Универзална сала ќе го носи името "Тоше Проески"

Дискусија во 'Политика и настани' започната од daylight, 23 јануари 2014.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    На глупоста со преименување улици и објекти изгледа и нема крај:

    Советот на Град Скопје ја усвои иницијативата на градоначалникот Kоце Трајановски, Универзалната сала да го носи името на нашата најголема македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески.

    Пред неколку денови Трајановски предложи Универзалната да го носи името на трагично загинатата ѕвезда бидејќи како што образложи, Проески досега е нашата најголема музичка ѕвезда, популарен и во балкански рамки, кој оставил неизбришлива трага на домашната музичка сцена и допрел многу генерации негови почитувачи.

    За потсетување, универзалната сала освеш што добива ново име, исто така го менува и изгледот. Ќе се гради нов објект во форма на јајце со двојно поголем капацитет од 2.500 до 3.000 седишта, со мала сала и простории за администрацијата.
    Универзална сала преименувана во Тоше Проески
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    404
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.812
    Допаѓања:
    71.016
    Актуелни политички настани

    Имаше име досега Универзалната сала? Оти не можеш да преименуваш ако не било претходно именувано.
     
  4. lady2013

    lady2013 Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    21
    Актуелни политички настани

    Зошто брука?Зар не е поголема брука тоа што Есма била единствената што гласала против овој предлог?Ете уште еден пример за себичноста и алчност. Уште поголема иронија е тоа што таа сними дует со Тоше.Сите се прават дека му се пријатели на Тоше, а од друга страна сите му завидуваат оти знаат дека публиката никогаш нема да ги сака и да ги почитува како што го сака и почитува Тоше.
     
    На eliesaab, Gordana10 и tessie им се допаѓа ова.
  5. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    404
    Епа that awkward moment кога само Есма е во право. И што има сега сето ова врска со себичност и алчност? Критики само од љубомора се даваат? Не верувам јас дека очекувала салата да го носи нејзиното име дури таа уште е жива... мислам...

    Подобро и безимена да останеше отколку вака. Нема ли Македонија дејци, творци, значајни уметници по кои би именувал еден таков објект па мораше да се искористи името на поп-пејач?
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.316
    Допаѓања:
    18.103
    Пол:
    Женски
    Колку е ружен тој некоректен и неколегијален однос кон некој со кого си делел иста професија, па и иста песна, а плус тоа и веќе не е меѓу живите. Се наежив од самата помисла. Нека си биде единствена „против“, самата си направи реклама за себе.

    Тоше придонесе реално голем дел од странциве да научат каде е Македонија и што квалитети има, придонесе и како пејач и како Христијанин, онолку колку што неговиот начин на живот му го дозволуваше тоа.

    И јас сум против некои екстремности како на пример да се прогласи за светец, но универзалната сала, која е место на толку музички збиднувања во која и тој ни` ја греел душата, зошто да не го носи неговото име? Требаше тој да си продолжи со кариерата во странство како што тогаш му понудија. На раце ќе го носеа ако во тој случај денес се`уште беше жив. Ете колку почит добива квалитет кај нас, дури и кога не е веќе меѓу живите.
     
    На Hipster, Emotional123, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    Токму тоа и беше името: Универзална. Има ли посоодветно и поубаво? Одлично го опишувашпе и досегашниот и идниот облик но и намената: Универзалност - сеопфатност! Според мене нема посоодветно име од досегашното:„Универзална сала„, но изгледа градскиот совет мислел поинаку.

    Според мене Есма, иако не ми е омилена, овојпат е во право! Премногу се истакнува лик на починато лице кое веќе го има на повеќе локации низ Македонија. Во Крушево има свој објект, во општина Аеродром има улица со такво име,. па фонтана, па чуда... а никој не се прашува дали Тошка би сакал да се вика според него нешто, особено таква сала. Воопшто не ми се допаѓа злоупотребата на тој сентиментален момент (загинал, бил добар пејач, бил ова бил она бла бла) околу целата работа. Оставете го човекот да почива на мира.
     
  8. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.539
    Е што да не сака Есма да ја крстат Универзална „Ромалалалелелелелалелелеле Сала“ :^)

    Нека не се секира, Цигански пазар ќе го преименуваме во Есма :tmi:
     
  9. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    5.044
    Пол:
    Женски
    Зошто бруки?
    Зошто глупост?

