Стив Џобс ако си ја прочитала биографијата ни малку не бил емотивен, познат е по тоа што бил ужасен шеф избркан од фирмата која тој ја основал, па да бил емотивен после тој отказ сигурно немаше да го превземе пиксар и да го издигне, па повторно да се избори и да се врати во Ејпл, а на приватно поле дури неколку години подоцна ја признал својата прва ќерка, потоа неговиот ‘пријател’ Возњак кој е креатор на ејпл компјутерите со кого ја основа компанијата на крај завршил како вработен со симболично ниска плата... има многу но тоа е сосема друга тема за Стив Џобс така да успехот негов се должи на брилијантниот ум и цврст карактер. Ете тоа е успех во огромен размер, да си креатор на нешто што ќе остави траен белег на една цела генерација, запишан во историјата на технологијата @Biljarkata полека ‘аман’ за некои успех е да се разбуди во 8 сабајле
Ние не сме го живееле неговиот живот, нити го познаваме лично па да знаеме колку тој бил емотивен. Дали знаеш колку успешни личности ја кријат емотивната страна, затоа што секој успешен, амбициозен човек е свесен дека всушност неговата емотивна страна е и неговата слаба точка, а таа страна ја крие секој од нас, само успешни луѓе се многу по вешти во тоа. Успешни луѓе се со изграден и цврст карактер, многу добро знаат во што се добри кои се нивните позитивни страни, но и тие не толку позитивни. Додека стигнат тие личности до целта требало да поминат многу препреки, на тој пат тие стекнале големо искуство, како треба да се однесуваат во одредени ситуации, но тоа не и прави личности без емоции, напротив успешните луѓе се секогаш спремни да помогнат да другите.
Сметам дека успешни луѓе се тие кои од ништо во животот направиле нешто, но со сопствен труд, искористувајќи ги своите капацитети, како што се личности познати во спортот, културата, музката, политиката, економијата, познати дизајнари, секоја личност што почнала од нула и успеала да го исполни својот сон и својата замислена цел. За мене не е успешна личност што гази се живо и диво за да се докопа до некоја позиција на пример директор, себична личност што се сити на несреќата на обичниот работник и за жал гледам дека за некој ова е репер за некаков си постигнат успех во животот. Ова е чест пример во нашата држава може да се каже и секојдневие па затоа се меша со поимот што значи навистина успешна личност.
Темава нема насока... ама ја разбирам поентата. По која логика успешните може да ги карактеризираш како добри или лоши? Едното е достигнување во професионален живот, другото е карактерна особина. Ја имаш Мајка Тереза која што достигнала некои поголеми филантропски залагања, но ако не се лажам нема некое достигнување на професионален план. Неуспешните како ги делиме? Сите на лоши? Човекот е збир од особини, само затоа што некој има посебен талент за пеење или го достигнал врвот на својата кариера не можеме да го поставиме за светец водител на другите. Можеме да го цениме само за неговиот труд и придонес. Какви се приватно, малтене никогаш нема да дознаеме. Секако и не е релевантно, сите сме различни спрема секого, зависи од нашата врска со луѓето околу нас. Друго поделбава за успешност. Има луѓе генијалци кои на стари години или после смрта биле ценети. Има луѓе со талент. Има луѓе успешни во наука. Има успешни бизнисмени. успешни трговци, успешни работници, успешни криминалци луѓе кои уште не досигнале некое признание. Успехот е релевантен. За мене е успех баланс. На кариера, семејство и карактер. Такви примери пронаоѓам, кои уште си се приземјени и не наштетиле или згазнале (како што пишавте) преку некого. За некого е успех било како да дојде до признание, за тие велам, да им ги дадеме медаљите и да не пакосат кај што стигнат. За некого е успех да го прави тоа што најдобро умее, а дали ќе е признаен и награден не му менува многу. Многу пати нема формула, ниту дефиниција. Ама газди на корпорации каде што се експлотира работна сила, претпоставувам дека по богатство ги мерите за успешни? Секој си одбира и си имало свое мерило што става на пиедестал или едноставно, бира повеќе особини и си го прави својот коктел.
