Укинување на екстерното тестирање од новата влада

Discussion in 'Политика и настани' started by Rexona.., May 29, 2017.

?

Дали го поддржувате укинувањето на екстерното тестирање од страна на новата влада?

  1. Да

    169 vote(s)
    85.4%
  2. Не

    29 vote(s)
    14.6%
  1. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2014
    Messages:
    3,538
    Likes Received:
    17,622
    Gender:
    Female
    Се молат приврзаниците на одредени политички партии да не ги мешаат истите и преостанатите партии во дискусијава. Овде станува збор за екстерното тестирање како реформа во образованието, па сопствените политички убедувања треба да се задржат токму за себе.

    Мило ми е што се укина, затоа што поголема глупост не постоеше. Добра беше замислата на почетокот, да се провери објективноста на просветните лица. Но реализацијата беше катастрофална. Не требаше оцените да влегуваат во просекот на ученикот и во свидетелството, и смешните казни за професорите од финансиска гледна точка. А не би да зборувам за самото екстерно тестирање. Прашањата требаше учениците да ги составуваат и да ги даваат понудените одговори, затоа што тие кои го правеа тоа покажаа дека немаат блага врска. При полагањето имаше препишување и помош од професори и други ученици. И самиот факт дека прашањата се претходно дадени, укажува колку целиот процес не чини. Дома мама, тато, баба дедо, тетки, стринки и комшии одговараат прашања, а тој/ таа што полага ги учи на памет, за подоцна да дојде да размена со другите ученици.
    Смешки навистина.
     
    theowndemon, Lella, blackwave and 6 others like this.
  2. Пилот

    Пилот Истакнат член

    Joined:
    Sep 21, 2016
    Messages:
    117
    Likes Received:
    26
    Gender:
    Male
    Тој што имал оценка 4 или 5 нема да му биде тешко да ги научи напамет прашањата и пак да извади иста оценка. Екстерното им помага на најслабите, кои за ден-два ќе прочитаат некое прашање и ќе се "извлечат". Кога бев на екстерно, ученици со единици и двојки вадеа петки. Треба да се има тестирање на знаењето, ама екстерново е за никаде.
     
    cresa-jagoda and Victorian like this.
  3. Dimaja

    Dimaja Активен член

    Joined:
    May 11, 2017
    Messages:
    20
    Likes Received:
    32
    Gender:
    Female
    @Tan4ence Не реков дека сите учат на памет но повеќето да.. Ако и да е сакав да кажам не треба толку да се стресуваат за екстерното ..
     
    veteruska likes this.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Joined:
    May 27, 2014
    Messages:
    1,977
    Likes Received:
    5,800
    Според мене тој што учи нема да се плаши од екстерно,@Dimaja не се труди да им објаснуваш,мислам дека не вреди.
     
    Dimaja likes this.
  5. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2014
    Messages:
    3,538
    Likes Received:
    17,622
    Gender:
    Female
    Зошто некој воопшто се плаши од екстерното тестирање?

    И како на понекои не им се здосади да пишуваат едно па истото во сите теми на форумов, а ништо да не кажуваат? И да мислат дека они се во право, а другите трева пасат?
    Ако некој се препознае, убаво.
     
    cresa-jagoda likes this.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Joined:
    Aug 5, 2010
    Messages:
    5,531
    Likes Received:
    34,908
    Екстерното не направи најдобри во светот, таман први и во економија, вие па :envy: А најпрви сме во тоа, за чија бесконечност Ајнштајн беше сигурен :makeup:
    :d::drunk:
     
  7. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Joined:
    Jul 16, 2015
    Messages:
    5,676
    Likes Received:
    14,205
    Gender:
    Female
    24 гласови против... околу 20 се тролачките профили на Дарето.
     
    Last edited: Jun 2, 2017
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Joined:
    Mar 27, 2011
    Messages:
    7,113
    Likes Received:
    107,128
    Gender:
    Female
    Луѓево кои упорно зборуваат за екстерното како многу добра реформа во образованието.. кои упорно убедуваат дека тие што се против - одличните, пардон, „одличните“ се плашат, всушност... можеби им треба адреналин во животот. Некој оди на банџи, друг параглајдер вози итн. на овие може им фали тестирање на знаењето, еднаш неделно. Нека новава влада им излезе во пресрет и нека им го овозможи, скроз на доброволна основа да си го тестираат знаењето.:D Изненадно нека им биде ем, за екстра доживљај и подобра меморија. :D Што да не.:D
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Сунчице, тие Ајнштајн не знаат кој е, а не па за чија бесконечност бил сигурен :wasntme:
     
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,334
    Еден ученик многу добро си знае колку учел цела година и како му се одразило тоа екстерно на крај
    Еден добар професор многу добро знае колку учел тој ученик и која оценка заслужува и дали екстерното знае подобро од него да го оцени...
    Еден родител си го знае детето дали учи или не, во која област е понасочен и дека последните три дена му се постресни од можеби цела година...

