Зависи од личната дефиниција за успех. Да, целта ги оправдува средствата за мене, но не секогаш и по секоја цена. Со луѓето постапувам така како што тие постапуваат со мене. Едноставно е. Знам да направам услуга и без да очекувам нешто за возврат, доволно е личноста да не биде неблагодарна кон мене и да не ми наштетува. Сакам да напредувам во кариерата и не ми е проблем да го жртвувам социјалниот живот и дружењето во одредена мера. Не ми е потребен луксуз за да бидам среќна, доволно ми е да имам за удобен живот, да сакам и да бидам сакана, да имам мир и чиста совест. И се водам според оваа моја дефиниција за среќа.
Благородните метали кога ќе ги фрлиш во вода тонат, наспроти тоа сите знаеме што лета на површината. Така е и со луѓето, поготово на наши простори. Кај нас ретко кој успеал преку вистински квалитет да се истакне. Умешноста на пробивањето најчесто лежи во тоа да газиш преку останатите. Чесните и вредните кои си ја гледаат работата секој само ќе гледа да ги исцеди до максимум. Секогаш се поинтересни оние кои ги бива за кодошење, правење сплетки и лижење задници. Земи ги за пример најобичните фирми, скоро на сите подобри позиции се поставени некои неквалификувани потрчковци кои вршат мобинг, ги малтретираат сите околу нив а макотрпната работа на другите си ја препишуваат на себе.