Добро е што и на некој друг му се “палат сите аларми” кога ќе ги стават Мајка Тереза и хуманост во иста реченица.
Во право си се согласувам. Лесно е кога имаш грб. Но, кога немаш успеј да те викам. Од ништо да створиш нешто и да останеш приземен, е тоа е успех. Во мојата фела има една јавна личност која сите ја сметаат за име и ѕвезда, ама е создадена како име на само еден настан, кој во кариерата го искористила за себепромоција. На луѓето на работа добарден не им кажува, се мисли бог, а никој не ја сака. Сите знаат како успеала и дека е гад кој гази преку луѓе. За мене тоа е не е успех, а за тоа е крив македонскиот систем во кој таквите се пробиваат.
Контрадикторност на особини и карактер и чувства е скроз нормално да се јави кај било кој. Од аспект чувства, јас се обожавам и имам неизмерна самодоверба, и во исто време сметам дека сум гнида на планетава шо не вреди пет пари. И ако сум успешна, која од овие две чувства ќе е задолжена? Следно, шо се добри особини? Шо се лоши одобини? Шо е објективно добро за човештвото, а што е субјективно добро за човештвото? Дали ако изгазам тон луѓе да стигнам на врв, ама после тоа штом сум на врв прам се за доброто на луѓето и човештвото ... Каде спаѓам? Поентата ми е, сите имаме контрадикторни карактеристики и некои луѓе ќе напрат се да се на некој врв. И то е океј. Пошто не сите на успехот гледаме исто. А то се гледа по темата. Колку пати само се праша а шо е успех? За мене успех е да бидам успешна во својата работа и практично да помагам на луѓе јер со то ми е поврзана. И за мене е успех да си пратам личниот код шо си го изградив низ годините. То ми е дур поважно од ете, кариера. На друг успех му е мајчинство. На трет независност. На четврт кариера. На друг колку да се тера денот и да можи да лабави. Сите сме различни и сите различно го дефинираме успехот. И за различен вид на успех, различен сет карактеристики се потребни. И да, често пати ќе има контрадикторни кон успехот шо го сакаме, или контрадикторни карактеристики меѓусебе ама одамна не сме едноставни суштества и се то е нормално.
Успехот е субјективен и за секој е различен. Ако се мисли на успех како на Елон Маск или Стив Џобс, или како нашиве политичари и директори на врв тогаш не, никогаш нема да бидам успешна. За мене најголем успех е да сум среќна во животот, да имам добра работа, луѓе со кои се сакаме и поддржуваме, да патувам и сл . А тоа според нечија дефиниција не е успех. Контрадикторност на карактер сите имаме, најмногу заради тоа што луѓето општо се многу комплицирани. Секако не мислам на одење од крајност во крајност, како на пример на една група луѓе да им наштетуваш а со друга да си фин/а. Тогаш се знае, не си добар човек. За мене не можиш да си успешен а да немаш емпатија и свест за околината. Не можиш да си успешен а нешто си постигнал нечесно и си газел по други луѓе. Целта не ги оправдува средствата. Со сѐ се согласувам освен со ова. Како што кажав и погоре, не е океј да направиш сѐ за да си на врв. Под тоа "сѐ" подразбирам и свесно и намерно наштетување некому. Никогаш не е океј.
Ама секако. Случајно стануваш менаџер на огромна компанија, која прави аквизиции на помали компании, и за да максимизира профит, нормално, отпушта луѓе. Ради хуманитарност, организираш активност за твоите вработени, лицитација на колачи, чаши, јунејмит глупости, собраните пари од твоите вработени, компанијата ги дава како хуманитарна помош негде. Капитализам, врв на хуманоста и мислењето за општо добро. Оној со трите деца што останал без работа, кој го врти. И ова не е македонска приказна.