    Денес прочитав дека Есма единствено се бунела. Се запрепастив.
    Едната причина била што на Тоше кариератаа била потенка од кариерите на другите пеачи.
    Ама ајде бре, реално тоа што го постигнал Тоше за тие години некој не го постигнал до таа граница цел живот.
    Тој да беше жив којзнае до каде ќе стигнеше.
    Втората причина и беше дека имало и други пеачи кои биле добри, "Зајди, зајди" сеуште се пеела и т.н.
    Ок, држи вода ама Тоше не само што беше одличен пеач, тој беше и голем, голем човек.
    Сите знаеме колку само беше хуман, колку само им помагаше на децата. Пола и повеќе од неговите хумани гестови не беа ни објавени во јавноста.
    Затоа сметам дека е соодветно да се преименува по него, како голем и хуман човек, а и огромен талент кој е незаменлив.
     
    На Д.Чобанова и tessie им се допаѓа ова.
  10. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    4.063
    Допаѓања:
    24.444
    Пол:
    Женски
    Мене најмногу во сето ова ми сметаше што Коце си ја пласираше идејата како негова, а иницијативата всушност потекнуваше од фановите на Тошка кои се поддржани од мнозинството во државава.
    За Есма немам што да кажам. Уште кога погина Тоше се виде каква е, така што... ич не ја перцепирам.
    Дали универзална треба или не да се преименува во Тоше Проески, секој различно го доживува тоа. Има некои луѓе кои на пример секогаш сакаат да негираат нешто, без притоа да дадат конкретен предлог. Како тука на пример. Зошто не си остане универзална? А зошто да не биде Универзална сала Тоше Проески?
    Според мене, а и според поголемиот број од македонската јавност Тоше не само што го заслужи ова име, туку заслужи многу, многу поголема почит од државава. Па срамота е бре главен град да нема никакво достојно обележје за Тоше. Една никаква фонтана во Ново Лисиче и една морбидна скулптура на мостот на уметноста. Според тоа како се одржуваат и како се направени и двете, се гледа со колкава почит се направени. Најверојатно колку само да помине редот и да и се замачкаат очите на јавноста.
    Сите вие што сте против, многу ме интересира дали вака се противевте кога се прекрстуваа улициве низ градот со имиња за кои што повеќето од нас прв пат слушаме? М? Или конкретно Тошка ви смета?
     
    На Д.Чобанова и tessie им се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    3.066
    Незнам за другите, но јас да! Според мене улиците ако веќе се прекрстуваат треба да имаат некое нелично име, нешто хармонично, нешто што поврзува со природата или самиот град или укажува на некаква функција (на пр. има покрај железничка Парламентарна зграда - но не е официјално име). Јас да сум некаква власт ќе забранам да се употребуваат имиња на историски личности и историски настани особено во кои имало крвопролевање и сл. бидејќи штетно влијаат врз свеста луѓето (што впрочем и е целта). Небитно дали одвај сме слушнале за некоја личност или била мегаѕвезда. Пред сè од почит кон самата личност не би смеело да се употребува нивното име.

    Што е тоа толку битно? И едните идругите истата грешка ја прават.
    Ако Есма (и други) рекле дека не сакаат според нив да се именува објект, тогаш ништо чудно дека ниту Тошка не сакал такво нешто за време на својот живот, а сега веќе не е тука за да може да се брани. Едно е фановите што сакаат, друго се реалните потреби и желби на лицето кое е предмет на обожавање.
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Можеби Есма сакала да ја именуваат по неа,па е увредена што не и понудиле.
    Не би ми било чудно и тоа,пред се поради нејзината самобендисаност,сигурно мисли дека е позаслужна од Тоше.Како и да е не е коректно од нејзина страна ,можела да остaне неутрална,а од кај па она знае што би сакал Тоше,глупости живи
     
  13. atala

    atala Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    890
    Пол:
    Женски
    Јас сум голем обожавател на ликот и делото на нашиот ангел Тоше Проески и мислам дека неговото име,лик и дело треба да бидат заштитени од страна на неговото семејство и фондацијата ,,Тоше Проески,, затоа што само тие треба да одлучуваат кои објекти треба да се наречат со негово име,ниту градоначалникот на град Скопје,ниту Советот на општината не треба и немаат право според мене за тоа да одлучуваат и затоа мислам дека семејството и фондацијата треба повеќе да се заложат за да не доаѓа до вакви и слични злоупотреби на името на Тоше Проески којшто беше и сеуште е наш заштитен знак и наша национална гордост!
     
    На Angel.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.988
    Значи ја претераа со Тоше веќе!

