Медиумите се неизоставен дел од нашите животи, а посебно овој период, кога најголем дел од денот го поминуваме дома. Знаеме дека главната цел на медиумите е да не' информираат, на објективен и неутрален начин. Сепак, сведоци сме на нешто друго. Чест на исклучоци, меѓутоа сметам дека медиумите се главните извори преку кои се шири паниката. Не зборувам само за вистинитоста на информациите. Зборувам за начинот на кој се презентираат информациите. Јазикот е моќно средство што влијае на човековата психа, а медиумите го користат тоа за да ја ,,обојат'' информацијата на начин што им одговара. Најпрост пример е истакнувањето на смртните случаи пред излечените, за кои понекогаш не се ни известува. Апокалиптични слики од интензивна нега, снимки од празниот град за време на полицискиот час со хорор музика во позадина итн. Ако починал релативно млад и здрав човек, тоа веднаш се истакнува, уште во насловот. Ситуацијата не е таква со постарите пациенти... Колку дозволувате да ви влијаат медиумите, пред се', телевизијата? Како ги филтрирате информациите? Дали сте биле сведоци на некоја вест што била презентирана на особено драматичен начин?
Мене на почеток ми влијаеја. Ми пречеше тоа што прва тема на муабет беше ковид. Нема ништо интересно на телевизиските вести, прва тема е ковид, втора тема политика, трета тема земјотрес или временска прогноза. Е сега втората и третата тема се менуваат. Не ми влијаат сега воопшто. Сега не ни гледам вести. Да ме прашаш колку има заразени незнам да ти кажам. Чат-пат пуштам "коронавирус" групата. Имаше еден батко што постојано известува па од таму се информирам. Ако ми текне уште нешто ќе допишам
Која страница да ја вклучам, кој тв канал да вклучам секаде корона. Порано уште на старт го чекав пресот на нашиот министер. Сега ми е сеедно, отрпнав. Гледам да одбегнувам затоа што веќе влијае психички.
Иста јас. Ни темана за корона во светот и кај нас не ја читам. Работа, филмов, серии и книги.. е тоа ми се состои денот.
И јас на почетокот следев, сега се' помалку. Дури и темата избегнувам да ја отворам. Прво беше намерно, сега не ме ни влече да читам за тоа. И подобро ми е така
Темата знам да ја отворам некој пат и да искоментирам нешто, порано висев таму, ама поради големите "стручњаци" и нивните разни теории и нафрлања дека тие се во право а ти не, ти се одмилува повеќе.
Здравје е состојба на целосна физичка, психичка и социјална благосостојба, а не само отсуство на болест или на телесни недостатоци. Оваа дефиниција е дадена од Светската здравствена организација (СЗО). Можеби короната уби 1 милион луѓе, но медиумите и државата ни ја нарушија целата психа на милијарди народ. 10 Месеци веќе секојдневно преку телевизија колку умреле колку се излечиле, колку се заразиле, паника паника паника. Колку што им беше прогнозата дека ќе има заразено до крај на година толку сега во 1 ден се пријавуваат и тоа е "нормално". Чувајте психата сите зошто без здрава психа нема ни здрави органи. Медиумите нека си ја работат својата работа, но ако видат дека нема заинтересираност кај народот и не се веќе интересни ќе престанат со такви вести.
После секое читање на темана, гледање вести, или читање било што морав да пијам хелекс да се смирам, многу многу негативно се влијае генерално. ДА, тука е вирусот, да опасен е за некои, да непознат е ама она бомабастично известување, мислиш луѓе паѓаат по улици, мислиш ако се заразиш , оди купувај гробно место. Вестите наместо да почнуваат со тоа Денес се оздравени толку и толку.. они бомбастични.. Починаа толку, вака е , онака е... Затоа веќе ништо не следам за корона. Аман веќе. Короава ќе помине , ама психата на народов засекогаш ќе остане оштетена.
Е ова! Поради тоа, и луѓево се така настроени. Кажуваш, 1000 нови позитивни, реакција- ау, бау, многу, и во воздух има вирус, што ќе правиме Следно, број на починати. Кажуваш 35, пример. Реакција- аууууу мнооогу, што е ова, сите умираат, не бе не доаѓа крај на светот, тоа е, сите ќе испоумреме. И на крај, како "најнебитен" го кажуваш бројот на оздравени. 1200 оздравени. Реакција- мех, шо оздравени, не го гледаш бројот на починати?! Страшно, нема спас од чудово
Во природата на човекот е да се фокусира прво на негативното и на лошите вести. Тие секогаш предизвикуваат поголем интерес и поголема гледаност. Затоа и служат бомбастичните наслови на некои статии, а кога ќе ги отвори човек се зборува за нешто друго. Ситуацијата со секојдневно опсесивно следење на бројките ми наликува на садомазохизам. Според мене, подобро би било да се дава неделен извештај.
