Усно или писмено - како ви е полесно да се искажете?

Дискусија во 'Психологија' започната од Someonespecial, 13 ноември 2016.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.049
    Допаѓања:
    160.516
    Пол:
    Женски
    Категоријава прилично редовно ја следам, ако не баш откако сум зачленета - тогаш сигурно барем 2-3 години, и немам приметено тема во која се дискутира по ова прашање, а не знам точно под каква сѐ варијанта на наслов би можела да биде именувана доколу постои за да пребарувам... па ако е дупла - се знае што следи. :$ :lol:

    Како ви е полесно да се искажете комплетно и отворено - усно или писмено?
    Не мислам на избор меѓу усно или писмено проверување знаења во образованието :D туку - дали во секојдневието вашите најискрени чувства и ставови преферирате без проблем секогаш да ги искажете гласно и очи во очи, или пак хартијата/празното бело прозорче ви е попријатно засолниште кое ви дава малку поголема слобода, а со тоа и ослободување на креативноста и елоквентноста?

    Јас си признавам дека како интровертна личност спаѓам во луѓе за кои се однесува втората опција. Многу често во почетокот на познанство со нови луѓе поотворена сум при допишување. Најдлабоките чувства полесно ми е писмено да ги изразам, а и ставовите онака најдиректно до крај никаде не сум
    ги изнесувала толку како на форумов - освен со круг на луѓе што ги сметам за најблиски.

    За ова, т.е. за мојот личен одговор на прашањето во насловот мислев да пишам во СДК, но ми текна дека би било добро прашање за дискусија - па, еве ја првата моја отворена тема за дискусија освен за музички артисти и по некоја серија. :lol:
    Епа voilà, повелете! 8-|
     
    На teteks, fragaria, cresa-jagoda и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    4.692
    Допаѓања:
    25.262
    Пол:
    Женски
    Интересна тема.
    Зависи од ситуацијата и предметот на зборување. Сепак, во најголем дел од случаите, полесно ми е писмено. Од причина што можам да се загледам во реченицата и да видам како би била подобро формулирана, а усно некако е go with the flow.

    Но усното изразување има многу повеќе предности како интонација, емотивност, ритам, акцент, што не може да се долови во пишана форма.
    Сепак, редењето на зборовите во времето е многу поразлично од нивното редење во просторот. Вниманието се добива повеќе кога има усно изразување. :)
     
    На Wahnsinn, ku4ence, Rebecca_R и 6 други им се допаѓа ова.
  3. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.382
    Пол:
    Машки
    Usno
     
    На Читател му/ѝ се допаѓа ова.
  4. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Zavisi so koj zavisi za sto,nekogas pismeno, Paulo Koeljo ne mi e ramen hahahha no nekogas usmeno, neznam zavisi pak ke kazam od situacijata.
     
  5. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.314
    Пол:
    Женски
    Писмено... дефинитивно и од секогаш.
     
    На Mr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    29.602
    Пол:
    Женски
    Кога би бирала би се изразувала само писмено, оти во многу случаеви при вербална комуникација знам да 'оплескам', зборовите ми се пред паметот и нема назад, во таква ситуација тешко можеш да прикриеш емоција, самиот говор на тело ќе те издаде и дава простор за дополнителна анализа, сепак не секоја ситуација е за писмена комуникација
     
    Последна измена: 15 ноември 2016
    На Wahnsinn, purple..m, Gushkalo и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Love...music

    Love...music Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2014
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    1.299
    Пол:
    Женски
    Писмено сум многу поопуштена а кога зборувам усно имам страв од тоа како ќе бидам разберена
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.901
    Допаѓања:
    280.714
    Ако се работи за испит и ако ми е спремен - УСНО.

    Ако се работи за пишување на творба на некоја тема, тогаш писмено.Да имам време да размислам, да ,,украсам,, текст...
     
