Не разбрав точно дали се работи за повишување на тон или за физичка агресија. Ако се работи за физичка агресија, тогаш се и двајцата криви. И не мислам дека, затоа што се и двајцата криви, дека се фит-фит и треба да си простат и да заборават на се‘. Агресијата, без разлика од која страна и да доаѓа, е нездрава за една врска. И мислам дека двајца луѓе кои стигнале до тоа дереџе да кренат рака еден на друг (не постои НИКАКВО оправдување за девојката да крева рака на дечкото, не е од на улица најден) не треба да продолжат во врската, зашто ако кренале рака еднаш, ќе кренат пак.
Мене учителката во трето одделение ми врза шамар и оттогаш ми стана одвратна и никогаш повеќе не ја сакав . Можеби и заслужив укажување за моето однесување или некој вид казна, бидејќи на една другарка и ги расипавме дома-направените фигури од глина за кои се гледаше дека татко и ги направил, тој беше уметник, а таа доби петка.Тоа беше крај , во моето срце веќе немаше место за мојата учителка. Нешто слично беше со мојот прв дечко.Јас по природа сум мирна и повлечена. Одевме околу две години, но тој имаше мана, беше љубоморен, посесивен и неколку пати ми има удрено шамар без навистина и најмала реална причина. И затоа кога најмалку очекуваше, јас едноставно , без збор избегав од него. И НИКОГАШ НЕ ПОСАКАВ ДА СЕ СМИРАМ СО НЕГО, И НЕ МУ КАЖАВ ЗОШТО. А ме сакаше многу. Но што од тепач имаш па и да те сака најмногу на светот. Нашите патишта се разделија. Јас си ја најдов вистинската љубов, потоа и доживеав тоа што никогаш не сум го доживеала, но судбина било после 4 години брак да почине. Но во срцето носам богатство бидеќи доживеав таква љубов и мојата керка е продолжение на таа љубов. А тепачот, што стана со него? Мајка му му најде девојка и набрзина го ожени, таа јадеше ќотек колку што е тешка, се разведоа и се смирија во странство поради материјални причини, каде што тој мораше да замине поради вмешаност во насилие и судир со законот и таму сега не смее да ја тепа поради тамошните закони.Нејзиниот живот не е живот, а неговиот уште помалку. ОВА Е ВИСТИНИТА СЛУЧКА И ЈА НАВЕДОВ ЗА ДА ВИ КАЖАМ ДЕКА НЕ БИВА ЖИВОТ СО ТЕПАЊЕ.
Во никој случај немој да мислиш дека неговото агресивно однесување е твоја вина. Секој сам си одговара за своите постапки. Мене ако ме удри некој, јас ќе станам и ќе си заминам и нема повеќе да ме види. Во никој случај не би му вратила бидејќи би се спуштила на негово ниво. Истото е со клишето оправдување на ваквиот тип „мушкарчини“: „Ти ме испровоцира...“. Па така ќе рече ами како тој самиот себе не си прифаќа дека е таков и дека губи контрола и никогаш нема да прифати. Во неговиот мозок ти си секогаш крива и секогаш ќе бидеш и се со цел да си ја исчисти совеста, да си се оправда самиот-себеси дека не направил ништо лошо. Жените, девојките, кои остануваат со ваквиот тип на мажи најчесто не завршуваат со среќен крај. Кога еднаш дигнал рака, ќе дигне и пак и другиот пат ќе биде полошо бидејќи ќе знае дека се што треба е да ти поцимоли по телефон и ти ќе му се вратиш, така да биг диал. Мој совет ти е, не си ставај трн во здрава нога, штом си го сетила порано, бегај од него. Зашто постојат случаи кога си го покажуваат лицето откако во брак ќе влезеш со нив, као демек нема кај да им бегаш. Пффф, глупаци....
Со ништо не можеш да придонесеш за некој да се однесува така со тебе. Он се однесува со тебе како гомно и ти си крива Уште па прашуваш дали сепак тој те сака?! НЕ, не те сака!!! Како што ти пишаа, тој е фин само кога сака да си го направи меракот и после пак си гомце. Мислам и сама си свесна ама затоа што го сакаш не сакаш да си признаеш. Бегај од него и најди си некој кој ќе те сака и почитува, некој со кој ќе се чувствуваш убаво, сакано, некој што кога ќе биде со тебе ќе те направи да се чувствуаш како да си највредното нешто на светот. Затоа што тој не знае да те цени не значи дека не вредиш! Не чекај овој што те гази под нозе да ти се јави и тоа само за секс, излези и најди си некој што ќе те гледа како очите во главата. И само да ти кажам, не си единствена. Ги има многу како тебе. Ама паметните си заминуваат и си создаваат живот за себе, а оние без самопочит остануваат и трпат затоа што и они се криви нели
Руби21 најверојатно дечко ти отсекогаш бил таков само нормално,на почетокот на врската ти дејствувал повеќе психички што јасно се гледа од напишаното.можеби пред тебе имал друга па кога избрзал со неа решил да смени тактика.ти си многу повеќе малтретирана отколку што можеш и сама да видиш.те носи до степен да трпиш навреди,тепање,имал љубоморни испади бла бла...и потоа ти да речиш дека можеби сама си придонела.обично таквите мажи се големи кукавици и на девојката само ке му се занесуваат зошто само неа и го можат.извини ама ти си огромна глупачка која тој си ја нашол и сега како сака ке си ја вртка зошто му се можи.само за секс те бара колку што сфатив и потоа те брка?и ти толку лесно веруваш дека ако каже некој дека те сака навистина го мисли тоа?ех душо како се преправаат луѓето за да добијат нешто не си свесна.тој не те сака само те користи додека да си најде друга жртва.и уште нешто,зошто воопшто му креваш на телефон?бегај од него спаси се не се сите мажи исти.никој не заслужува да му се случуваат вакви глупости кои на некои луѓе ке му влијаат цел живот.