Да, ама сепак, кога ќе ги добиеш сите податоци и информации подобро е да се фокусираш на оние подобрите, во примеров оздравените пациенти, а не на негативните (починатите) и постојано да мислиш на тоа, цел ден. За неделен извештај, има и таков. Ама според мене мислам дека така уште повеќе ќе се оптеретуваат луѓето, затоа што бројките ќе бидат огромни: Во последните седум дена регистрирани се 8500 нови случаи, 9000 оздравени и 300 починати, на пример.
Добро е што вестите не почнуваат секогаш со состојбата со Ковид-19.Еднаш се случи презентер од Сител да почне со добровечер и одма бројката на починати. Тоа не беше во ред. Но,кога медиумите информираат за вирусот,не ми смета тоа што често почнуваат со бројката на починати.Подобро е така заради оние кои не веруваат дека постои вирусот и оние кои не го сфаќаат сериозно. Прав медиум треба реално и сериозно да ја претстави сликата,не да те фарба.Министерот за Здравство сите ги иритира со неговоно „сè е под контрола“,па добро е што медиумите покажуваат дека не е така. Знам дека на некого му пречи негативноста,но реалноста е таква.Не може да се гледа розево.
Тв генерално не гледам и не ме афектира како презентерот ги соопштил бројките. Главно, се информирам од нет и читам тоа што ме интересира. На бројките не им верувам. Реалноста, барем кај нас, е сосем поинаква. Има многу нетестирани, нерегестрирани како болни, а од друга страна, има многу починати од друго, а ги водат како од корона. Лично познавав такви луѓе. Тоа е. Најмногу ме погоди финансиската состојба која ја предизвика вирусов и тоа некако создаваше лутина во мене на сите несовесни кои придонесуваат за ширење на вирусот (криење симптоми, шетање без маска...), но со тек на време го прифатив и тој факт дека за сите е тешко овој период и се трудам да опстанам во бизнисот, па поради тоа информациите се трудам да ги филтрирам најмногу што можам за што помалку да се замарам. За жал, многу медуими, новинари знаат дека со подгревање страсти добиваат гледаност, па ја злоупотребуваат ситуацијата и психата на народот за себепромоција. Лично сметам дека се е преувеличено и само се создава паника, но од друга страна тие такви бомбастични наслови влеваат страв и кај оние кои не веруваат во вирусот, а реално таквите најмногу го шират. Сепак, сами одлучуваме колку ќе нѐ погодат информациите.
Новинарите кога ќе ги добијат извештаите од Институтот за јавно здравје прават селекција на информациите. Според пирамидална шема прво ја објавуваат најголемата бројка(починати, заразени, оздравени), а на крајот најмалата бројка. Понекогаш се случува да е истакната бројката на починати, а тоа е поради тоа што поголема прегледност имаат т.н. црни наслови. Медиумите не шират паника, само ја претставуваат реалноста @prominent тоа што се објавува вест дека починал млад пациент е ударна вест.Многу поголем број прегледи има таа вест, отколку веста дека се оздравени 500 пациенти.За жал, повеќе сакаме црна хроника.
Вести не гледам од 2017, поготово кога ќе видам било која фаца на политичар ми се повраќа, нити една секунда неможам да им ги слушнам гласовите и guess what? Супер е вака, не ги слушам како лажат на сите страни, а посебно нагони на повраќање ствара Грим Риперот на здравството наше. И онака не пренесуваат вистински вести, туку само трујат со страв и пропаганда, исто како за време на фашизмот во нацистичка Германија.
Медиумите пренесуваат сешто. И лажни вести. На почетокот, ако не слушнев на тв, барав на интернет статистика за дневни случаи. После кога почнаа и во аптеки да продаваат тестови и ми текна дека бројките всушност не се ни точни оти многумина поминаа со тест од аптека и не се воведени во статистика, тогаш престанав да ги следам тие информации. Не пребарувам на Google ништо, ако нешто занимливо ми излезе на Fb отворам. Ретко некој така од поблиските со кои најмногу контактираме, ми праќа по некоја вест, ако е занимлива. На тв имам по некое интервју проследено во врска со пандемијава. Толку, не се замарам.
Вести ретко гледам и генерално не ми влијаат а спротивно од тоа баш интересно мие кога вестите што ги пренесуваат ги дават со подруг приказ и колорит од нормалниот, се замислувам како да гледам некој филм хаха. Реално треба да пренесуваат она што е потребно или поврзано со Ковидот, општи информации а не се и се што, репортажи од болници, пациенти, гробишта и други глупости бидеќи на некој тоа му влијае.
Медиумите се главна алка во синџирот на масовната пропаганда. Тие што се послушни и пренесуваат тоа што ќе им се каже добиваат награда а оние малкуте што застрануваат од тој пат најчесто добиваат цензура. Во оваа пандемија само едната страна има право на глас, нема дискусии, дебати и сл. туку само една вистина во која сите "мора" да веруваат.
Се согласувам. Тоа што можеби најмногу ми пречи во целава ситуација е цензурата и недостатокот на конструктивна дебата и дискусија. А за дебата се потребни две или повеќе страни. Вистината може и да не е на една од двете страни, може да е некаде помеѓу.