  9. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.499
    Допаѓања:
    44.574
    Пол:
    Машки
    Усно-директен и во кратки црти, писмено по опширно пофиловано но и по заобиколено
     
    На SummerGirl, fallenangel, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.395
    Допаѓања:
    29.777
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали за испит или друго секогаш подобро ми е да се изразам усно. Мислите сами по себе ми доагаат. Додека писмено ми е потешко. Секогаш испит барав усно.
     
    На SummerGirl и Petar80 им се допаѓа ова.
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.988
    Допаѓања:
    47.953
    Пол:
    Женски
    Писмено, сакам кога имам време да одберам зборови, да си ги средам мислите и да ги усогласам со зборовите. И со мм кога ќе се скараме преќутувам, па потоа му пишувам во порака смирено што сум мислела и зашто така сум изреагирала.
    Си го присвоив овој метод зашто кога избувнувам во моментот можам да кажам многу работи со лоши зборови кои потоа не можам да си ги вратам назад. А пишаните можам да ги избришам пред да ги пратам ако сакам да ги променам. :)
     
    На КикиМаус, cresa-jagoda, SummerGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    74.642
    Пол:
    Женски
    Вака во секојдневието полесно ми е писмено, мислам покрај цела оваа развиена технологија што ќе се замарам да зборувам :D
    Ако сум лута на некој, ако сакам да признаам грешка, ако сакам да честитам нешто, искрено полесно ми е да пишам нешто, барем ќе размислам убаво што да пишам.

    Додека за испити полесно ми е усно. Знам да филозофирам и да превртувам едни исти зборови, па дури и најстрогите професори ми симнуваа капа за тоа :wasntme:
    Употребувам многу раце, мафтам и знам лесно да се снајдам...
     
    На mode-kristina, Ketchup и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    5.352
    Пол:
    Женски
    Generalno pismeno.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    956
    Допаѓања:
    5.091
    Пол:
    Женски
    Зависи кога како.. може и усно и писмено..
     
  15. mouse

    mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Писмено повеќе од усно.Ама у мислите најдобро се искажувам, додека се сеуште у мене.
     
    На Someonespecial и Petar80 им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.162
    Допаѓања:
    35.777
    Пол:
    Женски
    Писмено дефинитивно
     
  17. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    12.872
    Пол:
    Женски
    Усно, дефинитивно.
     
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    2.459
    Допаѓања:
    54.387
    Пол:
    Женски


    Епа тогаш не си имала доволно строги професори. Веројатно сеуште си средно, на факултет е друга приказна. Нема да положиш се додека не дадеш концизен одговор. Можеш да превртуваш редослед на зборови, ама додека ке видат точен одговор - ништо од бизнисот.
    Мене лично употребувањето на раце, мафтање и акробации ми оставаат впечаток на слаб вокабулар и неначитаност.

    Преферирам усно изразување ради експресијата на лицето - и мојата и на соговорникот. Што се однесува на полагање на испит на факултет - сеедно ми е. Немам трема да зборувам ни пред професор ни пред група на студенти.
     
    На honest girl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Crvenata.Sonja

    Crvenata.Sonja Нов член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Писмено затоа што усно луѓето не заслушуваат и велат дека не ме разбираат... Но кога навистина сакам некој да ги разбере моите зборови, се разбеснувам и неам време за филозофирање писмено :lol:
     
  20. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.693
    Допаѓања:
    74.642
    Пол:
    Женски
    На факултет сум и 80% од испитите, така ми се положени.
    Па ти реков имам посебна тактика дури и да не го знам точниот одговор, ќе вртам одоколу и самиот професор ќе му излета и ќе го каже, и на крај излегува ко јас да сум го кажала...
    Не ги вртам речениците толку очигледно, за да оставам впечаток дека не сум прочитала туку на културен начин тоа се први.
    Нормално треба да имаш прочитано нешто, а не глупости да тресеш.
    Во случај ако стварно не го знам одговорот, тогаш фино лепо ќе размислам пак и ќе кажам дека не можам во моментот да се сетам.
    Се што сум полагала усно ми се 10ки и 9ки.
    Средно друга приказна...
     
    На Someonespecial и Ketchup им се допаѓа ова.