Фалсификати и копии на модните брендови

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 18 декември 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Колку купувате и поседувате фалсификати и копии на модните брендови?

    Најчесто фалсификувани се Луи Витон, Гучи, Ферди па нивното лого на ташни, чевли, марами, ремени може да се види насекаде околу нас, се продава од Шутка, до пазарчињава, до кинески продавници, Елит/Еко па дури и од улични продавачи и малски продавнички.
    Но не често сретнуваме и копии на часовници, очила, чевли, чанти, фустани итн.
    Неретко може и да носиме некоја копија а да не сме свесни. Така пред некое време отварам на фемина.мк и ги гледам моите чевли во Гучи колекцијата, ги купив од наше македонско производство од некои кои очигледно немаат идеи сопствени.
    Често во брендовите Х&М, Зара, Бершка може да се видат слични копии од познатите модни брендови.
    На плажите посебно во соседна Грција, африканци продаваат копии и фалсификати за преефтини пари. Па на плаживе македонците ќе се спотепаат за да купат. И јас си имам лично купено очила и часовник.
    Со тоа што многу македонци после се фалат дека оригинал купиле :D

    Нашиве Дуки и Дасо вријат од копии во нивните колекции исто така.
    А еве пример секој втор ја има копијата од чантата на Мулбери. A на шанел чантата исто.
    [​IMG][​IMG]
    Секој втор ги има очилата копија на Реј бан.
    [​IMG][​IMG]
    Или гледам шемаџиско е сега на салонките одоздола да се црвено офарбани, џоа Лобутинки носиш 8)

    Со нашиот буџет македонски не може да си дозволиме купување оригинали и затоа врие од копии. Во ред е да ти се допаѓа некој модел и да си го купиш за ефтини пари.
    Но има некои луѓе едноставно кои се преоптеретени со тоа да носат дизајнерски работи на себе, а бидејки не можат да си ги приуштат па исклучиво купуваат фалсификати. Преоптеретени се со тоа. А најмногу е тоа за оние со логоа Луи Витон, Гучи, Ферди...

    Баш гледам на ФБ кружат неколку страни со фалсификувана и копирана облека и акцесорис, па копија Хермес Чанта е 4000 денари, Луи Витон е 3000, чевли Гучи за 3000, марама за 1500, Тифани накит за 2000, Шанел обетки за 2000. Цени до небото, а роба кинески фалсификувана која вреди 10 пати помалку од таа цена.
    Но наинтересни се македонкиве која побрзо да купи, си ги отварам страните и се смејам на коментарите одоздола. Не можам да се изначудам од таа желба да носат копирани логоа на себе и да се подвижна фалсификувана реклама.

    Колку поседувате некои работи кои се копии?
    Дали намерно или случајно е тоа?
    Ги купувате ради моделот што ви се допаѓа или само зашто е копија на бренд.
    А и колку често шиете копии на фустани ;)

    Не дај боже да има модна полиција, сите ќе плаќаме казни :rofl:
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Немам ама баш ниедна копија и со намера не купувам дури и да ми е убаво. Имам некоја одбивност кога ќе видам Шанел, Д&Г, Луј Витон, а знам дека не е тоа тоа. Ако е само моделот копиран, без логото би купила, но со лого или шара како во случајот со Витон на пример нема шанси.
    Инаку сигурно сте приметиле дека моментално Скопје е преплавено со овие копии на Витон, ама баш е преплавено секој ден гледам по некоја, како униформа е ташнава. Убава е, не викам дека не, ама ни на сон нема да ја носам, освен ако некој вујче не ми ја донесе оригинал на поклон :D
    [​IMG]
    Зашто толку се носат копииве не разбирам-знаеш дека го немаш оригиналот, знаат и сите што те гледаат и кое е задоволството :^)
     
  3. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Јас носам и би носела, само со една причина - немам пари да си дозволам да носам Витон, Гучи и Версаче.
    Пред некое време видов многуу добри копии на чантите од Витон околу 2000 ден беа.. може слободно да те залаже дека е оригинал.Совршено изгледаа.Тоа е тоа, кој има ќе носи оригинал, кој нема ќе си купи реплика.
    Сепак секој сака да биди то чекор со модата, само треба да се пази тоа да не изгледа ептен фалш. :D
     