    Штета што немало повеќе како Есма да гласаат реално. И Универзална како Универзална сосем соодветно име си имаше и сите си ја знаеме како така. Ова веќе ги преминува сите граници. :fubar:
    И што? Кога ќе викам такси да не треба да му речам: ај ако може една кола кај Тоше Проески?! Малку језиво звучи!


    Ова па сега што има врска? Ете ви ја салата, ќе ви се вика Тоше...само да се мрчело |(
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Јас не знам оти сите збувнавте против Есма,демек му љубоморела на Тоше,не го сакала,не знам што,па затоа нејкела да се стави неговото име.
    Нејзина грешка била што го рекла на груб начин.
    А на оние што ја донеле одлуката,не знам што им се вртело во глава.Тоше беше многу сакан и почитуван пејач,не го оспорувам тоа,ама да се злоупотребува неговото име и да се користи на се и свашта не е коректно.Доста тоа,па и секој кој ќе се побуни го правите непријател на Тоше.Епа не бива така,што му фалеше на името „Универзална сала“,баш онака погодено е.А не сега ќе ми се прават сите демек толку го сакале,и не смеел да се заборави,па ајде да го има на се.Според мене тоа не е искажување почит спрема него,туку напротив,непотребно величење,а он беше обичен човек кој знаеше како да ја придобие публиката,сигурно не бил светец. :)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.954
    Пол:
    Женски
    Универзална ќе си остане универзална....ретко кој ќе ја завика Тоше.
    Искрено многу го ценам неговото дело и се....ама па сега се живо да е по него ни тоа не бидува. Имаме ние уште многу уметници.
    А за мислењето на Есма - добро бре луѓе нејзино право е...барем си била искрена.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.988
    BREAKING NEWS!

    Универзална сала преименувана во „Александар Македонски“

    http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/novata-univerzalna-sala-kje-se-vika-aleksandar-makedonski


    п.с.
    Предлагам да се смени имево на темава зошто веќе не одговара ова, може да биде на пример само Универзална сала, зашто сигурно нема да престанеме така да си ја викаме.
    @RainBow , what to you say? :)
     
    Последна измена: 14 јануари 2015
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.818
    Пол:
    Женски
    Ај не можеме сите објекти да ги преименуваме во Александар Македонски.
    И јас ќе си го сменам името во Александар Македонски, ајде сите. -.-
     
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.591
    Допаѓања:
    7.988
    @crimson , ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ! :D
    Ама никот овде на форум еве би го сменила за дружба, се важи тоа? :angel:
     
    На daylight, tessie и crimson им се допаѓа ова.
  20. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    105.018
    Пол:
    Женски
    Prvo sto mi padna na pamet koga go citav naslovot bese,e ako ne Tose Proeski togas kako?
    Esma da ne teeba?
    i nadolu od komentarite zakluciv deka Esma se bunela.
    Pa vo pravo bila ama ne trebalo na grub nacin da reagira.
    More luge,koja e Esma?Esma bese Stevo i Esma.Stevo bese toj sto bese i humaniot i umetnikot i covekot.
    Po koj pat Esma ke ja pokaze svojata necovecnost,licemerie,nekultura,i da ne nabrojuvam.
    Sekoe humano delo,a se mnogu malku posle Stevo,od strana na Esma najprvo se odnapred najaveni po gostvanje na site televizii i plus
    posle odrzanoto pak uste ednas.Toa li e humanost?
    Ne sum protiv i ne mislam deka preterale so "Tose Proeski",znaete zosto?
    Se dur ne naucime da gi cenime nasite vrednosti na vreme i ova dosega e malku sto se napravi za da se "iskupat"nadleznite.
    Tose e Tose,nemozeme pesna da cueme od nego na televizija od sto proektite na vladata ja natrupuvaat televiziskata i radio produkcija.
    Osven Grujo,turski serii i pink zvezdi na koi nasi makedonski umetnici im se dava prostor niz makedonskite eteri?

    Treba li da gi spomnam edna Ljubojna i red drugi umetnici koi ne samo sto nemame sansi
    kade da gi slusame i gledame tuku i tamu kolku sto sami vospevaat da napravat nesto za da stignat do nasite usi,nasata politika uste tolku gi ubiva.
    Ua za Esma,Ua za site "usileni umetnici",Ua za drzava koja si ja ubiva kulturata.
    Vikajte sega po mene Ua kolku sakate.:sweat:
     
    На Orthophill и crimson им се допаѓа ова.