И македонска може да биде..разноразни 'газди' транзициски ги носат на душа вработените бивши на фирми кои се обезвреднети и пропаднати за да бидат купени за ич пари, и тоа од сопствениот капитал , или се распродава имотот а работници на улица.. па после истите газди градат цркви, донираат, реновираат јавно добро...и Соња од Тат имаше ем награда за најдобар менаџер, ем хумана беше, помагаше ваму таму, па си одлежа, па пак зезна некого. И не е само таа .. Јас во чисто добро или чисто зло ,не верувам. Сите сме комбинација. Е сега дали психопат или социопат има повеќе шанси да 'успее' е дискутабилно ...плус оној што за едни е ѓавол, за внуците можеби негови е најсладок дедо... За качување по скалила не е само да си бескрупулозен услов. Има многу услови и околности. Не може секој да е во секоја улога добар. Некаде ќе мањка.
Ама општа е приказната, само штознам, ваљда полесно е да речеш, македонски газди и да веруваш во бајки што ти ги продаваат светските медиуми. Кој не видел корпорациски свет, во се може да верува. А после ко ќе излезе некоја cancel culture story, на сите одма се им е јасно - Аха одамна јас знаев дека не е ок лик Не, не се само лоши луѓе успешни, ама за тие многу успешни, чиј новчаник се мери во милијарди, веројатно правилото важи. Мислам, и забарот мој е успешен, ама за супер-успешен веројатно би требало нешто друго да работи
Секако дека ова е застапено секаде во светот, не само кај нас, го напоменав затоа што кај нас ова веќе е секојдневие со кое секојдневно се соочуваме и поради тоа се смета дека ако си успешен по дифолт мора да си себичен и суров за да стигнеш до целта. Според мене дефиницјата за успешна личност не вклучува личност оперирана од емпатија, но тоа не значи дека нема успешни луѓе кои по каратер се арогатни, но тоа не значи и дека се себични и не емпатични, како пример ќе ги земам хирурзите, голем дел од нив се арогантни, но исто така големи професионалци во својата област.
Успехот сите различно го дефинираме.Ама еве ќе земам пример да си богат. Ако си богат незначи секогаш дека си лош и себичен и газиш преку сите за свои цели. Познавам личности кои имаат пари и се спремни на секој начин да помогнат, и да ти бидат поддршка во тешки моменти. Ние со парите преживуваме и парите не се лоши. Многу ме нервира кога ќе слушнам дека некој ќе каже: Парите го расипаа човекот. Не парите не се виновни.Со парите се прехрануваш и како може тие да се лоши? Лош е човечок. А се согласувам исто со една членка, ако немаш пари незначи дека си добар. На тоа исто сум била сведок. Има една многу подла личност буквално тебе ќе те прегази за своја корист, дури и ќе те понижи за да се издигне она. Тоа е нешто најлошо.
Никаква спојка нема ниту материјално со карактер. Колку работници на минимална плата има што први ги клеветат своите колеги на работа, измислуваат ствари за нив, а и случајно успеваат да протнат некој денар плус во џебот кога газдата не гледа. Колку пати неуспешни луѓе добиле помош било каква, ги сожалило општеството или луѓето околу нив, па после им напакостиле на истите. Мене ми се еднакво опасни карактериве. Каде и да се поставени според нечие скалило на успешност и долу и највисоко, се трули одвнатре.
Тоа клеветење е мала маца, пример власнико на пинк сите знаете кој е колку има злочина луѓе убиено? Дрога продавано и пак е најуспешен и според многу човек за пример, и кладам се дека 80 посто сакаат да бидат на негово место, значи целта на човештово е газење преку мртви за голем успех, лошите секогаш живеат подобро.
Успешен е секој оној кој што ја исполнил својата зацртана цел, без разлика дали е овчар, програмер и тнт.