  4. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    ^ Не дај боже вујче од Америка да ти ја донесе чантава оригинал.
    Мислиш некој ќе ти поверува дека е оригинал? Никој.
    Баш мислам Старфиш имаше напишано порано мислење дека има Шанел чанта која не ја носи, зашто цело Скопје носи такви чанти и ти само стануваш дел од масата на фалсификатори :)
    Ни оригинал ни копија, јас бегам подалеку од овие брендови со логоа, ги мразам, никогаш не би купила ни да имам вишок пари.
    Од овие скапиве чанти само Хермес имам желба, но никад нема да имам толку пари да си ја дозволам :D
    А ете Мулбери чантата е стварно убава, ја има за 1000ка низ пола наши продавници, ама многу девојки не ни знаат дека е Мулбери чанта многу нормално, убава е, не е лого па да си реклама подвижна. Тоа е една убава чанта одговара на се па супер е и копија да се има :)

    А од кога модата претставува носење фалсификуван Луи Витон? Па и оригинален да е.
    За мене овие брендови не се мода, овие брендови се само реклама, покажување на луксуз. Воопшто тоа за мене не е мода. И сите што носат ми изгледаат баш фалш!
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Да, ама секогаш има нешто што го одвојува оригиналот од копијата. Кај ташната што ја покажав на пример, разлика има во боите. Може да е некаква ситница, патент, ама има нешто што е различно.
    Роси, би ја носела бе, многу ми е гајле што ќе мислат другите. Ако се толку помодарки ќе направат разлика :D Еве моја другарка има оригинал Витон, од оние темните, кафеави и не знам како, ама се издвојува едноставно.
    Најсмешно е што ова копииве кај нас ги продаваат по ненормални цени, 3-4000, ама жени пак ќе се потепаат да купат :D
     
  6. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    И што ако имаш фејк ташна? Си постигнал нешто? НЕ! Само изгледаш ефтино и лажно. Секоја девојка во градов има Шанел или Луи ташна. И ако некогаш купиш оригинал ќе ти биде тапа да ја носиш,зошто некој би помислил дека е лажна. Тажен е начинот на кој размислуваат нашите врснички, дека ако носиш лажно ти си главна. Епа мили мои не е така.
    За наочарите веќе можам од километар да ти кажам кои се фејк а кои не. И веќе кога се купуваат наочари тоа е вредна инвестиција(посебно ако се со диоптер) бидејќи цело време треба да ги носиш.
    Голем противник сум на фејк логоа и сите овие глупости, од проста причина што не можеме да си дозволиме толку скапи ташни, чевли и облеки(наочарите нема да ги спомнам зошто сепак можеме да си ги дозволиме оригинални, не се којзнае каков луксуз). Ако е копија на моделот и само тоа, тогаш може да пројде.
     
  7. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    дајте линкче од некоја страница на фб што продаваат копии кај нас баш да видам, не сум сретнала до сега. :)
     
  8. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Јас си носам ленирче во ташна секогаш и застанувам девојки со Луи Витон чанти и мерам одалеченост на логоата за да видам дал е копија и оригинал :rofl:
    Има копии и копии. Некои копии се толку добри фалсификати да единствно претешко е откривањето на оригинал и копија.
    Инаку вкус е во прашање, затоа е темава. Јас и на подарок да добијам Витон не би носела, подалеку од мене за такви брендови.
    Има и тема за баш овие логоа и дизајнерски имиња moda-i-stil/obleka-i-akcesoris-so-dizajnerski-logoa-t5668/?hilit=%D0%B1%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B4%20%D0%BB%D0%BE%D0%B3%D0%BE
    За мене се најгрозните модни парчиња. Тоа е една реклама само. За мене тоа не е ни модерно, ни убаво.

    А неможам да дозволам убави очила, немам пари бе. Немам пари за часовник квалитетен. Тоа значи не смејам да носам фејк од пазарче цвикери на кој притоа брендот не му го пишува но потсетува на некои очила од познат моден бренд? Гајле ми е.
    Колку ми е џебот толку ќе си дозволувам.
    Колку луѓе имаат 250 евра за очила реј бан? Или за часовник од 200 евра од своч нека биде?

