Фарбање на коса со техниката Balayage

Дискусија во 'Коса' започната од nadya99, 2 февруари 2015.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.844
    Допаѓања:
    202.909
    Пол:
    Женски
    Добар фризер за балајаж? Ама за карамел балајаж. Кај што идам за шишање не ги бива баш со бои, сите исто ги прават, башка им ја горат косата, колку пати сум чекала, гледам малце ги забораваат со бланш на коса, повеќе од пола час дремат со фолии на глава. Јас не сакам да седам пола час, доволно ми е десет минути, кога фарба ми фаќа за десет минути.
    Значи некој со сенс за бои, се мислев за Лили Равњанска.
     
  2. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    5.335
    Пол:
    Женски
    Мој добронамерен совет, никако кај Лили! Одев редовно кај Мики ексклузив и по препораки во Женски домаќински муабети отидов кај неа. Косата ми ја спржи буквално, бојата беше некоја сребрена што врска немаше со тонот на мојата коса и кога почна да расте косата буквално имаше права линија како пресек. Згора на тоа ми наплати ако добро се сеќавам 6 и пол илјади, бидејќи користела не знам ти какви бои. Сите што ме видоа ме прашаа зошто ми е таква косата и коментарот беше Ај може ќе ти падне бојата. Кога и се јавив наредниот ден да и кажам дека не ми се допаѓа, ми рече Ама од преливот е тоа, ќе ти падне и ќе биде како што сакаш. Не само што не падна, туку косата ми се кинеше на секое чешлање и беше како метла.
    Издржав два месеци некако, ја носев собрана 99% од времето и после отидов кај Мики да ме среди. Ми го поправи преминот за да е поприродно и од тогаш само таму се правам.
     
    На eliesaab и Annath им се допаѓа ова.
  3. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    12.034
    Пол:
    Женски
    Баш во друга тема го поставив прашањето. Значи со оваа техника многу се гори косата да не си правам играчки. Имам здрава коса која иако ми е фарбана последно во септември,се плашам да не ја направам лом. Станува ептен сува и се кине?
    Вака на слики ептен убаво изгледа.
     
  4. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.997
    Допаѓања:
    5.335
    Пол:
    Женски
    На слики убаво изгледа и сите ми ја пофалија косата, но од друга страна сега ми е 10цм пократка бидејќи се кине. Коренот се гледа дека расте, а должината иста. Користам се и сешто, ја шишам редовно и џабе. Мора доста да и се посветиш ако сакаш да изгледа здраво.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Cutiepie123

    Cutiepie123 Активен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2025
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Женски
    Девојки како ја одржувате косата после правење балајаж?
     
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.102
    Допаѓања:
    9.410
    Пол:
    Женски
    Што е бајалаж со Olaplex? Помалку гори косата?