Уставниот суд дозволи помилување на изборни криминалци, педофили и наркодилери

Дискусија во 'Политика и настани' започната од blueberry93, 16 март 2016.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.141
    Допаѓања:
    257.935
    Кога веќе ја тупете со аболицирањето на Заев, имајте на ум дека е одлободен од понатамошно кривично гонење. Никаде не е докажано дека е виновен, а пресумпција на невиност каде ви е. Додека, кај помилувањето веќе имаме осуден криминалец.
    Ама зад секоја мизерна политика на Вмро, стои аболицијата на Заев.
    Јас воопшто не сум изненадена со одлуката на Уставен. Оддамна судството не функционира и не очекувајте правда се додека овие се на власт. Подржувачите ми се чини не се ни приближно свесни што уствари подржуваат. За жал.
     
    На eloves, galapce, kim.k и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    6.069
    Пол:
    Женски
    Дали тоа значи дека ако утре Иванов ги аболицира Гордана и Миле и за нив ќе важи презумција за невиност ?! Ќе се кандидираат за пратеници наредна година, ќе си бидат министри, а ние ќе викаме дека не е докажано дека се виновни пошо се аболицирани.
    Не важи презумпцијата на невиност (барем кај мене) ни за Заев, ни за Гордана и Миле !
    Сметам дека ако некој е невин нему му одговара да оди на суд и да ја докаже својата невиност, а не вака аболицирани и после ќе се вадиме на презумпција на невиност.

    Да не забегувам многу од темата, не ја поддржувам одлуката на уставен од проста причина што не поддржувам никаква аболиција/помилување/амнестија.
    Секој треба да одговара за тоа што го сторил, не ми е важно дали е СДСМ, ВМРО, ДУИ, ДПА ...


    ПС.Реплицирам затоа што јас го спомнав Заев во мојот пост па да разјаснам :)
     
    На P.S.love, cresa-jagoda, zuto и 4 други им се допаѓа ова.
  3. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Со оваа одлука на судот гледаме дека некој очајно сака да си го спаси гзот во последен момент, сите знаеме кој правел изборни нерегуларности. Ама кој е педофилот во владата?:^)
     
    На galapce, P.S.love, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    А кој нарко босот? :wasntme:
     
    На galapce, cresa-jagoda, Bender Rodriguez и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Види го прикачениот фајл 246542
    M, M, M, на врв на јазик ми е не ми текнува. :D За малце ќе речев Мирка Велиновска, некако ми личи на нарко бос.

    Feljton5-1994-111-mirka-velinovska.jpg
    Еве една поопасна слика.
    mirka-velinovska.jpg
     
    Последна измена: 18 март 2016
    На galapce, blueberry93, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Вакви работи може да се случат само во МОЈАТА ЧУДЕСНА ЗЕМЈА МАКЕДОНИЈА. И после се зголемил бројот на туристите. Па нормално сите сакаат да дојдат да видат пошто ваква глупост нема нигде во светот.
     
    На theowndemon и BoneMachine им се допаѓа ова.
  7. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    кој не би сакал да биде по-милуван од ваква 'судика'
    [​IMG]
     
    На galapce и BoneMachine им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.375
    Допаѓања:
    182.835
    Пол:
    Женски
    Ајде и ја со мое мислење за последниве најтрагични случувања.

    1. Сум против секоја аболиција и помилување на било кој. Сметам дека кој е крив треба да биде санкциониран. Што се политичарите повеќе од нас обичниот народ? Па нивниот живот вреди ли повеќе? Тежи ли повеќе? (иронично да... нивниот тежи)

    2. Постои меѓународна конвенција која што изрично гласи дека помилување или било каков имунитет за: изборни измами, педофилија, тероризам, злосторства против човештвото, геноцид, воени злосторства и други кривични дела не е дозволен и оправдан. Овие дела одат заедно и ниедно не може да биде исклучено. Секое од овие дела е потешко од претходното. Македонија е потписник на таа конвенција (правниците знаат дека ратификуваните меѓународни конвенции се еден од изворите на домашното право заедно со уставот и законите), и со овој нов донесен/укинат закон Македонија го крши како домашното така и меѓународното право што самата го потпишала.

    3. Беше спомнато помилување на педофили во некој од претходните коментари, не ме држете за збор кој.. Да се помилуваат педофили, ама они кои се помилувани, не се уствари педофили во права смисла на зборот. Како? Еве пример, во светот зборам за развиените земји светлосни години далеку од нас, најчесто во разводна постапка, кога мајката ќе осети дека може да го изгуби старателството над детето, во 90% од тие бракоразводни постапки мајката се повикува на тоа дека таткото (или другиот старател, дедо, чичко) го злоставувал детето. И иако најчесто се докажува дека тоа не е точно, тоа дело нему му останува во досие.

    4. Изборните измами изглеа се најлесна категорија. А што е со тероризмот? Зошто никој не го коментира него? Мене лично тоа ме вознемирува исто колку и педофилијата. И да.. немојте да мислите дека педофили и убијци нема да бидат помилувани. И те како можат да бидат од корист таквите насилници.

    5. Хорхе даде изјава: нема да бидат помилувани силеџии на избори... ја мајката! Па го знаеме тоа, зашто секој 2 е силеџија на избори.. за изборни измами нишо.

    Жал ми е за ова што се случува, а уште потажни ми се оние злобни коментари кои им посакуваат посета на педофили на децата на овие што ги изгласале. Па да бидеме реални... никој здраворазумен човек нема да дае зелено светло на ваква одлука освен ако не е притиснат. Ја ги жалам оние судии што биле под константен притисок, ама се надевам дека еден ден ќе скапат во затвор ако тоа го направиле чисто ради свои лични егоистички интереси. Децата нивни не се криви за ништо.
     
    На galapce, sofijanoka, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  9. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    683
    Допаѓања:
    455
    Пол:
    Женски
    Против тоа сум да се помулуваат педофили, бидејќи тие уништиле нечиј живот.
    Не треба да се ослободуваат ни криминалците но изгледа македонија за сметаат за богата држава па ако нека пљачкаат.
    Наркодилерите секојдневно можат да загрозат нечиј живот со дрогата која ја продаваат.
    Ова што го прават според мене е чиста глупост ајде де за криминалците. Ама како може да пуштаат педофили и дилери на дрога. Ова е за срамота. Кој и да го прави ова го прави за да извлече некоја корист. Дали бил Груевски или Заев или па претседателот треба да се ставата на местото на тие што биле жртви на педофилите и наркодилерите. Бидејќи на сите политичари без разлика од која партија се се им е погодено. Одат со обезбедување и никој ништо не им може. Но само не минута нека се стават во кожата на жртвите или на оние кои се плашат од такво нешто ќе сватат како е
    Како не се срамат од оваа постапка наместо да се погрижат виновниците да скапат во затвор они што праватт. Ги пуштаат на слобода за повторно да повредат некого.
    Во оваа држава ништо не се прави ако се нема некоја добивка. Само за да добијат избори ( било која партија) ако треба сите ќе ги пуштат од затвор само за да добијат некој глас повеќе. А народот нека страда кој го прашува народот они важно да ја држат фотељата
     
    На VivienLeigh и sofijanoka им се допаѓа ова.
  10. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    прецедателот се обиде да ги исправи штетите СЈО што ги направи да обвини невини луѓе. Потоа со притисокот од надвор ги повлече меѓународната заедница дозволи невини луѓе да одат во притвор