    каша адни ги овие и смеј се на цените и коментарите :D
    http://www.facebook.com/profile.php?id=100001919994555

    А има уште неколку слични страни, само ако најдам ќе ги допишам на темава :)
     
  9. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.063
    Допаѓања:
    1.046
    Немам ниедна копија, и најискрено, не сакам да имам. Имам само рејбанот и тоа неколку, ама ипак наочари се, ги седнувам, кршам, гребам и слично. Алишта или скраја да е ташна ни под разно не сакам фалсификат. Од километар се гледа дека е собрана од некој багажник за пар евра и ме одвратува и помислата само. Ако не можам да купам Шанел, а не можам, што ќе ми е копија тогаш? Да ми тураат лајкови и да ми завидуваат на ташниче од 300 денари? Не знам кој е поглуп тогаш, јас или другарките.
    Иако, костум Шанел има од 2 000 па до 25 000 евра, што реално е небо и земја разлика. Другар има Ив Сен Лорен кошула, значи по некоја ситна работа дури и извесни наши луѓе можат да купат. И сеа другарка пр. со ташната оригинал, и јас до неа седната со пластична верзија од истата. Па балканскиве пејачки од Гранд и слично се од глава до пети во Шанел. Да му се поврати на човек, висока мода на селанки. Се` изместено, тоа е за високи кругови и особено дами, не турбофолк певаљки.

    Повеќе сакам да купам работи од продавница која можам да си ја дозволам, него нешто преевтино во споредба со оригиналната цена, а да вришти со неквалитет. Па уште и да е копија а пар илјади, уште полошо. За мене се поочајни таквите "помодарки" кои мора да го имаат нештото макар и од автобуска, него помодарка што си платила купче богатство за оригинал. Поштено е, си има, нека си троши.

    H&M е бренд за широка потрошувачка и не ми текнува терминот, се` што е на пистите во моментот, тие прават соодветни верзии за "смртници". Ама не можам да речам дека е шит дуќан, напротив, од нивен ранг се можда и најдобрите производители. Ипак Лагерфилд дизајнираше за нив, не е кинески пазар.
     
    На Gea и rossonerka им се допаѓа ова.
  10. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Прашање е дали нешто има оргинал? Само се лажеме!
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.050
    Допаѓања:
    155.009
    Строго сум против крадење на индустриска сопственост,патент,дизајн и слично,АМА...кога се работи за дизајнерска облека,МА ДА,за ИНАЕТ! Зошто е безобразно богатење на идиотштината белосветска,која ги измести сите критериуми за добро и лошо и го изби светот на површината и не се гледа неговата вистинска вредност.
    За инает затоа што Џакомо Армани Версачи Шанел де ла Карачел оди на Малдивите за 2 часа и тоа на половина час ручек,дур во третиот свет умира по едно дете од глад или болест. Дур ние у Македонија на делови немаме ни пристојна канализација.
    Ма марш,све тоа у еден логор,цел ден компири да копаат! Они имале стил и вкус,они ми лансираат мода,му го пијат мозокот на простото девојче дека нештото е ок,дека нештото е вредно!
    Имам аверзија кон овие морони и мороните кои мора да носа Луи Витон, Лобутинки, Шанел што ти ја знам,а вода у очи нема. Да ми опростите ако се најде некој засегнат (и тука не ги ставам оние што сакаат да купуваат у Зара,Бершка и ко),ама стварно не можам да поднесам глупи жени кои патат за овие каки кои реално не вредат пет пари и ги шие некое јадно дете во Тајван или Кина! Да,да у Кина,не у Италија или Франција или УСА зошто таму никој не е блесав да ти ниже бисери на хаљиња од 8 метри за дневница од 1 долар,за да ти ја купи 10 000 евра или долари!
    Заштита само на интелектуални права и сопствености кои придонесуваат и го унапредуваат светот,а за овие ваквиве,не треба да постои такво нешто,затоа што погрешно се вреднуваат работите. Ја мајката, некој метод за лечење или лек е помалку вреден од пар смрдени чевли?! МАРШ!

    Ниту носам копија,ниту оригинали,а право да ви кажам и ИЧ не ми чуе ни за едното,ни за другото. Убо ми е вака,а црнците по плажи у Грција нека продолжат да им го начукуваат,ич немам проблем со тоа!
     