руби 21 драга моја, таков клошар како тој твојот треба да го клоцнеш во контењер за ѓубре исто како што тој и самиот е,,,не е ништо подобар од тој ,,комплимент,,. можеби го сакаш но верувај колку побрзо го откачиш толку подобро...ке си ја вратиш самодовербата во себе, ке излегуваш ке си најдеш нова љубов...ке си го средиш животот. не ти треба таков коњ како него ти заслужуваш многу идалеку подобар....може ке ти е тешко на почетокот без него но ке успееш----со него си само искористена девојка ништо повеке....и таплаш во место а животот оди понатаму.......
Ќе престанеш да го сакаш со текот на времето...верувај ми типот нема да се промени..сум била во таква ситуација и верувај дека не те сака...тој што го сакаш обично не го повредуваш и сакаш да го гледаш среќен...а он мисли само на себе, можеби и не мисли пошто со тоа однесување којзнае и дали е свесен што прави. Откачи го што побрзо пред да се каеш, бидејќи ќе останеш без никој околу тебе кога ќе сфатиш дека повеќе не можеш и не сакаш да си со него...и да, почни да се цениш себе и не се обвинувај НИКАКО....лошото и општо познато е дека честопати во вакви ситуации жените почнуваат сами да се окривуваат и да го оправдуваат неговото однесување. Ти не си должна да трпиш психички и физичи малтретирања од никого...а во иднина ќе си најдеш некој кој навистина те сака и ќе се труди да бидеш среќна..
Вчера се скаравме,денес не ми крева на телефон цело сабајле и сега кога му звонав ми рече да не го барам повеќе Не можам без него...
Се надевам дека нема некоја голема причина и дека ќе се помирите.Можеби сака само да те измачува малку.
Не бре,сериозен бил човеков.И јас мислев дека сака малку да си поигра на карта топло ладно но не.Сериозен е и сигурен си е во одлуката...
Дај му неколку дена, да подразмисли малце, не го напнувај да му звониш по 100 пати на ден. Остави му простор. Доколку не била сериозна караницата, а до тогаш врската ви функционирала нормално, тогаш не гледам причина да се потресуваш толку. Кога ќе стивнат страстите од караницава, поразговарајте без викање, смирено, решете си ги проблемите на тој начин (секако, доколку и двајцата сакате да ги решите).
Veke edna nedela se brkame po net,se obvinuvam sebi AMA mislam deka i toj preteruva.Toj ima fb jas ne edna mu pisala nesto na zid moze i pogreska ama jas postapiv mislam pravilno samo prasav sto mu pisala toj mi se razvika Ovie nekolku dena postojano mi pisuva opameti se i porasni pa ke razgovarame.Mnogu mi e tesko ve molam za sovet [mod-kirilica:1dupnhon][/mod-kirilica:1dupnhon]
А он тоа го избришал што му пишала она или останало. Зошто ако си видела дека пишала ќе си видела и што му пишала, дека нели на ѕид пишала. Или јас нешто не разбирам?
Da da vidov nesto kako "dobitnik ste na nagradna igra" jas nemav namera da se raspravam ili da go obvinuvam,ne sum ni pomislila nesto loso potoa go izbrisa i mi pisa ne ja poznavam i ne mi e gajle ni za taa ni za tvoite glupavi prasanja
За да бараш совет треба да пишуваш разбирливо.Имаш 21 год.а познавањето на македонскиот јазик ти е на минимално ниво.Не можам да поверувам дека ова е напишано од личност на твоја возраст.Почни да се дружиш со Правописот на МЛЈ и повеќе да читаш книги.
Дека не ја познава, не ми се верува. Некој на заебанција ќе пишува по профили кај луѓе што не ги знае.
Е добредојдев и јас во клубот на тоа да се чуствувам уништено со тоа што се стави крај на врската и тоа баш на датум кој во секој месец ни беше важен... ја пукавме претходнава недела онака на моменти и сл.ја у пмс и уште кавга пред роденден ми фалеше ама и тоа баш КАВГА за да ми пукне филм изнакажам и што мислам и што немислам и ставивме крај и сега ми стануваужасноооо тешкоо што искрено се каам и криво ми е но неможам да направам ништоооо