Улогата на медиумите во време на коронавирусот

Discussion in 'Коронавирус' started by prominent, Apr 11, 2020.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Joined:
    Jan 31, 2019
    Messages:
    21,117
    Likes Received:
    196,154
    Една слика...
    upload_2021-12-29_19-36-4.png
     
    AndyRad and prominent like this.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,845
    Likes Received:
    14,407
    Медиумите не се тука за да не орасположат, туку за да ни пренесат информација, без разлика дали ни се допаѓа или не. Замислете ако при терористички напади прво би кажале колку има ранети, а дури потоа на крај колку има починати. Би било непрофесионално. Најважното оди горе во веста. Нашиве медиуми не прават пропаганда, ниту примаат пари од некого, а имаше еден глупав што тагна новинарка на фб и ја навредуваше дека била продадена душа, дролја, колку пари земала, а таа си работи за плата, нормално. Девојката не му ни одговори, само го блокираше. Можела да го пријави во МВР, оти и упатил закани и во инбокс, ама имала во обзир дека се работи за некој прост човек, кој има фамилија за хранење и нема смисла да го гонат и да плаќа казни. Со кое право лични навреди не ми е јасно? Со кое право за лице кое не го ни знае тврди дека зема пари од некого? Од кого? Кој тоа би дал пари и за што? И плус имаше пишано „ти мори како новинарка те повикувам јавно дај ми еден доказ дека некој човек во Македонија починал од корона, тоа не постои, ама колку те плаќаат мори продадена душо“? Небаре девојкава е научник од лабораторијата во Вухан па доказ ќе му даде, а и во кое својство да му даде доказ нему? Кој е тој? Млад, неук и прост човек? Ако па до толку бил затрупен дека заведува такви „овци“ како него, можел да ја одмине. А и што има да те „заведува“ некој за болест?