    На Zaljubena111, BoaVista, FBI и 18 други им се допаѓа ова.
  12. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    Еве јас на пример годинава за матура добив на подарок оригинал Луи Витон, од другарка ми од Лондон и сметка видов се 490 фунти кошта чантата. За неа тоа не е ништо и она има иста и мене ми земала за матура. Од продавница нивна во Лондон, значи чантата спакувана до постави до се. Јас овде во Македонија воопшто не ја носам, никогаш ја немам носено освен еднаш во Охрид летово.
    Што ќе носам тука врска си немаат, ќе мислат од Шутка ми е а и не ми е нешто ќеф да ја носам тука. Ја носев летово во Црна гора, во Грчка ја носев, во Белград пред неколку месеци ама тука не планирам да ја носам.
    И многу ми е смешно кога ќе видам девојки со фејк затоа што одма се приметува, одма. Ај ќе ја сликнам кога ќе си идам дома , дека не ми е тука па ќе ви покажам слика од мојата.

    И не дека нешто посебно ми се допаѓа и јас не сакам многу модни детали со логоа, ама што е квалитетна квалитетна е.

    [​IMG]
     
  13. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Јас не купувам фалсификати, освен ако сум купила нешто без да знам :lol: Или е оригинал или е "без марка" :)
    Што се однесува до Луи Витон, Гучи, Ферди и сл. немам ништо такво низ дома и искрено одвратни ми се станати. Сите ги носат и тоа од Шутка купени како демек којзнае што носи. Не дека јас купувам некои скапи ташни али секако не сакам да се гледа дека е имитација (освен ако е, а не знам).
    Од Бершка на пример имам купено многу работи, а сега не сум приметила дека се имитација :^) ама и да се не ми смета пошто мене ми се допаднало тоа што го имам.
    Часовниците што ги имам 3 ми се оригинали а едниот од пазар и не пишува никаква марка на него, па претпоставувам дека не е копија, освен ако правеле копија за 180ден. :D
    За наочарите нејќам ни да правам муабет. Имам Оптика и "Реј Бан"от се продава ко алва :tmi: . Лично за мене, познавајќи го квалитетот на стаклата си носам квалитетни (полароидни) за некого со познат бренд, за некого не, ама тоа воопшто не ми значи што не се Реј Бан, Полис или сл. пошто не ја гледам потребата да носам такви. Овие се далеку поефтини, а добри за окото.
    Иначе ги немаш спомнато патиките и облеката Најк, Адидас, Пума и сл. и уште облекол некој тренерка Adibas :puke: . И смешно ми е баш на зелен пазар гледав тренерки и овој упорно еве види ги адидасот, сакаш од најкот, пумата... Абе ајде. На пазар за 1300ден. од адидас, најк, пума ми збори... Е сега да бидам искрено немаше бројче од тие што ми се свиѓаа иначе ќе си купев. Не за да се фолирам дека ми се оригинал туку дека беа убави, квалитетни и ефтини.
     
  14. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Се е преплавено со копии. Посебно на Луи Витон.
    Досега немам ништо фалсификат или копија, ни чанта, ни очила, ни саат.
    Не сакам копии. Ако ми се свиѓа нештото ќе го купам оригинал и ќе платам висока цена, ама барем да знам дека е оригинал. А ако не ми дозволуваат финансиите не го купувам и крај. Ќе купам нешто на кое нема да вришти лого...
    Ама ако имам оригинал, ќе ја носам. И тоа гордо ќе ја шетам независно дали на неа има лого или нема.
    Јас знам дека е оригинал и тоа ми е доволно. А дали Трајко и Петко мислат дека ми е од на пазар ич уво нема да ме заболи.

    Еве, пр. Струга на пазар има една тезга кај што има ЛВ чанти. Да ги гледаш вака полни со прашина, грд материјал, ама ете и тие се продаваат и некој ги носи. Ама изгледале грдо, ефтино... Не им е гајле бре, битно ЛВ логото вришти!
    Од тие страните на фб што ги спомна Роси јас пред едно време сакав да нарачам едно ќебе со ЛВ логото.
    Ама не купив. Не ми се даваа 50 евра за фејк ќебе...

    Од Х&М не сум купила нешто посебно, што не значи дека не би купила. Ама колку и да се тоа копии на познати брендови, сепак на етикетата пишува Х&М и тоа е нивно и има нармална цена за нивни производ. Ама да ми го продава како Гучи производ, а на етикетата пишува Made in China е тоа не би го купила.
     