    Останатите кои не спаѓаат во ниедна група од овие три, ќутете си...
     
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Joined:
    Aug 5, 2010
    Messages:
    5,531
    Likes Received:
    34,908
    @DAngel Ами как на га знаат бе Ејнџ, у штабо постер се држи од њега, рајт некст ту Силванева Бонева :rofl:
    Таа тука што ја гледате и таа на ѕидо, истата е :D
    :d::drunk:
     
    DAngel likes this.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Joined:
    Nov 4, 2010
    Messages:
    3,562
    Likes Received:
    7,992
    Gender:
    Female
    @Dimaja оди види ги прашањата од претходните години ако ги има, пола од нив смисла немаат, професори не знаат да ги решат сам бог знае како и од каде се составувани и од такви неписмени мене да ми се намалува просек?
    И после оди види какви прашања има по англиски, ист калибар за 6то одд и 4та година средно, си оценил некој за 2, а тој ќе ти извади после 5ка па ти трпи од плата.
    Се гледа дека не си полагала екстерно нит па дете ти полагало кога не знаеш не оправај криви дрини тука.
     
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,566
    Gender:
    Female
    Џабе некои ги праќаат од партија да го фалат екстерното, кога нешто не чини факт е дека колку и да се трудат не можат да го направат црното да биде бело.
     
  14. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Joined:
    May 20, 2017
    Messages:
    170
    Likes Received:
    332
    Gender:
    Male
    Зошто се плашат? Па еве на пример професорите се плашат бидејќи ако некој двојкаш добие петка на екстерно можат да бидат казнети со 15% од плата.
    Каква е таа реформа каде некој што имал двојка ќе ги знае одговорите и ќе извади петка, а на крај професорот ќе остане без плата од која живее?

    Знаеш што им се случува на тие ученици кои цела година ја поминале во учење за да заслужат петка, и кога ќе видат дека некој што се појавил на пола часови а на пола кафе пиел добие петка? Знаеш ли каква неправда е тоа или не? Некој се утепал од учење а некој само ги прочитал прашањата ги дознал одговорите и ајде. Таква реформа е добра според вас? Тоа го поддржувате?

    Екстерното беше промашена реформа бидејќи оценувањето е неспоредливо. Во текот на годината учениците се оценуваат на невидени прашања, а додека за екстерното прашањата се видени, затоа тоа е неспоредливо.

    Еве пример, споредливо ли е според тебе времето на атлетичар кој трча на 1000 метри атлетска патека и оној кој трча 1000 метри планинска патека?
     
  15. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Joined:
    Jan 28, 2014
    Messages:
    3,538
    Likes Received:
    17,622
    Gender:
    Female
    Прочитај го првото мое мислење овде и ќе дикутираме. :)
     
  16. Достоевски

    Достоевски Истакнат член

    Joined:
    May 20, 2017
    Messages:
    170
    Likes Received:
    332
    Gender:
    Male
    Извини, добро нека стои за тие што го поддржуваат. Може ќе се најде некој да одговори.
     
  17. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Joined:
    Oct 3, 2016
    Messages:
    3,083
    Likes Received:
    55,715
    Gender:
    Female
    Од екстерното тестирање само замислата е добра. Океј е да се оценат наставниците, океј е и учениците да се проверат и оценат, притоа сите одговараат исти прашања и ист третман. Тука го исклучувам класичното препишување.

    Ама затоа реализацијата е катастрофална.

    Прв проблем е фактот што 5ката не е иста во сите класови, а не пак во сите училишта во Скопје да речеме, а уште помалку во целата држава. Втор проблем, секој може да направи грешка поради стрес, па 5ката може лесно да биде 4. А некому тоа му значи многу, пример ученик кој сака да се запише на Воена Академија. Трет проблем, не може физика, англиски и музично да бидат оценети на ист начин со 30 прашања. Особено не јазиците, бидејќи оценувањето вклучува повеќе аспекти. Четврт проблем, не може ученик кој добивал оценки низ цела година, ученик кој бил оценуван во континуитет и крајната оценка зависи од 4 оценки да биде оценет со само 30 прашања.
    Од гледна точна на професорите, прв и најголем проблем е фактот што лесно може да се киксне, но поеднакво лесно може да се препише, без разлика дали тестаторот дозволил или ученикот успешно препишал.
     
