сите одлични ученици учат на памет :)
    А и како и да учиш, тие бедни 30 прашања пак ќе ти го фрлат цел успех во вода на крај (facepalm)
     
    На theowndemon, cresa-jagoda и Victorian им се допаѓа ова.