Женски, јас сакам да направам балајаж ама обратен.На светло плава коса сакам одозгора да ми го исфарбаат коренот со потемна боја , како природната и надолу прамени да се прелеваат.Со план сум да ја пуштам да ми расте природна боја па да не морам да ја фарбам. Некој да ми преоорачате за ова и цена ако знаете.
@Височка, зависи каква ти е природната. Ако ти е природно црна, не може веднаш да ти стават црна. Мора постепено, да одиш повеќепати и така да дојдеш до приближна нијанса на твојата (колку и да е иста бојата, сепак фарба е фарба, а природно е природно..).
Frizersko Studiovelvet. Во Кисела вода.Во трговскиот Ѓорѓи Димитров. Јас одам кај Стефи веќе 13 години. За 3000 ке ти направи бајалаж со olaplex. Работи беспрекорно.
Искуство со beauty bar m art во Маџари? Ми излезе на инста спонзорирано и ми се свиѓа. За нијансирање конкретно прашувам. Ми се допаѓа и квалитетно ми изгледа.. Искуства со балајаж во однос на самиот квалитет на косата и влакното? Многу почнав да се премислувам иако закажав и фризерката ми објасни дека работи со 3% бланш и прелив ( нијансата јас што ја сакам ) и дека оштетувањето ќе е минимално. Имам тенко влакно, средна густина на коса, квалитет на влакно..просек..си цвета иако не се пеглам ни фарбам ни ништо. Во страшна дилема сум, би била благодарна доколку споделите искуство и ми помогнете да се одлучам
Некој да ја правел техникава на темна коса? Мојата е темно кафеава со црвен сјај за руса или светло кафеава коса гледам преубаво стои техникава, но ме интересира тие со темна коса какво искуство имаат
Здраво имам темно кафеави очи и светол тен. Каква нијанса прамени да извадам? Нешто ко Balayage/ombre
Не се разбирам многу во коса,и нејзино одржување,не одам често по фризерници,но ова навистина многу ме бендиса.Колку е цената за ова сѐ на сѐ? И дали долго трае бојата?
За оваа должина одприлика 3000-3500 земаат. Е сега кога расте косата доаѓа како омбре, убаво изгледа. За ваква техника 2 пати годишно да се освежи би било доволно.
Помина долго време да не најде негде. Јас низ годините се што сум пробала во повеќе места ме згрешиле сегде.
Во Штип студио Диор пред 2год ми направија балајаж. Јас си кажав со кои нијанси и дали ќе одговараат со мојата коса. Супер ми испадна,освен шо се здрвив на стол ама мене ми беше прво фарбање у живот па не знаевме како ќе фати. За коса до половината платив 3.000 сеа не знам колку е. За некои тонови да не станат жолти морав да користам силвер шампон, и како расте од горе треба да се фарба. Не е едноставно но убаво е
Ме правеа и мене со оваа техника, не знам како понатаму. Ме избланшираа од пола надоле. Е сега, ми рекоа да одам за прелив. Што е тоа всушност? И плус, маска и шампон да користам од Ревлон. Овој. Дали имате искуства со оваа линија на Ревлон?
Јас правев балајаж на косата или нијансирање во icon hair во аеродром и пре преубаво ми излезе, баш како што замислував Па ако некоја размислува може да види слики на инста и да си закаже, прељубезни се
Од 1500 до 4000 е, зависи од косата Мене 3000 ми зема за техниката и плус 500 за шишање и фенирање Косата ми е под раменици и доста густа Има и шминка ама не би знаела цена да ти кажам Пиши им на инстаграм брзо враќаат