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Joined:
    Jun 27, 2015
    Messages:
    2,623
    Likes Received:
    32,784
    Gender:
    Male
    Да се потсетиме само - кога се појави екстерното, муабетот беше „Ќе служи само за проверка на професорите“. После, кога се воведе, беше „Океј де, и учениците ќе добиваат оцени, ама нема да влијаат на просекот“. После беше „Знаеш, више кога ги добиле, дај да ги ставиме и у свидителства, нек’ има“, за на крај и тие оцени од екстерното да влезат во просекот.

    Од основната замисла да се провери непристасноста и обејктивноста на наставниците, на крај испадна нешто сосема друго.

    Патем, проверката на наставниците не е некоја револуционерна идеја која Гоце Делчев им ја шепнал на сон на Груевски и Тодоров - тоа отсекогаш го имало и постоело. Имаше просветни инспектори кои доаѓаа најмалку еднаш годишно у секое школо и присуствуваа и на предавања и на испрашувања на рандом предмети баш од таа причина - за да се провери непристасноста и обејктивноста на наставниците.

    За оние пак што го бранат екстерното и викаат дека само оние што незаслужено добиле оцени се плашат од него, да расчистиме неколку работи:

    Прво, да можела програмата по секој предмет за целата година да се совлада, научи и да се провери тоа знаење одеднаш, така и ќе била концепирана наставата. Апсурдно е материјалот од целата година да се сведе на 30-ина прашања и оцената од тоа тестирање да биде меродавна или на исто ниво со оцената која ученикот ја добил преку континуирана настава, активност, испрашување и тестирање од целата година.

    Второ, сте се запрашале ли колку се соодветни прашањата кои се даваат на екстерното тестирање? Наместо најопштите и најпотребните ствари од годината, кои учениците реално би имале шанси да ги запомнат, се бараат ситници, детали, фусноти и бесмислености - кои човек може да ги знае само ако претходно ги научил на памет. И кои, нормално, ќе ги заборави 3 дена после тестирањето.

    Трето, школото служи за да ги научи децата како да учат, разбираат и помнат работи, како и некои најосновни и најопшти работи кои би требало да ги запомнат до крајот на животот. Се’ останато се факти кои се учат на памет и, ако не се повторуваат и користат редовно, се забораваат.

    Најголемиот апсурд е што најголемите „бранители“ на екстерното тестирање се ликови за кои верувам дека заборавиле и најосновни ствари од своето образование - како се решава квадратна равенка и како се пресметува површина и волумен на тела, на пример - ама затоа од денешните ученици очекуваат дека треба целото знаење од школувањето да го имаат во глава, за да кога на некој полуписмен политичар-реформатор ќе му прдне на памет некоја идеја, тие да можат да си ја оправдаат оцената од претходната година и да ја знаат површината на Боцвана на памет. :D
     
    Last edited: Jun 2, 2017
  19. realGirl

    realGirl Популарен член

    Joined:
    May 25, 2014
    Messages:
    1,411
    Likes Received:
    6,699
    Gender:
    Female
    Да, не е тешко ама ако бубаш на памет. Еве јас учам со разбирање и доста ми беше сама да си ги одговарам прашањата и 1-2 пати да ги прочитам за повеќето да ги знам. Ама НИКОЈ не е компјутер сите до едно да ги знае. А три да незнаеш и баш тие три да ти се паднат ти губиш оценка, ако цела година континуирано си учел. А за македонски јазик па ако сите книги и лектири си ги читал континуирано и раскажувал низ целата година за на крајот екстерното да ти го наруши вкупниот просек и оценката која баш со сиот труд си ја добил, е греота е и жално. И после да имаат учениците желба за учење, епа ќе немаат. Затоа што трудот од целата година ти пропаднал за 60 минути и заради 3,4 прашања кои немаат врска со материјалот што го учиш како и повеќето од нив.
     
  20. Lella

    Lella Форумски идол

    Joined:
    Jan 2, 2013
    Messages:
    5,335
    Likes Received:
    29,195
    Gender:
    Female
    Значи според оваа логика, тие што имаат петки на крај реално ништо не знаат бидејќи учат напамет, а тие што имаат двојки знаат бидејќи „запамтиле нешто од часот“.
    И на првиве оценките им се подарени, а на вториве им се реални. Значи сумирано, според тебе, од сите што полагаат екстерно, од четврто до трета година, 90% не знаат повеќе од двојка.
    Од која причина мислиш дека новите генерации се глупави и неспособни?