Ај да ја активирам темава. Имам идеја за некоја ваква промена кај мене. Само сакам да знам некоја цена отприлика колку се движат, но не нешо појше од 2-3000 и препораки кај сте оделе и дали сте задоволни? Читав цени од 4000 и некако многу ми личи ама сепак би дала и толку коа ќе размислам, само да ми испадне убаво...
Немам лично искуство, но од слики што сум гледала Октај и Адо преубаво работат. Инаку имав балајаж пред 2-3 години и искрено не би препорачала на оние со тенка коса. Колку и да се негува со маски, виолетови шампони за одржување на бојата, пак квалитетот на косата не е ист ко претходно и многу потешко се расчешлува после и со тоа полесно се кине влакното.
Јас кај Октај правев, го препорачувам! 3000-4000 илјади ми зеде, не се сеќавам добро бидејќи и ме шишаше. Косата ми беше до рамо,ама премногу густа ми е.
Ако сакаш квалитетно да ти ја направат косата подобро е да платиш повеќе и да одиш кај професионалец. Јас во фебруари ја направив и платив 5000 ден. должината ми беше до средина на грбот. Цената зависи од тоа колку материјал ќе потрошат. После тоа косата е посува, но редовно редам регенератор и нема никаков проблем. Не ми ни пожолте, буквално е иста како на почетокот. Значи оди само кај професионалци и нема да имаш проблеми.
Јас во cut&cut платив 4000. Супер е бојата, како што сакав. Ама косата пепел оштетена. И ако не ставам силвер шампон имам гадни прамени негде.Веќе никогаш бланш на мојата коса нема да ставам. Безживотна ми е. Џабе се, кога не е здрава косата, било која боја лошо стои.
Јас направив и платив 3000 ден косата оштетена влакната се цепеа и плус без силвер шампон ништо не правев и ехотон. За нареден пат би размислила дали ќе направам
@Fallen.Angel @Lady Maria женски каков е тој силвер шампон? и јас имам балајаж правено и ми е ептен оштетена.
Од паефимерија го купував. А за оштетена коса мешав три масла кокосово и рицинусово. Пред да ја миеш се мачкаш и ја оставаш 30-40мин и после се миев со шампон и маска за коса
Скрената бев по техникава, се додека не отидов да ми ја направат. Резултатот беше црна коса со жолто-златни прамени. Плачев од фризер до Тинекс (купував нови фарби) и од Тинекс до дома. Не знае секој да го прави ова, да се врати времето би отишла само и само кај Октај. Воедно мислам дека моментално е најдобар фризер кај нас. Следно, Даре (Hair House), познавам неколку кои се правеле кај него, задоволни се. Исто соленки цени. Јас за мојата тогаш платив 3,000. Кеве ми ќе дадев и 6,000 само за да искочев као шо треба. Али више никад апсолутно, едвај и си ја вратив косата у живот после киксов.
Не можам да го кажам пошо не би било океј. Рецимо може мене ме утнале, а има други задоволни А може и се научила девојката у меѓувреме пошо е поминато доста време Како и да е, маалско место е, нишо извикано и познато.
После направен балајаж со што сте ја одржувале бојата и косата вака нешто препораки? Утре ќе го прашам и фризерот ама вака и некој со лично искуство не е лошо да сподели што користел.
Јас не сменив ништо. Мислам, ништо посебно што не сум правела и претходно. Убав шампон кој ми одговара на скалпот (шампони за фарбана коса не ми одговараат), маска за коса и толку. Еднаш на две недели ставам виолетов шампон за да не ми пожолти и тоа е тоа. Убава маска и виолетов шампон се клучни за одржување на убава руса коса. Моите се Фанола, а шампонот за коса ми е Алверде со авокадо затоа што ми одговара и не ми го разранува скалпот, плус ептен ја омекнува косата.
На колку време го обновувате балајажот? 3 месеци и нешто откако првпат ја направив ама уште солидно изгледа, се мислам кога пак да одам? И шо уствари прават коа одиш пак да те потсредат? Нешо прелив само ти ставаат или скроз цела процедура од ново? Глупо е прашањево ама нова сум во овие работи...
Обично се оди на една година, за да ти порасне убаво и малку да ја одмориш од фарбата и од бланжот. Целата процедура од почеток ти ја прават.
Дали препорачувате некоја фризерка/фризер од Скопје што убаво ја прави оваа техника а да не биде претерано скапо? Фала