Оние кои ја испробале оваа техника сакам да споделат дали се задоволни, бидејќи и јас сакам да ја испробам
На сликата што ја имаш постирано техниката на фарбање многу повеќе ми личат на стандардно шатирање со фолија...Колку што разбрав, Balayage почнува од врвовите на праменот па оди кон коренот, постепено претопувајки се со природната боја на косата. За разлика од омбре, целта е да делува понежно и поприродно, оставајќи впечаток на коса осветлена од сонцето. Мене инаку премногу ми се допаѓа ваквото боење но за жал кај нас не знам баш колку ќе знаат да го погодат ...
^ Истото сакав да го кажам - горнава слика е обично шатирање. Balayage делува поприродно, нешто како sun kissed hair. Баш на форумов се распрашував лани да не има некој пробано, да ми препорача фризер, зашто може многу лесно да се утне. Ако некој пробал ваква техника и е задоволен, нека пише кај кој фризер бил
Е оваја техника навистина ми се допаѓа преубаво изгледа косата но сепак треба да се оди кај некој што навистина добро ќе си ја знај работата и за каква техника се работи,аууу дури ме фати ќев да пробам да сменам нешто на косата
Навистина луѓе, ако има некој кој знае да препорача некој добар фризер за ова,се моли да каже да одиме на сигурно
здраво девојки, значи оваа техника ја испробав минатата недела, и не можам да кажам дека сум задоволна.Значи косата ми беше природна, констенлива, воопшто не третирана.Пред 8 год. ја фарбав плава,но ја оддржавав со прелив, ретко ја фарбав и имав мн убава руса нијанса, таква каква што сите блондинки си сонуваат.ех преливот беше многу евтин, бугарско произвотство.од кога си ја пораснав мојата природна боја, долго време се колебав дали да ја бојадисам неккао,и кога ја видов оваа техника, зедов конечно речение. Девојки, не дека ми изгледа лошо но сепак е шатирана со пораснат корен од 7 месеци.Ако се решите на оваа техника, добро изберете го фризерот, мојот долго време мислев дека е незаменлив особено за фарабње, но ја утна работата. Адали некој може да ми даде инфо околу преливи за руса коса,марки и сл. оти стварно не можам да ги гледам жолтите прамени.полудуваамммм.
Можеш да ја миеш со silver шампон, има во космо неколку вида. Тој го неутрализира жолтиот пигмент, би добила пепеласто-сребрени прамени
Ми се допаѓа многу овој стил, за разлика од омбре кој ми беше тотално несимпатичен. Сакав да пробам да ја направам вака косата во домашни услови, не сакав да одам на фризер бидејќи не ги обичам баш фризерите плус мислев дека ќе можам да ја осветлам и без бланш и ќе успеам да ја заштитам од горење- меѓутоа не ми успеа. Мојата коса не е баш темна, долго време се фарбам со оваа нијанса Спојлер и мислев дека со ептен светла плава фарба ќе успеам да добијам посветли прамени. Прво земав плава фарба од тие од Кам бидејќи читав во темата за бојадисување дека многу фаќаат и се трајни, плус сакав да пробам со некоја понискобуџетна за и да не ми успее да не ми е жал за парите. Нанесов пола од фарбата на одбраните прамени, меѓутоа фарбата не ми фати воопшто. Веднаш ја фрлив преостанатата половина. Вчера ја земав оваа Спојлер од субрина, со 12% хидроген и се надевав дека ќе имам барем некаков ефект, и онака не сакам бели прамени како од шатирање, туку баш како да ми е осветлена од сонце, меѓутоа повторно ништо, само исушена коса. Не сакав да земам од Еволушн бидејќи се преагресивни, имам негативно искуство со нив, мислев дека од Субрина ќе имам барем некаков ефект, ама очигледно погрешно сум мислела. Толку од моето домашно експериментирање, ќе морам да се упатам на фризер, и да прифатам дека без бланш нема шанси да добијам ваков ефект.
ти благодарам многу за информацијата, би било добра варијанта,засега успеав да се обезбедам со повекје преливи за коса кои ги порачав од надвор, а маки мачев да најдам нешто во меѓувреме додека ги добија преливите, сепак живеам во Битола каде ништо неможеш да пронајдеш а и др проблем е што продавачките по нашите парфимерии не си разбираат од производите што ни ги продаваат
Не знам за Дадар ама силуете во сити мол се одлични,три другарки се правеа до сега и косите им се совршени,кога би правела би одела таму без ризик да бодам жолта или портокалова
а која е цената во силуете? и дали некоја знае која е цената во hair vip studio и дали сте задоволни ?
Или ако можеш слика од косите на другарка ти. Многу сакам да си ја нијансирам косата, но сакам да видам прво како прават. Ги најдов на фб, но немаат постирано слики. :/