    На Minnie-e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Не биди сигурна :) Другарка купи новчаник и и се скина најпрво копчето, а потоа и кожата се поткина, го купи од продавница на Витон.
    Мојот новчаник од пазарче повеќе ми трае :D


    Не еве ми подарат чанта Хемес од 6000 евра, оти тие се максимално ненормални со цените.
    На што да ја комбинирам?
    На чизмите од Шутка?
    На часовникот за 5 евра купен од Грчка плажа?
    На блузата Зара од 1 ипол евро?
    На наочарите од зелено пазарче за 150 денари?
    Не иде бре :D

    Не ги сваќам тие што штедат 3 години за да купат нешто скапо, а го комбинираат со преефтини алишта.
    Или имаш пари и трошиш или купувај си колку ти е чергичето.
    Еј да се сетив имам Адидас од зелен пазар тренерки, колку што памтам точно Адидас пишува :D

    И убаво пиша Лилит, ама се така се прави, не ми е јасно како не постојат до толку закони за таа ефтината работна сила во Азија пред се.
    Мобилните, компјутерите, телевизорите, целата техника низ дома, автомобилите се тие се прават од ефтина работна сила, дури и може и малолетници кои заработуваат помалку од 1 евро на саат.
    Јебига светот секогаш ќе биде поделен на оние кои имаат милијарди долари на салдо во банка и кои никогаш не дале доларче за хуманитарни цели, а и такви кои молат за капка вода и трошка леб. Светот иде бестрага. Не е модата, се околу нас се плаќа, СЕ.
     
  16. Minnie-e

    Minnie-e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    1.891
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Не знам дали за мојот пост коментираш ама јас си се пронајдов :lol: па да потенцирам дека не мислев дека пишува Abidas на тие тренерки од Зелен пазар туку го кажав тоа како пример пошто има многу такви имитации Pvma, Puwa, Nlke и сл.
     
  17. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Абе може тебе ти е битно Адидас да пишува а не Адибас.
    А мислиш на некој му е гајле дали пишува Аdibas? Тој сака само да има тренерка. :)

    Jaс воопшто не им се потсмевам на таквите и не ми е гадно, тие немаат пари ни знаат за Луи Витон.
    Не е смешно што некој носи реј бан за 150 денари.
    Секаде околу нас се фалсификатите и тие се преефтини и си ги дозволуваат луѓето.
    Не е срамота да носиш ефтин фалсификат.
    Срамота е да се перчиш со него и да викаш Лилааааааа носам Витон ташна на се ми одговара ова е модерно во Италија сеа. Мрш! :!:
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Девојки како знаете дека се оргинал? По етикета ли? Јас имам фармерки риплеј за 500ден и на етикетата пишува маде ин Итали.
     
  19. Akana

    Akana Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2011
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    93
    посебно јас каде што живеам во битола кога ќе излезам на широк сокак денски на кафе врие од копирани луи витонки :lol: де со луи витон чанта, чевли, новчаник, марама или незнам тоа што е, важно е испринтирано логото па и се фалат колку скапо ги купиле од тука. абе да се изнасмееш. сигурна сум дека барем во битола не може да се најде оригинал чанта луи витон или др марка. се од копија до копија. па и да има ќе биде многу скапо и ќе си речат абе аман ја има чантата во една продавница за 2000 а јас ќе давам толку пари на истата само затоа што е оригинал. а сепак не можеш да речиш дека оригиналното не е квалитетно, брат ми има продавница во ск за облека стриктно оригинал марки и се разбира поскапи од оние копиите, купвам од кај него кога ќе можам и одма се чувствува квалитетот на самиот материјал и не ми се скинало ништо досега. пред две години гледав за чанти и многу ми се бендиса една и си ја зедов. гледање дома на страната пишува дуки и дасо, се изнасмеав и самата знам дека е копија но не ја носам заради брендот дека е испринтиран туку дека ми се бендиса чантата.
     
  20. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Исрено од овие познати марки ама баш ништо не ми се допаѓа, така да не купувам ни копии. Не патам од тој комплекс да мора да е марка. Ако нешто ми се допаѓа ќе го купам макар било и од уличен продавач. Но, ако нешто ми се допаѓа а е некоја огромна сума, дефинитивно нема да фрлам пари. Се сеќавам пред некоја година другарка ми си купи капутче, демек од некој бутик, 3000 денари, јас истото го земав за 1000 во шутка, ама баш истото се исто до етикеда до материјал се, ама баш се.